Рецензии на производи на dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од levely, 20 декември 2014.

  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    897
    Balea Professional шампон за долга коса
    Balea Professional регенератор за долга коса

    [​IMG] [​IMG]
    Пред некој ден ги добив подароците од Дм-Маркет. Шампонот и регенераторот за долга коса.Кога видов дека сум допитник на оваа нагада се изненадив како може толку да ми погодат, затоа што имам прилично долга коса со која сум опседната и постојано сум во потрага по нови производи за неа.

    Веднаш штом ги добив производиве , бев нестрплива да ги испробам. Најпрво многу ми се допадна тоа што прават многу пена, дури и ако ставите малку.Би ве советувала , доколку ги купете овие производи, кога ќе ја миете косата да оставете да постојат 3-4 минути па после да ја исплакнете затоа што така ќе ви биде многу по убава.Не очекував мирисот да трае и откако ќе ја исушам косата, еве веќе 3 ден ми е миена а нитѕ е мрсна и сеуше има многу убав мирис.Исто така многу ми се допадна тоа што косата ми е како св . А сега трк до ДМ :lol::hug:
     
    На Elence93, dm drogerie markt, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    4.661
    Пол:
    Женски
    Balea Trend It Up спреј за права коса

    08.png
    Еве го и моето ново милениче :) Веднаш откако го зедов поклончево,си го изпробав :)

    Искрено јас сум презадоволна :) Се прска на полусува коса пред фенирање и пеглање :) Со оглед на тоа што јас имам прекршена коса ова е совшреното нешто за мене за овие влажни денови :)

    Косата од како ја исфенирав имаше совршен сјај и ниту едно влакно не беше разлетано лево десно,што предходно не ми се случувало :) Значи спрејов има ефект :)

    После си ја испеглав косава и ми беше прекрасна права свиленкаста,најчудно од се ми е што досега никогаш поубава и поправа не ми била косата,а немам да речете некоја квалитетна пегла :) Ама ова спрејчево е совршенство,има прекрасен мирис плус :) Јас со задоволство би ви го препорачала,доколку го имате сигурна сум дека нема да зажалите :) Инаку косата ја испеглав синојка и ја врзав во високо репче,еве ја денес пак ми е права како што ми беше кога ја испеглав. Воопшто не ми се прекршила,презадоволна сум :)

    За оценка би дала 10\10 :)

    Ви благодарам DM за прекрасниов подарок :)
     
    На sugarlips, Iuvenes, Sign и 21 други им се допаѓа ова.
  3. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Бидејќи братучетка ми живее во Германија редовно ми праќаше производи за нега на лице од Balea, бев задоволна од нив. Кога се отвори DM кај нас немаше посреќна личност од мене. Но никогаш не сум ги користела производите на Balea за нега на коса се до денес. Посебно сум задоволна од млекото за коса, бидејќи до сега никогаш не сум користела млеко за коса па бев скептична дали ќе одговара на мојава коса, дали ќе ми ја мрси итн., но напротив уште при првата употреба ја почуствував разликата, никогаш порано толку лесно не ми се расчешлувала косата после миење и не ми била толку мека. Шампонот во комбинација со регенераторот се совршенство, никогаш порано косата не ми била толку мека, сјајна и лелеава, а сум користела најразлични производи кои само навидум биле делотворни. Дефинитивно ќе продолжам со користење на производите за коса од Balea, бидејќи конечно наидов на производ кој е создаден за мојава коса.
    Додека ги користев во тушот на моменти мислев дека се наоѓам во некоја овошна градина, едноставно мирисот толку опушта. Сега по цел ден само си ја мирисам косата :rofl:
     
    На cresa-jagoda, Elence93, Nati.P и 2 други им се допаѓа ова.
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    2.465
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Пред да почнам со рецензијата сакам да кажам едно големо БРАВО, и БЛАГОДАРАМ за дм. Вакви преубави производи, пред се квалитетни штета е што ги нема во секој град.
    Сувишни се сите коментари, стварно ме оставивте без зборови...

    Она што е најбитно од страната на шампонот е тоа што не предизвикува перут. Јас и онака немам проблем со перутот :D. Исто сакам да дополнам дека косата не се мрси брзо. Мирисот исто така ми остави голем впечаток. Ме потсетува на лето. Има мирис и на праска. А можеби и јас така имам почуствувано.:D

    Претходно балсами користев многу ретко. Сега го ставам после секое миење, и верувајте не ви се потребни чешли за да ја расчешлате косата. :D

    Млеко за коса никогаш до сега не сум користела. На упатстовото пишува дека се става после миењето на косата, и прво нешто што ми падна на памет е дека може да ми ја измрси косата. Испадна баш спротивното.
    Премногу сум задоволна од овие три производи, и уште еднаш ќе кажам благодарам. :)
     
    На cresa-jagoda, Mia27@, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.902
    Мислам дека доволно го испробав спрејов за да ги споделам моите впечатоци, иако сметам дека за ваков производ 10 дена се малку за испробување сепак имам што да кажам :).

    Прво да кажам каква е мојата коса затоа што ефектите кој ги дава овој спреј на мојот тип на коса најверојатно нема истите да ги покаже на вашата.

    Косата ми е нормална немам проблем со мастење, но краевите ми се бланширани што значи тука косата ми е претерано сува и оштетена така да тука ништо не ја спасува.
    Kaко што пишува на декларацијата овој спреј ја штити косата до 200 степени. Се прска на водена или на коса просушена со пешкир по целата должина на косата. Пред пеглање/виткање се нанесува на сува коса, а пред фенирање се нанесува на водена коса.
    Амбалажата е преслатка, иако мислам дека подобро ќе беше да е безбојна наместо бела за да се гледа до каде е потрошена течноста внатре. Посебно ми се допаѓа пумпицата, не треба многу напор за да шприцне.

    Одамна сакав спреј од ваков вид но се премислував зошто читав дека е леплив, се плашев дека и овој ќе биде таков но за среќа воопшто не е леплив на косата.
    Мириса слатко и жал ми е што трае многу кратко мирисот на косата :(. Приметив дека косата после нанесување на спрејов ми се разчешлува многу подобро и полесно. После пеглање косата е мека и сјајна не ми е наелектризирана како и обично:inlove:, поготово кај здравиот дел од косата се забележува дека е помека. Го нанесувам по целата должина на косата и нема дополнително и пребрзо мастење .Како што кажав и предходно косата не е леплива ниту се чуствува потешка. Во однос на оштетувањето не приметив ништо затоа што сепак ова е краток период за да приметам нешто такво а и косата ми е оштетена од бланшов. Барем знам дека правам нешто добро за мојата коса:lol:

    Јас сум задоволна од овој производ и мило ми е што го добив (y). Вреди да се проба, не верувам дека е скап гледано според цените на другите производи од Балеа.

    Ако ве интересира нешто друго, а сум заборавила да го пишам во рецензијата слободно прашајте :)
    [​IMG]
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Mama25 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Annabeth

    Annabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    BB кремот од Balea не можеше да ми дојде во подобар момент, зашто очајно барав нова лесна пудра што изгледа природно на лицето на дневна светлина.

    На етикетета пишува дека кремот е за секој тип на кожа и за сечиј тен. Прво нешто што забележав по отворањето на кремот беше егзотичниот мирис на маракуја. Како обожавателка на вкусни овошни ароми, баш ми се допадна. (Морам да забележам дека мирисот останува на кожата доста долго време и ако не ви се допаѓа како мириса може малку да ве иритира.)

    Малку ме зачуди што има само една нијанса и бев скептична за резултатите зашто имам многу светол тен (Редовно имам проблем со наоѓање на мојата нијанса во продавниците низ Битолава.) На прв поглед кремот изгледа темен, ама кога добро го разнесов се изедначи со кожата.

    Многу лесно се размачкува и веднаш ја прави кожата помазна и помека. Моја препорака е да не ставате претходно хидратантен крем за да не ви биде кожата пресјајна. Сосема доволно е да се користи само BB кремот.

    За мене најважно е што кожата изгледа многу природно. Не покрива многу и за едно тврдоглаво мозолче морав да искористам дополнително коректор. Но добро, ова не е пудра па разбирливо е што нема голема покривност.

    Првиот пат го носев 7 часа и нималку не го чувствував тежок на кожата. Обично едвај чекам да се вратам дома за да го измијам лицето, но со оваа BB крем не се осеќав некомотно.

    На етикетата прочитав дека има UV филтер за заштита од UVA UVB зраци.

    Не знам колку вам ќе ви значи, но производот е вегански и не е тестиран врз животни. Големо браво за ова. Ова ми е една од целите за следната година – да истражам малку повеќе за козметиката и тестирањата врз животни и да си најдам соодветна замена за неетичките.

    Бааги сум се распишала.

    Ова се први впечатоци. Како влијае долгорочно на кожата се уште не можам да кажам.

    Им го препорачувам овој производ на сите што сакаат природен изглед на кожата и што немаат проблематична кожа. Единствен минус може да е аромата. Ако ви се допаѓа мирисот, тогаш купувајте!

    P.S. Голема благодарност до DM за подарокот, но и за тоа што веднаш ми го испратија до Битола. Се надевам дека наскоро ќе отворите продавница и кај нас.
    balea-1.jpg balea-02.jpg
     
    На SV1911, Kicovska, ivancekitty и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG]
    Прво ќе кажам дека сум задоволна и од двата производи,иако на почетокот малку бев скептична во однос на туферите. Имаат убав мирис. :inlove: Првиот пат кога ги користев имав благо чувство на пецкање на лицето,бидејќи туферите содржат алкохол,а мене кожата на лицето ми беше иритирана и излупена,но морав да направам пилинг пред да ставам крем,инаку ќе нема ефект.
    Вториот пат кога ги употребив,се' си беше во ред,не ме пецкаше лицето и убаво чистат,добро го отстрануваат слојот на мртва кожа од лицето. Дефинитивно добро ми дојдоа туферите.

    Балсамот исто така има прекрасен мирис,им дава влажност на усните,дава и добар сјај,добра заштита е на ова студено време.Презадоволна сум.Ви ги препорачувам производиве.
     
    На ivancekitty, CrazyOne, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    53.621
    01.png 02.png

    Спрејот и шампонот ги користам веќе 15 дена. Шампонот и претходно го имав користено, бидејќи подолг период сум плавуша, па е супер за давање на сјај на косата кај русокосите девојки. Многу освежува, дури и ако не е брзо фарбана косата.
    Спрејот го користам по прв пат. Според упатството, не треба да е користи често, најмногу до 10 пати помеѓу 2 фарбања. Се става на водена коса и потоа се суши. првиот пат, бидејќи не знаев колку се става количински, се испрскам многу, па ми беше крута косата и некако пластична. Сфатив дека треба помалку да ставам, па веќе од вториот пат се беше супер. Еднаш после миење не ставив од спрејот, и косата беше потемна, пожолта отколку како кога го ставам спрејот.
    Ке пишам пак, по 15 дена, а и кога сум го потрошила спрејот. Инаку имам долга руса коса, која бара редовно одржување, па затоа ги препорачувам препаративе на сите плавуши.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    21.536
    Пол:
    Женски
    Кога ја добив наградава бев пресреќна затоа што имам виткана коса, но откако го користев подолго време можам да кажам дека шампонов е наметен исклучиво за девојки со мошне виткана коса, со кадрици, не за коса како мојава која е полу виткана, " прекршена" да ја кажам.
    Ми се допаѓа тоа што мириса убаво и на косата и дава доста волумен, но од друга страна ми ја прави толку крута, и делува како изгорена, сува, нема сјај, тешка е за обликување. Нажалост шампонов не и одговара на мојава коса ни најмалце, па си најде место во колекцијата на маж ми, ете нему иако женски шампон му се погоди :)
    Во однос на стајлинг кремот имам поубаво искуство, откако ќе направам кадрици со фигаро потоа ги обликувам со кремот, освен што мириса преубаво, и целата коса има свеж мирис, на кадриците им дава сјај, мекост , траат подолго време и се подобро обликувани.
    10898288_10202450824192399_6780347031367479900_n.jpg
     
    На IvYr0cK, savana и Giovanna им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.171
    [​IMG]
    Најпрво да им се заблагодарам на ДМ за наградата.
    Во глобала доколку би требало да дадам оценка за оваа маскара би била 7. Јас имам природно долги трепки така да не забележав некоја голема промена во издолжување на самите трепки. Четкичката не е права и убаво ги обликува трепките. Еве и слика каква е самата четкичка.
    [​IMG]
    Огромен плус е тоа што на декларацијата е нагласено дека е тестирана и погодна за лица што користат контактни леќи, така да не ги иритира очите.
    Јас лично имав проблем со претходните маскари бидејќи голем дел од нив уште при првото нанесување ми ги слепуваа трепките една за друга, и оставаа вишок маскара на трепките, што не е случај и со оваа маскара на алверде бидејќи трепките за промена не ми се залепија една за друга, и тоа им даде убав дополнителен волумен бидејќи секоја трепка си остана посебно. Исто така не остава вишок маскара на трепките ниту груткички маскара по трепките или околу очите. Ова нешто ми е особено важно при одбирањето на маскара и ова е еден огромен плус на оваа маскара, бидејќи не сакам изглед на очите како да не ми е отстранета шминката со денови :)
    Исто така отстранувањето не е воопшто тешко, и немав оштетени и испаѓани трепки при отстранувањето.
    Дефинитивно ми се погоди и ќе продолжам да си ја користам.
     
    На cresa-jagoda, Giovanna, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sasha-Fierce

    Sasha-Fierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Јас па многу лошо искуство имам со оваа маскара, прво течноста што се нанесува мириса ептен ама ептен чудно, воопшто не ми се допаѓа четкичката, и не сум задоволна од финалниот изглед.
     
    На Cataleya му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Reachel

    Reachel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Најпрво се заблагодарувам на ДМ што ми ја овозможија оваа пена.

    На почетокот бев скептик бидејќи после првото миењето со неа имав чувство како некој да ми го залепил лицето. Но продолжив да ја употребувам зошто шминката ја отстранува беспрекорно,и со текот на тие миења веќе го немав тоа чувство а кожата ми стана мека,мазна и ја доби потребната хидратација што беше изненадувачки зошто обично имам сува кожа.
    Има прекрасен мирис на јаболко и лимета а исто така е дерматолошки тестирано и одговара на секаков тип кожа.

    Топло ја препорачувам на секој што има кожа како мојата или пак сеуште е во потрага по добра пена за миење лице.
     
    На cresa-jagoda, Giovanna, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.749
    Допаѓања:
    71.624
    Пол:
    Женски
    Како што претходно некаде спомнав, ова масло ми дојде како нарачано, со оглед на тоа што моето чичково масло (од кое не се откажувам веќе со години) беше при крај.

    [​IMG]

    Не можев да најдам детален опис на составот, баш ме интересираше колкав процент на арган е застапен со оглед на редовната цена на продуктот, но во случајов тоа и не ми беше некој голем приоритет.
    Маслото мириса преубаво - мене мирисот ме потсеќа на ванила, така што, верувам дека на љубителите на овој мирис навистина би им се допаднало. Мирисот ми е сосема во ред, би рекла дека го обожавам.
    Не знам дали многу долго може да се задржи во косата, зашто јас ја мијам доста често - на два, многу ретко на три дена, па задоволна сум од тоа дека не предизвикува дополнително мастење или пак можеби е до мојот малку поспецифичен начин на нанесување - не знам.
    Нормално, интензитетот постепено се намалува и станува суптилен, скоро неприметен, но имајте предвид дека и надвор ситуацијата не е сјајна, со сиот тој чад и микс од непријатни мириси, па косата ми апсорбира дополнително и од нив.

    Структурата му е баш иста како онаа на чичковото или бадемовото масло од Галафарм. На почеток ми изгледаше потечно, но откако ги споредив, увидов дека не е потечно, туку полесно. Чичковото масло ми остава „тешка“ , мрсна трага, а ова не е толку мрсно. Потоа прочитав дека има безмасна формула и ми стана јасно зошто е така. Барем мислам. :D
    [​IMG]

    Ми требаше малку подолго време за да го испробам на сите можни начини според кои мислам дека би можела да извлечам најмногу искуства и воедно, да го извлечам најдоброто од овој производ.

    Веќе подолго време ги исфрлив регенераторите и маските од употреба, па задолжително користам масло при секое миење.
    Еве го моето искуство.

    1. Регенератор: ги воденам врвовите од косата, нанесувам од маслото и оставам да стои најмалку еден час. По миењето, врвовите се меки и прелесни за обликување. Не користам фен за сушење, па „непослушните“ извиткани врвови кои ретко се појавуваат, ги фаќам со пегла за коса.
    Оценка: 5/5

    2. Третман: повремено ми се појавува мрсен првут и суви струпки кај залистоците кои се отстрануваат само со масла. Tие делови од корените буквално ги залевам со масло, ставам капа и ми стои час или два. Со чичковото масло секогаш имав неверојатни резултати и овој проблем се регулираше, но со ова масло не беше исто - поголемиот дел првут беше површно отстранет, но имав остатоци на местата од струпките, а скалпот изгледаше чисто. Дојдов до заклучок дека можеби не му е намената за тоа.
    Оценка: 2/5

    3. Средство за стилизирање: кога ја третирам косата со преса, не нанесувам никакви средства за заштита од топлина, затоа што имам коса склона кон брзо мрсење, па во допир со топлина не би добила ништо друго освен испеглана или навиткана коса која изгледа како немиена. :lol:
    Затоа, силиконски капки
    (кои ги исфрлив од употреба) и стилизирачки средства нанесувам отпосле.
    Маслото е идеално за добивање сјајна и мазна коса по пеглање или фенирање. Не ја масти дополнително, не тежи по нанесувањето, лелеава е и косата го впива како сунѓер.
    Mи се допадна и во овој случај, иако навистина во последно време откако почнав да го нанесувам маслото како третман за замена на маска, не гледам потреба за дополнително оптоварување после пеглање.
    Оценка: 5/5

    Не знам што да додадам повеќе - задоволна сум со резултатите кои ги дава маслото, иако можеби очекував повеќе кај точката 2, но фактот што косата останува здрава и изгледа како вчера да сум била „под ножички“, само го потврдува она кое го напишав тука и тоа е она кое ме прави задоволна.
    Мојата конечна оценка е 4/5, а на прашањето „дали би го купила повторно?“ би одговорила : Да, но само откако ќе го пробам бадемовото масло со арган на Alverde, затоа што и него одамна го мислам. :wasntme:



     
    На joy1, SV1911, A-j-a и 15 други им се допаѓа ова.
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    5.082
    [​IMG]
    Прво што забележав кај шампонот е што дава волумен.Јас секогаш ја сушам косата со фен,со главата надоле и добивам волумен без разлика за кој шампон се работи.Но со овој шампон косата ми е побујна.Исто има убав мирис кога ќе го мириснеш од тубичката инаку нема кој знае колкав интезитет мирисот.Не прави многу пена ама добро ја чисти косата.Ако ја чепнеш косата додека е мокра имаш чувство дека е мека косата,а плус и полесно се чешла.Јас мојава коса без тие спрејовите на Глис за расчешлување не можам да ја исчешлам а кога го користев шампонот не ставив спреј но сепак ја исчешлав косата.Мислам дека на тие со мрсна коса ќе им заврши работа.Мојата коса е за стрижење бидејќи многу ја фарбав(од црна пробував плава да ја направам и сега ми е изедначена конечно:whew:)и оштетена ми е,но ако ваква коса може да скроти тогаш што за тие со помеко влакно?
    Го препорачувам производот за оние што често се фарбат(или не толку често:lol:) и благодарност до ДМ маркет:)
     
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    12.671
    Пол:
    Женски
    Balea Professional Repair шампон за коса
    Balea Professional Repair регенератор за коса
    [​IMG]

    [​IMG]


    Производите ги добив уште пред две недели, но им дадов повеќе време за користење за да биде рецензијата што поверодостојна.

    За длабинска регенерација и нега на сува и оштетена коса. Без силикон. Содржи благи тензиди кои не ја оштетуваат кожата на главата. Со антистаик комплекс. Содржи пантенол кој на косата ѝ обезбедува интензивна влажност. Ја зајакнува косата однадвор и одвнатре, а оштетените влакна ги регенерира. Косата станува мазна и сјајна. Формулата со Gelee Royals и микро-протеини продира во структурта на влакното и видливо го намалува кршењето на косата.
    За шампонот имам позитивни и негативни критики.

    Ми се допадна тоа што е во практично пакување, има убав мирис, сосема мала количина е доволна за да се направи пена, убаво ја чисти косата, не ми ја измрси дополнително до следното миење (јас ја мијам преку еден ден ). Но, да нагласам дека мојата коса и скалп се доста проблематични кога станува збор за шампон. Уште при првото користење се покажа дека овој шампон е преагресивен и несоодветен за мојата коса и скалп - ми се појави првут, чешање и лупење на кожата во горниот дел на челото. Најпрво помислив дека е тоа појава само од промена на шампонот, па имав уште две миења со истиот резултат. Потоа јас престанав, но мајка ми почна да го користи - неа ептен ѝ се погоди, има фарбана, сува и нескротлива коса, а шампонот ѝ даде волумен, сјај и полесно обликување, посебно во комбинација со регенераторот. Уште еден доказ дека не секоја коса е иста!

    За регенераторот имам само пофални зборови. Го користам во комбинација со шампонот на Афродита против опаѓање. Косата е сјајна, лесно се расчешлува и обликува, врвовите се меки а убавиот мирис кој трае до следното миење му е само уште еден плус. Од мене има оценка 10/10, а дали би го купила повторно? Да, дефинитивно!

    И на крај уште една благодарност до ДМ за прекрасниот подарок, без кој оваа рецензија не би била возможна.
     
    На Nausicaa, Annath, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    12.568
    На толку позитивни реценции, навистина не сакам да сум таа која ќе биде хејтерка, особено бидејќи нели `на подарокот не му се гледа во заби` но јас дефинитивно не ја препорачувам маскарата All in one на Алверде.

    Јас имам долги но многу тенки и светли трепки и многу често од шминка користам само маскара, затоа ми е многу важни и тешко да си најдам соодветна маскара. Идеална за мене е Мејбилин но проблем ми е вадењето и затоа преферирам да користам две маскари-Мејбилин ми е повеќе за навечер, кога сум фул нашминката а преку ден, за навака-натака користам маскара која можеби не го дава тој вауу ефект но барем полесно се вади. Алверде All in one маскарата дефинитивно спаѓа во групата на овие вториве маскари- не ги крева трепките, не им дава волумен но нема слепување на трепки и нема грутчиња. Најважно од се е што дава еден толку убав природен изглед кој досега ниедна маската го нема постигнато кај мене -трепките да ми се толку впечатливи а притоа воопшто да не се познава дека имам ставено маскара.

    10606312_10204640892853909_1495536196024973268_n.jpg

    Ако прашувате штом сум толку задоволна од изгледот зошто тогаш не ја препорачувам, одговорот е бидејќи едноставно не вреди малтретирањето кое му претходи на тој изглед, како и тоа што следи после. Да тргнеме по ред:

    Маскарата има многу јак и интензивен мирис кој мене ми се допадна но на сите други им беше непријатен. Вака мирисаше мојата прва маскара што ја имам користено во живот и дефинитивно на момент се вратив во времето кога имав 14 години и се спремав за полуматура :)

    Четкичката е преогромна! Многу ми беше непрактична за нанесување и маскарата ми се размачка на горниот капак а толку внимавав. Вакво лошо искуство со четкичка досега не сум имала...
    10906553_10204641069818333_6617525198772326263_n.jpg

    Вадењето е ужас! Веќе четири години последователно користам Мејбилин маскари така да многу добро знам што значи маскара тешка за вадење но All in one три пати потешко се вади. Ај што тешко излегува од трепки ама најголемиот проблем е што ќе се залепи на кожата околу очи и не сака да мрдне. Ја вадев прво со влажни марамчиња, па со (многу) млеко за чистење и на крај со крема и уште остана.

    Но и тешкото ставање и уште потешкото вадење не беа толку пресудни во лошата оценка како фактот дека маскарата се растекува. Мене цел живот ми солзат очите на ветар и досега никогаш не сум имала проблем со маскара, се до пред една недела. Се облеков, се нашминкав, ја ставив Алверде All in one маскарата и тргнав пешки накај Центар да купувам подарок за роденден за другарка. Леле луѓе на улица кога се растеков, абе Мерилин Менсон и Алис Купер заедно можеа вода да ми носат. Маскарава тече, јас ја бришам, она не се добришува, мене ме фаќа хистерија... Ветрот дувна баш кога бев на пола пат, не бев ни да продолжам, ни да се вратам дома, такси нема никаде, минувачите ме гледаат таква со растечена црна маскара по лице... И сега додека го пишувам ова ми доаѓа да пропаднам во земја од срам.

    Да сумирам, јас нема да продолжам да ја користам. Не е скапа, околу 150 ден е но не вреди за парите.
     
    Последна измена: 4 јануари 2015
    На SV1911, Sasha-Fierce, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  17. IronLady

    IronLady Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    29.005
    Пол:
    Женски
    images (2).jpg
    Пред се, би сакала да им се заблагодарам на ДМ за подарокот.
    Искрено, многу пријатно ме изненадивте, денот кога ме известивте дека добив награда ми го направивте уште поубав :)
    Но,за жал не ја препорачувам на тие што имаат кратки трепки, како мене, затоа за маскарава 6/10.

    Зошто?
    Уште првиот ден, ја отворив маскарава колку да пробам и видам дали ќе ми ги зголеми трепките. Пред све, ја имам пократки трепки и очекував дека ќе самава маскара ќе ми ги даде волумен, ќе ми ги зголеми, но не беше така. Но, дава многу убава форма на трепките. Ставив што ставив, и маскарава сосема малце ми даде волумен на трепкиве и и мн малце ми ги зголеми. Исто така, приметив додека ја ставав малце се размачкав, и едвај се избриша, не знам зошто така, ама другиве маскари што сум ги користела до сега кога и да се размачкав, одма се бришеше.
    Да напоменам, има многу убава четкичка која ги витка трепките и дава многу убава форма.
    images (3).jpg
    Топло ја препорачувам на тие што имаат долги трепки.Но и на тие што имаат кратки трепки, ама за дневна употреба, а не за излагање
     
    На Nausicaa и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.289
    Допаѓања:
    9.215
    Пол:
    Женски
    Прво, сакам да им се заблагодарам на ДМ за подарокот. Еве ја мојата рецензија:
    [​IMG]
    Иако во насловот пишува дека се за отстранување шминка, на самото кутивче никаде не го нагласува тоа. Пробав да ги користам и со шминка и без. Кога бев со шминка, не се чисти убаво, речиси и воопшто не отстранува шминка. Само се размачкав и ништо не постигнав. Значи, не ги препорачувам за отстранување шминка.
    Кога ги пробав на лице со веќе отстранета шминка, бев пријатно изненадена. CAM00275.jpg

    Самите туфери имаат испакнати топчиња кои многу убаво ги чистат порите. Од едната страна се топчиња, а од другата страна нема, за да може да се користат на различни делови од лицето. Нечистотијата од порите ја чистат одлично, и мирисаат феноменално. Исто што приметив дека има благо лепливо чувство после нанесување (барем некои 5-10 минути), што лично ме наведува да мислам дека е користено природно Алое, кое и самото има лепливо својство. Не ја суши кожата и дава шувство на свежина.
    Јас овие туфери, би ги користела 2-3 пати неделно за длабинско чистење на лицето.

    [​IMG]
    Одличен балзам за во овие зимски денови. За разлика од другите балзами, овој воопшто не е благ, што мене лично ми одговара, затоа што немам желба да го лижам од устата :lol: Нема никаква боја, но дава минимален сјај, а усните ги прави многу меки.

    CAM00277.jpg (се извинувам за лошиот квалитет на сликата)
     
    На Lella, Doozy, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.288
    Допаѓања:
    92.041
    Најпрво да се извинам за доцната рецензија. Меѓутоа, дома имам толку многу козметика што не можев да решам кога да го пробам. Вработените во дм скоро сите ги знам од што киснам таму :)

    Да не должам многу, шампонот го пробав 2 пати веќе. Позитивно е што по користењето не изгубив многу време да ја спастрам косата. Колку подолга станува, толку ми е потешко да ја скротам. Со ова шампонче се беше едноставно. Малку сушење, едно чешлање и косата беше права.. Да не заборавам, косата ми беше многу мека, ама не онака како од регенератор, туку свиленкаста :)

    Вториот пат шампонот го комбинирав со спрејот за права коса. Подобра комбинација здравје. Единствено, побрзо ми се измрси косата, што е и нормално како кога се става гел, восок, пена..

    Јас сум склона на првут. Овој шампон апсолутно не ми напррави никакви проблеми со скалпот.

    Од срце го препорачувам шампонот. Иако не беше за мене рецензијата за спрејот (кој го имам веќе подолго време), шампонот и спрејот се идеална комбинација ако сакате права коса без многу мака :)
     
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    4.661
    Пол:
    Женски
    Едит луѓе морам да кажам уште нешто за чудово :) Ја извиткав косава со фолија,а локничките се исти како да ти е направена косата минивал :) Е сега нели такви локнички со чешел дека ќе ги излешлаш и дека косата нема да ти биде бесна нема шанси.. Пред да ја искапам косава од тие локничките реков ќе се испрскам со спрејчево па ќе ја капам. Луѓе спрејов е чудо,успеав да го изчешлам тоа гнездо од коса што ми беше.локните скоро излгедаа како прекрешена коса значи прилично се исправија :) Спрејов е чудо,ќе продолжам да си го користам.:D:D:D:D
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.