http://www.youtube.com/watch?v=7tHL3dK9S9I Не ми се верува дека на макеоднската музичка естрада излезе волку добра песна.. нешто сосема поинкаво досега,и сметам дека оваа песна заслужува да ја знаат сите Кои се вашите коментари ?
Rennata - Time, time Да не треба темава во изведувачи да стои подобро а? Инаку ја знаев песнава ја имав слушнато, ама не знаев дека ја пее македонка. Ја немам пребарано на нет и немам никаква информација за Рената, која е што е, од каде е, кои и се музичките почетоци, но за песнава имам огромен плус. Прекрасна е, нешто поразлично на нашата сцена и убаво освежубање. Сигурно ќе се пробие и ќе има светска слава. Некои наши пејачки кои долги години опстојуваат на сцена немаат направено песна за странскиот пазар и како сакаат светот да слушне за нив? А девојчево изгледа без голема кариера побрзо ќе се пробие од нив. За тоа е потребен талент, убава песна и добар менаџер.
Rennata - Time, time Прв пат слушам дека има оделна тема изведувачи како и да е сепак е во музика значи не е промашена до толку
Rennata - Time, time Нема врска, секако ќе биде преместена од модератор ако треба. Инаку всушност Групи и изведувачи не е тема, туку е посебна категорија. Еве ја: grupi-i-izveduvaci/
Rennata - Time, time Песнава прв пат на Антенна 5 ја слушнав и премногу ми се бендиса. И јас исто незнам за Рената, која е, што е, кариера и останати песни, но Time Time е ВРВ. Ја имам на рингтон веќе 1 месец.
Rennata - Time, time Предобра е песнава девојчево го имам на фб ја знам уште од еден фестивал кога ја пееше оваа песна http://www.youtube.com/watch?v=i1Xtq2mkyqc Потоа исто достигна успех и со оваа песна на англиски http://www.youtube.com/watch?v=tw8V_suT ... re=related Песнава е преубава, мене повеќе ми се допаѓа оваа отколку новава Како и да е преубави песни има, преубав глас, баш ми сакала да достигне светска слава
Rennata - Time, time Читав во новина пред некој ден за песнава, а истата ја слушам цело лето, но не ми текна за која се работи. Никогаш не би рекла дека е made in Macedonia. Вака модерен и "странски" звук немам слушнато од ниту еден овдешен изведувач. Ќе кажам само браво. И гласот и е преубав.
Rennata - Time, time Слушајќи ја на Антена ми личеше дека е еден од низата странски хитови што ги форсираат како по обичај... а сега сум изненадена. Не мислев дека е возможно наша продукциска куќа да направи ваква песна. А што па не, кога можат Романците со Морена зошто да не и ние? Браво за девојкава! Песната ќе си ја share-нам на фејсбук во скоро време, хит е дефинитивно, и фали само уште јак спот. Не можев да не го приметам и убавиот нагласок на зборовите, за разлика од другите македонски артисти. Инаку нека се преименува темава само во Rennata за да коментираме и за понатамошни нејзини проекти.
Rennata - Time, time Леле,цело време ја слушав песнава и појма немав дека е "наша",а и имењачка ми била. Браво за девојчево,во време на Авиони ,Дади,Слаткаристики ,ова е момент што заслужува внимание.Супер е песничкава и нека си продолжи вака.
Е слушнав летово песнава на радио и искрено појма немав дека си е наша. Иначе девојчево колку што знам јас не е толку познато барем тука кај нас во нашава државичка,ама песнава и страшна работа. Инаку е познавав од предходно мислам дека пееше на Макфест една година со песната - Не го барајте. Колку што ме држит памтењево мислам така дека беше.
Еве ја најновата божиќна песна од Рената. Моментално ми е најново и најубаво освежување на нашава естрада, има прекрасни нумери, а богами еден ден не е сомнено дека ќе го освои и странскиот пазар! Убава песна: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... XZtMFBgec#!