1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите ми забрануваат да бидам со него

Дискусија во 'Канта' започната од viki555, 16 август 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Вака пред се да кажам нешто за моите родители , од камено време , што уште не свакаат дека сега се е сменето и ништо не е како порано. Постојано сум под притисок од нив да се пазам да не ми некој направи нешто да не влетам во лошо друштво и најстого ми забрануваат дечко да имам а не сум ни воопшто мала , уште малку ке наполнам 18 години и мислам дека сосема можам зрело да размислувам и да бидам одговорна за моите постапки.

    Веке пола година има како се гледам тајно со еден дечко и постојано бев под стрес да не дознаат моите родители, една вечер немам испаднато на мира да излезам од дома смирено без да размислувам дали ке ми ѕвонат мојте и ке ме проверуваат со кого сум. Е сега дојде моментот кога морав да и кажам бидејки не можев веке да се кријам , но најтешко ми пага бидејки немам никаква подршка од нив ниту од мајка ми да ми даде некој совет да ми помогне ,а да не зборувам за татко ми. Причината поради која ми беше страв да не дознаат е тоа што дечко ми е 11 години постар од мене, и во затвор лежено 5 години поради дрога. Но и тој самиот ми признава дека најголема грешка во животот му е тоа што се занимавал со дрога и дека се кае за своите постапки. Јас не го познавам како човек бил пред 5 години но сега е многу сменет , прво никогаш ми нема мене згрешено нешто или да ме навредил , секогаш ми дава совети кои би требало моите дома да ми ги даваат и ме подржува во се. Сега проблемот е во моите дома поточно во татко ми кој воопшто не сака да слушне за него , ми вели бирај дали мене или него ке го одбериш, ако слушнам уште еднаш да се видиш со него нема да излезиш од дома , ке одам кај него дома и ке го убијам сместа ако слушнам да те замара , дури ме тераа да го избришам од фб. Уште погоолем проблем ми е што татко ми има проблеми со здравјето и кога дозна за дечко ми одма му се слоши , страв му е да не му биде нешто после јас ке се чувствувам виновна дека заради мене му е лошо. Му велам да направи муабет со дечко ми да виде дека убаво размислува и дека никогаш нема лошо да ми направи но не сака да слушне воопшто. Веке 3 дена запагам во депресија , не јадам ништо, само лежам и ме гледаат дома моите дека ми е лошо дека се нервирам и воопшто не попуштаат, стварно веке не знам што да кажа,како да ги убедам. Многу ми е тешко да се откажам од дечко ми поради таа причина што моите дома уште не свакаат , не глеедат што се случува наоколу. Да се скарав со дечко ми или да ме изневереше ке ми беше многу полесно отколку сега бидејки знам дека навистина се соглсуваме и сме во добри односи и сето тоа сега се руши. Ве молам за помош како да ги убедам бидејки стварно веке не можам да издржам ? ? ?
     
    На anagjorgjievska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    :o Е ставарно се од камена доба, ненормални, како можат да се однесуваат како...родители |(
    Не е убаво да осудуваме, ама каде прв дечко и од сите баш па него го избра, 11 години постар, па оти не бива шлагот без цреша, 5 години во затвор поради дрога.
    Абе ајде, иди шетај пеперутки
     
    На Twinkles и tessie им се допаѓа ова.
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Искрено и во право се што не те пуштаат да бидеш со него.
    И јас би го направила истото. :!:
    11 години постар+лежел во затвор+наркоман,а имаш само неполни 18.
    Плус не си го познавала порано каков бил така да не можеш да речиш за него дали бил сменет или не.
    Тргни се од него со време,да не зажалиш што воопшто си била со него.
    Нема да ти биди сеедно али ќе ти мине.
    Не си го прави животот потежок од што е.
     
    На Twinkles и tessie им се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Оф оф, зафркната ситуација доколку навистина дечко ти сега е примерен граѓанин. Според мене колку и да ти звучи лошо ОСТАВИ ГО дечко ти. Зошто?
    - ако продолжиш татко ти ќе се нервира, не дај боже удар да добие или да оди да му направи нешто на него па да одговара, тогаш како ќе се чуствуваш?
    - твоите нема да се предомислат, па следуваат проблеми и проблеми а може да ти кажат и оди си
    - да речеме ќе останеш некако со него, ама девојче 11 години е ооогромна разлика. Ќе имате различни размислувања за се, ќе почнат караници
    - забранетото овошје е слатко, се прашувам до кога ќе трае вљубеноста? Со оглед дека ти е прв дечко сигурна сум дека нема да ти биде последен само проблеми си правиш со твоите
    - како си сигурна дека нема да се врати на лошиот 'занает'- дрогата? Некои навики ( лесно заработени пари) не се губат лесно...
    Можам да пишувам уште многу ама се ќе се сведе на тоа дека не е за тебе. Послушај ги родителите, пред да дојде ден да ти кажат 'ТИ РЕКОВМЕ'.
     
    На eloves и tessie им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    12.501
    Пол:
    Женски
    Прва сум да застанам на страната на заљубен пар. И јас бев неполни 18 години кога си го запознав дечкото, кој тогаш имаше 23. И мене мајка ми ми бранеше, и јас криев долго време дека сум со него. Ама твоево не се споредува.

    Прво и основно, тој човек го ставам во иста категорија на педофили. Само што ти си речиси полнолетна па може и закон да не го фаќа. Ама што бара 30-годишен човек со средношколка стварно не ми е јасно. Друга работа, никој не лежи затвор од чиста мира. И да е сменет, тоа е дел од него и неговото минато. Со право родителите не ти даваат да бидеш со него. Ако успеете да останете заедно (што мислам дека нема да се случи) и покрај нивните негодувања, еден ден сама ќе бегаш од него, само тогаш нема да имаш 18 години, а може да имаш и деца.

    Ако ти мислиш дека треба да си со него, ниту ние ниту твоите родители нема да те запреме. Ама не очекувај да добиеш поддршка за тоа што го правиш, поготово не на анонимен форум каде сите ќе си кажат баш искрено што мислат за твојата ситуација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    трол број незнам кој.
     
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Твоите родители не се од камена доба,туку тие се однесвет заштитнички кон тебе,баш како шо би се однесвел секој родител... Ни го посаквет сето добро на овој свет,иако ние понекогаш не го гледаме то,или не сакаме да го видиме.. Види,11 години не се мала разлика,нему му е време за озбилна врска,брак,жена,деца..а тебе?? допрва почвиш со животот! Сигурно ке сакаш да завршиш факултет,да шеташ,да ја живејш твојата младост... Оваа врска не би имала светла иднина според мене. И друго,сигурно си дека немат повторно да се вратит на дрогата???? Кој еднаш пробал со таква работа,не вервам дека е лесно да се откажит. На таков човек му требит огромна поддршка,а ти не си особа која мојт то да му го дајт. Сигурно имате скроз различно мислење. За две-три години,ти ке сакаш да излезите,а нему ке му е најубо да си седите дома и да гледате тв.. Размисли,твоите не ти мислат лошо,понатака низ животот ке сфатиш,само гледај да не биди касно...
     
  8. viki555

    viki555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Веке 9 месеци сме заедно и досега не сме имале никакви проблеми со размислувањата и многу лесно се погаѓаме во секој поглед.Мислам дека можам да го подржам во било што и да е затоа што од овие 9 месеци имам стекнато доволно доверба во него
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Па тој да размислувал немало да лежи 5 год за дрога, туку ке работел поштена работа, ке имал сериозна врска или веке брак, а не да трча по средношколки.
    Мила и јас да сум на место на твоите истото ке го правам. Не се тие од каамено доба, туку ти не си доволно зрела. Кога ти би им кажала дека имаш дечко кој ете да речеме студира или работи чесна рабта, не верувам дека би ти правеле проблеми.
    Недај Боже да дознаам дека моето дете е со ваков човек.
    Расмисли мила, 5 годнини за ситна дрога не се лежи, туку за голема количина. Е сега не ни кажа, дали човекот само дилал или и тој користел или можеби и ти не знаеш.
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе од каде знаете, под никакви проблеми со размислувањата може подразбираа дека сега ќе си отворат еден бизнис, па заедно ќе си дилаат дрога :D
    www.youtube.com/watch?v=tCxUVSKeIao
     
    На AziskaStrslenka, tessie, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Вака да те прашам нешто што бараш со 11 години постар човек, и со човек кој бил во затвор ради дрога.Абе и да се кае мислиш дека нема пак да го направи тоа?
    Не го знаеш доволно. А татко ти и мајкати живееле во друго време, со други времиња ама ти посакуваат само добри нешта во животот.
     
  12. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Девојко, дали кога еден ден би имала ќерка ќе и дозволиш да оди со наркоман кој освен што лежел во затвор е постар од нејзе 11 години?
    Размисли за последиците, ако си доволно зрела ќе знаеш дека оваа врска секако оди во пропаст. Освен што татко ти не е во ред со здравјето размисли малку за твојата иднина каква ќе биде покрај таков човек. Што побрзо преќинеш со него толку подобро и за тебе толку подобро и за родителите.

    Патем, дали знаеш што би се случило доколку им свртиш грб на твоите родители? Ќе заминеш од дома кај него а тој ќе те користи за свои цели ( не велам дека тоа сигурно би се случило но шансата за тоа е 80 % )

    Чукни си во главата, размисли уште еднаш пред да биде доцна. На светот постојат уште момчиња кои се искрени, фини, и чесно заработуваат пари и кои немаат лошо минато.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.352
    Допаѓања:
    90.668
    Пол:
    Женски
    Не се толку голем проблем годините кои се разлика меѓу вас колку што се годините поминати во затвор.
    Запрашај се како понатака со таков човек, колку тој затвор имал влијание врз него и за последиците од него.
    Не само од твоите туку и околината како ќе гледа на тебе. Не знам од какво место си, но ако си од помало без разлика дали ќе останеш со тој човек или не секогаш ќе бидеш покажувана со прст. Немој со муабети не живеам за другите, живеам за себе, зошто колку и да го викаме тоа сите на крајот сепак помислуваме дали е исправна нашата одлука од повеќе гледишта.
    Не е многу долга врската, па би ти рекла да ја прекинеш. Не поради твоите дома и лошењето на татко ти, туку поради тебе и твојата иднина која со него ќе биде прилично тешка, а млада си за да носиш толкав товар уште сега.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Еее и после ке ми кажат дека децата што ги држат ко папагали од дома биле по упатени во живот да речам |(
    Еве бре пример нејните што бесплати од вип потрошиле во контроли и девојкава во првиот послободон момент (се ближи полнолетство бре шо сакам ќе праам - филмот) оп на 11 години постар, 5 години во затвор па и дрога тука некаде... сјаен избор, принц на бел коњ бре...

    Нејсе, девојко и да е сменет и да ја оставил дрогата и да бил дилр оти тате му рекл да биде :rofl: - дека лежел затвор до смрт ќе му стои у биографија како што ти пишала марама живееш со луѓе неможеш да се изолираш од околината. А и да ја баталиме околината генерациска разлика е бре тој семејство ќе треба да формира а ти што ќе се мажиш на 19 ?!?

    Но но и јас гласам за да го баталиш ито што е можно побрзо :!:
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.084
    Девојче бев скоро во истата ситуација
    Имав дечко кој е постар од мене 6год.,дечко на место беше,моите ми забранија да бидам со него,но се криев,лажев,што не претрпев за него,и кјотек и се,плачев нон стоп
    Бевме во врска скоро 2 години,милион караници поминавме,се тоа поради различни размислувања,различни гледишта на живот.Сега имам 20 год.,тој 26,се правеше дека е ок,ама дечкото всушност ме лажел цело време,сама открив дека ме изневерувал,нешто што највеќе мразам
    моите дома нон стоп беа нервозни поради таа врска,знаеја дека еден ден вака ке заврши,дека сама ке увидам дека сум згрешила во врска со тој човек,но да не биде предоцна
    Твоето со моето не се споредува навистина,седни сама и размисли
    Дали ти се гледаш некаде во иднина со тој дечко?Дечкото има 30 год.,му поминало времето и за женење,ке сака да створи фамилија и деца,а ти?
    Ти си мала сеуште за тоа,ти мора да го проживееш животот како секоја млада девојка
    Дали знаеш колку се каам за оваа моја врска,која воедно е и прва,не сум проживеала ништо од мојот живот,нон стоп бев со дечко ми,што се не направив за него и на крај нож ми заби во грб
    Така да никој не заслужува да се оддалечиш поради него од фамилија
    А врската со овој дечко нема да има среќен крај верувај
    Само те замолувам,стави крај додека е време,инаку ке се каеш цел живот,ама касно ке биде
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Трол е, а ние пишуваме, советуваме....
     
    На feminium и Adina им се допаѓа ова.
  17. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Не мора да значи дека е трол. Имам другарка што беше во врска со таков тип.
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    viki555, еве ќе бидам најискрена со тебе- веќе 15 мин седам со празно отворено прозорче `испрати одговор` и смислувам нешто ефектно да ти пишам, нешто што би те натерало да си ги отвориш очите ама сваќам дека трудот ќе ми биде џабе. Ако ти самата не си доволна паметна да сватиш дека врската со единаесет години постар дилер на дрога :headbang:, кој има и лежено затвор не е во ред и дека ти треба да бегаш во спротивен правец од таков човек, тогаш што и да ти пишам тука, навистина е залудно!

    Штом толку го сакаш, омажи се за него - имаш 19 години, не си мала, напротив, доволно си возрасна за да донесуваш одлуки во врска со твојот живот. Ете штом од дома не го прифаќаат a ти немаш проблем со него и со неговата `професија`, оди бегалка :)

    Песнава ти ја посветувам, а може на неа да го изиграте и првиот танц ;)


    http://www.youtube.com/watch?v=s6b33PTbGxk
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Пред се твоите родители се во право
    Колку што сфатив ти имаш 17 години а тој 28. Што е премногу, премногу е. Ти на некој начин си уште дете додека нему веќе време за женење му е дојдено. Друг проблем е што лежел во затвор. Имам комшија кој со уште еден другар и други две девојчиња фалсификуваа пари тој такси вози и еднаш не донесе до тука до дома оти комшија и кажуваше како многу се каел, по некое време слушнавме пак продолжил со тоа. Затоа не биди наивна и не му верувај толку многу затоа што еден ден ќе се каеш. 5 години затвор се многу. Ти пишаа девојките погоре човек со такво минато не е за тебе а и не верувам дека некогаш ќе се промени воопшто. Прекини ја таа врска колку побрзо толку подобро. Татко ми пак нели ти е жал? Тој ти е татко ти дал кров над глава па дури и треба ли да се нервира поради тебе да му се слошува засрами се. Пред се размисли каква иднина ќе имаат твоите деца со таков човек? Ај да не одам толку далеку. КОга ќе се расчуе ова ти ќе бидеш засрамена посебно ако си некое мирно девојче и твоите родители. А ниту еден родител не заслужил вакви срамови. Затоа бегај од него колку што е можно побрзо, по некое време ќе сфатиш колку сме во право. И твоите родители не се од камено време туку ти си таа што се правиш паметна тука на мислиш дека си во право и се знаеш. Тие ти мислат добро несакаат да бидеш повредена или не дај боже да појдеш по истиот пат заслепена од "љубовта". Тој може да се кае но мала е шансата повеќе нема да го направи тоа. Барај си друго и чесно момче.
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ах бе девојки таа не бара совет дали да биде со него, туку нејзе и е за родителите што не ја оставаат на раат да си го зезне животот со робијашов.
    Ете никаде ја нема да пише, пошто нема и што да каже од сите овие постови. Очекуваше едно, а прочита друго. Тоа е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.