1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепт за тиганици

Дискусија во 'Рецепти' започната од Vik4e, 20 април 2011.

  1. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Здраво на ситеее.. Па вака би сакала да ве замолам сите ако може некои да ми помогне рецепт за тиганици да го напишее...

    Однапред ви благодарам :) :* :* :* :)










    Човекот никогаш не е толку несреќен колку што мисли дека е, ниту толку среќен колку што се надева дека ќе биде.
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Рецепт за ТИГАНИЦИ

    [​IMG]



    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 10 грама Шеќер
    * малку Сол
    * 100 милилитри Масло
    * 1 Квасец
    * 1 килограм/и Брашно

    ПОДГОТОВКА:
    Квасецот се раствора во една чаша млака вода.

    Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр. брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода).

    Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне.

    Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло.

    А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат.

    Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото.

    http://www.kulinar.mk/recepti/Mekici.html
     
    На Antebellum и xoxo.Martina им се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    558
    ние во ох ги правиме од истото тесто кое го месиме лебот, мајками секогаш има навика кога има месено леб, да ни направи, значи брашно, квасец, вода, малку сол, и се замесуваш, и го оставаш да скисне, па правиш топчиња колку сакаш големи и ги растегнуваш со рака па ги пржиш во загреано масло :D
    ех како би каснала сега некоја :lol:
     
    На Antebellum и malecko87 им се допаѓа ова.
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    А солта, шеќерот и маслото кога се додаваат? :lol:
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    ги обожавам :lol: :lol: ама незнам да ги направам :$ :$
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден правев и излегоа превкусни, а ги правев без рецепт односно го модифицирав рецептот:

    -половина кг. брашно
    -3 јајца
    -половинка квасец
    -малку млака вода за да се замеси тестото.

    Се меси, се остава да кисне и се пржат во загреано масло. Од оваа смеса излегуваат околу 10-ина тиганици.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336

    Во брашно додадеш сол, шеќер, масло, квасец, вода и месииииш ;)
     
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    овие кај нас мекици ги викаат :D
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Јас ги знам како питуличиња :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Рецептов го пишав и во темата Мекици, па нека биде и тука. :)
    1кг брашно;
    1 квасец;
    1 лажица сол;
    1 лажица шеќер;
    400мл млеко (млако);
    200мл јогурт;
    2 јајца;
    1 пак. прашок за пециво;
    2 лажици ракија (за да не прима масло).

    Квасецот се прави со малку млеко, шеќер и брашно (на страна), и се замесува тестото со сите намирници, средно меко, па по потреба се додава млеко или брашно. Се остава околу половина час да отстои, па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
     
    На Antebellum и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  11. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    ммм April87 овие сум ги правела супер се и многу испагаат.
    еве еден рецепт и од мене Често ги правам бидејки се брзи ставам од око :)
    пола кг.брашно,две јајца,малку зејтин,малку сол,малку шекер,пола пециво,една мала лаж.сода бикарбона и се месат со јогурт.
    Тестото со сите намирници се замесува,средно меко,па по потреба се додава млеко или брашно.Се остава 5 мин.па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.344
    Допаѓања:
    33.834
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој рецепт за тиганици:

    1 јајце
    пола квасец
    сол
    шеќер
    зејтин
    млако млеко
    млака вода
    брашно

    Кога ги правам тиганиците, ставам кило брашно, 2 и пол лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 голем филџан млеко. Водата ја ставам по потреба. Тестото треба да биде меко (да не се лепи за рацете) и да стасува 1 час (на топло).
     
    На Antebellum и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.443
    Допаѓања:
    5.859
    тиганици,мекици,пишии - ги правиме од тестото за леб ;)
    сол,шеќер,вода,брашно, квасец
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    јас тиганиците ги месам со брашно,вода,2 до 3 јајца квасец зависи колку ке правиш,шекер малку сол и зејтин и ги оставам да стасаат на топло не гледам на саат додека стасаат,и ги размесувам и пак ги покривам уште еднаш да стасаат,и кога ке стасаат правам мали топчиња намачкани со зејтин и после ги правам на загреано масло и додека се пржи едната страна јас цело време горната страна ја попрскувам со зејтинот топол
     
    На Antebellum и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    1 лаж. Сув квасец (инстант)
    2 лаж. Шеќер
    2 чаши вода
    4 чаши брашно
    Квасецот и шеќерот ги ставам прво во вангла 5 мин да отстојат со млака вода , после ги додавам брашното и солта и месам со лажица бидејќи тестото е по лепливо и оставам да стаса околу 45 мин. Рацете ги намрсувам и вадам од тестото растегнувам и пржам . Ако ви остане може да го ставите во кеса за замрзнување или само да ја покриете ванглата со фолија и да си ги допржите утре уште повкусни ќе се :)
     
    На Antebellum и bella.s им се допаѓа ова.
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    5.397
    Со колкави чаши мериш? Никако да го погодам тестото за мекици. Кога ќе ги изпржам човек тврди се како чекан стварбо не знам каде грешам.
     
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    5.397
    Имав проблем со кавсецот па цело време ми излеваа тврди ко железо. Купив квасец од друго место и ги направив по овој рецепт:

    Состојки за тиганици/мекици/питулици/пишии не знам како све не ги викаме:

    1 лажичка сол
    2 лажици шекер
    20 гр. свеж квасец или 1 супена лажица инстант
    2 чаши вода
    4 чаши брашно


    Тестото многу убаво се месе, се остава убаво да си нарасне. Се пржат во повеќе зејтин, може малку сало, зејтино многу загреан, па после се намалува јачината. Мене шпоретот ми е прастар до 3 имам. Зејтинот го загревам на 3 и за пржење намалувам на 2.

    Рецептот го најдов овде: https://moirecepti.mk/post/тиганици
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.584
    Пол:
    Женски
    Ова ми е најубав рецепт, тестото стои во најлон кеса во фрижидер и можеш да го користиш за мекици, пица, пастрмајлија, пирошки идр...Се вика лудо тесто...

    -коцка квасец
    -1 јајце
    -250 мл.вода
    -250 мл.млеко
    пола лажиче свинска маст или 2мали.лаж.зејтин
    -- 1 мало лаж.шеќер
    -1 мало лаж.сол
    -1 кгр. бражно.

    Се замесува, се остава да нарасне, правиш што сакаѓ а другото тесто ако ти остане го оставаш во врзана најлон кеса..кога ќе ти затреба, вадиш од фрижидер, го премесуваш малку и пржиш мекици или правиш пица....преубво и меко тесто.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.