Форумџика на годината

Ред и организација во домот ⭐

Дискусија во 'Дом' започната од MacenceEna, 11 февруари 2026 во 19:08.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    45.461
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Ми дојде идеја да направиме едно мало катче тука за муабет околу редење и средување дом
    Без притисок и без „совршени куќи“ – туку како меѓу другарки:
    како се мотивираме, што ни помага, што не ни се средува никогаш
    Јас обожавам уреден, топол дом и постојано барам мали трикови за полесно секојдневие. Би ми било многу убаво да споделуваме:
    ✨ идеи за организација
    ✨ мали трикови за чистење
    ✨ декорација
    ✨ before/after слики
    ✨ или само да се пожалиме кога ни е хаос
    Која просторија ви прави најголем неред дома?
    Кај мене дефинитивно е кујната и детската соба
    Ајде да си помогнеме и мотивираме како вистински другарки
     
    На senjorita-v, azelea, andrejko82 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    16.963
    Пол:
    Женски
    Колку помалку (видливи) работи, толку полесно чистење. Многу ги сакам витрините (без стакла), баш заради вакви олеснувања. Тие отвори, елементи надворешни као демек нешто модерно.. украси на нив, па ич. Додуша и позади затворено не ги сакам. Исто, плакар заникаде - не сакам. Не купувам импулсивно и не терам брза мода. Да перам глупости исто не сакам. Украси доаѓаат предвид ако се поголеми. За волку наминав во темава.

    Да не биде дека никогаш не ми било несредено - далеку од тоа, ама сакам и на немање време да биде дека сум имала време да исчистам (а притоа сепак да не си го осеќам теретот). Факт е дека нa чистењето нема крај. Од сите средства, средството против прашина ми е број 1.


    ..само еден, од купот корисни видеа:

     
    На Biljarkata, senjorita-v, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    45.461
    Пол:
    Женски
    Темава е подлабока . Гледајќи го видеото.
    Не е само да е средено , средено ќе биде кога ќе почнеме да се одделиме од многу ствари што само ни зафаќаат место.
    А немаат некоја функција во секојдневниот живот.
    Многу од нас можеби имаат проблем да се решат да се разделат со многу работи и само останува од едно до друго место да се префрла работата .
    Сепак за да не не префорсира тоа отстранување од некои работи, се почнува со мали чекори . Се зема прво една фиока и полека се става ред. Тргаш работи кои не ти требаат , кои се дупли и немаат никаква функција.
    Пред да дојде редот доаѓа нередот кога станува збор за темелно средување на домот . Сите од нас имаат некој дел на кој се трупаат работи .
    Кога ќе видиме тоа и највеќе ни одзема време . Кога се живее минималистички , секојдневието станува полесно .

    Јас почнав да ја средувам кујната. Почнав од тањирите. Они што беа малку чукнати, поткршени ги тргнав . Шољи за кафе , преку 20 . И тоа се останати убави, по 4 сет. Ама искрено колку пати пијам од нив. Скоро ич. Остануваат тие 6 шољи за кафе што ги користам секојдневно.
    И тие ќе дојде ред да ги тргнам и да останат само тие 6.

    Темава е широка .
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    45.461
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20260211-205526.png
    Што да речам а да не згрешам :rofl:
    Еден дел од дневната , катчето за оставање играчки на синко .
    Катастрофа знам . Треба да седнам и да раскренам ама не знам каде им е точното место . Сегде ќе биде вишок . Screenshot_20260211-205948.png вака е моментална состојба инаку
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.766
    Допаѓања:
    189.123
    Незнам дали сум за у темава
    Ја фрлам и тоа шо не треба и тоа шо треба
    Многу пати барам нешто го нема ,сум го фрлила
    Инаку кујна и вц у вечен хаос
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl, troublemaker94 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.771
    Допаѓања:
    200.993
    Ќе сликаш соба од другиот агол и ете ти инфлуенсерски дом8)
    Топ е дневната, што збориш?

    Мене страшно ме нервираат перничињата. Некој потседнал, подлегнал, перничињата логично хаос.
    И пак, дневна е мало гајле. Кујната беше топ, дури не бевме вселени. Сега(lalala). Средена е, од полноќ до 7 сабајле|(. Ене, ме вика да ја средам, болно дете, соковници, чаеви,машина за садови да се наполни... И така, секој ден:doh:.
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    812
    Кај мене е кујната постојано тип топ оти маж ми ја чисти, јас само готвам. Плус не е голема кујна но има многу шкафчиња и место за се.

    Дневната ми е голема и намерно не бутам многу мебел внатре па изгледа средено. На 30м2 дневна има само една мала аголна гарнитура една комода ниска, мала маса, маса со 6 стола и во ќошот еден електричен камин над кој е закачен телевизорот. Немам ни висечки шкафчиња, ни пердиња, ни комода за телевизор ни многу фотелји, ни гломазни предмети. Украси исто немам. Само рамки. За чистење раат, посебно со правосмукалка робот и сите предмети со ногарки за да помине таа од долу.

    Детската и работната соба се приказна за себе. Работната се ќе ја средувам и никако да ја средам, а веќе 4 месеци сме вселени.

    Оставата ми врши многу работа оти сите палтиња и обувки се таму.

    Во спалната имаме една фотелја и од цел стан само на неа смеат да се фрлаат алишта. Имам маса за шминкање и наткасни до креветот но и тие после селењето не дошло ред да ги средам. А голема работа вршат оти и шминки и некои ситници таму се собираат.

    Големото купатило ми е супер средено и секогаш во ред. Малото купатило еве 4 месеци сме вселени не сме нашле време да го средиме.

    А не е се до пари. Треба да те бива. Имам пријателка еве трет пат се сели каде и да оди домот и е разгледница. Мене не ме бива.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    5.133
    Вакви катчиња/места има во секој дом, кај некој и во секоја соба (пример кај мене:D). Јас ова би го решила со некои кутии на сталажата, во кутиите само ќе се собираат работите, не се ставаат на место, не се организираат, се трга само за визуелно да се намали нередот(иако ова е скроз средено). Такви имам во дневна, во кујна, во ходник, во вц. На неколку недели, на неколку дена, зависи од време, тогаш ги средувам и ги раскревам работите на свое место. Ок е оноа don’t put it down, put it away, ама јас не можам пошто некад стварно сакам само да го фрлам и да легнам:sweat:
     
    На SummerGirl, senjorita-v и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.576
    Допаѓања:
    82.490
    Пол:
    Женски
    Мене кујната ми е скоро секогаш хаотична. Колку и да чистам, во моите очи изгледа хаотично и несредено и многу ме нервира. Ете што ти значи лошо испроектиран мебел, башка што воопшто не ми е практична во моментов ама тоа е, ќе и дојде редот за реновирање. Само се надевам што поскоро.

    Засега, темава ме инспирираше да си смислам некоја клизеча врата, да ја закачиме и само да ја повлечам во момент кога не можам да ја гледам. Посебна просторија е и нема врата, скроз ми е изводливо.
    За повеќе совети, следете ме. Понекогаш баш знае да ми дојде инспирација во момент кога ќе се спојат мрзата и нервозата. :D8)
     
    На SummerGirl, troublemaker94, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што сум ѓубретарка и се сакам да имам по дома добра сум. Имам премногу работи, свеќи, шолји секакви, премногу облека и обувки, книги…..
    Со оглед што сум нова мајка и сама со мм, а приврзана со бебко и цело внимание му е подарено , во глобала ми е чисто.
    Најмногу мразам да трчам по мм. Од него не можам ни во вц да појдам. Мислам дека таму ми е најзачадено и најгнасен мијалник имам ( тоа му е пепелница). Потоа второ место делат кујната и дневната.
    Кујната гледам по вечера да ја чистам секогаш, додека мм е со бебо. Тоа значи садови најчесто во машина, шишиња мијам, пребришувам се и вклучувам дифузер со етерично масло. Поминување со правосмукалка во сите соби и мопирање.
    Наутро додека спие бб, прво гледам да отворам прозори во кујна и дневна по 10тина мин. После со брзина на светлината бришам прашина, нема средство туку ракија. :D Натопувам крпа и како програмиран робот се поминувам низ дневна. Ако имам време одам во вц, ако не бб има предност. Галење, мазење, преоблекување и храна. После тој во дневна, јас пребришувам вц и пуштам дифузер. Па пак со бб или гледаме цртан или излегуваме низ паркот. Ако е цртан тогаш јас одам бришам прашина во спална и отворам прозори, па средувам спална (се ова треба да трае најмногу 10 мин. Без бришење под). Преку викенд перам, пеглам.
    Гледам да бришам прашина секој ден или секој втор ден, бидејќи лесно може да се запостави. И користам џогер на пареа поради појава на алергија. Често му ставам етерично масло на крпата и терам.
    Исто гледам да не форсирам омекнувачи (но мм не знам од која причина ги купува) повеќе ставам оцетна киселина. Таа дава мекост и неутралност. Некогаш знае да ми се појави алергија од омекнувачи.
    Во недела промена на постелнина, на месец дена турам на душекот сода бикарбона со етерично масло.
    Добро е сега, туку се мислам што ќе биде кога ќе почне да оди и да бара играчки.
     
    На SummerGirl, senjorita-v, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    45.461
    Пол:
    Женски
    Ти си значи макро организатор .
    Кога работите, хаосот, стојат зад затворени врати, во организери , кутии.
    Не е лошо :rofl:
    Инаку за ред и чистоќа :rofl: , во поголемо семејство треба сите подеднакво да работат заедно
    Секој да си го средува својот хаос.
    Џабе јас собирам се и по секој , некогаш преку глава ми доаѓа од средување . Целото мое слободно време го трошам во тоа и не фрустрира .
    Мм е исто макро тип на организатор. Него му е битно да е се наместено , по фиоки , шкафови . А како е нљместено е небитно . Мојот метод на диплење, не е и негов метод . И тука настанува проблем.
    Собирање на машина за садови , не е исто кога секој елемент си е во своја одбрана позиција или е само треснат така .
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.598
    Допаѓања:
    290.191
    Со четири деца сме во постојана борба со хаосот.
    Да, раскреваат, ама од нивното раскревање до совршеното тип топ има голема разлика.
    Не ми пречи мал хаос во нивните соби оти сум уствари среќна што хаосот е таму, не во дневниот престој.
    Таму играат, другарчиња им идат, па соодветно на тоа и најчесто е само ок.
    Алишта да не бидат расфрлани по земја, после менување да ставаат во корпа, бирото да има ред во хаосот и да си знаат што каде стои, да нема шлакутници и да не носат храна по собите.
    Роботот мине, прашина ќе се се забриши, корпа со отпадоци ќе се испразни и ќе се луфтира. Доста е.
    Играчките стојат несовршено и неестетски, фиоките вечито полухаотични после бирање на само еден аутфит, материјалите за работа вечито некаде “скриени” и не можат да ги најдат.
    Дневниот престој најчесто е како да не живеат деца.
    Кујната и бањата се секогаш средени. Посебно кујната, децава почнуваат да експериментираат и сами спремаат мини оброци. Знаат дека треба да стават бо машина за садови и да забришат островот.
    Дневната не вади оставата која ја имаме под скалите. Прилично е голема, цел ѕид позади каминот и ѕиданото.

    Буквално сите играчките со кои преку ден играе малиот се сортирани во големи пластични корпи и стојат таму. По потреба вадиме корпа, играе, после се раскрева и назад под скали.
    IMG_6428.jpeg
    Во фаза на промена на детските соби сме. Треба такви ќошиња со играчки да неутрализираме бидејќи ги имаат надраснато.
    Се што е вишок да качиме на таван во игралната. Ама немам воља да почнам со нов проект и толку работа да си отворам.
    Кај големата треба нов ПАКС, масичка за шминкање и еден цел ѕид со непрактичен мебел да се тргне. Има веќе премногу облека не и збира во мебелот од тие детските серии.
    Кај другата исто, под креветот има помали парчиња мебел за ситнурии кои не можам пред очи да ги гледам. Сакам чистка а малиот тек ќе дојде во возраст кога може да си играе со работите па мора да одложувам и да прелоцирам на таван. Таму е хаос, какви шкафови да се редат, што е најпрактично за тон лего, глава ме фрска од помислата. Да барам идеи за лего соба треба.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    45.461
    Пол:
    Женски
    @danichap ти 4 деца , јас 3 ]:) оди најди крај .
    Нашава куќа е голема , дневниот престој е прилично голем ама кај нас проблемот е што имаме многу големи ходници .
    Тогаш се градело така , да се има простројни ходници што од гледајќи денес е само потрошен простор. Ама тоа е . Да сме граделе денес друг ќе бил планот .
    За најголемата твоја девојка сакаш Пакс шкаф ? Кај мојата голема има исто Пакс , без врати што ми се допаѓа. Имаш можност за план каков сакаш . Мене сега повеќе ми се допаѓа да е бел корпус и дрво боја преградите, тоест внатрешноста . Кај нас се е бело. Има 4 фиоки и простор за закачување облека.
    Најгоре на полиците имаа кутии , нешто внатре има не ни знам .
    Бирото и е во иста дрво боја , од ИКЕА некое биро беше .

    Лего , и неговото чување .. катастрофа . Во кутии огромни и на таван . Се ќе се раскрши и не се знае кое што било .

    Како инаку ви е организирана кујната ? Имате ли посебно место. Шпајз за чување храна , сува храна , тестенини чуда ... Како ги чувате ?
     
    На SummerGirl, senjorita-v и danichap им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.598
    Допаѓања:
    290.191
    Во подрум имам шпајз соба во обични регали од ивар серијата.
    Најдобриот дел ми е што од кујната имам врата на подот кон винскиот подрум и од винскиот подрум се испаѓа и се влева во шпајзот.
    Наместо низ цела куќа да вртам да стасам со подрум, директ од кујна одам доле:D.
    Моментално вратата од винскиот подрум се мести и ми е хаотично доле.
    Во принцип едната страна ми е дрнгулашки кои ги вадам на родендени и забави. Другата страна резерви за кои нема место во кујна.
    IMG_8869.jpeg IMG_8870.jpeg IMG_8871.jpeg
     
    На bubemconia, SummerGirl, perlaa1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.576
    Допаѓања:
    82.490
    Пол:
    Женски
    Не, дефинитивно не сум. Мислам дека кај мене проблемот е од естетска природа. Не ми се свиѓа кујнава, а најмногу ми крши филм лошо искористениот простор. :doh:
    Затоа добивам нагон да ја затворам и да не се гледа ништо додека не се среди како што сакам. :D

    Машина за садови редам како лего коцки. За плакарот имам принцип на диплење за се да ми собере по полици и фиоки и да можам лесно да се снаоѓам низ алиштата. Воопшто не ми одзема време за средување тоа. И кога буричкам, не ми се прави некој хаос па немам за средување.
    Многу ми помага тоа што имам една подвижна закачалка на тркалца, на неа си држам некои работи што тековно ги носам.

    Маж ми не диплеше ко мене. Додуша, воопшто не ги диплеше неговите работи, за моите се трудеше да личат на нешто. :D
    После му светна дека не може да функционира во хаотичен плакар од кој паѓаат работи кога ќе отвориш врата, па ми го усвои "методот" на диплење и организација. Како и да е, вратава лизгачка дефинитивно ја правам. Да ми заличи ѕидот, декоративна некоја. :lol:
     
    На SummerGirl, senjorita-v и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    5.021
    Кај мене исто во кујна е најголемиот хаос, собата на дете и библиотеката за книги :tmi: Додуша кај дете е само расфрлано со играчки, се средува за 10 мин, ама ни требаат два саати додека се намолиме. А кујната е приказна сама за себе, откако ќе се среди, после пола саат и зготвен оброк, повторно е хаос. Мала кујна имам и мислам дека и тоа дополнително ми прави нервоза што ако има 2 тањири што не се ставени во машина, изгледа натрупано.

    Дневната ни е без ситнурии. Маж ми собира виски и интересни чаши за виски и има доста, ама сето тоа му стои во затворена стаклена витрина и не изгледа неуредно. Единствено јас имам ситнурии на библиотеката за книги, тука плус ставам и мали работи што не знам кај да ги ставам и таму се собира многу прашина и дефинтивно е една од работите во домот што мразам да ги чистам :tmi:

    Еднаш годишно, правиме генералка со маж ми со фрлање, донирање или продавање на, за нас, непотребни работи. Облека, играчки, обувки, буквално се по што не сме посегнале неколку месеци, што значи дека не ни е потребно. Тоа доста ни помага да се растерети просторот и да не се трупа. Секогаш правам ротација на облеката летна/зимска и тоа ги растеретува плакарите исто и кутиите ги симнуваме во подрум. Облеката ја пакувам во пластични кутии и на секоја има напишано реферат точно што има внатре. Кога нешто притребува, многу полесно го наоѓаме на тој начин.

    Скршени, поткршени ствари не чувам никогаш. Ако пукне нешто, макар и малку да биде чукнато - фрлам. Тип на човек сум што сакам кога се сервира храна, да ми биде убаво и за очи и користам исклучиво идентични прибори и сетови за јадење, што во превод значи - немам многу и машината за садови работи цело време :D Ама и тоа можеби ми помага, да не ми се трупаат. Слаба точка ми се чаши и филџани за чај и фенси кафиња :tmi: Од нив имам премногу, ама си доделив сама на себе само една полица за нив, можеби собира 20тина максимум и толку и си реков дека нема да ставам по други места. Доколку сакам нова, некоја од постоечките ќе мора да лета :D Во оставата имаме регали и стварите ми се селектирани во пластични кутии, пример во едно кутивче имам - пециво, квасец, ванилин шеќер…во друго кутивче - ориз, грав…ова ми помага да имам подобар увид во намирниците и од што уште колку имам, за да избегнам дупло купување. Плус ми заштедува време кога ми е потребно нешто, вака одма знам каде е. Исто секогаш пред да одам да пазарам за дома, проверувам што има и правам точен список што ми е потребно и се држам до него. На тој начин избегнувам трупање на работи кои веќе ги имам и по 3 полуотворени ќеси, што порано нон стоп ми се случуваше. Тоа е исто така практично, за помали кујни како мојата. Исто така дел од работите ги чувам во обележани проѕирни кутии, како житарици, макарони и слично, така го избегнувам хаосот од натрупани кутии. Кога купувам макарони на пример, купувам исти како тие што ги имам пола кутија дома, затоа што во спротивно ќе имам две кутии непотребно, што нема да можам да ги комбинирам и ќе ми направат дополнителен хаос.

    Документи и потребна папирологија чуваме во регистри, кои што еднаш годишно ги прегледуваме исто и ги растеретуваме, фрламе што е непотребно.

    Тоа се моите типс енд трикс, што не знам ни дали се стварно од помош :D Ама се зависи од многу работи, не е исто кај мене со едно дете и бебе и кај некого со три, четири деца. Или самиот простор, не е исто куќа и стан и дали некој има достапен подрум или не.
     
    На bookslover, Autumn Love, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Еве ќе кажам имам проблем со организација,чистење,ред.Често не наогам работи,ама само јас средувам.Од кај да почнам?Помош.
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.771
    Допаѓања:
    200.993
    Ќе почнеш одтаму што нема само ти да средуваш. Колку луѓе живеете дома, за сите да растураат а само ти да средуваш?

    Сега сфаќам дека мене најголем проблем ми е што во станов нема остава, ич не мислев на тоа кога се реконструираше. Значи морам под итно да најдам некој висок а тесен плакар , да глуми остава во кујна и да ми растерети простор во самата кујна. Отидов да го барам, веднаш:*:
     
    На SummerGirl, senjorita-v, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Темата е Ред и организација во домот,не справување со луѓе,ако знаеш нешто пиши,инаку не ми помагаш воопшто.Стрикно побарав помош нели?
     
  20. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.831
    Пол:
    Женски
    И кај мене дневната и кујната се секогаш средени. Имам 1 дете ама секогаш си игра во неговата соба. Спална е 50:80 имам проблем со маж ми. Неможам да го научам да не фрла алишта на земја. Купатило е ок освен огледало испрскано од вода од детето. Остава имам на тераса некогаш средена, а моментално хаос е. Ќе се среди некогаш.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.