1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ремек дела на природата, егзотични и необични дестинации

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од veri, 12 октомври 2011.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Постојат безброј совршени места во природата, кои се толку необични и прекрасни, што дури изгледаат невозможни поради нивната огромна убавина.
    Години наназад па до ден денес, природата создава реки, планини, мориња, на кои човечкото око им се восхитува и ужива во прекрасните глетки.

    Во оваа тема можете да постирате фотографии од егзотични места во светот, природни светски чуда, необични места, извонредни и совршени природни чуда, едноставно се што е поразлично од тоа што го гледаме секој ден и се што заслужува восхит.

    Ја отворив темата затоа што пред малку на еден македонски веб портал случајно наидов на вакви природни чуда и се изненадив колку совршени и уникатни дела може да создаде природата, без помош од човечка рака, па кога сакав да ги постирам за да видите и вие, забележав дека нема таква тема.

    Еве јас ќе почнам прва :)

    Гејзерот Флај се наоѓа во Невада, САД, кој се создал во 1960 година, кога сопствениците на земјиштето почнале да копаат за да најдат подземна вода, но дупчалката погодила геотермален џеб полн со вода, од кој се создал гејзер.
    Неколку години подоцна веднаш до тој гејзер, се создал уште еден кој почнал да исфрла вода ( овој на сликите ), кој изгледа како шарена склуптура.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Извор :
    http://en.wikipedia.org/wiki/Fly_Geyser
    http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/fa ... evada-sad/


    Caño Cristales (Кристалната река) се наоѓа во Колумбија, лоцирана на планината Серанија де ла Макарена, во близина на областа Мета.
    Ја викаат „Најубавата река на светот“, бидејќи алгите кои се наоѓаат на нејзиното дно, создаваат црвена, жолта, зелена, сина и црна боја, кои и даваат уникатен и совршен изглед.
    Прелевањето на боите се случува само во еден период од годината, октомври и ноември, при преминот од сувата кон дождливата сезона.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Прекрасно, нели? :)
     
    На Lilly8, rossonerka, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Супер тема Вери :)
    Еве неколку необични плажи низ светов ..
    1.Punaluu Beach е плажа со црн песок, формиран при ерупција на вулкан. Таа е и живеалиште на зелените водни желки. Самиот песок има и лековито дејство.
    [​IMG]
    [​IMG]
    2.Papakolea Beach е прекрасна плажа со зелен песок, формиран од вулканска ерупција, така што песокот го прави всушност оливин кристал. Овој кристал ја дава зелената боја на плажата и жувството на стаклени перли под нозете. Има две вакви плажи на светов од овј тип.
    [​IMG]
    [​IMG]
    3.Hyams Beach ова и според Гинис е најбелата плажа. „Песокот“ всушност се изумрени школки таложени на овој брег.
    [​IMG]
    [​IMG]
    4.Hot Water Beach овозможува уживање за кое ќе мора и сами малку да се потрудите. Може да се бањате во топла вода, доколку ископате дупка во кревкиот песок и подземните резервоари за вода, формирани од вулкан, ќе ја затоплуваат водата во дупката.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Kaihalulu Beach ова е плажа на која ќе имате единствено доживување од бои: црвен песок, плава вода и зелена вегетација. До плажата се стигнува преку опасна, висока провалија, па плажата се користи поради недостапност и како нудистичка.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Vik Beach е плажа на која не ќе може баш опуштено да лежите и да се сончате, затоа што најчесто дуваат силни ветрови, а песокот всушност се големи црни базалтни камења, од вулканско потекло. И покрај „неудобноста“ оваа плажа пружа единствено чувство.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На rossonerka, 1209, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Големиот Корален Гребен

    Се наоѓа во Австралија, претставува најголемиот гребен во светот. Тој е составен од 2900 индивидуални гребени. Овај гребен е забележлив и од вселената, и претставува најголемата структура создадена од живи организми.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Great_Barrier_Reef

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И да се надоврзам на предходниот пост.

    Whitehaven beach - се протега на 7 км на островот Whitsunday (Австралија)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На rossonerka, Gordana10, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    ^^
    Леле убавини :x
    Радо би отишла на сите овие места :nod:

    Норвешки фјордови
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Национален парк Крка :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Знев и други,ама во моментов не ми текнува..
    А,дали може да пишувам на темава за некои ремек дела на природата во Македонија?
     
    На veri и Dgirlll им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Сливот Атчафалија, Луизијана, Америка - најголемиот базен во Америка.
    Ова мочуриште е единствено кое има растечки делта системи, а околните сливови се формирани од еднолични чемпресни мочуришта и бари.
    [​IMG]

    Мочуриштето Окефоноки, Џорџија и Флорида, Америка - најголемиот тресет во светот.
    [​IMG]

    Мочуриштето Ла Диг, Сејшели
    Четврт по големина населен остров на Сејшелите, а неговите мочуришта се втора најголема туристичка атракција, после плажите. Ла Диг е природното живеалишта на црната рајска птица, која е толку загрозен вид што има само околу 100 живи видови.
    [​IMG]

    Mont Saint Michel (Планината на Св. Михаил) - мало гратче кое се наоѓа на карпест остров на 1 км од северниот брег на Франција.
    Виктор Иго го опишал со овие зборови : Ремек дело на природата, што стои помеѓу земјата и небото, меѓу континент и океан, каде што плимата и осеката се менуваат толку брзо како галопирачки коњ.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала.
    Кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него.
    Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.
    [​IMG]
    [​IMG]


    Во средно, бевме на ексурзија во Крка, Хрватска, преубаво е, најубавите водопади што сум ги видела.
    Може и за Македонија :)
     
    На 1209 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Архипелаг Лофотен ( стапало на рисот ), Норвешка, северно од Арктичкиот круг

    Изобилува со безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините.
    Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.

    Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ.
    Во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно.

    Овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    -Julské Alpy, Словенија и Италија. Дефинитивно место кое би сакала да го посетам
     

    Прикачени фајлови:

    • 800px-Krnica.jpg
      800px-Krnica.jpg
      Големина на фајлот:
      111,3 KB
      Прегледи:
      473
    • Julske-Alpy1V.jpg
      Julske-Alpy1V.jpg
      Големина на фајлот:
      351,3 KB
      Прегледи:
      473