Форумџика на годината

Ред и организација во домот ⭐

Дискусија во 'Дом' започната од MacenceEna, 11 февруари 2026 во 19:08.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    45.401
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Ми дојде идеја да направиме едно мало катче тука за муабет околу редење и средување дом
    Без притисок и без „совршени куќи“ – туку како меѓу другарки:
    како се мотивираме, што ни помага, што не ни се средува никогаш
    Јас обожавам уреден, топол дом и постојано барам мали трикови за полесно секојдневие. Би ми било многу убаво да споделуваме:
    ✨ идеи за организација
    ✨ мали трикови за чистење
    ✨ декорација
    ✨ before/after слики
    ✨ или само да се пожалиме кога ни е хаос
    Која просторија ви прави најголем неред дома?
    Кај мене дефинитивно е кујната и детската соба
    Ајде да си помогнеме и мотивираме како вистински другарки
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    16.954
    Пол:
    Женски
    Колку помалку (видливи) работи, толку полесно чистење. Многу ги сакам витрините (без стакла), баш заради вакви олеснувања. Тие отвори, елементи надворешни као демек нешто модерно.. украси на нив, па ич. Додуша и позади затворено не ги сакам. Исто, плакар заникаде - не сакам. Не купувам импулсивно и не терам брза мода. Да перам глупости исто не сакам. Украси доаѓаат предвид ако се поголеми. За волку наминав во темава.

    Да не биде дека никогаш не ми било несредено - далеку од тоа, ама сакам и на немање време да биде дека сум имала време да исчистам (а притоа сепак да не си го осеќам теретот). Факт е дека нa чистењето нема крај. Од сите средства, средството против прашина ми е број 1.


    ..само еден, од купот корисни видеа:

     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    45.401
    Пол:
    Женски
    Темава е подлабока . Гледајќи го видеото.
    Не е само да е средено , средено ќе биде кога ќе почнеме да се одделиме од многу ствари што само ни зафаќаат место.
    А немаат некоја функција во секојдневниот живот.
    Многу од нас можеби имаат проблем да се решат да се разделат со многу работи и само останува од едно до друго место да се префрла работата .
    Сепак за да не не префорсира тоа отстранување од некои работи, се почнува со мали чекори . Се зема прво една фиока и полека се става ред. Тргаш работи кои не ти требаат , кои се дупли и немаат никаква функција.
    Пред да дојде редот доаѓа нередот кога станува збор за темелно средување на домот . Сите од нас имаат некој дел на кој се трупаат работи .
    Кога ќе видиме тоа и највеќе ни одзема време . Кога се живее минималистички , секојдневието станува полесно .

    Јас почнав да ја средувам кујната. Почнав од тањирите. Они што беа малку чукнати, поткршени ги тргнав . Шољи за кафе , преку 20 . И тоа се останати убави, по 4 сет. Ама искрено колку пати пијам од нив. Скоро ич. Остануваат тие 6 шољи за кафе што ги користам секојдневно.
    И тие ќе дојде ред да ги тргнам и да останат само тие 6.

    Темава е широка .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.