Рецензии, критики - delivery и online нарачки

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by Acronia, Jan 18, 2022.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Како што е и самиот наслов на темата, целта е да споделиме што е можно повеќе искуства околу ресторани и delivery service за online нарачки.

    Според вас, кои ресторани најдобро ги рангирате, а кои најлошо и зошто?
    Каква храна од менито на конкретен ресторан или delievery сервис порачувате,
    што е според вас највкусно, а што помалку вкусно?
    Кои ресторани/delievery сервиси ги препорачувате, кои не, и зошто?
    Во прилог може да поставите и фотографии од нарачката со образложение зошто ви се допаѓа или не ви се допаѓа истата.
    Секако, може да дадете и оцени преку кои би ја оценила услугата.
    Конкретно - брзината, искуството и квалитетот на нарачката.

    Воедно, се извинувам доколку веќе постои идентична тема, нека се стави клуч.
     
  2. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Еве јас ќе го скршам мразот и ќе започнам од својата најскоро направена нарачка од Baking Bread.
    Во прилог најдолу ќе оставам и фотографии од порачаните бургери, меѓутоа претходно сакам да го споделам своето непријатно искуство.

    Имено, нарачката се случи пред неколку денови, непосредно пред ручек, во 13:15 часот во централата на Лисиче.
    Сметајќи го времето за ручек, кога луѓето се враќаат од работа, како и самото време предвидено за носење, претпоставив дека ако нарачам подоцна би биле пребукирани, и со таа цел решив тоа да го сторам еден час порано од предвиденото време, со мисла дека нарачката ќе стигне за четириесет минути или еден час како што всушност и ми беше кажано од тамошниот диспечер.
    Така што се јавив, нарачав два бургера.
    Поконкретно Walter White и BBQ бургер.

    Но, на мое големо изненадување, нарачката до мојата населба која мора да напоменам дека не е баш блиска со населба Лисиче, стаса за неполни 10 минути.
    Збунето не прашав апсолутно ништо, ги предадов парите, (420 денари вкупно) и ја презедов нарачката.
    Но, за жал веднаш откако ги отворив двата сендвича од хартијата сфатив зошто нарачката се случи така брзо.
    Двата бургера беа ладни, додека зеленчукот внатре, поконкретно ајсберг салатата и краставичките полу - скапани.
    Буквално се чувствуваше чуден бајат вкус.
    Вкус кој оддава впечаток дека состојките не се доволно свежи. Напротив, како да стоеле одредено време во фрижидер или замрзнувач, и само по побарувачка на клиентот биле извадени и стоплени во микровална печка.
    Знам дека сега повеќето од вас можеби нема да се согласат, и ќе речат дека ги подготвуваат свежо, но, ова е моето искуство, и немам зошто да ве лажам.
    Следната забелешка беше конкретно насочена кон BBQ бургерот.
    Во составот пишува дека ставаат сос за скара, но, внатре беше исполнет со претенка плескавица, голема дебела резанка домат и кечап. Кечап кој буквално кипеше од сите страни!
    За разлика од него Walter White бургерот, од друга страна беше за нијанса подобар и релативно океј на вкус, иако ништо особено што би можело да се издвои и да го рангира како вкусен и квалитетен во однос на ланецот на брза храна.

    За крај, пред да ги прикачам фотографиите и поставам во спојлер, ќе оставам оцени.

    Испорака - 7 (само ради брзината)

    Квалитет (вкус) - 7 и тоа чиста седмица, ништо повеќе, дури и тоа е многу.
    IMG_20220119_123929.jpg

    IMG_20220119_124217.jpg

    Во прилог би сакала да ги чујам и вашите критики секако, кои не мора да бидат негативни. :)

    Додека јас доколку имам време деновиве би напишала позитивни критики околу пицеријата Di Napoli, Морино, како и ресторанот/кафанчето (не знам како се води) - Фонтана.
    Сега за сега толку имам време.
     
    Last edited: Jan 19, 2022
    LiliBoz and S.W.A.G like this.
  3. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    1,358
    Likes Received:
    8,914
    Gender:
    Female
    Мое лошо искуство е со Гиро Беко.Чекав повеќе од час и половина за достава,а вообичаено стигаат за 30-40 мин. бидејќи ни е ептен во близина. Исто имам забележано дека една од вработените не става кечап и мајонез врз помфритот дури и ако и напоменеш дека сакаш да има.
    Позитивно искуство имам од Мама Италијана, Бравос, Поко. Мама Италијана се експресни, за 20-30 мин. се пред влез. Единствено лошо е тоа што мора да слезеш пред влез, не носат до врата.
    Бравос имаат фантастични ствари, вљубена сум во клуб сендвичот и хамбургерот којшто го прават со предобро лепче. Доставата им е океј, 40 мин до час.
    Пицерија Поко имаат супер понуди на пици со палачинки. Доставата е исто 40 мин до час.
     
    Acronia likes this.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Баш фино што сподели за твоите искуства.
    Искрено, за Поко често имам видено реклами низ интернет, меѓутоа не сум чула позитивни критики за самата пицерија иако неколку пати сум се двоумела дали да нарачам од таму.
    Ако благите палачинки се вкусни и полни крем, би било исто така голем плус.
    Квалитетот на пицата исто не знам каков е, би сакала да пробам.

    Околу Бравос исто би прашала, плескавицата дали е говедска и 'скараџиски' подготвена?
    Зошто според мене предуслов за добар сендвич е да има вкусна скараџиска плескавица или месо.
    Исто и лепчето/лајбницата е битно, ама битно е и месото внатре.
    Исто, ако не те мрзи слободно дади оцена за наведениве, во однос на услуга и квалитет.
     
  5. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2021
    Messages:
    560
    Likes Received:
    1,085
    Позитивно искуство имам од Центар Бар секогаш е добро спакувано и на време доставуваат всушност доставата е од Кликни Јади али мислам дека и ресторанот брзо ги спрема јадењата.
    И Ревија Бар имаат добра храна и релативно брза достава.

    А за Кликни Јади имам критика што никогаш не се понудиле да компензираат за каснење а многу пати се случило а сум се брзала некаде, барем еднаш достава да не наплатеа али сепак не е некоја голема замерка углавном фини се доставувачите.
     
    Acronia likes this.
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Уф, се согласувам за Центар Бар!
    Едни од најдобрите пици и палачинки во градот!
    Затоа ќе ти го пишам истото и на тебе што ѝ го пишав на S.W.A.G, а тоа е ако имаш фотографии, би било добро да ги поставиш, како и оцени за испораката и квалитетот на услугата.
     
    Need for Speed likes this.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,401
    Gender:
    Female
    Шо работи денес за бургер да си нарачам?Сакав Ројал, ама нема да ме фати 500.Ако нарачам преку Кликни јади, би донеле?Не сум нарачувала преку нив никогаш.
    Или кажете кај има убав криспи чикен?
    Иначе он-топик: Џакомо Карпош.Со години нарачувам и нема збор.Коректни, секогаш на време, пицата е секогаш топла кога ќе стигне.
    Урбан Бургер, нарачав криспи и помфрит.Криспито беше преубаво и преполно, дури го оставив од што не можев повеќе, помфритот ладен, стоен таков жигосан.Каснав 3-4 и го фрлив.
    Џакомо 10/10
    Урбан 9/10 ради помфритот само.
    И двата, беа точни на време, дури Џакомо некогаш и порано стигаат, а во близина сум им.
    Од други места немам нарачувано, бар за пиџа од Џакомо ќе нарачувам доживотно.
    Иам јадено и од други места, ама тогаш не сум нарачувала јас.Мама Италиана се добри исто, Пемпеле.
    Дајте предлог кој врши денес деливери, а не се бара одреден износ за да ти донесат пошо само јас ќе јадам, а криспи нигде не е повеќе од 160.
     
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    Burger Slut имаат убав криспи чикен, ама нарачката треба да е минимум над 300 денари.
    Тоа генерално важи за сите сендвичарници кои вршат достава.
    Не им се исплати за 160-200 денари да носат сендвичи.
    Сепак, јави се во Централата на кликни јади, ако евентуално они ти завршат работа, прашај ги и за вкупна цена.
     
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    1,358
    Likes Received:
    8,914
    Gender:
    Female
    Не знам дали работат денес ама пицерија Костарика врши достава без минимум нарачка и низ цело Скопје. Побарај ги на ФБ.

    Гиро Беко 6/10
    Мама Италијана 8/10
    Бравос 10/10
    Поко 8/10

    Инаку да, скараџиска им е плескавицата на Бравос. И пиците им се сон.
     
    Feminka22 and Acronia like this.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2021
    Messages:
    1,222
    Likes Received:
    4,492
    Gender:
    Female
    @S.W.A.G

    Само уште нешто.
    Кога велиш Бравос, реферираш на овој ресторан конкретно?
     

    Attached Files:

  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    1,358
    Likes Received:
    8,914
    Gender:
    Female
    Да, да.
     
    Acronia likes this.
  12. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Joined:
    Nov 11, 2019
    Messages:
    621
    Likes Received:
    919
    Gender:
    Female
    Star Ocean :inlove: Омилено ми е се од таму(y)
     
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2021
    Messages:
    560
    Likes Received:
    1,085
    Костарика имаат и веб страница може онлајн да се нарача само мене лично не ми се свиѓаат нивните пици а и тестенините ги имам пробано ништо посебно. 5/10

    Enriko имаат добри ладни сендвичи. 9/10

    @Acronia Ова со оцениве малку е релативно у првиот пост за толку многу критики си дала 7 ја да имам такво мислење сигурно 5 максимум би дала.
     
    Last edited: Jan 20, 2022
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,752
    Likes Received:
    13,720
    Gender:
    Female
    Порано нарачувавме само од Групер ама сега ретко преку нив, Асапли ни се многу подобри и побрзи сега.. Нејсе, преку Групер нарачувавме најчесто од Дион, кари, количински беше океј, помфрит идеше со него, солидно за 140 денари 250 грама кари и помфрит беше супер, сега е поскапено на 240 денари, за 240 денари не вреди тоа, фурнаринки имаат убави, еднаш скара за двајца нарачавме, таа количина на скара за еден беше малку а и прибор ставиле за еден, вилушка, нож, салфетка, се за еден, а убаво пишува името на нарачката, скара за двајца.. Исто имаат убави бургери.. 7/10
    - Лесковачка, имаат многу убава шарска плескавица, помфитот е стандард кечап и мајонез.. 8/10
    - Џино, пиците топли, големи, таму е прашање на вкус што ќе ти се допадне, мене оливиа ми е океј, на ДМ капричиоза, секој различно.7/10
    - Имаме нарачано од Бејкинг бреад, цените во вис, бургерите топ, ама не ни ставиле помфрит гратис иако имаа промоција дека следува помфрит со секој нарачан бургер.. 10/10
    - Јакомо, не ми се допаѓаат пиците, суви им се некако, а особено кватро формаџи, тоа смрди човеку, отвараш пицата и една ареа на мирис на скапано низ цела соба кога ќе се рашири.. 4/10
    - Пица 5, супер се. 6/10
    Толку ми текнуваат сега, ако ми текне уште некој ќе допишам..
     
    Acronia likes this.
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2017
    Messages:
    1,817
    Likes Received:
    6,310
    Gender:
    Female
    Темава ќе ги утепа shitty бизнисиве:lol:
     
    Glowy and Ajronmen like this.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2021
    Messages:
    2,222
    Likes Received:
    9,059
    Gender:
    Male
    Со деливери функционирам само за пици, све друго нарачувам онлајн или телефонски ама после сам си го зиам (пошо генерално сите носат млако накај ладно).

    Со пици, врв и на вкус и на достава ми се Пица 5 (9/10) и Пица Игнатија (10/10). Прво, секад на телефон коректно кажуваат самите дали имаат гужва и колку треба да се почека. И реално времето за достава им е точно онака ко што ќе ти најават. А тоа е најчесто 30 минути, и пицата сѐ уште е топла.
    Најмногу избегнувам Џакомо. Можеби не се сите филијали вакви, али кај мене таа што ми испорачува ме нервира многу. Прво, пицата не ја прават секогаш иста, многу често е пресиромашна, ко лепче. Додека да си купиш на парче на лице место е мн добра. Јас тоа го нарекувам лицемерие. Хехе, ок не до толку ама некад така ми доаѓа (7,3/10 само ради колите на струја).
    Поко деливери имаат убави пици, само малку помали се, ама за вкус се врвот мислам, лепчето го прават совршено. Доставата им е super slow. Затоа идам сам си зиам (9/10).

    Бејкинг Бред, горе доле се ок. Многу често не запишуваат сѐ коа нарачуваш. Пример бараш без кромид они ко за инат ставаат дупло. Валда така му се свиѓа на тој што прави.
    Иначе мора да го пофалам дечкото шо им е на телефон, пошо стана реалист последниве месеци и почна да кажува дека нарачката ќе е готова за 20 минути, а не оптимистичките 10-15 од пред некое време. Валда и он сфати со кој работи (се зезам, фини се сите и растрчани). Бејкинг 8,5/10.

    Тетекс, коа ќе ми речат дека тостот ќе ми е готов за 20 минути ми се врти. Значи тост е не е рижото со пилешко (оф топик: многу ме нервира шо пишуваат рижото со пилешко демек фенси сме, абе речи ориз и копани у Мк сме).
    Нема везе, тостот им е релативно понова ствар во Тетекс така да не се испраксирани валда затоа е бавно, сѐ уште експериментираат. Хамбургер, ќебапи, супер се. Лепчето за тој сендвичот со ќебапи им е врв. Ама некад коа ќе стават ладен помфрит од пред недела дена, или коа тој шо го пржи ќе се занесе на мобилен па станува тоа помфритот као дрвца за ОТП во основно тие куќички што правевме... (7,9/10)

    7ца. Сите викаат дека секогаш им е ист сендвичот. Дали јас сум единствениот што му се погаѓа некад да е различен? Значи 90% од времето е супер, али некад ќе ми се погоди некоја плескавица а бе куван ѓон од оние жолтите ѓонови (неам пробано ѓон само за хипербола ми е споредено).
    Најзабавниот дел од нарачувањето во седмица ми е тоа што си правам нарачка на измислени имиња и стално се смееме со тетките (9,5/10 само ради тетките, иначе 9).

    Ројал. За хамбургер ќе преќутам. Тоа ти е 50/50, или ќе ти се насмее среќата или не.
    Ако не ти се насмее среќата, барем таа на каса да ти се насмее.
    Деливери не знам како се, ама секад нарачувам телефонски однапред оти инаку се окапува, бар јас такви периоди од денот фаќам. Оние враповите се фини. (7/10).

    Фаст фуд студио гиро. Срцки се вработените иако некад се успани или не знаат што прават, тој чичкото е уствари највреден, најтрча наваму натаму (8,5/10).

    Преку кликни јади иам само неколку пати нарачано. Повеќето дечки се супер, и обично не се брзаат никаде туку си стојат и си прават муабет.

    Не е мрчаторско мислење, може малку повеќе ги истакнав негативните страни, ама ај во друго мислење ќе напишам и позитивни (де не се налути некој). И ќе дадам оценки и само за храната.
     
    Last edited: Jan 20, 2022
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Joined:
    Sep 4, 2019
    Messages:
    2,955
    Likes Received:
    6,829
    Gender:
    Female
    И мене ми се има погодено некогаш месото да е катастрофа, ама најчесто е супер.
     
    Ajronmen likes this.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,752
    Likes Received:
    13,720
    Gender:
    Female
    Плескавицата им е со рскавици, после тоа треба забите да ги чистиш пола саат, а стекот е океј, никаде на друго место не ми ставаат две парчиња стек во еден сендвич со стек..
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2017
    Messages:
    3,763
    Likes Received:
    14,290
    Gender:
    Male
    И јас морам да ги пофалам од Бравос! Пристапни цени шо ретко се наоѓаат во Скопјево, вкусно, богати порции и доставата не им е лоша. Само сега шо во подалечни општини доставуваат само преку one stop shop но, мислам дека цената е иста на храната.

    Од Baking Bread ретко нарачувам, 2-3х до сега. Доставата барем тогаш кога нарачував не им беше нешто најдобра, доцнеше и бургерите како по правило веќе беа mushy од сите тие сосови шо ги ставаат.
    Почесто сум нарачувал од BurgerSlut, оти ми се и поблиску и секогаш биле точни, навреме.

    Прелошо искуство со ОК Бургер(во КВ), доцнат со достава, секогаш, ама секогаш нешто фали во нарачката или е погрешна. Слична приказна и за подигнување, ќе им нарачаш на тел, ти викаат за 15мин. одиш да ги подигниш и тогаш ги ставаат да се пржат/печат или се има случено да ја продале мојата нарачка па почнуваат одново. :drunk: Па и продавачките ми се правдаат нешто, со глупи изговори и хехенца.
     
    Acronia likes this.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,430
    За пица, само од Пица Хот Деливери. Нив ги јадам уште пред да станам вегетаријанец, на големо изненадување и откако престанав да јадам месо не се разочарав. Посната пица во секое време е иста и превкусна. На други места, или немаат посна пица ако не се пости, или ја прават ради-реда со што им дојде при рака.
     
    crimson likes this.