1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Роса и Накие, скопските Роза Луксембург и Клара Цеткин

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Hkikica, 8 септември 2012.

  1. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677

    Роса и Накие, скопските Роза Луксембург и Клара Цеткин


    "Јунак Роса” или „Дели Роса” како што ја нарекувле Турците, живеела повеќе од еден век. Последните генерации ја паметат како енергична сува старица која во својот говор била луцидна, духовита и брза. Секогаш облечена во бела машка кошула, црвена врат


    На почетокот на изминатиот век, во конзервативното и заостанато Скопје, две жени ќе го понесат големиот товар: да бидат лидери на новите европски струења, да се борат за жените и нивните еднакви права. Мисија, речиси невозможна за тоа време.
    Не дели цел еден век од тие настани, а сепак, како да не се изменило ништо. Денес сме сведоци на нови барања за враќање на превезот, но и нови дискусии за полова еднаквост. Немилите пак и крвави случувања на Балканот не не одминаа ниту нас, не го одминаа Скопје. Луѓето почнаа да се плашат и да не си веруваат. Постепено градот се подели на јужен и северен, на православен и муслимански. На македонски и албански. Водејќи се од пионерската мисија на Плавева и Бајрам, младата уметничка Христина Иваноска направи свој проект наречен "Именувањето нам мостот:Роза Плавева о Накие Бајрам". Основната идеја и е да го поотикне повторното зближување на двете најголеми етнички заеници во Скопје, но и предупредување за новите ретроградни социјални случувања, особено кај муслиманските жени.

    Кои биле Роса и Накие?

    Роса Плавева била напредна активистка, солцијалистка. Во нејзината куќа постојано се случувале собири на кои се активирало прашањето за симнување на фереџето кај муслиманските жени и нивно одбулувањето. На еден од собирите присуствува и Турчинката Накие Бајрам, жената на Ферит учителот. Овој настан се случува речиси во исто време со одржувањето на Првата меѓународна конференција на социјалистките во 1907 во Штутгард. Кои биле Роса и Накие?
    „Јунак Роса” или „Дели Роса” како што ја нарекувле Турците, живеела повеќе од еден век. Последните генерации ја паметат како енергична сува старица која во својот говор била луцидна, духовита и брза. Секогаш облечена во бела машка кошула, црвена вратоврска и темносин костим, со Илинденска споменица на реверот, таа била постојано во движење и љубопитна за нови сознанија.
    На собирот во нејзината куќа биле присутни околу 50 жени на офицери во османлиската војска. Тие се подготвувале, на денот на отпочнувањето на Младотурската револуција, јавно да излезат и да бараат право на одбулување на мулсиманската жена. За таа прилика подготвиле и знамиња со слоганот: "Доста веќе црнила на очите, треба да живееме како и сите други жени на светот". За жал градските власти, дознаваат за собирот. Роса Плавева е уапсена и мачена. Јавното излегување на жените сепак се случува но без успех. Многу од жените кои се појавиле немале храброст целосно да се одбулат.
    Од разговорот со внукот на Накие Бајрам, Газанфер, уметничката Иваноска дознава дека таа потекнува од едуцирано семејство каде што женската страна се истакнува со решителност и храброст. Строга но правична, таа се обидувала да не ги повреди сите морални кодекси на однесување, оние запишани во Куранот и оние наметнати од средината.
    Накие Бајрам е вклучена во процесот на одбулување од 1947 година. Била вклучена и во аналфабетските курсеви за описменување на муслиманската жена.
    Во книгата на Вера Весковиќ - Вангели "Жената во вителот на антагонизмот на традицијата" објавена во 1999, Иваноска дознава дека законот за забрана носење зар и фереџе е донесен на 12 јануари 1951 година. Со овој закон требало да се забрза процесот на еманципација на муслиманската жена во социјалистичка Македонија. Според пишувањата на оваа историчарка, муслиманската популација овој закон го сфати како насилнички акт против семејниот и личниот интегритет на муслиманската жена. Таа тоа го доживува како фрустрација и се повлекува. Аналфабетските курсеви доживуваат фијаско, а зарот и фереџето се заменети со мантил и шамија.
    Уметничката Иваноска, на крајот на своето истражување дознала дека неисполнета желба на Роса Плавева била една аптека во Скопје да го носи нејзиното име. Причината за тоа е што во далечната 1920 година таа се залагала за отворање на бесплатна аптека и се изборила работниците два пати неделно да добиваат бесплатен преглед, во што и успеала.
    Во текот на својот живот Плавева имала можност да се запознае и соработува со едни од најзначајните личности на ХХ век, Роза Луксембург и Мустафа Кемал Ататурк.
    Меѓу останатите социјалисти Роса Плавева била нарекувана и Роза Луксембург ИИ. Во 1919 година, водачот на Независната социјалистичка партија на Германија заедно со нејзиниот соработник, Карл Либкнехт, се заробени, мачени и убиени во затвор во Германија. Луксембург, во едно од нејзините последни писма напишано на руски јазик, лично и го дава ова име на Плавева. Според нејзините сеќавања, контактот со Роза Луксембург е воспоставен после 1917 година. Кога таа заедно со нејзиниот соработник е уапсена од тогашните германски власти, Роса Плавева заедно со нејзиниот сопруг, социјалистот Илија Плавев, почнуваат да собираат и испраќаат потписи за нејзиното ослободување.
    Роса, која одлично зборувала Турски, во почетокот на ХХ век, два месеца го криеле во својата куќа во Скопје основачот на Турската Република и нејзиниот прв претседател, Мустафа Кемал Ататурк. Оваа случка од својот живот Ататурк ја запишал и во својот личен дневник.


    ***

    Именување на мостот: "Роса Плавева и Накие Бајрам"- проект на Христина Иваноска

    На 13 јуни во Фондацијата за уметноста на жените во Лондон македонската уметница Христина Иваноска премиерно го претстави својот најнов самостоен проект "Именување на мостот: Роса Плавева и Накие Бајрам". Проектот претставува комплексна видео инсталација составена од три ДВД проекции која е резултат на двегодишното уметничко истражување на Иваноска.
    Во својот проект Иваноска се фокусира на својот предлог упатен до градските власти ново изградениот мост кај Транспортниот центар во Скопје да биде именуван според имињата на две жени: Роса Плавева и Накие Бајрам,кои заедно учествувале во првите демонстрации против фереџето во Скопје на почетокот на минатиот век.
    Предлогот на Иваноска, доставен е во април 2005 година до Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти која функционира(ше)а во рамки на Град Скопје, требаше да го сврти вниманието на градските власти на тоа дека мостовите на овој град се нишката помеѓу двата брега. Именувањето на овој мост со имињата на овие сограѓанки, требаше да ја поттикне повторната комуникација на овие два дела на градот, не само физички туку и ментално.
    За жал, предлогот на Иваноска најверојатно ќе остане заборавен во архивот на градот. Од нејзините официјани и неофицијални средби со претставници на државните структури, таа дознава дека нејзиното барање е "премногу деликатно и може да предизвика вознемиреност помеѓу политичките партии". Втората причина зошто нејзиниот предлог не би бил прифатлив е што " ваков капитален објект не би може да биде именуван со имиња на жени".
    Со својата иницијатива и овој видео проект Христина Иваноска отвора многу деликатни прашања за испреплетеноста на родовата и културната различност, проблеми кои се заеднички за сите мултикултурни општества








    [​IMG]


    [​IMG]


    [​IMG]


    http://freedomfanclub.blogspot.com/2008/03/blog-post.html

    http://star.vest.com.mk/default.asp?id=119158&idg=6&idb=1801&rubrika=Revija
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    180
    Прв пат дознавам и доста интересно. Ама сепак мислам дека би било поадекватно да се постави во некоја тема за феминизам или слично ако постои. Вака не верувам дека ќе има многу одговори.
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Барав и не најдов ...па мислев дека најсоодветно е тука ...
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.991
    Допаѓања:
    154.187
    Овие жени се избориле за одредени права кои многу жени денес НЕ ги заслужуваат и не ни сакаат да ги заслужат.
    На темава освен историски факти и искажување на воодушевување и нема што да се проговори,а за сегашноста премногу.
    Некои нации никогаш и ја немаат потчинето улогата на жената во семејството,а со тоа и во општеството. Посредно или непосредно,тие жени ја креирале историјата и без да дадат извик.
    А денешните жени освен манипулаторки со здолништа, ретко и која направила нешто повеќе.
    Сакале вие или не шовинизмот и сексизмот го наметнуваат самите рибини мозочиња од жени. Така што ми е онака ХА-ХА-ХАААА кога ќе слушнам разговор од жена каде себе си се прокламира за силна и независна само затоа што завршила факултет и нашла некое работиче...
    Впрочем и за мажите немам да кажам нешто посебно, освен дека се двоглави суштествија каде им лежи основната слабост за развој,ама барем не се расфрлаат со моќта на меѓуножјето. Нивното е само гладно и жедно за лековерна женска похотност.

    И така. Дамиве и не ни направиле некоја голема услуга. Зад кулисите и лицемерието кое го налага модерното општество,не сме нешто многу понапред. И не лежи во мажот кој ја потценува женската моќ, ами во жената која се труди низ празни зборови и евтина надворешност да воспостави моќ каква што нема сила и да направи било каква промена,освен да се соблече здолништето и да се пренесе деловниот состанок од работната маса во постела.

    Историјата е само историја... И за Гоце Делчев велат дека не загинал така трагично,туку во постела со жена... Ама нели,историјата мора да е храбра и впечатлива.

    И до некои поубави времиња,можеме да слушаме глуп ар ен би каде се воспева женската независност, додека парадираат сексапилни жени.