Здраво на сите. Носам 32G градник по UK големини (70H по нашки), и цел живот имам проблеми со болки во вратот, грбот, тешко ми е да стојам исправена, често се исфрлам под градите итн. Пред некој месец налетав на еден сабредит за редукција на гради и се изнагледав успешни приказни за девојки кои (буквално) си го олеснале животот и откако истражив повеќе на темата решив да го направам истото. Барав пластични хирузи кај нас кои што прават редукција на гради колку што можам да видам има само три: Др. Чагри Саде во Неуромедика Др. Илија Мостров во Систина Др. Огњен Даскалов во Ремедика Дали некој од вас има искуство со оваа процедура кај нас, или со било каква реконструкција на гради кај овие доктори?
Разговарав со мајка ми на оваа тема и ми го спомна доктор Пеев на пластична хирургија. Но, го пребарав на форумов и освен за операции на нос, ништо друго не прочитав за него. Ги пребарав и приватните клиники, но многу е скапа операцијата. Дали некоја девојка има искуство на оваа тема, или некоја нивна блиска личност да правела ваква операција да ми препорача квалитетен хирург на државно?
Има доктор од Словенија што доага во Систина .рaспрашј се др Амадеј .има инстаграм @dr.amadej Можеш на клиника накај 60.000 ден .е само немој кај Туџарова
@TrinityNeo Ти благодарам. А знаеш ли дали е можно здравство да ја покрие сумата или барем дел, зошто не ја правам од естетски причини, најпрво од здравствени ми е, ми се направи мала грпка на грбот од тежината, понекогаш дури и болка осеќам, не дај боже па да потрчам, страшно е. Најнормални активности ми се проблем за извршување. А освен Туџарова знаеш некој друг доктор да ми препорачаш?
Др.Амадеј од Словенија https://instagram.com/dr.amadej?igshid=bc7xyrl70u48 Како што ти кажа претходно членката, на доста девојки од кај нас им има правено корекција.
@joyful Да, да но јас мислев за доктор на државно. Тоа ми беше и прашањето, кои доктори освен Туџарова се добри на клиника.
Искрено не знам, а и не верувам дека е ова операција што би ја покрил фондот. Еве нека пише некој ако имал вакво искуство или работи на пластична хирургија.
Не знам дали ова го прави некој кај нас, оти се работи за прилично тешка и комплицирана операција. Одбери солиден стручњак, немој да биде кој било, не жали пари.
@Annath За по приватните клиники знам дека има, ми се чини за во Жан Митрев читав и ја имаа објаснето целата постапка многу убаво. Има и во Ремедика и Систина, од Систина општо не сум задоволна за други работи, а Ремедика ми се добри, може да се распрашам и за таму. Зошто на државно еве членкава погоре пишала дека е 1000 евра, а негде имав прочитано дека на приватно е 2000, така што во право си, подобро да се соберат пари и квалитетно да ме оперираат, отколку да платам 1000 и после 300 компликации ако не чини...
Ако не дај боже имаш нешто лошо .или фиброаденом иде на државно .е сега ваква кореекција намалување искрена да бидам може на државно ама знаеш како иде тоа ....и тоа на ноќно дежурство се лежи 1 евентуално 2 ноќи .болки така така .дрен ќе стои 3 дена .а конците сами паѓаат .пак ке речам прашај во Систина не треба да помине 2000 Евра ама убаво убаво да се договорите да не испадне 2600 на крај
Туџарова никако!! Касап невиден, неписмена тотално. Не знае што работи жената. Ревизија на лиценцата и треба!
Девојки, дали после доење ви се вратиле градите во нормала? Имав стварно прекрасни гради подигнати и баш ми беа таман ни големи ни мали. Сега ми се големи дека дојам и воопшто не ми се допаѓаат
Се враќаат, да, после доење. Ама факт е дека никогаш нема да бидат исти. Доела, не доела, градите се менуваат од самата бременост.
Девојки, може на некоја ќе и биде од корист информацијава. Денес бев кај доктор Игор Пеев на Пластична и прво ми рече дека е 1500 евра операцијата ама откако ме погледна рече дека се работи за гигантомастија и дека фондот покрива се, на кратко ми објасни како се прави операцијата, ми рече ако сакам може се да извади зошто сигурно ми е веќе смачено , ми рече операцијата би била некаде после Нова Година. Ептен се израдував така што еве за некоја што има ист ваков проблем, може ќе и помогне ова
Interesna tema, i jas imam problemi so grbot od golemi gradi, imam razmisluvano i jas da gi namalam, ama momentalno doev vtoro dete, do pred nekoe vreme, mislam deka da se stabiliziram i jas bi otisla da se rasprasuvam.. sakav da te prasam kako otide kaj Peev , kade zakaza? I sto e toa gigantomastija?
Ај со среќа и лесен помин да имаш. Кога ќе се оправиш дали ќе може да споделиш искуство за некој што размислува да ја прави операција. Јас не би ја правела сега зошто имам мали гради, ама можно е да ја направам кога ќе бидам постара. Еве ти линк да дознаеш повеќе.
Кој има за редукција, нека даде навака Другарка една сака да си ги намали, баш се зезавме кај нејзе кога ќе вадат кај мене да ставаат.Иам дефицит
Фала ти. Инаку, ваква операција не се препорачува доколку стварно не е опходна, ако имаш мали гради немаш потреба воопшто да размислуваш на тоа. Јас би одела на C корпа сега, D ми е веќе преголемо. Само да дојде моментот и да помине се во ред ќе пишам како било се.