И ваква тема фалеше на форумов. Свесни сме дека има МНОГУ сообраќајки низ земјава, поготово во Скопјево.Не знам шо е она шо ги кочи во главата кога ќе седнат позади волан.. Спасовски: Во 2020 година имало само 125 жртви во сообраќајки, а тоа е најмалата бројка од 1990 година 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата, рече Ангеловски. Беше најбезбедна 2020 пошо пола дома ја преседовме.Нигде не можев да најдам статистики за цели години, ако можете да најдете постирајте. Кажете сеа како да се редуцираат сообраќајките. Моето мислење е ова, ама ако сте сите согласни и волни за соработка, за да го истераме ова. ОВДЕ ДА ДОГОВОРИМЕ, ШТО САКАМЕ ДА СМЕНИМЕ, ПОСЛЕ ШЕРАМЕ НА ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ТАГНУВАМЕ МВР, СПАСОВСКИ, ВЛАДА ИТН. ПОСЛЕ, АКО ИМА НЕКОЈ ВЕЌЕ ИСКУСЕН ВО ТОА, ПРАЌА ДОПИС, ИЛИ АКО МОЖЕ ДИРЕКТ СО ДАНИЕЛА ДА СЕ ВИДИМЕ И СО СПАСОВСКИ И ТОА Е ТОА. Овде доста игра и улогата на другата тема за мито шо ја напраив, АМА, ако се редуцира бројот на сообраќајки, ќе се редузира бројот на копилиња шо ќе фаќаат врски. Моиве предлози се следни: 1.У Скопје, Секоја вечер после 22ч, на најпрометните раскрсници да стои бар еден полицаец, у униформа или цивилка 2.Групана на Вибер ,,Стоп Полиција" да се изгаси бидејќи таму си кажуваат кај има полиција и побавно возат дур да ги пројдат.А има 44,000 членови.Тоа се 44,000 ПОТЕНЦИЈАЛНИ ОПАСНОСТИ 3.Радари навечер на најкритичните места 4.Радари шо се стационирани, и шо ќе работат, и со камерче горе за да фаќаат луѓе шо летаат 5.Да има линија кај што ќе може секој од нас да пријави некој ако ептен лета.Сеа не некој шо вози 60, него поише и шо мислиме дека загрозува сообраќај 6.Да лепиме плакати, шо е морбидно ама и треба за да допре до свеста.Т.е Мвр да напраи билборди као за Јелена шо беше,. Од покриен човек на улица и да пишува различни работи на различни плакати пр : ,,Тргнав на кафе, но ме спречија во тоа" ,,Тргнав да искочам, но не стигнав до целта" ,,Ладно е под земја" Мора морбидност малце за да ги стресе кога ќе влезат у кола 7.Зголемување на казните, значи СЕКОЈА сообраќајка која ќе резултира со СМРТ.Од 4 години па нагоре. 8.Сообраќајките кои ќе завршат со потешки последици, оштета нели како и досега, и плус одзимање возачка на две години. Мора ригорозни казни. МОРА Иначе, да почнеме правдата во свои раце. И последна опција: како во Дебар Маало шо се новите пешачки шо се подигнати?Така сегде, или 3Д пешачки сегде. Ајде кажувајте.Предлози идеи АМА БЕЗ КАРАЊЕ ПОШО НЕМА ДА УСПЕЕМЕ.НИЕ БРЕ ТРЕБА ДА СМЕ СЛОЖНИ КАКО НАРОД, ПОШО ЗНАЕТЕ КАО ВИКААТ РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ
@RainBow ќе ја замолам да не ја брише темава, сеа видов во канта. Има други теми за сообраќај, да. Ама оваа да биде за РЕДУЦИРАЊЕ СООБРАЌАЈКИ. Во другите нема да се снајде човек.Вака е попрегледно
Еве дечки ова се најголемите причини за предизвикување сообраќајки и ред други не регулаторности во сообраќајот. Ама се додека се толелира ќе си страдаат невините животи без разлика дали сме возачи или пешаци. Треба да се воведат повеќе регирозни санкции, управува под дејство на алкохол или супстанци? Трајно одземање на возачката и да неможи да поседува возило ама нашиве "не способни политичари" не им одговара тоа бидејќи и тука лежат парички и бизниси. Неможи некој да излези условно за 6 месеци или 2год бидеќи сакал да лудува и да изиграва Формула 1 возач и да се флекса а некој невин живот под земја да гнија.. ЕДИТ: Закон има ама нема кој да го спроведува..
247 за еден ден аманн Браво, нека продужат вака со патролирање и дерење говеда.За овс имаат поклон. Малце е оф- ја вчера бев сведок како сообраќајци со пајак служба дигна ауди некое ганц ново, не видов шо модел е.Е така и треба.Чим има пари за ново Ауди ќе има и казна да си плати.Па тие побогатите ич не треба да ги жалиме.Таман ќе го пунат трезорот
Знаеш шо е најголем проблем кај нас? Тоа шо законот неважи за сите. Тие шо се флексаат се и некој големци или раководни лица, со еден повик ќе им ја сметнат од пајак и ако треба ќе им ја вратат и од плац за да не се малтретираат па уште и извинување ќе добијат и нема да го платат прекршокот. А некој ќе го штават и уште сила им покажуваат ама фактички со овие обичниве ја потполнуваат дупката за овие шо неважи законот. И тој шо се флекса прави прекршок и овај обичниов прави ама за овај првиов не важи тоа. Тоа тие чист пример и со овие политичариве шо не плаќале паркинзи па дури и резервации им правеле а возат коли од 100k евра и повеќе.. Урбаната мафија моментално цвета..
Еве некои анализи, пршањето ми е, колку често од местата идентификувани за најризични ќе сретнете некаква си контрола? Жално е што на некои места кои не се на топ листава, ПОСТОЈАНО има патроли и радари, која ли им е целта само не знам? Анализа на состојби во сообраќајот на патиштата во изминатите десет години Вака кога ја читам анализава, изгледа дека сме супер и на добар пат, а реално воопшто немам таков впечаток.
Во сообраќајки со потешки или смртни последици одземање на возачката ТРАЈНО !! На кандидати кои не можат да положат теорија повеќе од 3 или ајде 5 пати нека е ,забрана за понатамошно полагање! Не можи на кој му текнало колата под газ и терај гази луѓе. А да и на луѓе фатени да возат без возачка одземање возило и проверка на деловна способност.
Мајка ми еднаш ми вика. Ќерко, шо праиш прво кога ќе влезеш у кола. Ја набројав се живо и диво. Ништо не беше точно. Вратата ќерко, вратата затвори ја. Така е и со сообраќајкиве. Една мала ситница е доволна за голема трагедија. При контрола, најчесто само со оппомена поминуваат. Технички исто не знам колку е веродостоен кај нас. И искрено кај нас во ништо немам доверба. Дечко со мотор се излизга пред зграда, ваљда беше мокро не знам, среќа се беше во ред, џандарот стои од карши и само гледа, човеков стана си отиде. Една жена што прва му пријде, подоцна додека чекаше такси, истиот џандар дојде и ја распрашуваше. А зошто не дојде него да го праша?? Овде на партизанска секој ден се случува по нешто. Менување на закони под итно. Сведок сум буквално на секакви ситуации. За брзо возење никој не е запрен. Колите се бираат, буџетарите не ги сопираат. Со нив седнуваат и пијат кафе у кафич. Е после се случува што се случува.
Јас би рекла прво проверка на сите инструктори, колку се тие способни да едуцираат иден возач? Зошто место 36 часа не се зголемат на повеќе, за да навистина се стекне навика, рутина и собобност да реагира у одредени ситуации? Колку пати паѓаш не треба никаква улога да има, особено не у Македонија. Шо париии збрааа не моожат еден поголем полигон да направат у Скопје? Автошколиве место 20 инструктора шо не имаат 4ца добро платени, обучени способни , смирени? А не да се дерат, кочат, возат место кандидатот! Ок почетник (под ок, ќе си возиш според способностите и самодовербата) шо е со искусни? Положиле, заборавиле шо е жмигавец, ограничување who? Испод 70 никој не е. За паркирање да не зборам ако мене ми е ок, за тебе ми е гајле! Хм еве кривина.. знам ќе де паркирам шо ме боли бе ако кочам све. Тријаголник сум хааа ќе дам гас сигурно нема никој, или чекај ќе идам до видно поле * он на пола улица. Ај тоа а пешакот , замислен, надоле глава гледа во тел, залепен до тротоар на пешачки, стои на патека за точаци, претрчува ( особено децава), толкав тротоар не! По учица се вчеле и ич не му чуе, хе нека лази тој у кола гајле ми е он нека пази менталитет. Собраќајна култура who? Не, тука смрди од самиот корен, од тамо да се почне. Целосна промена на системот( луѓето) може( ваљда) да не спаси и со тоа да се намалат сообраќајните несреќи.
Зборот ми беше за теоретска ,значи правилата на сообраќајот башка практична. И да ,во право си за инструкторите се согласувам ,ете лично мојот возеше место мене.
Што знам, донекаде да , у право си треба нешто да ти фали да не можеш да положиш теорија ( сепак бубаш и тоа е ). Познавам личност 8 пати паѓа на теорија(уште не е положена а не е глупа)едноставно ја мрзи асално да седнме, познавам личност 9 пато градска паѓа ( положи 9иот, онака просечна е во возење), познавам и све од прва што положила а е полу ретардирана. Смрди системот, пари да се лапнат , ако усмрти некој, ако нараи џумбус , нек мисли она. Абе треба прво неколку часа у пракса да ги видиш знаците, не одма на возење. После возење и проценка на инструктор дали ДАЛИ имаш способност, дали гледа иден возач? Мене инструктор ми вика ја а завршиш 36 потпишувам дека си способна да полагаш ГРАД , затоа така треба. А кога ќе кажам дека треба дополнителни( на кадидатот или родител) викат е де до толку ли, многу пари, ај шо биде биде. * ќе вози со нас ќе се научи. Еве! Пишувам и верувам сите глеате red flag. И мене, жената што беше ми беше хаос! Ене ја чаФка уште е инструктор, сменив машково немам коментар , и искрен е ,тоа и тоа не си променила, завршивме а ти уште правиш иста грешка. Мора дополнителен и мора да мислиш… but Патем сметам дека треба, МОРА да се дозволи ( во одредено време, одреден ден) да со родител , возачок почетник да управува со моторно возило да осети ! Осети во што всушност се впушта. Д L таблица у текот на две години, да им дадеш до знаење дека си почетик, и пешачи и коли да внимават . * ништо лично против тебе да знаеш, те цитирав па ми текнаа уште билион ствари да допишам. Темава ужасно ме напиња, абе ко сообраќајнава култуура све надоле и надоле да иде. Не беше пред 12 год волку….
Ми се сфиѓа што се раздвижува темава. Се слагам за теоретскиот тел (после 3 пат да ти се укине правото да полагаш) пошо ако не се кадарни основни правил да научат што даље? Се слагам и за селективната правда.Затоа е темава, за да се дговориме шо сакаме и истото да го доставиме до Влада Ако не друга песна, не плаќаме ништо.Дур не дое до суд.Отиде ли еден од нас на суд.Сите надвор.Ова МОРА ДА ПРЕСТАНЕ Ќе се дерат сиромашните и луѓето од средна класа а богатите ќе се богатат?! НЕ МОЖЕ не е фер. Се слагам и за инструкторите.Ја имав манијак инструктор прво шо не се замараше да ме научи, и полигон паѓав ради него пошо не ми ги кажуваше цаките, за да зиам приватни. Сѐ е корумпирано мајката нивна. Ако се договори нешто.Ја прва искачам на улица жими сѐ.Ретардирана сум, ме заболе и за власт и за опозиција, и за пари, и за јаки особи.Да им се намочам на сите. Трпевме у турско, трпиме и сеа.До кога ОВОЈ НАРОД ЌЕ ТРПИ? ДО КОГА
лежечки полицајци и радари со казни што не можеш да ги скинеш. доволно паркинг простори и патеки за велосипеди. толку е просто.
Да се затвори централното градско подрачје во Скопје за коли, да биде дозволено само со тротинет, пешки, автобус, велосипед.. Само така..
Знам дека не е лично само морав да ти објаснам што мислам , бидејќи мислев не ме сфати. Инаку мојот возеше место мене 4 тиот ден намерно пуштав се без да знае за да видам дали е стварно така бидејќи не ми се веруваше дека ниту еднаш не ми изгаси а јас кола немав фатено 27 г. Исто лекарско кога вадев ,па тоа е катастрофа. Психолог ме праша само дали имам фамилијарна анамнеза ,рефлекс никој не ми провери ,слух буквално дали слушаш беше и толку е само очен ме провери. А имам познаник за кој што некој друг бил да извади лекарско зошто не гледал бои ,па сега види ти... Рибата смрди од главата ко ќе речат!
Знаеш до коа? До секогаш. *gonna go on a full rant now,генерално кажувам не конкретно . Секој може у моментов да придонесе, да почне со промена. Со тоа што ќе има обзир каде и како паркира, со тоа што ќе си го едуцира детето( у моментот кога ќе реши да премине на пешачки , крстосница, улица( маалска), што и како да направи( како расте и да го запознае со знаците и кој како има предност), навремено давајте жмигавец, возете согасност пропишаната брзина, научете кој има предност на крстосница( ако не знаеш намали брзина не иди со “ќе свртам побрзо ќе застане он), ако видите автошкола не тицајте не се праете џекови и вие сте биле почетик, давајте предност на автошкола и вооедно на секој кој културно ќе ви се најави, НЕ СЕ ЛЕПЕТЕ на автошкола ( автошкола е ) а и ГЕНЕРАЛНО. Имајте живци луѓе, ако не можете емоции да контролирате не возете. Сеа у улога на пешак не стојте до тротоарот ако е зелено ( ќе стисне гас , може стаил у прва нога му е на кулплуг) ќе ве качи на хауба, не стојте на велосипедска патека ! По малските учици идете по тротоар или трева не по учица ( па уште бавно да се влечете и буните ако ви свирнат), дајте предност на кола у било која ситуација , кола е , размислете пред да се качите на точак и тротинет не е само ќе поминам пред колата ја имам предност… и ваљда заборавив тон други ствари шо се основна сообраќајна култура ако гледаме дека усрана ни е дежавата не значи дека под дифолт треба да си седиме у топло и да бидеме шаблонски овци на општество нели? Промента почнува со тебе/мене со мали, минијатурни промени, со упорност и доследност. Ја не знам дали е до мене, не ви е главата ставена да држите катедри и паметувате имајте малце самокритичност и објективност бре луѓе….
Давајте конкретни идеи После ќе правиме анкета Па ќе доставиме до Даниела, Спасовски, МВР. Нешто изводливо да е. Еве глеам со радар мама ебаваат за тоа ептен сум среќна Прво мора да ја изгсат групана Стоп Полиција на Вибер.Таму си пишуваат кај стои полиција, и коа се доближуваат натаму намалуваат брзина.Или не знам за шо им е сѐ.
И како да не се нервираш бе ДВАЕСЕТ И ТРОЈЦА под декство на алкохол.Толку шо ги фатиле..а уште колку шо не ги фатиле? ЧЕТВОРИЦА на ЦРВЕНО не се глеало црвеното 100% Мрш сѐ да им ебам идиотизам Многу сакам ради вакви да упишам право или безбедност Ќе им ебавам мајката А не е лошо и ако пробаат да ме поткупуваат, да ги донирам парите на некој шо нема а. Робин Худ.Зимај од богатите давај на сиромашните И пак у ќорка ќе идат
Така што ќе возиш соглсно пропишаната брзина и ќе поштуеш сообраќајни знаци , тиа највише ќе ги наЉути “брзите и бесните”. Иронијата ни е “строгоста да положиш за кола “ vs к** ми е двор ми е коа ќе земеш возачка(буквално у исто момент за повеќето)… бедоќа
Епа тоа им викав на инструкторите Шо го дрват од Авто испитен коа секој после зима возачка се понаша ко на нивните да е улицата. Башка у Скопје не се лета.Овде е сѐ поготово на Партизанска и Иво Лола, тргни-застани.Семафори на секој чекор.Кај шибаат на сфаќам. Викам, ако сакаат да се издуваат, колата и на Обиколница или автопат.Сто пати е побезбедно. Значи некој со ПРИЧИНА предвидел дека низ Скопје се вози 50.Ја не знам шо не им е јасно. Да зеам кола само ќе видите ремет. Ќе стаам шипка до вратата, и со 50 ќе возам.Ко црв. Нека се најде некој да ми свири. Реков мора банери. А ако на вас ви фуфка и не сте за промени јас сама ќе пишувам сегде И сама ќе смислам нешто.Не ќе чекам на вас.Само поголем одзив и ефект ќе има ако сме 2000-3000 души.