Не ми текнуваше како на друг начин да го преформулирам насловот. Речиси половина и повеќе од луѓето имаме зависности дали позитивни или не, тоа е индивидуално. Темата ми беше за зависностите што негативно резултираат на здравјето, околината.Од типот на алкохол, цигари или евентуално дроги. Еве тука можат да се искажат пример пушачите. Дали родителите знаат дека пушите? Дали ве ‘фатија‘ или им кажавте дека пушите? Како реагираа? Викаа, следеа лекции, казни.. Наместо пушачите, тие што конзумираат марихурана, или тие што се љубители на алкохолот што почесто во друштво го конзумираат. И тука следат истите прашања од горенаведените. Ако темата не поттикнува дискусија, заклучете ја.
леле татко ми е зависен од кладилница, кладење со ливчиња, трки на кучиња (увек става на пинчери и фатил повеќе пати ) само тоа е Eве, за моите зависности иако не е тоа темата- Kафе и цигари и обавезно грепки, сега и лото па и бинго edit-Cега видов поубаво да да, моите знаеја дека пушам... други зависноти како алкохол или недај боже дроги тоа HE!
Најгрозна зависност ми е пушењето, ама ваљда немам желба (читај доволна) да ги оставам цигарите Пушач сум скоро 2 години, моите знаат ама никогаш не пушам пред нив. Не можам, незгдно ми е Тие знаат ама се прават дека не знаат, не ме фатиле, ниту сум им признала ама наоѓале ,,туѓи‘‘ пакли по фиоки Кога имам потреба а тие се дома, излегувам надвор или одам на гости Иако тоа е ретко, освен ако не сум излегла од дома неколку дена (причина испити ) Друга зависност - кафе, тука нема некој проблем а и можам да издржам 2-3 ајде и 4 дена без кафе
за цигарите- Hе кратко и јасно Hе, не планирам да ги оставам! уживам во нив, татко ми знае да ме закара, многу пушиш, поготово периодов со сите околности сум знаела и до 2 кутии да отидам. едноставно уживам, и ниедна кампања не допрела до мене, ниедна слика, ни најмалку не се припотресувам Mожеби на почетокот да, ама веќе ич ама ич. ќе ги оставам само кога ќе бидам бремена, и после пак на старата навика обожавам цигари, јак порок ми се, еве сега ќе запалам една
Јас ги оставав неколку пати, ме маваат некои филмови од време на време, (може оти околу мене повеќето се непушачи) ама не ги оставив. Пијам кафе и не ми иде без цигара бе! Не иде и не! Посебно не сега кога ги открив ронхил ментол, ах
Што пушачишта ќе не имало, ццц Знае дека пушам, еве веќе трета година! Сама и кажав, мајка мие полицајско дете, ма немаше шанси да не ме открие, и затоа јас паметно самата си кажав Ништо не ми рече, дека и она е страствен пушач, али имаше кисела фаца, како, не и ти Не, и јас не планирам да се откажам, ама НАМАЛУВАМ Тоа е битно Пушам пред неа, не се кријам во никој случај. Дрога фала богу не конзумирам, а за тој еден експеримет со марата ни мртва не планирам да и кажам. Ма два дима на 18 години, каде реално уште летав високо со мозокот, не се ни во споредба со тоа што може мајката да го направи. Трагедија. Тоа беше прв и последен пат, колку да се каже дека сум прбала, бидејќи мислев дека кузнај што е. Веќа фала не, сум одбила 100 пати. Не пијам многу, мислам здраво е да се пие, по малку винце.
Моиве дома којзнае за колку поштена ме мислат Ниту пушам, ниту ме приметуваат пијана кога се враќам дома, третиот порок па ич Додуше, пред некоја година мајка ми ме фати доста пивната, до толку што по грешка Спојлер ја бацив во уста . И ништо, ама баш ништо не ми кажала за тоа. Инаку, секогаш многу вешто сум успевала да се пикнам во соба или ве-це и така ништо да не приметат. Кога еден ден би пушела, нема да им биде драго, но нема ни да се кријам, а и ако слушам многу бунење ќе ги потсетам какви страствени пушачи се самите, особено мајка ми.
Јас бев прилично зависна од цигари, еден ден без кутија не ми поминуваше, ама за среќа се освестив, па ги намалив. Сега издржувам и по неколку дена без да запалам... и ок ми е. Инаку моите знаат, ме фатија еднаш одамна и ме караа малку, ме советуваа секој ден дека било лошо итн итн, но дека на крајот на краиштата тоа е мој избор. Сепак пред нив избегнувам, непријатно ми е и до ден денес. За алкохолот... па ме фатиле неколку пати малку повеќе пивната, одржувањето лекции секогаш следуваше другото утро, прво ме оставаа да се освестам. Ама и тоа ми се случува доста ретко, во последно време па ич. А она најлошото-никогаш... Самата сум свесна без никој да ми кажува.
Лелее како самата да сум го пишувала ова . И така е останав бремена и не запалив цигара . сега како се ближи крајот ме фака некоја криза и се мислам дали да продолжам после бременоста со пушење ама подобро НЕ Иначе од пороци цигарите ми беа и моите ме знаеа Пошто и мајками е пушаЧ Не и беше сеедно ама прифати . алкохол ретко само на искаЧања ама во одредени колиЧини .
И јас се приклучувам на зависник од цигари! Не бре зависник, многу груб збор е тоа за моето конзумирање на цигари. Можам да издржам и неколку дена без цигари без проблем, не ме фаќаат никакви кризи еве баш периодов се случило неколку дена да не излезам надвор пошто учам и немам потреба од цигара. Значи не сум до толку страствен пушач, али кога ќе се заредам знам да се заборавам, кога ме фаќаат некои флешеви во глава па да се издувам. Е сега за моите родители. Мајка ми и брат ми знаат дека пушам, пред брат ми сум пушела, пред мајка ми сеуште не. Татко ми за сва среќа сеуште не знае дека пушам. Малце е тежок по тоа прашање. Мајка ми ме фати на дело дека пушам во 2ра година, ме начека како џиткам цигара и така дозна. Па имав некоја апстиненција тогаш од 20 и кусур дена, ама попуштив под притисокот и пак запалив. Сега немам проблем со тоа. Она пак им се врати на цигарите, си чурка по 2-3 на ден, знае некогаш да ми побара кога нема, знае упаљач да ми побара, брат ми такоџе. За алкохолот се случило малку дрмната да се вратам дома, ништо страшно. А чудно, веднаш се враќам во нормала кога ќе го здогледам татко ми. Тогаш ни се клатам, ни се смеам ко печена. Дома за празници кога сме сите заедно на трпеза ќе ме понуди со чаша вино, но последнава година и пол одбивам да се напијам и чашка што не беше случај со мене во моите луди зелени години. Мара имам 2 пати пробано, од љубопитност сум пробала и на тоа сум останала. Неколку димчиња биле, не цел кец. За ова немам кажано на никој од родителите и немам зашто, кога останало само на еден мој пубертетски експеримент.
Лично за мене не ми може душава..Едно време сакав да пушам ама па грлово многу ме боли.. Не знам на вас, постојаните пушачи како ви успева ама мене грлото ме кине, па и ми течат солзи при земање на дим и ми се врти во глава.. Така што и да сакам да пушам не можам.. Алкохол пијам многу ретко, за излегување само и тоа со сила едвај некако.. Едноставно не ми лежи нути пак ми причинува задоволство да пијам.. Знам само мартини или текилче да дрпнам кога сум во минус ситуација ама поретко ми се дешава.. За дрога сум кажала не, иако имам пробано неколку пати мама( ако воопшто се смета за дрога ) и веќе не.. Моите од дома знаат дека не пушам, знаат дека не ретко пијам ама не и дека ретко се дрогирам хх јаст кидинг Дека имам пробано мара не знаат и планирам така и да остане.. Мислам која сум јас, да им ја расипувам сликата за мене