1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роберт Патинсон (Robert Pattinson)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Miss.Ricci, 12 септември 2011.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Колку што забележав, постојат теми што обработуваат некои познати личности, а бидејќи сум голем фан на Роберт Патинсон, би сакала да постои тема и за него. Пребарав по темите набрзина и не заприметив дека постои некоја тема за него (доколку постои, нека иде во канта мојава) :) во спротивно ве молам за нај искрено мислење за типацов! :) Според мене, совршенство ми е! Го обожавам после Twilight, бидејќи покрај тоа што имаше улога на вампир, мислам дека беше дечко од соништата на секоја девојка, барем според мене.. :)
    [​IMG]
    ;)
     
    На monalisa, mileystar и elcezelce им се допаѓа ова.
  2. Libra19

    Libra19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Robert Pattinson

    Јас дури пред некое време ги изгледав 3те делови од Twilight,и морам да признаам дека се заљубив :$ :lol: Шала на страна прекрасен е.Мислам едноставно додека го гледав, си замислував што доколку би постоело вакво суштество во мојот живот??Па и вампир да е би дала се за него :!: Сите другарки мои збеснуваат по него.
    А инаку во приватен живот, малку ми е не среден но го бива секако.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Нит ми е секси, нит ми е убав на фаца, едино ептен секси глас ми има, како да свршува кога зборува :lol:
    И да, многу повеќе ми се допаѓа во Remember Me отколку во Twilight.
    [​IMG]
     
    На Shery му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Твајлајт не сум го гледала, ама сите го форсираа и не го сакав, се што е форсирано не сакам.
    Ама го гледав пред некој ден во „Water for elephants“, со Риз Витерспун глумеше, добар е дечково, има некој потенцијал во него. :) Иначе не ми е убав ни секси, во фацата како триаголник е. :tmi:
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: :lol: Ме чуди колку поделени мислења има за типацов, ама никој не е у средина. Или премногу им се свиѓа на девојкиве, или им е одвратен :lol:
    Како и да е, се согласувам со тебе Хипица, гласот му е баш таков каков што го опиша. :)
    Мене највише ми се допаѓа улогата во Твајлајт. Што знам, можеби сценариото на филмот допринесе да го засакам многу како актер. Во филмот "Water for Elephants" не ми е многу по ќеф само заради стилот нели кој го има, по точно косата не ме бендисува.
    А што мислите за неговата врска со Кристен? Заприметувам има многу кои ја осудуваат, бидејќи како и за Роберт, така и за Кристен, мислењата се скроз поделени. Некои мислат дека не е доволно добра за него поради нејзиниот стил и однесување. Мене ме бендисува, што знам... :)
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    едно смајли повеќе од 1000 зборови


    :puke:
     
    На crazylady, moonlight-girl.55 и selly.gomez им се допаѓа ова.
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Може ли и аргумент до смајлито? :) Зошто, што, како, барем една причина? :) :*
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Кревам 2 прста дека јас сум средина. Немам причина да го мразам не ми е одвратен, а воопшто не го сакам.
    Ни ми е убав, ни шармантен, ни посебно талентиран за глумец, ни во Твајлајт ни во Remember Me не ми се допаѓаше, не ми се допаѓа неговиот тип на глума како изгубен во просторот и времето е, ете јас да бирам актер за филмче тој ќе ми е меѓу последните на листата. А и во приватен живот не го мирисам баш, као скитник ми е :) Додуше ни него, а ни Кристен ич не ја сакам. Не ми се по ќеф глумци и двајцата, како блиц глумци за еден проект ги замислувам, онака тинејџерски.
    Кога ќе размислам повеќе сум за накај НЕ :wasntme:
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Просек е. Доказ за тоа е дека никој го нема забележано пред улогата во Твајлајт. А дечкото поштено си глумеше во Хари Потер и ред други филмови. Во Твајлајт го исфорсираа не дека е убав или нешто посебно талентиран, туку дека стана идол (Боже мили) на залудени девојчици што мислат дека се пронаоѓаат во бизарна љубовна приказна, што освен неколку клише реплики, не нуди никаква литературна вредност.

    Aма да не испадне дека само какам за Твајлајт, да се вратам на глумецот. Поголем публицитет доби со шпекулациите дали е геј или не, отколку со квалитетната глума.
     
    На HiltonDaisy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Добро, очигледно е дека тинејџерките најчесто лудуваат по него, тоа ми е јасно. Но еве, јас се двојам :lol: Не дека има некоја сјајна биографија, или Бог знае какви улоги. Не дека глумел во 300 филмови од кои 301 добиле оскари :D далеку од тоа, но ете едноставно мислам дека поседува харизма, барем според мене. Ми се чини дека можеби и причината што и некои не го прифаќаат се безбројните шпекулации и измислици, а и тоа што не внимава многу на својот изглед во приватниот живот. :^)
    Она што е во Твајлајт и вистинскиот Роберт се два различни поими, и признавам дека филмот е "виновен" што воопшто го заприметив овој актер. Како и да е, сега ми е меѓу омилените, за некои смешно за некои не, сепак му се восхитувам, знае да се внесе во улогата, барем според мене :!:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Eпа вака :D
    Hити ми е убав, нити знае да глуми, значи појма нема од глума, далеку е од актер
    Hема апсолутно никаква харизма, една facial impression цело време има, заедно со девојка му, абе само за тоа немам замерка баш си се нашле, топ пар се, таков антипатичен тужен депресивен пар, мераци баш си се погодиле :lol:
     
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мене дечково не ми е нешто посебно ,ама како Едвард во Твајлајт има нешто посебно во него нешто што ми се допаѓа а незнам да кажам што е ! :)
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Се сложувам сто процентално :lol:
    И мене ми се :puke: од него, и од неговиот антиталент за глума, а за Twilight незнам како можеле баш него да го одберат, има 1 миларда поубави мажи од него катастрофа.
     
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ги ценам вашите мислења, изгледа погрешна била мојата констатација "Everyone loves Edward". :D
    Јас па мислев ќе сретнам коментари од типот "Јаооо го обожавам, лелееее ќе умрам" хахахах. Како и да е добро е кога ќе налеташ на многу различни ставови и мислења, ми се свиѓа тоа. :)
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За убав не е,дури можам да кажам дека ми е и грд и стварно не разбирам зошто сите полудеа по него.

    Во Твајлајт воопшто не ми се допадна како глуми,можеби оти филмот ми беше за никаде и го ставав на исто ниво со колешка му Кирстен Стујард.Но кога го гледав дечкото во Remember me се изненадив колку добро може да глуми.Би можел да биде дури и одличен глумец ако не прави и натаму катастрофални избори на филмови како што беше сагата за вампирите-вегетеријанци :) .
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
  17. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Ги гледав remember me и water for elephants, во тие филмови го видов прв пат и не беше лош. За глума незнам баш, би кажала дека има и подобри од него а и полоши ама има некој сексапил во него. Мене ми се допаѓа како изгледа, секси ми е :)
    Од вчера почнав да ги гледам twilight, до третиот дел сум и само првиот беше добар другите делови not so good :roll:
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Немам 15, не сум ги гледала вампирскиве филмови, не ме пали типов, не вриштам кога ќе видам негов постер. Но! Го гледав Remember Me, и искрено не ми е гајле каков е ко вампир, во филмов мене ме трогна и ако тоа што е таму не е глума, тогаш јас пеглана дома шо ме чека на даската да ја лапнам цела.

    Не викам дека е најдобриот глумец кој постои на светот, но она онаму беше добра и тоа солидно добра глума. Можеби му го погодиле карактерот, не знам. Навистина ми беше ко создаден за таа улога. Ако само малку успеете да се вметнете во таа ситуација ќе сфатите дека многу добро одглуми една тешка психичка ситуација. Претешка.

    Друг филм со него не сум гледала, па можеби би знаела да зборувам повеќе а како што реков ниту вампириве некако не ме привлекоа за да ги гледам.
     
    На Rocker, 1209, Miss.Ricci и 4 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Пирамитке гледај го Water for elerhants и таму доста солидно глуми, а и филмот е добар :)
    Многумина одбиваат да гледаат филмови со Роберт Патинсон баш поради Твајлајт, ама мислам дека човекот конечно ќе успее да докаже дека не е само убаво лице по кое се палат тинејџерки и дека сепак има некој квалитет како глумец. И јас се согласувам дека е далеку од најдобар глумец, ама па не е ни толку лош како што некои го прават поради одбивноста која ја имаат кон Твајлајт :)
     
    На Miss.Ricci, JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Значи го имам гледано Твајлајт кој е најслаб, во Римембр ми глумата му е одлична и можите да го гледате и Салвадор Дали со Роберт во главна улога, мене ми се допадна. И да ви кажам искрено и многу ми е симпатичен, не дека има којзнае какви убави црти, ама има нешто :lol:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.