1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ројксоп (Röyksopp)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Ducky, 19 август 2011.

  1. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Röyksopp се електронско дуо од Норвешка. Членовите, Svein Berge и Torbjørn Brundtland, се запознале како тинејџери во родниот град Трумса каде што електронската музика била масовно прифатена. Неколку години подоцна, младите Svein и Torbjørn повторно се сретнуваат и во 1998 година го формираат Röyksopp. Во текот на следните неколку години дуото експериментира со различни жанрови се до издавањето на нивниот деби албум Melody A.M. во 2001 година, со чија помош го заземаат своето место на електронската сцена. Во 2005 го издаваат вториот албум The Understanding. Веќе во 2009 година излегува албумот наречен Junior, кој иако ги содржи карактеристиките на Röyksopp сепак се издвојува од претходните два. Junior содржи елементи на електропоп, додека Melody A.M. и The Understanding се поамбиентални и downtempo. Веќе следната година го издаваат и нивниот четврти (и засега последен) албум Senior, кој како и што се очекуваше според името, е целосна спротивност на Junior т.е. Ројксоп повторно се вратија на амбиенталната електронска музика.
    За време на своето постоење, Röyksopp имаат примено многу добри критики и се номинирани за неколку престижни музички награди, како што се Греми наградите. Песните Eple и What Else Is There? се наоѓаат на листата од 500 најдобри песни на деценијата.

    Па еве неколку од нивните најпознати песни:

    • од Melody A.M.

    Eple
    http://www.youtube.com/watch?v=IkvXcvb7rkg

    Poor Leno
    http://www.youtube.com/watch?v=-9PktB-rfFA&ob=av3n

    • од The Understanding

    Only This Moment
    http://www.youtube.com/watch?v=ze9Oei__Vvg

    What Else Is There?
    http://www.youtube.com/watch?v=KLpkXtM-VI8

    (од другите албуми во следниот пост, бидејќи дозволува само 5 линкови)

    Се прашувам зашто никој досега нема отворено тема за Ројксоп. Се сомневам дека нема барем уште некоја членка на форумов што ги сака. Минатата година настапија на Exit и јас фино си ги пропуштив :( Ама ајде... Ќе дојдат пак :D
     
    На DzingrlakaDzikica, Shoe-Gal и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.780
    Како тоа овде има тема за Ројксоп, а јас не знам? :^)

    Ги обожавам! Речиси нема ден да ми помине без нивната музика од самиот момент кога дознав за нив односно откога им излезе првиот албум во 2001-та. Колку само го „излижав“ од слушање и преслушување.
    На чудесен начин студени и токму и покрај студенилото кое едноставно го чуствувате во нивната музика, пленат и ја греат душата. Не можам ни да опишам колку ме инспирираат.
    Особено за мене се резервирани за долгите, бессони ноќи затоа што се неверојатно атмосферични.

    Моите омилени и покрај тоа што комплетно ја љубам нивната дискографија? Poor Leno, What Else Is There и најмногу, ама најмногу од се ја обожавам Sparks (оваа на Спаркс морам да и ја посветам :lol: )

    Ако не ја знаете пуштете си го спотот, колку само и одговара на песната. И како - како да не ги сакате тивките ноќи?
     
    На Sparks и Ducky им се допаѓа ова.
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.501
  5. Insanity

    Insanity Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    59
  6. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Добро е!
    Не сум единствена што ужива во нивните преубави и уникатни мелодии :clap:

    Инаку, Keyboard Milk - една од песните што неодамна ја објавија на официјалната страна како Track of the Month.

    http://www.youtube.com/watch?v=dF8ojPeSo3s
     
    На Insanity му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.501
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    175
    Ducky ги обожавам Ројксоп! Има посебна хармонија во нивните песни и секогаш кога ги слушам летам со паметот :D Ги научив со Poor Leno и таа ми беше и ми е најголем фаворит нивен. Се разбира, Eple, Remind me, So easy, Beautiful day without you, Only this moment.....Тие највлијателните им се топ. Морам да им ја споменам соработката со Robyn, The girl and the robot. :) :D Сепак, најголем + за What else is there? Песнава ме обземува повеќе од било што :D А и типката на спотот ми е многу морничава и убава во исто време.. :inlove:
     
    На Ducky му/ѝ се допаѓа ова.