1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти со палента

Дискусија во 'Рецепти' започната од rici.aaaaa, 7 мај 2012.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас ја обожавам палентата,научив за неа откако ми пронајдоа холестерол во крвта,искрено ми помогна многу,но јас знам многу малку рецепти за подготовка со палента.Па решив да ја започнам темава,со надеж дека ке ги споделите вашите рецепти со мене.Ви благодарам мои феминки

    Еве еден рецепт
    3јајца,
    1шол зејтин.
    2шоља јогурт,
    1шол палента,
    2шоља бело брашно,
    3суп.лаж.рендано сирење,
    1пециво,
    сол по вкус.
    сето ова се меша убаво и се пече во тавче бр.28
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Ова е рецепт за проја самошто наместо мумурузно брашно се става палента.

    Си ја сакам палента со сиренце или кашкавал внатре ставен откако ќе се свари а исто така и со ситно сецкана подпржена сланина со лукче.
    Поретко ја комбинирам како прилог кон одредено јадење, вака за појадок ми е најубава.
     
    На thelittle17 и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  3. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Еве нешто од мене:
    Ќофтиња од палента:

    за 6-8 ќофтиња:
    200 g палента
    2 лажици маслиново масло + за пржење
    сол и бибер
    150 мл зовриена вода

    Измешајте ги палентата, солта, биберот и маслиновото масло, па додајте ја зовриената вода да добиете густо тесто. Од него направете 6-8 ќофтиња па пржете ги во малку масло средно загреано, прво од едната страна, околу 8 минути, да се оформи коричка, па додадете малку зејтин и превртете ги од другата страна.

    Го имам направено повеќе пати, може да додадете зачини и да експериментирате на пр. јас пробав со кари и сл. Малку се мрснички и со тврда кора но вкусни. :)
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    Мафини со палента

    Една чаша бело брашно, една чаша палента, една чаша млеко, пола чаша масло, пола ќесичка прашок за пециво, 2 јајца, 400 г свежо сирење, сол по потреба.

    Се мешаат посебно сувите и течните состојки, па течните се додаваат во сувите со постојано мешање. Смесата се става во хартиени корпици во калап за мафини. Се печат на 180 степени 20-30 минути.

    Мене вака повеќе ми одговара, оти овде никој не ми јаде проја, а вака ем помалку, ем повкусно.
     
    На pharmacy, ванилала, Marilyn-Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.233
    Пол:
    Женски
    Колку мафини ти испаѓаат отприлика?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    Оваа доза ми е точно за 12 парчиња. Наместо палента може и пченкарно брашно. Од палентата може да крцкаат повеќе меѓу забите, а од пченкарното брашно ќе добијат убава коричка.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.