1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Регистрација на фирма на странски државјанин

Дискусија во 'Барање работа' започната од lepa.milena, 27 декември 2011.

  1. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Дали некој има информации, или веб страна со информации за регистрација на нова фирма? Конкретно, ме интересира која е процедурата ако газда на фирмата е странски државјанин, ама јас како ополномоштено лице ја направам фирмата, кога тој е отсутен од Македонија? Ме интересира кои документи се за тоа потребни од негова и моја страна и колку чини регистрацијата на таа фирма, која ќе биде за трговија на медицински инструменти.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337


    http://www.crm.com.mk
    Ако отварате заедно значи ќе сте ДОО. Значи и двајцата имате влогови а тој Управител -газда или ДООЕЛ тој е и газда и Управител.
    Се изготвуваат Изјави во согласнот ЗТД кои некои тој треба лично да ги потпише. Ќе чини околу 6000ден со заверки нотарски....
    Неможеш сама ти треба сметководител кој регистрира фирма или правник кој врши регистрација на фирми
     
  3. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Благодарам на информациите... Тој е управителот, а мене само сака да ме ополномошти да ја направам фирмата, па кога ќе може да дојде, фирмата ќе го покани сопственикот. Е па сега дали треба да е дооел, се работи инаку за трговија на медицински инструменти. Освен тие 6000 денари, не треба буквално ништо, ниту било каков влог за да може да се отвори фирмата? Ако мора влог, тогаш колку тој влог мора да биде? Ги видив изјавите на оваа страна, ама не ми е јасна постапката околу тој првиот чекор, за некаков сертификат мислам беше. Може мало објаснување за тој прв чекор?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Не е битно со што се бави фирмата и така се регистрира за сите дејности па и увоз и извоз, битно е колку сопственици ќе има, ако е 1 = ДООЕЛ ако се 2-ца ДОО

    Мора влог и тоа 5 200евра може паричен или непаричен влог. Ако е непаричен влог тогаш се прави проценка на капитал од овластен судски проценител

    Неможам да ти ја кажам целата постапка, јас тоа го правам за пари :$ а можам само да те посочам.
    Гледам не ти се јасни видовите на Друштва па имаш ЗТД и прочитај си
     
  5. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Благодарам многу за информациите... уште само ме интересира дали тој влог од 5200 евра треба да се даде во основањето или пак може во даден временски период. Во договорот што го пишува за ДООЕЛ пишува во член 9 дека влогот се отплаќа во рок од година дена. Дали тоа значи дека за основањето се даваат само 6000 денари за таксите и заверките, подоцна влогот? Се извинувам ако сум досадна. А прашувам за влогот од причини што по продажбата на опремата би можеле да го дадеме и тој влог. Позз
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Ако е непаричен влог се дава веднаш и значи Овластен судски проценител во негова проценка го наведува веднаш, а ако е паричен влог тогаш се плаќаат средствата на одредени временски интервали
     
  7. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Дечки помош за увоз извоз ми треба, имам некои работи нејасни. Ениуан?
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.