1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите и училиштето

Дискусија во 'Дете' започната од Lordi, 27 октомври 2011.

  1. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Од кога почна учебната година,јас не си ја сфатив работата озбилно и не учев навреме и сега сфатив каква грешка сум направила и си ја сфатив работата озбилно.
    Е сеа пред да почнам со тоа добив послаби оценки на тестот..од 1 до 5.а ме сметаа како најдобра ученичка во генерацијата.
    Мајка ми постепено дозна и ми повика малку и тоа беше..Но што ќе биде кога ќе дознае за единицата? :swear:
    Тие не прашуваат дали јас имам некои проблеми,туку само сакаат да учам.Од постојаните закани на мајка ми:ако не исчистете,ако не идете до таму,ако не научите,ако не одите на додатна,ако не се пријавиш на натпревар,ако не напишеш домашна,ако седнеш на компјутерот,ако ми се јавиш,ако направиш сметка повеќе од 300 денари,ако излезеш...знаеш што те следува или пак .. ќе добиеш ќотек.
    Некогаш не сум успевала да ги завршам сите обврски на време и ми е било страв и дома да си појдам после училиште!
    Како да и објаснам зошто не сум учела?
    Ако ме праша ( воопшто ако ме праша ) дали имам некои проблеми што да и кажам? ( сакам да кажам ДА,бидејќи така полесно ќе поминам ) И какви проблеми ?
    на лагата и се кратки нозете ама .. :(
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    проблем со родителите.

    Хax.. на светот има милиони потешки проблеми со родителите.. ти за ОЦЕНКИ се жалиш..не можам да ги сватам тие родители вака што ги малтретираат децата ако не ти се сите 5ки нема ова нема она нема пари компјутер,нема излегувања.. абе сешто
    одамна ова излезе од мода но ти си 1ва година и те мислат сеуште мала.. ехх јас колку 1ци сум имала во прва втора трета и моите знаеле ехеее па НИШТО ми немаат скратено
    мој совет тие да поразговараш да му кажеш дека ке ги поправиш (ама сигурно ветување си е ветување) ништо страшно ..а ако не те сватат тогаш е во нив проблемот. И нема повеке дискусии мислам во темава. Поздрав и не постои човек без ПРОБЛЕМИ
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    проблем со родителите.

    Има и потешки проблеми, ама за нејзина возраст нормално е да се секира за оваа работи, дури и за пофалба е :)
    Покажи зрелост и одговорност, седни еве викендов со мајка ти и кажи и се искрено, кажи и дека е твоја грешка што си го запоставила учењето, но дека ќе се поправиш, не заради нив, туку најмногу заради себе.И навистина направи го тоа ;)
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    проблем со родителите.

    Искрено кажи и го ова што и тука го напиша. Секој ученик не е ученик ако не добие 1-ца. Еве и јас сум била се со 5-ки ама се сеќавам на првата 1-ца до ден денес (едно плачење до бескрај :D ) сум добила и пак тоа. Отидов и завршив и факултет и сум паѓала на испити. Знам дека не ми е спремен испитот ама излезам колку да видам што и како се паѓа.
    Кажи и дека си ја сваќаш работата озбилно и сакаш да учиш. А уште едно безвезално прашање - ти се заканува со ќотек или навистина те тепа понекогаш ако не завршиш нешто.
    Од родителска гледна точка, таа има многу погрешен став спрема тебе и многу лошо се поставила.
    Не треба да се плашиш од неа туку искрено да и кажеш што те мачи.
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    проблем со родителите.

    Јас како родител да се замешам на темава :) . Родител како родител, не сака 5-ки за да се фали, туку за да може да се надева дека детето има шанси за успех за во иднина. Реално, со слаби оценки и слабо знаење тешко е да се успее понатаму, било на факултет било на работа. А плус, со тоа се учи и да се биде одговорен, да се почитуваат обврските. Животот, сакале ние или не, да бидам блага во проценката, е едно 70% извршување обврски (кои не мора секогаш да ни се драги), а ако имаме среќа, 30% е време за себе и за своите задоволства. Јас барем како родител затоа напнувам кога станува збор за учење и за оценки, но и за некои други работи кои ги сметам важни за градење на карактерот. И свесна сум (верувам и другите родители) дека нема се секогаш да биде совршено. А заканите (барем кај мене :P ) се како онаа народната „стравот лозјето го чува“ :). Едноставно, само сакаме од децата да изградиме добри, чесни и вредни луѓе, способни да се соочат со предизвиците на животот. Е некогаш можеби не знаеме најдобро како да го оствариме тоа, ама не ми се верува дека некој родител го кара детето да учи затоа што не го сака и затоа што сака да го малтретира ;) . Мислам дека за некои работи често караме од страв да не му се случи нешто неубаво на детето, не затоа што уживаме да се нервираме.
    А како човек со искуство во образование, прва година често знае да биде пресврт, тешко се снаоѓаат учениците кои доаѓаат со полабави навики од основно и на прво тримесечие се шокирани од самите себе. Лошо е што после многу потешко се поправа впечатокот (и оценките). Ама не е трагедија доколку од тоа се извлече поука :!: . Напротив, може да биде добра лекција за во иднина.
     
    На Ariel, mari77 и Meggy им се допаѓа ова.
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    проблем со родителите.


    и ЈАС сум родител ете на тинајџерка како вас и ЈАС можда понекогаш сум строга ИЛИ ПАК СЕ ТРУДАМ ДА БИДАМ СТРОГА :rofl: ама приметувам дека понекогаш г-ицата ,,не ме фермат ни 3%,, :rofl: ама барен нашкола е супер а за домашни обврски ,,катастрофа невидена е ,, инако помалиот е покатастрофа тој пак не ме слушат за учење а за низдома пак работит и тоа што не се барат од него !
    Големо влиание имат и навиките и карактерот на децата !ЈАС се сложувам во целост со погорниов пост !
    И девојчето нека и објасни на мајка си сигурно ке ја свати ние мајките се правиме строги ама сме со меко срце :inlove: и си ги сакаме ќерките иако тие не мислат така !
     
  7. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    проблем со родителите.

    Камо ова ти биде најголемиот проблем во животот :) , не дека не ти е тешко, ти е, те разбирам, родителите понекогаш забораваат како им било кога биле тинејџери, но свесни се дека и тие правеле грешки па не сакаат да ги повторат нивните деца, и нормално е да те буткаат напред, да сакаат да успееш, поготово ако имаш капацитет, ако си пак по малку мрзлива секако дека ке ти биде потешко да се справиш со нив. Но и самата знаеш дека тие ти мислат само добро. Јас исто така не бев некој најдобар ученик и тоа не зошто не можев да седнам и да научам туку секогаш во тинејџерските години има нешто поважно од книгата, тоа го знаат и твоите родители и само сакаат да го извлечат најдоброто од тебе со цел ти самата полесно да се избориш за поудобен живот.

    Моите родители го правеа истото, секогаш караници за учење, па зошто сега пет саати збориш на телефон наместо да учиш, па зошто толку излегувања преку недела кога треба да се учи итн ... но да бидам искрена никогаш не ме казниле за ништо, никогаш не ми забраниле да излезам, никогаш не сум имала ограничено време за излегување .. едно нешто многу важно сфатив на време во животот, и да знаеш дека тоа многу ми помогна, а тоа е дека родителите ми се најдобрите пријатели, дека колку голема грешка и да направам во животот тие секогаш ќе ми помогнат и ќе бидат тука за мене, макар колкав голем шок да им приредам, знаев дека прво и да има викање и карање на крај ќе следи мирен разговор, барање на решение за проблемот и дека најголемата помош ќе ја добијам од нив. Затоа и не сум ги излажала за ништо моите родители, можеби нема да ми веруваш, но мислам дека немаше нешто што не знаеа. Секогаш знаеа со кого сум излезена, ми го знаеа друштвото, ме пречекуваа во доцните петочни и саботни часови со полу склопени очи :) ако требаше и ме земаа од град .... ако се задлабочам во темава книга ќе напишам за моите тинејџерски години. Но најважно од се е тоа дека твоите родители ти се најверни пријатели, тоа никогаш немој да го заборавиш, со мојот пример само сакав да ти објаснам дека колку повеќе информации ке им приложиш на родителите толку поголема доверба ќе имаат во тебе, ако не си доволно блиска со нив, пробај почесто да разговараш со нив за твоите проблеми, дади им прилика да ти се најдат како помошници, не само другарките служат за доверување, отвори го твојот свет кон нив без да се плашиш како ќе реагираат, знаат тие многу добро дека тинејџерството и не е така лесен период од животот, иако реално нивните проблеми се поголеми, знаат колку тешко ти ги доживуваш твоите :) верувај им секогаш, тие единствено безрезервно те сакаат и ќе ти простуваат :)
     
  8. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    123
    Вака мајка ми понекогаш ме кара ако добијам лоша оцена да ја поправам и така
    но татко ми никогаш не ме карал ако добијам слаба оценка тој ми вели ТОА ШТО ГО ПРАВИШ СИ ГО ПРАВИШ ЗА СЕБЕ и ТОА ШТО СИ ГО ПОСЕАЛ КЈЕ ГО ЖНЕЕШ
    Па сега незнам аква е вашата ситуација зз
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Родител како родител, не може да ти рече „браво, алал да ти е што си добила единица“, нормално е да те искара.
    Заканата со ќотек не е добра. Еве се јавија и некои мајки, па навистина мислите дека со ќотек ќе го натерате детето да учи?? Ќотекот ли ќе ја поправи единицата?
    Треба да се седне и да се зборува искрено.
    Родителите треба да објаснат на убав начин дека ако учи за себе учи, за никој друг. Ако заврши факултет убаво за него/неа, ако не заврши тој/таа ќе трпи во животот.
    Децата треба отворено да зборуваат за проблемите со учењето. Не е страшно да не научиш еднаш, страшно е да не сакаш да научиш. А барем на школо можеш секогаш да се поправиш.
    Ти девојко, седни и почни да учиш. Поправи ја таа единица и не дозволувај да добиваш и понатака единици.
    Со постов покажа дека сепак совеста те гризе и не се чувствуваш добро што ги лажеш родителите и што имаш слаби оценки.
    А шанса да се поправиш, имаш се уште. ;)
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Па кажи ти некој проблем да ти помогнеме , ако нема одговори значи нема проблеми и не мора совети да даваме :)
     
  11. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Мене во основно многу ме тераа со сила да учам за да можам да се запишам средно,а сега сама ја сваќам работата и знаат дека кога имам за учење си учам :)
     
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Супер сум со оценките сите ме фалат :$ . А и впрочем татко ми и мајка ми ми ветија дека ако оваа година поминам одлична (со сите петки) ќе ми купат лап-топ 8) :inlove: :lol: . Сеа се молам тестовите да ми бидат накај 4-5 и послем е лесна ќе одговорам за 5. Инаку се извинувам за офф :*
     
  13. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Јас сум си во ред :) сите оценки ми се петки затоа што моите ,и родителите на другарка ми ни ветија дека ако поминам успешно (со сите петки) ќе не пратат во Париз :inlove: :inlove: 8) И сега се скапувам учење по цел ден борби за Париз :lol:
     
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Епа ајде со среќа! :) Сите петки да ти бидат :*
    Иначе јас имам братучед (прв, по татко ми)колку мене е и уче во друго учулуште. Многу е слаб со оценките а и родителите многу го разгалуваат. Од 14 предмети има само 2 петки . А и плус тоа братучед ми е голем љубоморко |(. Мило ќе ми биде да поминам одлична , да ми купат пал-топ па да му ја видам фацата негова : :D :lol:
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Стојат подалеку од него, посебно татко ми.
    Кога бев помала, тој беше човекот што највеќе ме тераше да учам, ме казнуваше и забрануваше милион нешта поради тие оценки пусти, а сега најмалку се замара.
    Ако знае и која година сум, главава ќе си ја исечам.

    Мајка ми од време на време знае да ме праша до кај сум, дали ми е тешко, како се снаоѓам и сл. но муабети од типот: “Седни учи доста си пред компјутер“, “Седни учи доста скиташ“, “Седни учи што ќе правиш во иднина“ и бла бла, нема.
    Всушност, и имам кажано и дека ако некогаш ми сврти таков муабет, од инает ќе го направам спротивното. Знае дека сум сериозна, па..

    Подобро ми е вака многу. Зрела сум, свесна сум, ја сфаќам важноста и приоритет ми е.
    Периодично делувам и таму, некогаш повеќе, некогаш помалку, но држам ниво и не дозволувам да потпаднам.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Татко ми е многу трпелив човек и тој секогаш со нас учеше и ни помагаше. Ни се случуваше со саати да останеме на маса, со учебници, книги, тетратки околу нас, се додека не научиме како што треба. Мене и во средно ми ги прегледуваше задачите по математика. И тој и мајка ми секогаш биле во тек со нашите школски обврски, не се како некои незаинтересирани родители. Ќотек за оценки никогаш не сме добивале, а и единици сме немале.
    Кога бев помала ми пречеше тоа што никогаш не ме оставаа сама на себе, и што секогаш ме потсетуваа на моите домашни, ама сега гледам дека е подобро така. Убаво е детето уште од мало да си створи навика за учење и исполнување на обврските.
     
    На Ariel, Hipster и cupcake27a им се допаѓа ова.
  17. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    АААААа темава е отворена на мојот роденден !!! :^: УАУ !

    инаку , почни да учиш поорганизирано. Секогаш запишувај што збори наставниокот. Убаво памети ги деновите кога ќе бидат тестовите и испрашувањата и на пример ако имаш писмена математика идниот понеделник ,а сега е недела, веднаш почни да вежбаш, а не да одолговлекуваш. Биди активна на часовите. Ако треба прескокни две три искачања со другарките и стави го школото на преден план. така ќе си ја вратиш старата слава кај наставниците и ќе ги поправиш оценките
    На мајкати ќе и објасниш се убаво,како што ни кажа нас тука. дека си почнала неозбилно и дека имаш голема намера да се поправиш. Се надевам помогнав :)
     
  18. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно ЗОШТО мора да бидете НАГРАДЕНИ со нешто, за ВАШИ оценки и живот? Па луѓе не учите за родителите, учите за вас самите!
     
    На stefigirl и slavica999 им се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев средно а и основно, им реков дома дека по сите предмети ке имам добри оценки само математика да не очекуваат од мене да учам и да имам добри оценки. Така немав проблем за тоа, не се замарав, не учев математика и сите оценки ми беа 4 и 5 само математика 3 со врски едвај. :D Инаку моите никогаш не седнаа со мене да ми објаснат нешто или да викат по мене да учам, се сама правев. Сега кога сум на факултет повеке замараат да го загреам столчето одколку порано :D

    едит- за математика зборувам кога почнаа оние комплицираните задачи да се учат, да не мислете дека не знам таблица множење, делење, или обични равенки :D Оние тангенс синус косинус не сакав да ги учам ич :@
     
  20. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    оценките ми се солидни, низ школска година 3-4-5 на крај така малку запнувам. моите ја знаат секоја моја оценка, кец кец се десило и ќе се деси, моите прифаќаат и среќни се што се упатени во школскиот живот, некогаш мајка ми ми знае да префрли, татко ми е супер задоволен од мене, него школото не му е најбитно има некои работи што повеќе ги цени кај мене. :$

    П.С сакав да додадам, и да ја поддржам некое девојче пред мене пишала дека треба да учиме за нас, а не за наградата што ќе ми ја понудат моите. Учете за себе, и мој совет, мотивирајте се самите ако професорите неможат, малце дисциплина и рутина да не речам и бек ин шејп :)
     
    На stefigirl му/ѝ се допаѓа ова.