@Kukla994 Еве рецепт за ќофтињата http://www.puls24.mk/magazin/kulinarstvo/koftinja-od-kompiri-super-rucek-za-30-minuti/Next?id=1
Ајде рецепт , И тортичево нема име, па можете да си го именувате како што сакате. Што си замешав, тоа си добив, ама им се допадна на гостите, тоа е најважно . Не сакав да биде нападно, премногу благо и да заситува многу, па измислив некоја своја лајт варијанта. Без маргарини, без обичен шеќер... Пандишпан (овој е само од интернет, некој проверен рецепт): 110 гр. путер се бие со 200 гр. кафеав шеќер во прав. Потоа едно по едно се додаваат 2 јајца и постепено се додава 200 гр. брашно и 1 пак. прашок за пециво. На крај полека се додава 125мл млеко и 1 лаж. екстрат од ванила, па се става во калап обложен со мрсна хартија. Се пече 15 минути на 180 степени. *** Јас го правев во плех, па затоа ваков излезе, многу тенок. Целта ми беше да извадам само еден ремен за оваа тортичка. Ако не сакате да ви остане парчиња од пандишпанот, преполовете ја дозата и испечете го во некој малечок калап. Кафеав фил: 250мл. млеко, 150 гр. кафеав шеќер, 1 пудинг од чоколадо, 1 црно чоколадо со поголем процент на какао, 1/2 кес. желатин, малку вода, 150 мл. Хопла, 125 гр. путер. Бел фил: 150мл Хопла, едно бело чоколадо и неколку лаж. карамел (мојот беше домашен) колку за поинтензивен вкус. Подготовка на филовите: Се става млекото на тивок оган и му се додава шеќерот. Настрана се раств. пудингот во малку млеко и се вари. Питоа додека е жешко се става чоколадото и желатинот (желатинот претходно ќе го ставите во малку вода да набубри). Се остава да се излади. Путерот се бие и му се додава веќе изладениот пудинг. Настрана се бие Хоплата и се соединува заедно. За белиот фил... Цврсто се бие Хоплата. Чоколадото се топи и се става полека, а исто се става и карамелот. На крај се става стопениот желатин (кој претходно исто сте го ставиле во малку вода /од прилика едно чаше за ракија/ и потоа го ставате на тивок оган да се стопи). Во никој случај да врие, зашто ја губи способноста за желирање. Потоа ги ставате филовите во калап. Прво едниот убаво го израмнувате, па другиот, и на крај пандишпанот.
@ludoto19 , повели рецепт 4 јајца и 13 лажици шеќер се матат убаво, јас вообичаено ги матам околу 10тина минути. Потоа се додаваат 13 лажици зејтин (морам да ти напоменам дека зејтинот јас го кратам, значи ставам 6 или 7 лажици бидејќи со 13 некако како мн. ровка ми е кората), 13 лажици млеко, 13 лажици брашно, и 1 пециво. Убаво избрканава смеса се пече во плех, претходно намачкан со малку зејтин и обложен со брашно, Глазура: 3 филџана млеко, 13 лажици шеќер и 3 лажици какао, може и 1 ванилин шеќер. Бркаш додека да згусне, и потоа посипуваш врз испечената кора. Поздрав, и убав ден!
@ludoto19 Пандишпан: 6 жолчки се бијат со 200гр. шеќер, потоа му се додава 150 мл. млеко, 150 мл. масло (ама јас помалце секогаш ставам оти нејкам многу мрсено да е), 150 гр. брашно, 1 пециво, 2 лајчиња какао и сето тоа убаво се меша и се печи. Потоа се бијат белките со 18 лажици шеќер и откако ќе се испече пандишпанот одозгора му се тураат белките и повторно се става во релната да добијат боја жолчките. Потоа се прави глазура од чоколадо и се премачкува. И обавезно сечиго дур не е здрвена глазурата оти потоа ќе ти пука чоколадото. Bon Appetit
1 канче кисело млеко, 1пециво, 1лажичка сол, 2лажички шеќер, пола филџан зејтин и брашно по потреба. Ова е тесто за пица и од тоа тесто направив 1плех пица и 6мафини крофни со крем. Тестото се меси убаво потоа се расукуваат мали кругови и се ставаат во калап за мафини, се полнат со 1лажичка крем и се фаќаат сите краеви од тестото и се затвораат како кутивче да дојде
Да си го испоштовам @ludoto како големо гурманче, еве ги рецептите. Лесни и брзи. Моцартки 150г путер или маргарин 250г бел еурокрем 250г бела чоколада 250г ореви и лешници (може и само ореви или само лешници, по желба) На пареа се топи путерот, се додава чоколадото да се растопи, а потоа и еурокремот. Мешавината од ореви и лешници ситно се сецка, а може и да се истолчат во аван. Јатките се мешаат со смесата од чоколадо, еурокрем и путер и кога ќе бидат убаво измешани, смесата се става во силиконски калапи или пак во обложени калапи по желба и се остава да се стврдне барем неколку часа. Штангли со кикирики 150г путер 150г шеќер во прав две жолчки 150г печени и несолени кикирики 150г ореви 150г бисквити 150г чоколадо за глазура 250г шеќер во прав лажиче путер лажиче рум сок од еден лимон Путерот и шеќерот се матат да се добие кремаста смеса. Се додаваат жолчките и убаво се мати. Кикириките, оревите и бисквитите се толчат во аван, да не бидат многу крупни. Чоколадото се ренда на ситно. Сувите состојки се мешаат во смесата од путер, шеќер и жолчки и се меси убаво со рака да се добие хомогена леплива смеса. Може да се додаде и малку млеко, ако не се доволно поврзани состојките. Смесата се става во обложено правоаголно тавче или калап и се обликува кора со дебелина од еден прст. На тивок оган во нелеплив сад се топат шеќерот со сокот од лимон, путерот и румот да се добие течна глазура или прелив со кој се прелива кората. Треба брзо да се работи, бидејќи глазурата многу брзо се стврднува. После 24 часа (пожелно) се вади колачот од калапот и се сечат штангли. Канелони од палачинки За палачинки 400г брашно 400мл млеко 400мл кисела вода 2 јајца филџан масло За фил 100г мортадела или пршута 200г свежи печурки по избор 5-6 кисели краставички 200г кисела павлака За бешамел 20г путер 20г брашно 250мл млеко Прво се прават палачинките. Од состојките се добива малку погуста каша од вообичаеното, и се печат палачинки. Јас ги правам малку подебели и не ги допекувам целосно, бидејќи ќе се печат и во рерна. Се приготвува бешамел сосот - путерот се топи на тивок оган, се додава брашното, се пржи, па се додава млекото да се добие густ сос. Се зачинува по вкус со сол, црн бибер и мускатно оревче. Печурките се сецкаат и се пропржуваат на путер. Се зачинуваат по желба. Во огноотпорен сад се става бешамел на дното. Палачинките се мачкаат со кисела павлака, се реди пршута/мортадела, се ставаат печурки и сецкани кисели краставички. Се витка и се реди во садот. Постапката се повторува додека да се наполни садот за печење. Врз палачинките се става преостанатиот бешамел сос, се редат уште две празни палачинки како покрив и се посипува со рендан кашкавал. Може да се стави и малку кисела павлака. Се пече 15 минути на 200 степени покриено со капак или фолија, а потоа се намалува температурата на 180 степени и се вади капакот да се потпече. Полнењето за палачинките може да биде по ваш избор со други состојки. Добар апетит!
Зека, огромно браво. Оваа погача со нутела ја гледав на интернет, и гледам дека тебе ти излегла исто од рецептот Деновиве ја правам и јас, секако чекам гости, па да има што да ставам. Ке ставам слика и јас
Многу ви благодарам на сите. Точно, ова го гледав од интернет. Линк:Fiore di Pan Brioche alla Nutella,Braided Nutella Star Bread:
@Peppermint, со што го направи кремот? Нели треба млечен крем или згустено млеко, кај нас нема ни едно ни друго. Не знам со хопла како би испаднало, ич не ја сакам. Инаку прекрасна ти е.