1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родови стереотипи – колку се сѐ уште присутни во општеството?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 20 август 2017.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква општа тема за ова прашање по кое знаат и во СДК да се развијат дискусии со различни мислења, па решив да отворам.
    Ме инспирираше еден страшно површен, да не речам и глупав твит, кој доста сликовито го отсликува стереотипот за машкоста.

    Е до толку е, ,,вистинскиот“ маж се замислува со пиво во рака и фудбал, да урла и пцуе, па и да знае да лупне по маса, дури и до некултура и дефиниција за сељак е подобро да стигне според некои отколку да се грижи повеќе за изгледот – тогаш веднаш значи дека ,,застранил“. Мора да следи спорт, да биде подготвен во секој момент и за војник, а чудно е ако се интересира за мода, уметност...
    И за жените важат слични стереотипни сфаќања, од нужниот чувствителен карактер, комплицираноста, па озборувањето, дури и до чудни погледи за девојки кои не користат шминка, штикли, не им е на прво место изгледот и модата и не обожаваат шопинг.

    Што мислите, колку се сѐ уште распространети овие стереотипи и до кој степен? И дали следењето на истите според вас е одлика на површна личност?
     
    Последна измена: 20 август 2017
    На Briar Rose, coldbaby, Bender Rodriguez и 10 други им се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Во нашето општество и тоа како постојат родови стереотипи.За машките обично се сврзани оние од типот:
    Маж со престилка не личи...
    Што,не гледаш фудбал? Абе ти арен си во мозокот?
    Не те интересира девојчето,ти обратен си?
    Види го,се издепилирал.Ах,овој педерче е.
    Машко си,газда си (facepalm):puke:
    За жените мислам дека ги има многу повеќе... Неретко ми се случило и на своја кожа да осетам дел од овие малограѓански муабети...Цитирам:Ти девојче, не знаеш да готвиш? Ами кој ќе ти готви? |(
    Земи дома работи,утре "домаќинка" ќе бидеш.
    Зошто си олку нападно нашминкана?
    Види, Анастасија грам шминка не носи.На женско не личи. (facepalm)(facepalm)
    Леле на колкави штикли се качила,па не знае да оди...
    Електро не е факултет за женско...
    И безброј други,кои за жал пуштиле корен во луѓево.Жал ми е што морам да се соочам со ситуации каде ме убедувале дека не можам да направам нешто, бидејќи сум женско.Еднаш дури се најде еден "мачо мен" да кажува дека женските се послабиот пол :x...Само едно прашање: До кога вака? Очигледно, додека не се читаат книги и не се едуцираат луѓето (и млади и стари)...
    И сепак, најубаво е чувството кога си ослободен од оваа епидемија и си го живееш животот како што го сакаш.Се извинувам на долгиот пост.
    П.С. Да не беше трагично ќе беше смешно.
     
    На Joi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Имаше пред некое време оглас: се бараат машки инженери.
    И на твитер во дискусија една девојка ме искара: а девојчиња за работа кога се бараат, не ти пречи, а?

    Да, ми пречи.
    Бидејќи келнерка е девојче за работа, инженер треба да е машко. Не гледам по која логика ова би било фер.
     
    На Bender Rodriguez, 1209, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И се закопа темата како што секогаш се тешиме дека нема родова дискриминација, па криеме под килим дека не е така.
    Читав пред некое време една книга, дејството се случува по првата светска војна. Еден од ликовите ја има првата фабрика која вработува жени. Среќен е, жените сакаат да работат, а тој не мора да ги плаќа колку мажите (затоа што се жени, нели). Сто години подоцна ништо не е променето. Пак постои тој јаз, мажите земаат поголема плата од жените, жените потешко се вработуваат. Не само во Македонија :!: Секаде низ светот.
    За секаде низ светот не знам, ама за нашите мачо мажи знам, и можам со сигурност да кажам дека ретко кој од нив би се помирил со тоа дека жена му заработува повеќе од него. Во нивните очи жената се уште е предодредена само да раѓа и да чува деца. Каква е таа кариера на 25 години, а дете кога? :fubar:
    Ах, да, тука се и работодавците кои од далеку се пазат да не им отиде некоја на породилно. Уште да почнат бесплатни кондоми да делат и да присутствуваат на чинот за да се осигураат дека сте го искористиле кондомот.
    Најболно од се е што ние самите си се газиме една со друга. Сензационален наслов, мажот ја претепал жената, во коментари ЖЕНИ коментираат "така и треба на к*чката, може ќе и дојде паметот.". И на форумот се забележува истото, најдете некој шовенист кој само ја навредува секоја втора девојка, ќе видите дека на едни исти постојано им се допаѓаат таквите мислења. Дали сакаат да ги нарекуваат со погрдни зборови, или кога е кажано на друг не боли :?: не знам, ама мислам на таквите не би им пречело ни во лице да им речат.
     
    На Bender Rodriguez, Nausicaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Многу од моите врсници ги потценуваат жените и девојките. Во Македонија не се почитуваат жените но не знам како е во светот.
     
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Поради честата појава на оваа тема во Сакам да кажам..., решив да отворам посебна тема каде што ќе може пошироко да зборуваме за стереотипите.

    Прашањето кое нè мачи е:
    Дали феминизмот треба да го има ставот дека женските стереотипи се ужасни, не е фер сите ,,добри" особини да им се даваат по дифолт на мажите или дека женските стереотипи, т.е. особини не те прават помалку вредна личност.

    Јас делумно се согласувам со двете изјави. За да можеме да го разглобуваме ова, треба да разграничиме што се женски особини, а што женски стереотипи.
    Мислам дека не постои нешто што би било колективно точно за сите жени, односно мажи, па така и соодветно не постојат женски/машки особини.

    Работи како емоционалност/рационалност, озборување/мистериозност, емпатија/рамнодушност итн. се карактерни вредности кои во голем дел се наметнати од општествените улоги на жената и мажот. Што е најчудно од сè, и позитивните и негативните особини се прифатени од двете страни како веродостојни описи на половите.

    Тоа е она што не ми се допаѓа, генерализацијата. Бидувањето жена низ целата историја на човештвото е поистоветувано со слабост, а ако се појави неслаба (силна) жена, таа се смета како исклучок од ,,нормалното", како примерок кој не се зема предвид при целокупната статистика. Ист случај имаме и кај мажите кои не се однесуваат по шаблонот на ултра-мажествени типци, или како што некои би ги нарекле - феминизираните.

    Овде се јавува вториот дел од прашањето. Зошто мажите кои не покажуваат карактеристики кои стереотипно важат за мажи се сметаат за помалку вредни, а жените кои покажуваат карактеристики на мажи се сметаат за ѕверки и легенди?
    Одговорот е едноставен, општеството верува дека женските карактеристики укажуваат на слабост, умствена, емоционална и физичка.

    Затоа, би рекла дека кога феминизмот ги поддржува жените кои навидум се однесуваат како мажи, всушност ги поддржува жените кои ги рушат негативните стереотипи за жената. За жал, ова е многу погрешно сфатено, бидејќи често се случува некои да истакнат дека жените-феминистки се однесуваат како мажи, кога всушност, сè што прават е покажување сила и цврстина, особини кои стереотипно му припаѓаат на машкиот пол, а објективно секоја индивидуа може да ги поседува, независно од полот.

    ...

    Поентата е дека една личност не треба да добива особини со самото тоа што го има меѓу нозе, туку со нејзиното однесување.
    Ми падна болдот во очи. Апсолутно се согласувам дека има такви жени, но исто така има жени кои се исклучително независни и способни да се снајдат сами во животот. Исто како што има мажи кои се независни, а и мажи кои безделничат и живеат од џебот на родителите. Затоа, мислам дека се согласуваме дека овие карактеристики се сосема индивидуални. :)
    Па така, можеме да кажеме дека слабаци се оние кои ги поседуваат тие особини, но притоа задолжително мора да се напомене дека овде не спаѓаат сите жени и не спаѓаат само жените.

    Па да, како што кажав, менталитетот се пренесува со генерации и генерации. За среќа, веројатно моментално се наоѓаме во точката во историјата каде имаме најмногу свесност дека маж кој извршува женски обврски не треба да се смета за помагач, а жена која извршува машки обврски не треба се смета за краЉица.

    Кога сме кај обврските цврсто стојам на вториот дел од прашањето погоре, т.е. го поддржувам ставот дека никој кој извршува обврски како готвење, чистење, перење, грижа за деца итн. не треба да се смета помалку вреден или ,,немодерен". Сепак, да се напомене дека овие не спаѓаат во стереотипи, туку во генерални општествени очекувања. Тоа што некои ги сметаат луѓето, најчесто жените, кои готват и перат за немодерни, веројатно се истите кои ги поистоветуваат жените со слабост, а обврскиве се сметаат за женски (што од стереотипите повлекува дека се израз на слабост).

    Генерално, би рекла дека јас целам кон она секој да одговара сам за себе, без да добива позитивни или негативни особини врз база на групата на која припаѓа.
    Маж си, а не можеш да креваш тешки работи? Well that sucks, но твој проблем.
    Жена си и не можеш да креваш тешки работи? That also sucks, исто така твој проблем.
    Маж си и ти оди математика? Одлично. Браво за тебе.
    Жена си и ти оди математика? Исто така одлично, браво за тебе.

    ...без дополнителни величења и исмевања. :)

    Модератор: Споена дупла тема
     
    На Mrs.Styels, Црна Ружа, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Одлична тема @Lella доста дискутабилно.Конкретно за кај нас сметам дека треба уште многу да се работи.Често кај нас сме исти на хартија,а во реалноста и не е баш така.Многу пати сум се соочила со ситуации каде што "паметните" ја одредуваат мојата сила и мојата "женска слабост", всушност бесмислено е.Ако јас се чувствувам способна да стојам на свои нозе,да кревам тешко...или било што,не може никој да ме разубеди.
    И мажите не се поштедени од ова,иако кај нив ова е во помала мера.За нив класично се врзува поимот папучар.Па не сака секој да игра фудбал или да изигрува мачо-мен.
    Најмногу нешто што ме иритира...Ако мажот смени 5 девојки-фраер е,ако жената го направи истото-ку*ва е.За жал,младиве така размислуваат.Па,ако јас сакам ќе сменам и 10 партнери,и на никој не смее да му биде гајле.
    Во суштина треба уште многу да работиме на ова и да ги искорениме овие стереотипи од нашето општество.
     
    Последна измена: 18 ноември 2017
    На poenta, Someonespecial, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Праф маш ако треба ќе јаде стакло и нема да покаже емоции! Маш не е маш ако барем два пати нема загинато во ратот. Маш кој употребува афтершејв е теткица, се знае тоа.
    Шо е ова овие младиве, све за никаде, сите со по два џигери, не можат пола литро ракија од стоечки да мавнат, не виделе мака, не знаат како се калеше челикот, не знаат како се гради праф маш.

    А па жениве па и да не почињам...
     
    На Gosh, calliope, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    FLAWLESS-2007
    Storyline

    London, 1960. Laura Quinn is the lone female executive at London Diamond Corporation. She is frustrated as her talents are rarely acknowledged and her less-experienced male co-workers are promoted ahead of her..................
    Филмов многу ме потсетува на темава и фино е да се погледне за да се воочат тие драстични женско-машки стереотипи на професионално ниво. Сепак филмски се открива интересна приказна и уште поинтерезен завршеток.
    Јас сметам дека секој треба да е свесен кој му се маните,слабостите и цврстите страни,предностите и можностите и заканите во секоја област од животот независно од полот и дека треба да се однесува во согласност со околностите и со тенденција да се подобрува себе си а со тоа малку по малку и да ги менува околностите во општеството. Се додека се седи и кука а нема никакви дела нема ни резултати(било какви).
    А ако имаме слабост во нашиот mindset такви и карактеристики ќе препознаваме наоколу независно во мажи и жени. А ако имаме сила во нашиот mindset такви и карактеристики ќе препознаваме наоколу независно во мажи и жени. Инаку злоупотреби на ова поле на стереотипи има и ќе имало,но само тие со слабост во mindsetot ќе се повикуваат на нив и применуваат во пракса. А секој има слобода на избор независно маж или жена да бира во животот како ќе се развива и себенадградува и каде тоа ќе вложува дел од себе според кој ќе се проценува како ваков или таков.
     
    Последна измена: 18 ноември 2017
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Жената рамноправноста во денешно време си ја сфаќа како и одговара. Си бира сама во кои делови ќе е рамноправна со мажот а во кои не. Изморена била, угнетена, деца гледала (во пижами по цел ден пик а бу со мали деца и твинкл твинкл литл стар) дури мажот и по цел ден пример на работа во типични машки работи. Да го ставам ова во наводници или не? Рудници, платформи, копачи, градежни работници, машинисти... Ама, садови не миел, и кромид не сецкал. Ок, не се сите вака очигледно ама во спротивна улога колку пример ќе најдеш? Оти не рече -ок, кога ќе завршам со доење после година дена, нека седи сопругот уште година или две дома а јас ќе работам по цел ден (ќе возам такси пример). Жените имаат поволности само затоа што се жени и не гледам мажи да се бунтуваат заради тоа или уште побитно не гледам феминистки да ги истакнат овие поволности и да бараат да им се укинат.
    Се е ок, секој нека си го најде начинот на кој ќе функционира со партнерот, колеги, претпоставени и сл од спротивен пол без да се најде дискриминиран, ама за почит, еднаквост, рамноправност, секој си се бори, не само со спротивен пол туку и со својот. На тацна никој не ти дава затоа што си маж или жена која бара права кои некогаш не и следуваат дури не ги заслужи, нормално. Не зборам за земји каде жените вистина се угнетени и вистина немаат основни права, туку за нормални модерни општества во кои борбата за еднаквост од аздис е сведена на тоа кој колку пати оваа недела ја испразнил машината за садови, или дали на женски деца да им даваме камиони а на машки кукли за играње. Добро, нека се оди по сопствен избор, ама утре кога ќе отидеш првпат кај дечко ти кај него дома во соба и кога ќе видиш розеви ѕидови со стикери срциња, плишани мечиња, пуфкасти перничиња и перде со машнички, немој паника да те фати, оти во вода ќе пропадне цел муабет.
     
    На Lianna Anna и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    @Bridget Одлично опиша една од заблудите на луѓето за феминизмот.

    Преку глава ми е од она ако жените сакаат еднаквост зошто не одат да работат како рудари и таксисти #хехехе
    Кажете ми еден маж на кој сон му било да работи како таксист?
    Жените сакаат да работат исто како мажите, па ај да ги видам нека мешаат малтер. Не, само директорски позиции сакаат. #хехе
    Да, сакаат, секако дека сакаат... А кој не сака? Кој сака да меша малтер побогу?

    Поентата е што и да сакаат да работат тешки физички работи, тешко дека ќе ги примаат, бидејќи работодавците ги сметаат за неспособни.

    Во нормалните држави и таткото добива отсуство за новороденче, ама ние не сме нормална држава за жал. Туку, ова го кажуваш како седењето дома со дете да е уживанција, додека одењето на работа огромен терет. Не е така за сите, некому играње со детето цел ден му е релаксирачко, а некој го преферира одењето на работа во однос на тоа. Индивидуална е таа работа и нема што да се фаќа за гуша феминизмот дека демек бара еднаквост, а не се презема ништо кога жената ,,ужива" дома, а мажот меша малтер.

    Прво: феминизмот не е ниту жените треба да лежат, а мажите да работат за своите краљици, ниту пак сите жени кои седат дома со деца се затуцани и старомодни.

    Феминизмот, поточно еднаквоста, се залага за тоа и жената и мажот да имаат можност да го прават тоа што го сакаат: и седење дома и одење на работа.
    А како што знаеме, жената тешко дека има можност да се врати на работа веднаш по породување, дури и ако сака, и тешко дека мажот ќе успее да добие неколку месеци отсуство за бебето ако сака да поминува цели денови со него, и тешко дека жената ќе може да се вработи како таксист ако мора.

    Ова е многу лош стереотип и всушност срцевината на целиот проблем. Зошто паника да ме фати, да не е ,,обратен" како што викаат некои членки или ,,педер" како што викаш ти. Тоа го зборев во претходното мислење, женските се по пуфки и срценца и бебиња и кујни, а машките по камиони и пиштоли и рудници евентуално. |(
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Gosh, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кoј штo сaкa дa рaбoти не е темa вo муaбетoт oти не секoј рaбoти рaбoтa штo јa сaкa. Нo декa женaтa истo кaкo мaжoт нели не сaкa мaлтер дa мешa aмa некoј мoрa и тoa дa гo рaбoти пa велиш не и дaвa никoј oти женa е? Еве ти oд мене еднo хе хе oти и мене ми е преку глaвa дa слушaм вaкви oпрaвдувaњa. Не требa Херкул дa си зa мaлтер дa мешaш. Ниту пaк мaжoт се рoдил кaкo Херкул, вo тoa се слoжувaме. Пa?
    И не збoрев зa бoледувaње трудничкo, збoрaм штo мнoгу жени си гo прoдoлжувaaт кaкo неплaтен oдмoр или нaпуштaaт рaбoтa зa дa уште некoе време гo чувaaт дететo дoмa. Зoштo истoтo мaжoт дa не гo прaви?
    Нa некoи им лежи игрaње сo децa a нa други измaчувaње им е пa зaтoa сегa нa истo рaмниште ќе ги стaвaш сo прoфесиите пoгoре? Види, види, интереснo. Уште еднo беднo oпрaвдувaње.
    И зoштo женaтa не мoже дa се врaбoти кaкo тaксист?
    Зa пoследниoт дел, те прaшувaм дaли пaникa ќе те фaти, ти еве нештo искулирaнa ми глумиш декa сoсем нoрмaлнo ќе ти е. Зa женскo -дa. Ќе речеме декa е кул женскa aкo јa интересирa нештo пoвеќе oд типични женски рaбoти, aмa мaжoт не дoбивa ист третмaн. Ти мoжеш дa вртиш oчи кoлку сaкaш и дa се инспирирaш oд мислењa нa нет зa феминизaм и рaмнoпрaвнoст, кo дa првпaт сегa слушaме зa мaшки и женски стереoтипи, aмa пред дa зaвртиш oчи сврти се мaлку oкoлу себе, види дaли ти првo си спремнa дa прифaтиш тoтaлнa еднaквoст зa кaквa збoриш, a пoсле и другите. Пo мoе, пo изгoвoрите, не си.
    И не ми е мене прoблем рaмнoпрaвнoстa, еднaквoстa, рушење нa стереoтипи, aкo дoбрo ме прoчитaш ќе сфaтиш декa лицемериетo ми е прoблем. А вo вaквa темa, дo утре мoжaм примери дa пишaм зa негo.
     
    Последна измена: 18 ноември 2017
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Е ние се сложуваме, ама работодавецот кога би избирал дали маж или жена да меша малтер, погоди кој ќе избере. Збориш како да е лесно да се вработи жена за мешање малтер, ама тоа во некоја утопија, засега на интервјуа ќе одговараме на прашања дали во скоро време планираме да се мажиме. Во обични професии мажите имаат предност пред жените, а не пак кај стереотипно машки професии. Ама не бе, жените се криви оти сакаат да се излежуваат дома по цел ден, само оправдувања си наоѓаат да не мешаат малтер.

    А кој рече да не го прави мажот тоа? Ти кажав, нека го прави, далеку од тоа дека на феминистките им годи оној тато носи мама меси принцип. Ако некој маж посакува да даде оставка за да ги гледа децата, слободно.

    Па тоа зборам. Не добива затоа што машките работи се сметаат за кул, а женските за лигавења. Од мене секако дека ќе добие ист третман, и не е хипотетичка ситуација, знам такви машки кои се нарекувани педери од страна на луѓе како тебе, да речеме.

    Сфаќам, ти си имаш зацртано в глава дека мислењава ги вадам од позитив вајбз темата. :D
    За каква тотална еднаквост ти ми збориш? Еднаквост каде и жените работат во рудник, а и мажите гледаат деца дома? I'm all for it.
    Но не заборавај дека за да се постигне тоа, не треба да бараш од феминистките да сакаат да работат во рудник, туку од работодавците да примаат жени на работа.
    Исто е и за седењето дома со деца. Не треба да очекуваш од жените што сакаат дома да седат одат да работат во име на феминизмот.

    Голем проблем е кога општеството реалните пречки ги нарекува изговори. Демек еве сега одма ќе најдам стан во Центар за 100 евра кирија, ќе се вработам во рудник и ќе имам дете за кое нема се откажам од работа и ќе го балансирам рударството и домаќинството. :D А да, и ќе штедам за црни денови. Изговори бе...
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣, Gosh, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Никаде не реков педер, тука дека нема да го прифатиш нормално и ќе ти поминуваат прашања во глава, затоа што далеку сме од тоа да ни изгледа нормално, не сме дотаму дојдени. Освен некои како тебе де, малку понапредни од останатите.

    За последното, од каде го извади и зошто? За самохрани мајки збориме? Во тој случај тежина постои без разлика дали си маж или жена што се грижи за дете и што треба да работи, рудник ли е, салон за маникир ли е, кој за што може. Се смееш за рударството, смешно е? Многу. А за мажот не е смешно? Нека работи таа во рудник а мажот нека се грижи за детето. Што е смешното?
    Сите се криви што на жената не и дозволуваат да работи многу работи кои претежно мажите ги работат. А она една желба, ама ете...
    Стереотипи лесно се рушат ако народот е спремен да ги сруши. Гледаш напредок кај младите во делењето на домашните обрвски и обврски околу децата? Да. Зошто? Оти тоа е најлесно. За други работи ќе почекаме, жените да бидат спремни.
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Може, еве мене ме има возено женско таксист.
    Самата јас сум во професија која не е физички захтевна, ама се води како машка професија. Сум видела како е работодавецот да нема доверба во тебе затоа што си женско (за чудо некое, ова со странски работодавци го имам приметено, не кај домашни). Ми се случило директно да ми кажат: "Како може женско да се разбира од професијава?".
    Имаше една изјава на еден од најдобрите британски шахисти пред некоја година дека женските не биле способни за шах како што се машките. Истите тврдења стојат за било која умствена професија.
    Значи според машките, женските не ги бидува за физичка работа (иако знам жени што секој ден креваат по 200 кутии од 20 килограми, на пример), женските не ги бидува за возачи (иако постојат и жени таксисти, и жени возачи на автобуси и камиони), женските не ги бидува за умствени професии (иако постојатжени во сите тие професии), жените не ги бидува за професии кои бараат поголем ангажман (иако постојат жени кои постојано патуваат професионално). Женските актерки по дифолт се курви и неспособни.
    Значи, професии за женскиот род кои прифатени од општеството се: право, економија, медицина, уметност, јазици, просвета. Во секоја од овие професии може да има машки, тоа не е спорно, ама спорно е женско да може да размислува или да работи физичка работа.
    Епа не можеме сите правнички и економистки да бидеме.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    И јас реков дека може.
    И дека ќе бидат многу полесно прифатени ако има повеќе жени таксисти а не една да ја збориме ко да сме виделе еднорог. Како таа можела да се вработи а другите општеството не ги прифаќа? Има жени и автобуси што возат и ниви со трактори што ораат и на високи функции во множество од мажи...во исто општество. Како? Значи може ама...
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не, не се смеев за рударството. Се смеев на идејата дека сè се може ако се сака, и на веќе постоечките такви мислења (на пр. како во темата за осамостојување), па кон тие го додадов и сегашното: да сакаа жените да работат во рудник ќе најдеа начин.
    Не можат да работат во рудник, не бидејќи не сакаат, туку бидејќи работодавците не го дозволуваат тоа. И секако дека немаат желба. Кој има желба да работи во рудник?

    За разлика од тоа, имаат желба да работат како директорки, како што и мажите имаат желби да работат како директори. А сепак многу малку жени се директорки, за чудо, иако сакаат.

    Имало жени таксисти, имало жени што возат автобуси, камиони трактори... Да де, има секако, 1 меѓу 200 мажи. Ама тоа бидејќи мажите многу сакаат да возат трактор, а жените сакаат учитељици да бидат, не за друго.

    Не е смешно, нека работи еве. Нека проба да бара работа таа низ рудници, а мажот да даде оставка од неговата работа. Со среќа нека им е. Ама чекај, зошто им посакувам среќа, доволна им е желбата.
    Жените ќе бидат спремни да работат како таксисти, тогаш кога ќе можат да се вработат како таксисти.

    Феминизмот не е движење во полза на жените. Секоја жена што тврди дека ужива придобивки од еднаквоста не зборува за вистинска еднаквост.

    Аааа зошто жените не одат во војска ако се толку еднакви аа?
    Треба да се потсетиме кој ја направи војската машка in the first place, не мислите така? Apparently жените се криви што не им даваат да работат стереотипни машки професии и нив треба да ги обвиниме за нееднаквоста.
     
    На Gosh, Lianna Anna, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Реков еднаш дека никој не сака да работи во рудник ама има мажи што работат, значи кога се мора -се мора. Па ако се мора за мажи, нека се мора и за жени. Не сакале они, ахам, ок, јас па мислев од мали сон им е.
    Работите реков дека можат да се сменат, ама побитно е прво мажите да ги научиме манџа да прават, пелени да сменат, чорапите во корпа да ги оставаат и пегла да држат во рака отколку ние да научиме како се менува уље во кола.
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Точно е дека општеството ја има надминато агресивната опресија во развиените земји. Иако има сепак случаи како на пример во европски парламент што имаше политичар со изјава дека жените треба да земаат помала плата, па и пред некое време на фб се вртеше македонски оглас на кој за работа што дури е тотално gender neutral и не спаѓа под стереотипни професии - пишуваше дека машките имаат предност. Ама тоа веќе се денешни остатоци од дискриминација, а не обични стереотипи за кои зборуваме во темата.
    Да кажеш дека сè е надминато и секоја примедба е аздис, дека нема стереотипи на големо оти сега пола женски род не го палат како вештерки, е исто како да кажеш и дека постоењето на верски фанатици на големо низ светот е преувеличување зашто инквизицијата одамна поминала.

    Вистинските феминист(к)и, или ако ви пречи поимов подобро да се изразам идеалисти за еднаквост и против бесмисленост на стереотипите - од кој пол и да се, мислат и на иритантните стереотипи во врска со спротивниот.
    Eве и за мажите, не може да се одрече дека на секој чекор има луѓе кои сè уште исмеваат покажување чувства од страна на машкиот пол. Да, многу сфатливо е дека на мажите тоа не им одговара, и не треба да им одговара и да го прифатат.
    Сосема нормално е дека не им одговара и на мажите со дијаметрално спротивни афинитети и интереси (за уметност, наука) да се очекува од нив да фрлат залудни месеци во војска која се идеализира и се пека да се врати како задолжителна, или уште полошо - во први редови дека им е должност во секој момент да се подготвени во хипотетичка војна да земат пушка по дифолт оти се машки.

    Во врска со нетипичните професии за жени, летоска имаше тема Автомеханичарка, во која на некои помислата на жена во таа професија прво ги асоцираше на сексуализираната слика за истите во порничите.
    Јас еве во автобусот на линијата на која се возам, најмалку еднаш во неделата на смена гледам женски возач.
    Не се многу, точно е. Но пак ќе речам, поентата на борците против родови стереотипи е, како прво - подеднакво и разумно да се делат улогите во домашните работи, и како второ - секој според своите предиспозиции и интереси да избере професија, без да биде дискриминиран или исмејуван како педер/машкуданка бидејќи е нетипична за полот.
     
    На Gosh, Lianna Anna, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    @Bridget Зошто мислиш дека некој од нас не сака и жените да мораат да работат во рудник и да мешаат малтер?

    Нека има еднаквост, да, ама не можеш да ги обвиниш жените што не можат да најдат работа кај професија што е прогласена за машка со векови наназад. Каде е логиката?
    Кај била еднаквоста ако мажите ги работеле тешките физички работи, а жените лесните? Е не знам еве, вие кажете, тие што уште од почеток им ја одзедоа можноста на жените да работат машки професии.

    И ти се молам, ставовите на работодавците-сексисти не се искоренети воопшто, не се искоренуваат со по некоја жена-таксист тук-там.
    Ако се најдеш во финансиска криза, како полесно ќе се вработиш, како таксист или продавачка?

    Дали цело ова време ми се обраќаш мене, а зборуваш за некои квази-феминистки? Ова не е еднаквост, остро го осудувам.
     
    На Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.