Рок на храна и начин на складирање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од pdb123, 17 април 2022.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Не е тајна дека кога се работи за храна, најмногу што знам е да ја консумирам :D. Имајќи предвид дека живеам сама, неретко се случува да купам овошје/зеленчук и да не успеам да го изедам целосно или навремено затоа што сум купила вишок количина што не можам да ја изедам за толку кратко време или останало назад во фрижидер, па кога сум се сетила по неколку дена, веќе се расипало/омекнало/исушило.

    Оттука се јави и инспирацијата за темата, каде би можеле да се дискутираат следниве работи, за сите типови на храна (овошје, зеленчук, јаткасти плодови, мешункасти плодови, зачини, млечни производи, пијалоци - сокови и алкохол, пецива, било кои производи од продавница - без разлика дали општо за типот на храна (пример, павлака) или за конкретниот производ (пример, Битолска павлака)):

    1. Колку време ви траат? Ова нели зависи и од почетната состојба на храната (колку е зелена, мека итн), но еве да речеме кога се наоѓаат во „таман“ состојба за консумирање.

    2. Како продолжение на претходното: дали ги купувате кога се целосно созреани или можеби ги земате позелени и чекате да созреат? Ако чекате да созреат, каде ги чувате - на собна температура, во фрижидер, на некое посебно место и во посебни услови (можеби на светлина?)?

    3.Каде и како го складирате, особено кога сакате да трае подолго - на отворено (собна температура), во фрижидер?

    4. Дали ги чувате на посебен начин со што би траеле подолго - во вода, во целосно затворен сад, во најлонче, ги ставате „голи“ во фрижидер или надвор?

    5. Ако пресечете дел од овошјето/зеленчукот, како го складирате остатокот, а да не се расипе, и колку време би „издржало“ така?

    6. Што се однесува до производи од продавница, дали строго го почитувате рокот на траење (и пред и по отворање)? Ако не, колку долго после рокот го користите тој тип на храна?

    7. Кои типови на храна траат подолго од наведениот рок? На пример, знам дека медот може да се јаде практично било кога доколку не кристализира, но кои се други типови на храна што исто имаат многу долг рок на траење?

    8. Кога нема видливи знаци „на оштетување“ и нема рок, како препознавате колку време може да го јадете? На пример, ќе купам јаткасти плодови и имајќи предвид дека не се од продавница, немам осет колку време се добри за јадење. Океј, може по 2 месеци нема да се најсвежи, ама дали тоа значи дека не би чинеле повеќе за јадење?

    Како што кажав, не знам многу информации за овие работи и кажувам отприлика што сум забележала, но секако би сакала да се подобрам во овој поглед и да научам нешто повеќе. Јас сите овошја и зеленчуци ги чувам во фрижидер (имам чувство како да би траеле подолго), во најлончето во кое сум ги купила од пазар (не сакам да го валкам фрижидерот и да си додавам уште нешто што треба често да го чистам, а немам посебни садови за складирање).

    Сум забележала дека јаболката траат најдолго (неколку седмици), а кивите најкратко (до една седмица). Исто релативно кратко ми траат зелените зеленчуци - се случува за 2-3 дена максимум да се исушат. Што се однесува до други производи, на повеќето млека или сокови пишува да се консумираат во рок од 3-5 дена по отворањето, но сум забележала дека и млекото не се расипува толку брзо по отворање. Се разбира, сфаќам дека некои микробиолошки промени не се чувствуваат на вкус, а се случуваат, но ете, затоа горе и го поставив шестото прашање.

    Друго, преѓе ми излезе видео на инстаграм каде се препорачува доматите да се чуваат на собна температура за да траат подолго, брокулата во сад со вода, зелените зеленчуци во затворен сад со крпче над нив за да апсорбираат влажност, јаготките немиени во затворен сад, компирите во ладно и суво место подалеку од кромидот итн.

    Слободно споделете финти и за друго што ќе ви текне ^_^.
     
    Последна измена: 17 април 2022
    На Cosmic Girl, winnie02, NoirSerpentine и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.716
    Пол:
    Женски
    Мислам дека неминовно е да се случи да се расипе храна понекогаш. Ама главен начин да не дојде до тоа е искрено планирањето.
    Се знае од прилика кој производ колку време може да трае (што од искуство, што од самиот рок на амбалажа). Према тоа кога купуваш, земаш поголема количина од работите што траат подолго, а помала количина од тоа што трае некој ден.
    Да не глумам експерт некој, ајде да пробам со прашањава. :D

    Па зависи од производот. Да речеме банани траат подолго, секако може да се јадат и ко ќе потемнат. Авокадо ако го земеш тврдо, трае повеќе додека омекне за јадење. Печурки свежи на пример, пократко траат и според амбалажата мислам.

    Според мене, подобро е да не се целосно созреани, за подолго да стојат. Ама обично се созреани (збориме за свежо овошје и зеленчук). Ако е нешто спакувано, секако гледаш рокот да е тазе. :D
    Иначе повеќето работи во фрижидер ги чуваме. Пошто знам дека домати сакаш, тие во фрижидер ставај ги. :D

    Ок, сфаќам дека истово е. Ама, најчесто во фрижидер. Надвор оставаш нешто што може да трае подолго, пример банани, а немаш место веќе во фрижидер.

    Во вода немам чувано ништо, а мислам дека не ни има некоја разлика во вода или онака да ги чуваш. Во затворен сад или најлонче, само ако е пресечено.

    Во сад, генерално. Пак зависи што е. Пример краставица земеш и пресечеш. Не ја ставам во ништо, само се суши местото кај што е пресечена. Ако ти смета, можеш само тоа место да го пресечеш и тргнеш после и е пак добра за јадење. Обично ако нешто пресечам, гледам за брзо да се изеде.

    Рокот од продавница ти е "best by", што значи до тој датум производителот ти гарантира дека производот е со одреден квалитет. Не значи дека ако е поминат рокот, треба одма да се фрли. Пример, кафе. Не дека не може да се пие, само може ќе е со некој друг, изветреан вкус. Чоколади со поминат рок не сакаш да знаеш колку имам изедено по грешка, па ништо не ми се случило. :D
    Значи рокот, не го почитувам строго. Или млеко од кога ќе се отвори. Не ни имам загледано колку за колку дена пишува да се испие. Едноставно го пиеш додека не осетиш дека е скиснато. Јас не пијам млеко, освен во кафе мала количина. Не ми скискува млекото кога го отварам, што значи сепак трае подолго.

    Медот секогаш можеш да го јадеш. Дури и да кристализира. Стави ја теглата во сад со топла вода да се подрастопи и пак може да го јадеш. Компири, ориз, тестенини се работи што траат долго.

    Како и со секоја храна, прво од миризбата, а потоа и од вкусот. :D
    Тешко дека ќе утнеш скисната или мувлосана храна. Ако мислиш кога ќе се бајати, можеш да ги јадеш пак, само некако преработи ги поради вкусот. :D


    Source: Am a human container/garbage can. :D
     
    На Kbr, gjoker4e, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Никогаш не пазарам обилно и обавезно си одам во маркет на 2-3 дена.
     
    На minne992, Kbr, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.524
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Јас исто пазарувам по малку, прво затоа што купувам за мене а делам фрижидер со други, но и така храната која ја внесувам е посвежа.

    Но некогаш кога не можам да изберам количински колку ми треба, тогаш делам и ставам во замрзнувач ако е зеленчук или месо.

    Тоа што не може да се замрзне гледам да го потрошам побрзо во различни варијанти.
     
    На Ketchup, Kbr и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Секогаш забележувам рок на траење а пазарувам скоро секој ден за еден до два дена максимум.
    Сама живеам и подобро се организирам кога немам многу храна во фрижидер, само за дента, барем знам свежо дека е.
     
    На Ketchup, Kbr и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. Гледам кога готвам да има за мене, за моето дете, за утредента (фрижидер) за двајцата и за некои следни 1-2 пати да замрзнам. Многу пати цели оброци терам само со вадење замрзнати ствари од замрзнувач, повеќето храни можат многу лесно да се замрзнат.

    Повеќето јадења зготвени можат да стојат во затворени садови околу 3 дена во фрижидер, под услов да се стават во фрижидер оладени макс 2 h после готвењето. Овошје и зеленчук обично купувам во мали количини, но отприлика еднаш неделно е ОК. На собна температура оставам тиква, компири, јаболки, круши, сливи, праски, кајсии, авокадо, банани, домати. Во фрижидер ставам портокали, лимони, краставици, зелка, цвекло, моркови, тиквици. Секогаш замрзнато купувам и директно готвам грашок, брокули, малини, јагоди, прокељ, боранија. Зеленчук најчесто купувам исечен и измиен готов во ќеси (заради немање време), но ако купам пр.обична марула/спанаќ ... ги држам некој ден во фрижидер убаво завиткани во ќесата во која сум ги купила, целосно суви, а идеално би ги измила што побрзо, па би ги ставила во salad spinner (од Jumbo) за да се исушат од водата колку што е можно, па потоа во стаклен сад можат да стојат слободно околу 3 дена. За вакво спремање, најлесно ми е со зелка, затоа што таа воопшто не ја мијам, само вадам многу надворешни слоеви, па повеќе денови после можам да ја јадам, штом ја исечам.

    Во фрижидерот и во шкафчињата во кујна имам оддели што каде најчесто ставам, се` си има свое место. И така само што ќе го отворам фрижидерот или шкафчињата, можам одма да приметам што фали, па така полесно да ми оди купувањето и не правам мн вишоци на кои би им истекле роковите. Храната во шкафчињата ја ставам во тегли и одозгора го пишувам рокот. Храна што ја чувам во шкафчиња во кујна: житарици, какао, кокос, мед, брашна, зачини, мешунки. Во фрижидер чувам конзерви (иако знам дека може на собна, но кај мене е прежешко, а и имам доволно место во фрижидер), јаткасти плодови (во тегли), урми, семиња, јајца, млечни производи, интегрален леб.
     
    На Kbr, gjoker4e, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Јас на пример купувам количина еднаш месечно пазарам, за двајца за мене и мм па се си има свој ред.
    Морковот, домат, краставица, ротквици, кромид, јаболка, портокал, мандарини (спанаќ, блитва, рокула и тн) прво убаво ги мијам, (без разлика дали се пакувани или не) со сода малку, а на марулите, спанаќ, блитва и тн ги оставам да отстојат во вода со сол па убаво ги премимав, ги оставам на кујнска крпа да се исушат убаво и ги складирам во фрижидер, во пластични кутии со капак. Јаболката и портокалите лимон зависи што е купено исто така ги чувам во фрижидер, а бананите ги чувам на темно место и на рачките им ставам алум фолија и така ми траат подолго, авокадото на собна температура го чувам со по некое јаболче и портокал во корпата од прилика 2-3 јаболчиња колку ќе изеддме за 1 или 2. Другите намирници ги чувам во остава, оцет, зејтин и тн.
    Дел во пластични кутии со капам складирам како на пример грав, ориз, макарони, житарици, лешник, бадем, и тн. Остатокот во фиоки во остава. Млекото по отврање обавезно иде у фрижидер и не дека го пиеме за 2 до 3 дена некогаш и повеќе време стои па ако приметиме дека е расипано во канта иде (што е реткост), се што купувам замрзнато ставам директно во замрзнувач а другите работи во фрижидер, супите во кујна, кафето да во тегла во кујна, а некогаш и бајато било па сме го пиеле, а некогаш ако купувам сезонско овопје (праски, цреши, вишни) ако ми останат ги чистам ги ставам во кеса со патенче и ги замрзнувам и имам да кафам цело време Од прилика тоа е тоа. Обично сум цепи длака за тоа па морам да си имам кутија посебна за се на која е напишано што има внатре
     
    На Ketchup, Ajronmen, Madrugada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Медот може да се јаде секогаш..буквално нема рок на траење..
    Грав, ориз и други житарици можат со години да стојат..

    Јас овошје и зеленчук мијам непосредно пред употребата, особено па ако купам јагоди.. Одма ќе скапат ако ги измијам.
    Компири, кромид, тикви, лук, суви пиперки чувам на суво, ладничко и темно место.
    Останатите работи во фрижидер ..

    Банани на пример купувам позелени, киви потврди.. Мразам благи киви а тие помеките најчесто се благи.. Поголема шанса имам да погодам кисели кога се тврди:D

    Баш прееска отворив павлака на која и изминал рокот на 10ти април:tmi: :D супер беше за јадење..кој знае каква хемија е:D


    Кога готвам, често готвам дупла доза и замрзнувам пола..
    Зависи со какви состојки е но некои јадења можат и по 3 месеци слободно да стојат..најчесто 1 месец..

    Јаткастите плодови слично како и мешункастите со тоа што зависи што се, ама можат да стојат и со години..
    Ако смени вкус и мирис тогаш не е за јадење.. освен мирис на устојано.. Најчесто оревите ми настрадуваат вака бидејќи порано мн јадев а сега ги сакам само кога се млади и им се лупи и лушпата од јатките:tmi: добри се за јадење и откако ќе замирисаат на стоени, ако ги потпечеш некоја минута:D
     
    На cresa-jagoda, Ajronmen, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Најдобро и најекономично е да си купуваш онолку колку што би изела. Подобро на 2 3 дена да одиш во маркет отколку да фрлаш в канта.
    Ние дома имаме замрзнувач полн овошје. Најчесто сезонско овошје стои па се блендира. Исто во замрзнувач можеш скоро се да чуваш, кај нас дури и манџи има замрзнато (fingers)
     
  10. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Женски
    1. Колку време ви траат? Ова нели зависи и од почетната состојба на храната (колку е зелена, мека итн), но еве да речеме кога се наоѓаат во „таман“ состојба за консумирање.
    Секоја храна е различна.Некоја трае подолго,некоја пократко.Ама зависи и од тоа каде е чувана и како е спакувана.
    2. Како продолжение на претходното: дали ги купувате кога се целосно созреани или можеби ги земате позелени и чекате да созреат? Ако чекате да созреат, каде ги чувате - на собна температура, во фрижидер, на некое посебно место и во посебни услови (можеби на светлина?)?
    Ако е некое овошје или зеленчук земам и од тие позелените(но зимам и од тие зрелите).За пакуваната храна го гледам рокот.
    3.Каде и како го складирате, особено кога сакате да трае подолго - на отворено (собна температура), во фрижидер?
    Најчесто ги ставам работите во фрижидер.Ама има некои овошја што ги чувам и на собна температура.
    4. Дали ги чувате на посебен начин со што би траеле подолго - во вода, во целосно затворен сад, во најлонче, ги ставате „голи“ во фрижидер или надвор?
    Во вода не сум чувала ништо.Месото го ставам во најлонче па во фрижидер(ако пред тоа не е запакувано).
    5. Ако пресечете дел од овошјето/зеленчукот, како го складирате остатокот, а да не се расипе, и колку време би „издржало“ така?
    Гледам за побрзо време да се изеде.Јаболката ако ја оставам пресечена повеќе од 5-10 минути ќе почне да се суши.
    6. Што се однесува до производи од продавница, дали строго го почитувате рокот на траење (и пред и по отворање)? Ако не, колку долго после рокот го користите тој тип на храна?
    Не го почитувам строго рокот.Има производи кои што сум ги користела и со поминат рок,ама ништо не е. Се зависи до производот.На пример не го пијам млекото со поминат рок.Исто и со благите производи.
    7. Кои типови на храна траат подолго од наведениот рок? На пример, знам дека медот може да се јаде практично било кога доколку не кристализира, но кои се други типови на храна што исто имаат многу долг рок на траење?
    Лебот,тој има рок на употреба,но може да се јаде и подолго време.Исто и со рибата.Ако се чува замрзната може да се јаде 6 до 9 месеци.
    8. Кога нема видливи знаци „на оштетување“ и нема рок, како препознавате колку време може да го јадете? На пример, ќе купам јаткасти плодови и имајќи предвид дека не се од продавница, немам осет колку време се добри за јадење. Океј, може по 2 месеци нема да се најсвежи, ама дали тоа значи дека не би чинеле повеќе за јадење?
    Ако е за некоја друга храна(освен јаткастите плодови) можеш да осетиш според мирисот или вкусот. Ако помирисаш дека храната има подруг мирис од како што вообичаено треба да има,тогаш не е во ред да се јаде. Ама кај секоја храна е различно.:)
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.045
    Пол:
    Машки
    Генерално стварите ми стојат во фрижидер.

    Банани, јаболка, портокали мандарини и други такви овошја ми стојат надвор на собна температура.
    Не ми се расипуваат брзо.
    Иам приметено дека ако ги мава сонце побрзо се сушат или дехидрират, онака, може да се јадат ама не се свежи и сочни.
    Повеќето работи ги купувам позелени, пошто поубав ми е вкусот кога се покисели или текстурата кога се потврди. Овде спаѓаат банани, јаболка, киви, портокал, цитрон и тн.

    Во фрижидер во најлончиња чувам само суви работи. Мислам дека влагата што се создава во најлончињата ако во нив има овошје и зеленчук ги расипува побрзо од обично. Скапуваат.
    Марула откога ќе измијам ми стои ден/два во фрижидер во отворен сад, влажна.
    Некои велат дека со крпи посвежа е. Неам приметено огромна разлика со оглед на тоа што марула ми стои само денес и утре, нема време да омекне. Краставиците и доматите додуша ги чувам во ќеси во фрижидер и ги мијам по потреба.
    Месото замрзнато во ќеси.
    Во зависност од тоа како сакам текстурата да ми е, некогаш путер чувам во фрижидер а некогаш надвор.
    Ми се нема до сега расипано путер надвор од фрижидер.
    Млечни и месни производи после рокот ми е малку шубе да ги конзумирам. Не зборам за ден/два после рокот, туку не знам, 10 дена на пример.
    Кај чоколадо нема врска рокот, и генерално се што содржи поголема количина шеќери?! Нели шеќерот е како конзерванс нешто? Бар така знам...
    Јаткасти плодови, житарки, семиња, мед, путер од кикирики и слично, немаат рок на траење според мене. Може да се јадат и после неколку години.
    Лебот ако е засуштен или омекнат зависи, го печам во тостер. Преретко ми мувлосува леб. Особено па Тонус ако е.
    Исто така, сувото овошје има рокови на траење повеќе од 10 години. Конзервирано овошје исто така.
    Конзервиран зеленчук стои, ама од отварањето сум приметил дека не стои повеќе од 2-3 дена и почнува да се расипува.

    Некои работи ако сфатам дека нема да ги дојдам и дека ќе се расипат ги сечкам и ги замрзнувам. Па после смислувам како ќе ги искористам.
     
    На Madrugada, cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Кога живеев сама многу често ми се случуваше да ми се расипе зеленчукот, овошјето и некогаш млечните продукти. Затоа, кога нешто ќе ми се расипеше (и морав да фрлам), си забранував да го купувам тоа нешто наредни 10-14 дена. И потоа кога ќе го купев многу бев желна за тој продукт и побрзо го јадев, ама и свесно планирав да го јадам пред да се поквари.
    На овој начин се „казнував“ себе и си дадов до знаење дека ако нешто не ценам нема да го имам. :D Само сакав да споделам како тактика.
     
    На LiliBoz и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  13. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Што да правиме ние што имаме огромни залихи на масло а тек после ни светна во главите дека има рок само до декември 2022 а количина за до 23/24 :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Порано имав проблем со тоа, сега најдов начин што за мене функционира и се водам по тоа.
    Порано си го правев планот во глава, сега запишувам.
    Пазарам еднаш неделно, и пред да одам во продавница дома си правам едно мени за цела недела што ќе готвам.
    Според тоа одам и купувам се што ми треба, така имам за цела недела свежа храна и одамна не се десило да фрлам нешто. Се разбира има и исклучоци некогаш.

    Пресечени овошје и зеленчук чувам во фрижидер во зип ќеси, така ми остануваат најсвежи.
    Храна ако остане до наредниот ден се чува во пластични садови, често знам да зготвам дупло па едниот дел да го замрзнам.

    Останати работи што траат повеќе време и што не се купуваат толку често ми стојат на две полици и еднаш во 2 месеци сигурно ја прередувсм па така гледам на која и се ближи рокот да ја искористам за нешто.

    Јас немам некој проблем и не ми е многу страв да јадам нешто со рок изминат неколку дена, фала богу до сега немам осетено мака од нешто. Мм нема шанси да изеде нешто што е и само еден ден поминат рокот, често знам и да му подметнам нешто скришно :D
    Некаде имам прочитано дека обично сите производи имаат до една недела плус рок на траење од датумот што го пишува на пакувањето.
    Не знам колку е точно, ама мене некогаш ми одговара да верувам во ова :D
     
    На Dust, mal.ecka и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.921
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го имам времето да пазарам почесто, но најчесто завршувам еднаш на две недели во маркет со намирници кои траат повеќе време и така се лишувам од многу здрави работи како овошје и зеленчук. Во принцип се земам дупла доза и големи пакувања. Ќе го кажам ова колку и да звучи глупаво, некогаш ми пречи што нема уште поголеми пакувања од шампони, пасти за заби, макарони, зејтин итн. Наместо да купувам по две шишиња да има некое џамбо пакување и моето одење до маркет да го намалам уште толку. :D

    Не најдов начин да се организирам во сооднос со работата и обврските. Готвењето ми е убавина кога сум слободна, но голем терет кога имам состаноци и незавршени работи.

    Разгледував од опциите за достава на намирници до дома, ја користам темава да прашам дали некој има позитивно искуство? Во пандемијата стана актуелно меѓутоа цените беа со голема разлика или доставата чинеше екстра мислам дека затоа не пробав.

    Ме интересира и за кесите, пластиките за складирање во фрижидер, кои и од каде ви се најпрактични?
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Да го донирате...
    За што ли ви се залихи за до 2024...
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Дечки правев денес печурки шампињони датумот беше до 20ти а денес е 18ти. Печурките не беа скроз бели како потемнети беа малце. Сепак ги исецкав и ги ставив во сосот што го припремав. Сега ми е шубе. Кога не се јадат шампињони ?
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Кога ќе фатат од горе како мувла (како плиш) од влага, или кога ќе бидат засушени, а внатре скроз поцрнети
    Рокот мање више битно, печурки на изглед се гледаат.
     
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Може ли да добијам сега труење ако ги јадам ? Не беа бели беа баш како со влага и внатре малце потемнати.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    јас верувам дека не биле расипани пошто нема шанси да утнеш, не мора да си познавач за да процениш лоша печурка :D не се секирај.