1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Реиши-лековита печурка

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од vickyy90, 17 јуни 2013.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Реиши, лек на кралевите и крал на лековите

    Реиши-печурките ѝ се познати на медицината повеќе од 4.000 години. Со право го добиле називот „лек на кралевите“. Поради тоа што тешко се наоѓа во природата, била резервирана за азиските кралски семејства и богатите луѓе. Во природата успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла, кои се во фаза на распаѓање.

    Од 10.000 стебла, само на 1-2 може да се најде реиши. Славниот доктор Ши Жан Ли, од династијата Mинг, во својата книга „Голема енциклопедија на лековити билки“ ја препорачал употребата на печурката реиши како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело.

    Се смета дека оваа печурка е најлековита од сите медицински билки, а се рангира пред жен-шен (кojа дотогаш важела за билка на долговечноста).



    Се одгледува како суво злато

    Работите се промениле во втората половина од 20 век, кога почнало организирано одгледување на црвената печуркa реиши во Jапонија. Во 1970 год. на Универзитетот Киото, Јукио Наои со одреден метод успеал да одгледа печурки реиши на органски приспособени и третирани површини. Со ова практично се гарантирало дека секоја печурка ќе има максимум лековити состојки и се исклучува можноста за каква било контаминација со бактерии или токсини. Додека расте, секоја печурка се чува и одгледува како суво злато. Овој метод во Kина почнал да се применува малку подоцна - во 1975 година, и оттогаш оваа чудотворна печурка му станува достапна на целиот свет.
    Печурките реиши се вистинско чудо помеѓу медицинските лековити билки поради својата супериорна лековитост, но и поради тоа што апсолутно немаат никакви несакани дејства врз човечкиот организам. Тотално се нетоксични и не постои начин за предозирање.

    Сè во едно

    Печурката реиши може да се користи секојдневно без никакви несакани ефекти врз човековото здравје. Кога редовно се користи, печурката воспоставува баланс во организмот, овозможувајќи им на сите органи да функционираат нормално. Во принцип, реиши не е 2 во едно, 3 во едно, 5 во едно и слично, туку таа е сè во едно. Го зајакнува, го модулира и го регулира имунолошкиот систем, ги отстранува циркулаторните блокади, ги отстранува акумулираните токсини (отрови) и го зајакнува и го ревитализира организмот. Поради својата базна (алкална) основа, ја неутрализира киселоста на организмот. Печурките реиши им помагаат на 5-тe клучни органи кај луѓето: срцето, белите дробови, црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Оваа печурка помага и при лечење сериозни здравствени нарушувања: респираторни, кардиоваскуларни, дигестивни, нефролошки, ендокринолошки, невролошки, (нервни растројства, хроничен умор и несоница), мигрена, драматични напади на главоболка, висок крвен притисок, дијабетес, астма, хроничен бронхитис, алергии (дури и сосема ги отстранува), ХИВ/сида и хепатитис A, B, C.

    Поради својата алкална основа ја неутрализира киселоста на организмот, поттикнува обнова на бронхијалната слуз, дејствува антивоспалително, антибактериски против: стафилоки, стрептококи и стрептококна пневмонија, помага при искашлувањето и го намалува рефлексниот нагон кај непродуктивното суво кашлање.

    Реиши има силно антитуморно дејство, ја подобрува активноста на нашите клетки-убијци, нашата природна одбрана против канцерогените клетки. Го зголемува производството на интерлеукин-1 и интерлеукин-2, дејствува антивирусно, го намалува нивото на серумскиот холестерол, го подобрува миокардијалниот метаболизам, го подобрува клеточното размножување во клеточното јадро од коскената срж, дејствува анти-ХИВ, има и аналгетски својства и помага во подобрување на општата состојба на целиот организам.
    Повеќето луѓе не знаат дека емоционалното здравје е 100% вo релација со психичкото и физичкото здравје. Со други зборови, ако го подобриш своето психичко и физичко здравје, ќе се подобри и твоето емоционално здравје. Овие печурки помагаат во регулација на целокупниот телесен метаболизам - осигуруваат нормално функционирање на сите органи, вклучувајќи го и мозокот. Оттука, покрај другите титули, реиши ја носи и титулата просветлувач на умот.

    Случајно видов дома една кесичка инстант кафе,на свекор ми ваљда му ја дал некој...и гледам пишува на нејзе Кафе+реиши [​IMG] отворив на Гугл ми искочи ова за печурката,досега немам слушнато за неа ,ама по ова што го прочитав мислам дека е стварно лековита

    Еве и слика
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    Ме интересира дали некоја ја има користено оваа печурка или капсулите, екстрактите кои се прават од неа и дали видел некаква корист, подобрување на состојбата.

    Доколку има такви споделете го вашето искуство.
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    зарем никој нема искуство со реиши?
    Ако темава е непотребна нека се брише,не да фаќа така прашина,друго чаре нема :)
     
  4. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    Ме интересира и мене за реиши у последно време е многу популарна. Ако ја има некој користено нека сподели искуство