1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потомство на возраст од 40/50 години

Дискусија во 'Дете' започната од VMP, 3 февруари 2017.

  1. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Глупости ако сето ова *добро е погрешно! Само глупавите и недоволно развиените личности можат да мислат дека тоа е грев и незнам уште таму што. Секој нормален човек би ве подржал кога и да сакате да имате дете тоа е ваше право, за тоа кога ќе го имате и како. И нема што да ве навредуваат, од каде тие знаат, можда ти си се борела заедно со сопругот 20 години па ете сега испаднало таква шансата. Само што си живееме во заостанат свет, нема врска, не си го скратувајте задоволството, а луѓето и вака и така зборат :)
     
    На ***nekoja*** и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.219
    Не е нормален тој што ова ти го кажал. Народот наш стана ужас. Се почесто се случува некој што не те ни знае да ти се меша во живот. Еве мене на работа инкасатор, кој патем е човек од друга вера и нација и оженет со 3 деца ме прашуваше дали имам дечко и кога ќе се мажам. Мизерија. Биди си горда што си родила на 40+, што детето сака да учи, што ти сакаш да работиш. Тоа не го може секој. Без грижа, само ладно на такви коментари и еден остар поглед.
     
    На VMP и LollySky им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Темава ме врати во едни времиња...
    Мајка ми ме родила мене на 41 година. Кога имавме на училиште родителски состаноци и кога мајките се собираа заедно на едно место, мене би беше срам што мојата мајка не е млада како нив и повеќе доликува баба да ми биде. Да, непријатно ми беше и секое дете со постара мајка би ја почувствувало таа непријатност во некој период од животот, макар и на кратко. Но, љубовта е поголема од тој срам и тој се заборава. Детето некои работи не ги разбира, не навлегува во суштината, затоа може да се појави чувство на срам. Еден ден, сепак, ќе сфати која е всушност причината за тоа раѓање во подоцнежна возраст и ќе почне да си ја сака својата мајка таква каква што е.
    Јас повеќе сум за раѓање деца пред таа возраст, но можеби животот на некој му дал ете такви прилики заради кои се одложила бременоста или можеби жената сакала уште едно дете и после 40тата година и тоа е во ред. Во секој случај, јас не би кажала лош збор за постарите родители. Баш напротив, да се одлучи човек да стане родител е прекрасно, без разлика на возраста. Секој човек си има причини за своите одлуки и постапки во животот и ниско е да судиме кога не ги знаеме тие причини. Но ете во такво општество живееме каде луѓето навлегуваат во туѓите животи. Наше е да не му даваме големо значење на тоа и да си живееме како што нам ни одговара. :)
     
    На Espadrila, Florenсе, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  4. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Што се` нема да прочитам... Искрено ми падна жал кога прочитав што ти кажал човекот со оглед на тоа дека мајка ми го роди брат ми на 40... Што требаше да направи, да абортира? Па, не можам да замислам како ќе беше ако го направеше тоа, сега не можам да го замислам животот без него. Вакви зборови можат да се чујат само од заостанати луѓе, срамота!
     
    На Priroden, Tanjamm и LollySky им се допаѓа ова.
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    7.229
    Edna si od retkite sto Bog te blagoslovil da rodis dete po 40 god. So toa ti ja dal silata da se borish da si go izvedes deteto na pat. A drugite sto ke zborat zar e vazno? Zakonot VAZI ISTO za site. Toj sto ti kazuval neubavi zborovi ne e vreden za diskusija i e negov problem.Ti si srekna zena zatoa sto si majka.
     
    На VMP и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ако за едно не бива тоа е за солење памет и кажување како треба да се живее на сите други. Се освен за себе гледање.
    По светот на 50 раѓаат и никому ништо. Тоа си е личен избор и лично право. Гвен Стефани роди дете на 44, Хали Бери на 41, Селма Хајек на 40, Ким Бесинџер на 41, Селин Дион близнаци на 42, Мерил Стрип на 42, Никол Кидман на 40, Мараја Кери на 42, Бри од Очајни домаќинки на 44 и уште илјадници....
    Ама тие ПОЗНАТИ се и ботокси имат и пластични операции и кај нив е океј, ама кај нормални жени од градот нееееее никако.

    Не дозволувај да те повредат пакосните усти на простите ни сограѓани. Што и да си, што и да правиш некој за нешто ќе ти најде мана. Браво за тебе и со среќа!
     
    На Mr. Right, Tanjamm, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  7. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Од прееска се мислам да пишам не ми беше згодно на ваква тема да одговорам но неможам појако е од мене.
    Нека дојде нека каже цел форум дали ова е грев,и кој е тој човек да одреди што е грев а што не,ГОСПОД ќе одреди што е а што не.
    Госпоѓо ги имате скоро годините на мајка ми еве еден совет како од син искрен никогаш немој да подлегнувате на такви провокации.
    Зошто? Од нервоза и ред други работи за тоа што рекле кажале се добиваат секакви болести а душманите тоа го сакаат,имав многу блиска особа која после многу долги години доби дете на околу 40тина години жената од вакви не човечни муабети по неколку години се разболе пиеше секакви лекарства и на крајот знаете што се случи почина за жал,живеј те си го животот како што ви одговара на вас,оставете другите што кажуваат тие луѓе намаат свој живот го живеат животот на другите,ви го кажувам ова од добра намера за последиците што може да се случат недај боже,кога некој ќе рече лошо вие во лице дадете му слатка насмевка верувајте тоа нејвеќе ги боли таквите нелуѓе.Сами ако не се грижи ме за себе и фамилијата кој друг само да ви кажам дека еден ден ќе платат имајте го тоа во предвид секој ќе си го добие заслуженото.Ви посакувам среќа во животот без такви неиживеани луѓе пријатно
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Битно е да дадете со од себе во родителската улога и да биде родители на место :!:, а останатото е нешто на кое не треба да обраќате внимание :)
    :d::drunk:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Единствено лошо нешто во станување родител по четириесеттите е неможноста да се помине подолго време со децата. Да дочекаш да го жениш, внучиња, правнучиња. Како што дојде време да животниот век е пократок тоа стана реткост. Друга енергија имаме кога сме помлади и полесно поминуваме низ некои периоди во родителството, но подобро покасно родител отколку никогаш.
     
    На mal.ecka, Rabbit и mira.mira им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Драга, познавам мајки кои родиле по 40-тата, која инвитро, која имала среќа па природно родила и верувај делуваат поенергично од многу помлади мајки. Човеков немал попаментна работа, би револтиран што не можел да си оствари некое право, па демек ти си му крива. Не дозволувај тој да ти го уништи денот, такви има многу. Нему у Месечината на небото му е крива за неговите проблеми. Главата горе, гордеј се со себе и детето и не се давај!
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    https://www.crnobelo.com/novosti/do...na-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete

    Поттикната од оваа статија ја отворив темава, ако е слична на некоја веќе постоечка тема или не е отворена во соодветна категорија, нека биде избришана/преместена.

    Не е само овој случај за којшто сум читала.
    Пред некое време во соседна Србија жена на 60 и маж на 68 години добиваат дете.
    Жена на 65 години во Москва родила четворка.

    Под самите статии кога читав наидов на мешани мислења во врска со темава од разни причини.
    Некои честитаа за храброста и истрајноста на мајката да помине низ вештачко оплодување и да роди дете, други сметаа дека тоа е ризик поради нејзините години, дека ќе нема кој да се грижи за детето понатаму и дека воопшто не е исто да си родител на 30 и 50 години (немање трпение, физичка спремност итн.)

    Кое е вашето мислење на оваа тема?

    Дали сметате дека нема ништо лошо ни зачудувачко во тоа да се добијат деца на постара возраст?

    Дали тоа би имало негативни последици врз детето, поточно кажано, дали ќе има кој да се грижи за него додека расте, бидејќи родителите се веќе во поодминати години, а ова носи ризици по нивното здравје?

    Дали детето би морало да ја преземе улогата на родител/негувател кога ќе потпорасне или ова не е никако поврзано со годините на родителот?

    Модератор: Споена дупла тема
     
    На elimkd, Snowflake97, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Уфф.. тешка тема :D

    Поделени ми са мислењата. Од една страна е убоо на секој да му се оствари желбата да стане родител од друга... ризикот што следи.

    За чудно нема што да е чудно, секој има право на свој избор.

    Негативни последици би имало во зависност од средината во која ќе расте.
    Може кога детето ќе тргне на училиште да биде исмевано заради тоа шо има постари родители и со тоа да дојде до срам од родителите.
    Лошо би било доколку родителот не може да му обезбеди иднина на детето, доколку се случи најлошото (неможност да се грижи за детето или да почине). Ама доколку родителот е спремен за иднината на детето, има можност да му обезбеди уште пред да се роди... тогаш не гледам причина зошто да не се роди на 50+.

    Дали детето би морало да ја преземе улогата на родител/негувател кога ќе потпорасне или ова не е никако поврзано со годините на родителот?
    Не! И не треба! Без разлика на годините, не треба да се раѓаат деца само за да има кој да не гледа кој ќе остареме! Тоа е себично според мене.
     
    На VDT2906, spacegirl92, mariz и 11 други им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Навистина тешка тема. На некои жени навистина им е животна желба да се остварат како родител, и разбирам зошто би се обидувале дури и на постара возраст. Меѓутоа мислам дека можеби повеќе треба да се отворат и кон можностите како посвојување.

    Од една страна верувам дека на секоја жена која сакала дете и е преголема радост да го роди па и на постара возраст, ама тоа дете бара нега, грижа, посветеност. Читам за жената на 65 години што родила деца кој ќе и ги чува? Искрено претпоставувам не би можела енергетски да се вложи исто како и бар 10 години помлада жена. Што ако не дај боже таа жена умре додека децата се уште мали? И децата на некој начин трауми ќе доживуваат, што ако и таткото е постар, и да ги изгубат двајцата родители во краток временски рок...

    Башка како што пишува Лоли погоре детето може да се срами од другите деца поради тоа што има постари родители, па да ги отфрла неговите.

    Но, на крајот од денот е сепак индивидуално. Дали е за осудување? Лично, би рекла не. Сепак секој си ги знае можностите и дали се спремни да исчуваат дете на постара возраст.
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На Lavender4, elimkd, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова се изолирани случаи и добро, убаво за нив, ама тоа е тоа, не би требало да стане пракса поради фактот што е некомпатибилно со нашиот биолошки часовник.
    Најпрво поради тоа што ризикот од генетски мутации и аномалии се зголемува како што старееме па идното потомство се изложува на ризик, самото забременување е потешко и тука веќе процесот станува чисто мачење, после ако веќе се роди дете мајката ја нема истата енергија, сила да се грижи за тоа дете како жена на 20-30 год, настапуваат тегоби и болести кои го отежнуваат функционирањето...како што кажав, убаво за тие неколку случаи, ја разбирам желбата за дете, ама толку, не можам да дадам поголема поддршка.
     
    На boo3, Hecate, Lavender4 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.924
    Мајка ми родила 2 деца со свои 25 год, ние сме без родители од наши 20/21. Мајка ми почина на 40, татко ми на 45. Двајцата од рак.
    Другарка загина во сообраќајка на 33, остави 6 месечно бебе.
    Така што немаат никаква врска годините кога сме добиле дете со тоа колку време ќе бидеме со децата.
     
    На smooch, Bozica1980, Mikha4 и 49 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.219
    Не би родила дете на тие години. Тоа се веќе луѓе кои влегуваат во трета доба. Да се 40, 41, 42, ок, да речеме тој човек ќе живее уште 20 години хипотетички, па ќе може да го израсне. Нема да го исправи на нозе на 20, ама барем ќе знае дете детето пораснало. На детето му требаш и на 30, и на 35. Децата растат, влегуваат во лоши бракови, па се разведуваат, и му требаш. Некои жени имаат преголема желба и сум чула муабет „ееехх, имам желба едно дете да родам, па ако треба утре нека умрам“. Морничав и според мене себичен муабет.

    Над 40 години е доцна, но ајде да речеме пак ми е до некаде ок, ако имаат желба, ама веќе штом се близу 50 години, тоа е премногу.
     
    На nevermet18, poenta, spacegirl92 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Некои родители ги раѓаат децата,а никогаш не им посветуваат време.Затоа се испаднуваат лигави(се извинувам за лошото изразување,без навреди)
    Возраста за раѓање дете воопшто не е важна,иако не е во ред да се роди дете на 60-65 години.Кога ќе имаат тие сила да издржат да го одгледуваат тоа дете,па потоа да го воспитаат?
    А не дај боже да почине родителот
     
    На nevermet18, mode-kristina и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.438
    Пол:
    Женски
    Па, ризик е, ама нивна желба е.
    Мислам дека не е за осудување.Тогаш животот им дал можност.
    За последиците врз детето зависи од физичката и финансиската спремност на родителите.
     
    На Cosmic Girl, LadyLollypop, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека не знајме кога ќе умриме или кога ќе изгубиме финансии за да планираме дете, туку земаме во која состојба сме моментално и гледаме во моментот ко ќе донесиме одлука да имаме дете работите да се поволни за дете. Се друго е „на неќење“, пример губење финансии или смрт. Непланирано. Дете во касни години ми е како свесно да носиме дете свесни дека условите не се најповолни. Од таму, лично јас, не би имала дете многу покасно во животот. Пошто неќам во период кога сакам да се спремам за друга фаза во животот, да се навраќам на некоја претходна. Ама то сум јас. Неќам дете ни прерано во животот, ни прекасно.

    Крај краева, секој можи да си роди кога сака. Во последно дискутираме за како дете гледано во општество ( проширено семејство, пријатели, со другите деца) наспроти дете растено од само родител или два - какви разлики има врз иднината на детето. И мислам дека и да е некој постар и реши да има дете и ако се плашиме дали нели, ќе е доволно долго жив за то дете - секогаш тука е аспектот на проширено семејство да преземи „обврската“. Проширено семејство не е замена за родители ама од друга страна, кои сме ние да речиме на некој не смеј да има дете ако има можност? Само лично јас, би размислила шо понатаму, покрај мојата желба. И се согласувам со еден коментар од погоре, едно е да е вака нешто како исклучок, а скроз друго би било ова да е редовна пракса.
     
    На Ketchup, sweet-cherry, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    За херој ја прогласив госпоѓата која е позната како стилист (да не спомнувам имиња) и по пат на вештачко оплодување стана мајка во 50тата година.
    Секој сака да се реализира како родител и медицината сега е отидена напред, па и за тие што родиле над 45 години не сум чула дека децата им имаат генетски пореметувања.

    А тоа - кој колку време ќе помине со децата, мислам дека ми е морбидно размислување бидејќи никој не знаеме уште колку ќе живееме.
    Зарем нема 30 годишни мајки кои ,,ги напуштаат,, децата прерано ?

    Раѓајте, одете на редовни прегледи препорачани од гинеколог и уживајте си во мајчинството, поинакво е на ,,стари,, години.

    И јас сум стара мајка:).Можеби почетокот ми беше шок да држам бебе во рака и да ми се створат 100 обврски кои не се поврзани со мои потреби:D, но верувајте дека сте си обезбедиле другарче за до крај на живот.
     
    На prashinka, mariz, Cka и 15 други им се допаѓа ова.