Потребни состојки: 3 банани 1 1/2 чаша сецкано суво овошје (кајсии, суво грозје) 1/3 чаша масло (по можност од кикирики) 1 лажичка ванила 1/8 лажичка сол 1/2 чаша сецкани ореви или бадеми 2 чаши овесни снегулки Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Испасирајте ги бананите, и кашата од нив ставете ја во голем сад. Потоа додадете го маслото, па додајте ванила и сол. Потоа ставете ги овесните снегулки, овошјето и оревите. Измешајте добро. Со лажица обликувајте колачиња на сад за печење. Печете околу 20-25 минути или додека колачињата не добијат боја. Откако ќе се изладат може да се сервираат.