1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родени во 1980-тите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Emma89, 6 ноември 2011.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ако има ваква слична.. канта!

    Ајде да споделиме искуства од 1980-тите, како беше тогаш кога бевме деца во почетокот на 90-тите, како си игравме, каква облека носевме.. јас го имам фатено последниот воз од 80-тите :D меѓутоа кога бев дете си игравме сите заедно со деца постари 7-8 години од мене... во глобала бевме еден куп деца и делевме убави детски моменти секој ден... :)
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Памтам дека по цел ден бевме надвор. Ако огладнев/ожеднев, викав по моите и од тераса, во кеса по јаженце ми спуштаа сендвич или шише со вода (за да не се губи време да одите до дома) :lol:
    Надвој памтам игравме народна, џамија, џамлии, правевме бункери. Собиравме миризливи ливчиња, салфетки, кутии од цигари :rofl: Во турските чипсови ни се паѓаа оние пластчни кругчиња (ако на некој му текне како се викаа би било супер), тој што ќе успее да ги преврти на другата страна го освојуваше кругчето.
    Во тоа време, заради филмот, беа популарни да се носат ламбади. :D
     
    На Feminka22, DuchessAnn и avita им се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Чувството кога Дарко Панчев ни беше идол , собирајки и лепејки сликички од фудбал ,кога се замаравме каде ке играме жмурка а да не не избркаат од галамата ,родените во 80 тите поминаа низ маалските флиперници ,видеотеки , и 1те интернет кафулиња :lol: ,кога бевме титовите пионери и се чудевме што значи тоа , ...... многу спомени останати 8)
     
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Се сеќавам дека игравме жмурка, џамлии, камај, народна, ластик. Собиравме ливчиња (детска пошта), салфетки и уште 300 тракатанци.
    Бевме по цел ден надвор, на улица, безгрижни и среќни. Дома одевме само за спиење. Ми текнува дека сите од улицата со лепчиња (за вечера) се шетавме, да не губиме време од играта. Немаше дремење дома пред компјутер или ТВ, некако сите деца бевме исти, и бевме долго време деца. Ги гледам денешниве деца се змаараат само со тоа кој има подобар телефон, подобри патики, на кого дома поголем телевизот му купиле и сл. Во наше време тоа го немаше.
     
    На buba4e89, senza.parole и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  5. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Мислиш на тасос жетончињата во чипсовите :)
    И да не бидам офф топик ,грицкавме сончоглед и тоа специјално се влечкавме до трафиките кај технички факлултет за да купиме за 5 денари :) ,лижевме гринго ,игравме криенка и џамија .
    Гледавме филмови на видео касети ,игравме тетрис ,на родендени поклони носеме моливчиња и тетратка . Ех ,ми фали тоа време :(
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    И јас припаѓам во оваа категорија. Како деца се собиравме пред влез и игравме разни игри - џамлии, со топка, брканица, криенка, и др. Ги слушавме родителите. Ни велеа да не мрдаме од пред влез. Така и беше. Кога ќе не викнеа од тераса за да си одиме, ние трчавме за накај дома. Ќе ни дадеа пари, па си купувавме грицки и си ги делевме. Си одевме по родендени. Носевме евтини поклони. Тогаш не беше важно кој што ќе ти донесе. Убав беше животот тогаш. Сега се сведува на мобилни телефони и игри на компјутер.
     
    На Tajnaotrovna, senza.parole, filip4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    И јас да се пρиκлучам κон оваа тема. Надвоρ по цел ден игρавме и тоа фашисти и паρтизани. Игρавме κρиенκа, κога имаше снег се санκавме. Само за спиење се пρибиρавме. Пρед да влезевме на училиште виκавме " со татκовината со Тито". После 90 тите ниκаκо не можев да ги сфатам пρомените. Мислам ние сме генеρација помеѓу два системи. Само на κρизи се сеќавам не фативме ништо од пρетходното вρеме. Ембаρго од Гρција, немаше бензин.
     
  8. Resanka123

    Resanka123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Веднаш ми текнува на детска поштаа... Посакувам да можам да си ѓи најдам и само да ѓи мирисаммм. Да не има случајно некој што му стојат дома и му фаќаат прашина? ☺
     
    На Leeona_, buba4e89, kankus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Игравме -сакате ли војна, кога леташе авион викавме- чичко пушти летки:D носевме бициклистички, слушавме музика на касети или вокмен, носевме чудни кошули со огромни јаки, се броевме со компанија месо боранија, џвакаме мастики чунга лунга и базука, јадевме сладолед снежец.
     
    На Leeona_, cresa-jagoda и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.