Russian Doll се појави на Нетфликс во 2019-та и таа година ми беше во топ 5 серии што ги гледав. Тотално откачена и ексцентрична серија, но едноставно знае да влезе под кожа поради главниот лик, Надја. Надја е млада Њујорчанка од триесет и некоја година и важи за голем циник, мрчало и што уште не. Сè си е супер, животот си тече и сè си е нормално, но на забавата по повод нејзиниот триесет и шести роденден ќе се случи нешто чудно - умира и повторно се враќа на истото место, во исто време, на истиот ден, на ужасната забава со премногу луѓе кои се собрани во нејзина чест. Истото ова се повторува во серија и Надја сфаќа дека заглавила некаде во некоја чудна временска дупка. Ќе се обиде да се извади, меѓутоа патот до излезот е исто толку чуден и необичен. Имаше најава за втора сезона уште пред три години, меѓутоа конечно пред неколку денови излезе трејлерот и премиерата за новата сезона ќе биде на 20-ти април годинава. Топла препорака за сите кои не ја гледале. Дајте ѝ шанса зашто навистина вреди, башка што кратки се епизодите, траат трисетина минутки и се гледа во еден здив. Се зачудив што сме немале тема, па еве, нека си стојат муабетите и дискусиите на едно место. Дали сте ја гледале серијата и кои се вашите впечатоци?