Има слична тема но сепак повеќе се однесува на славање во игротека на помали дечиња. Сакам да ве прашам каде и дали воопшто славите родендени на деца од 7, 8 или 12 годишни деца. Немам идеја каде за 9 роденден, преголеми за игротека? Дали го каните целото одделение или само неколку деца? Само деца поканувате или сосе родители?
До сега што сме биле канети кај деца над 8г било само децата. Најчесто ги канат само со тие што се дружат, најчесто се мала група од 10тина деца. Кино, куглана, кафич/пицерија. Таму до сега бил мојов. За 9г опција е и Ласер таг, не сме биле таму уште канети и не знам како е, ама деца се воодушевени, отвори на нет ќе видиш за што станува збор.
Внук ми 9тиот роднден го правеше на место каде играа плејстејшн. Со кратка пауза да се дувне свеќата на тортата. . Десетина деца собрани од одделение и улица. Кога го прашав како поминале рече супер,најубав роденден бил
Зарем не се каните цело одделение? Кај нас секое детенце кое слави се канат цело одделение, искрено и да не прават така, би ги викнала сите, не би сакала некого да е тажно, сепак се многу мали и сеуште се дечиња.Или сите или никој. Друго е кога ќе се поголеми веќе. Кај дете мое и девојчиња и момчиња многу се дружат и многу ми е мило кога ги гледам така. Па кога дојдат /одат на роденден обавезно прво гушкање Ова секогаш ми е најубавиот дел од роденденот, да ги гледаш така мали и полни љубов Мое мислење и затоа така правам. Кој како може така нека си прави. Ние и сите другарчиња на оваа возраст славиме во игротека. По колку дечиња имате во клас?
Мојата во септември ќе полни 7, и се решивме за роденден на отворено. Имаме двор позади зграда кај свеки, па пошто е заградено ми делува како побезбедно. Со парите што би изнајмила простор, ќе платам 2 девојки кои ќе им смислат игри ем ќе бидат анимирани и нема да се шатркуваат насекаде. Ќе бидат поканети без родители, зошто имам премногу деца и не можам да скратам никако. Секако, некој плус родител од поблиски пријатели сигурно ќе остане за помош, но јадење пиење за возрасни немам намера да давам, зошто така 1000 евра не ме крпат. Од 8па нагоре ќе видиме, може нешто ќе се сесмени па ќе викаме само избрани, ама има време. Сега ми се 50 деца со ептен кратење.. 25 се у школо, плус 10тина од градинка, плус блиски пријатели. Втора опција ми беше, вака да ги викнам само од клас и градинка, па пријателите да си одиме на скара, ама детево неќе така, сака да и се сите куп. Здравје боже, ама не знам како ќе го изорганизирам сето тоа.
И јас би канам цело одделение, секако не доаѓаат сите, но мое е да поканам. Игротека веќе не, затоа и темава барам совет каде. Пример диско за деца или креативна работилница нешто така.
7д киното во веро центар ако не сте ја прошле таа фаза. Имаат по неколку проекции по групи и плус кога сме оделе им давале жетони за флиперите и така цело време им е исполнето.
Ние ги каниме цело одделение и се собираат околу 20 деца. Каде ќе биде прославата зависи од делот од годината. Моето е зимско дете. За 7 роденден славевме во Jumping Clay само деца и од одделение и од роднинј и пријатели заедно. Се плаќа по дете има и храна во пакетот и моделирање на фигури и плус журка. За поблиските и оние што останаа од школо частевме пијачки во кафиќ. За 8 роденден кугланата во ГТЦ. Деца и родители заедно. Таму се од дома си носиш. Што однесеш тоа. Опција што им се свиѓа е и Игротеката во Веро Џамбо. Не таа за мали деца има една со интерактивни игри (аугментирана реалност) во делот каде што порано беше Jumbo Home или 7д киното. Опција за внатре на многу им е Ласер Таг ама мене ич не ми се свиѓа. Ако се повеќе деца влагаат во групи плус е насилство (се пукаат). За доцна пролет, лето, рана есен опција е надвор било каде ао аниматори или Авантура парк (поскапа опција ама уживање за машки деца).
Ние 8миот го славевме дома, на широко големо поткровје имам.. со аниматор кои ги анимараше баш со игрици за поголеми дечиња. Сите беа воодушевени, рекоа најубав роденден до сега им било. Стварно беше презабавно, поразлично... Април 12ти знае да не зезне... еве сега е супер за надвор, ама па од кај да знам 9тиов закажан ни е во Веро Џамбо интерактивниот дел (тоа новото позади што е). Па ќе видиме таму како ќе биде. Сакаше и Ласертаг, ама го убедивме дека некој нареден може да слави таму... вака додека се ни ваму, ни таму со возраста, да истераме уште овој така подетски. Инаку видов дека и овој од Светот на децата, отворил и тинејџтека. Интересно изгледа, ама веќе оставив капар во Џамбо и ништо...https://www.facebook.com/share/9fikfM66nrJWB58o/?mibextid=qi2Omg
Во Охрид имаме игротека со дел за деца над 8 години, Вања диско се вика, во склоп на игротеката во трговскиот Кам Вилиџ. Моите оделе и славеле таму до 4то, а од 5то слават во пицерија, кафуле, ресторан. Само децата од класот
Пред некој ден бев на гости и во соседната куќа во дворот правеа роденден на детето кое е на таа возраст. Супер беше организирано, музика, балони, декорации... Имаше една маса со 10-15 возрасни и една маса за децата кои воопшто и не седнаа. Цел ден си играа разни игри меѓу себе. Мислам дека е супер опција за оние кои имаат дворови, периодот од годината е баш погоден. На сето тоа може да се додаде ете како што веќе спомнале некој да ги анимира, ако се помали може да се викнат оние што ги цртаат на лице и доколку има на располагање да се извади некоја друштвена игра како тие масите фудбалчиња или што и да е. Ако се викаат деца од клас, според мене треба да се викаат сите затоа што се деца и оние кои не се повикани би се чувствувале грдо. Може роденденот да биде само со деца, возрасни и немора.
Јас сум од Велес, ние славиме во игротека. Еве мојата ќе полни 10 и во тин игротека ќе славиме. Само деца цел клас. Е сега ви ги прочитав мислењата и ме интересира колку ве кошта тоа славење во кинотека, во куглана, на широко поткровње? Мене ме кошта околу 9000ден се. 30 тина деца со пакет од игортека, простор торта толку ме кошта.и се викам мноогу е
За Велес не знам ама во Ск прослава во игротека фаќа многу. Во зависност од игротеката само закуп за просторот може да биде од две три илјади па и до кај шест седум. Некои игротеки забегаа. Посебно се сокчињата за децата кои се по 40-50 ден. А деца ко деца едно ќе отворат па ќе го остават ќе земат друго. Ако има возрасни, сметај број на возрасни помножен барем по две пијачки помножено со стотина ден. мин. по пијачка. Плус мезето и тортата доста фаќаат. За некои 20 возрасни а еве и толку деца, може некои си 500 евра да фати без никакво посебно расфрлање. Кино пример во Cineplex, сметај билет за секое дете плус грицки и сокчиња од таму, би ставила по некои си 500 ден од дете. Куглана незнам точно, тие одат на одредено време пример саат за да речеме 4 деца по лента ако се плаќа 500 ден, изнајмуваш ленти колку што е потребно. Плус сокчиња и др што би имало. Ич не е ефтино во денешно време да се слави било каде.
Kaj нас сите се каниме во игротеки. Соковите се тетрапак си плаќаш по паковање, во чаша си тураат. Ако се потрошат 5 сока, по 2 литра, за толку си плаќаш. Останатото дома го праќаат, ако не се доиспил некој. Пицата исто, порачуваш број на пици, и парчиња им даваат. Имавме доста голем роденден со цело одделение на големата и на малиот другарчиња, плус 30тина возрасни... околу 10000 не фати со пици и даски и пијачки. Просторот мислам не го наплаќаа башка.
Керка ми ке полни 7 годин и се одлучивме на отворено со спортски активности(игри без граници.Само се надевам дека ке држи вака убаво време цел април..Размислував и за театар за деца и младинциомаат убави престави а и бевме на таков роденден и убаво беше.Сите деца од одделение ќе бидат поканети секако и пријатели со деца и блиски роднини со деца.Поголема организација но ќе се издржи..
Ние се решивме годинава да правиме дома или во паркче. Од годинава голем број деца прават дома и сака и он. Лани многу платив за игротека, а реално нема потреба пошто на децава не им е веќе интересно, скокај, рипај, лом се праат се потат, а вака дома е поедноставно, ќе им смислам нешто, девојчињата ќе им дадам да праат нараквици, ќе купам некој сет за тоа, машките имаме пикадо, имаме игри друштвени купишта, малку караоке, малку тоа музичко столче, малку пантомима/асоцијации и прошло време, торта ќе сечеме и ајт. Ако е убаво времето во паркче топ ќе биде.
Во Скопје во игротека ич не е ефтино. Прво плаќаш закуп на простор па потоа плус пиење кое во игортеките мора да е од кај нив и тоа се наплаќа најчесто како во кафиќ плус храна плус торта. Во кугланата ние плативме 4000 денари за закуп на простор и се од дома носевме. За пици плативме исто околу 4000 (зашто имавме и деца и возрасни), за торта 2000 (и тоа со слика од горе без фигури) и плус за тањирчиња, пиење и слично (тука веќе не знам колку се потроши зашто купувавме на тури пиење).
Цел клас слави во истата игротека, не е класична со играчки за сите возрасти. Повеќе е за деца од 9 до 11 год. Има катчиња направени како за друштвени игри- шах, не лути се човече, билјард не знам караоке како катчиња посебно и им е интересна. Исто така има и тин бар само за тинејџери. Годинава ќе полни 10 па се мисли помеѓу игротекава или кино ама цениве се доста поефтини кај нас. Закуп на прстор во било која игротека е од 1500 до 2000 ден. Пакет за деца -2 мали тетрапак сокчиња и пица или тост од 120 до 150 .