Разгледував низ форумот, не наидов на посебна тема токму за овој проблем, туку посебни теми во кои се споменува овој проблем. Па не знам колку е соодветна креацијата на ваква тема. Секојдневно дознавам за сé поголем број луѓе кои се соочуваат со овој проблем, како и потешкотиите во неговото намалување/решавање. Бидејќи и така, на нашиот пазар, сме ограничени со продукти кои може да ги набавиме, а кои воедно се соодветни и помагаат во третирање на овој проблем, мислам дека од голема корист би било взаемно помагање. •Што користите вие, што ви помогнало (производи за нега на лице)? •Кои навики во секојдневното живеење ги имате сменето, а сте забележале дека ја намалуваат розацеата? •Дали имате забележано дека некои продукти за исхрана ви ја влошуваат вашата состојба?