Темава ја отварам се со цел, да си помогнеме меѓусебно за се што знаеме во врска со Рускиот јазик. Исто така и за општа дискусија и пишување за многу работи во врска со јазикот. Ете јас набрзо ќе полагам Руски, дефинитивно ќе ми треба помош за одредени работи Дали некоја од вас знае Руски, и како ви оди, како ви се допаѓа како јазик?
Имам голема желба за руски јазик и вчера баш отворив на интернет азбуката, броевите.. е сега малку имам проблем со некои букви како што прочитав „твјорди знак“ или “мјахки знак“ итн... ајде и тоа не ми е толку проблем колку што ми е читањето и каде да ги употребам тие букви при пишување. Ако има некој што може да ми подобјасни, нека ми пише во лп.
https://www.facebook.com/events/1153528384669955/ Викаат дека е бесплатен курсот, јас веќе се пријавив па ќе видиме.
ОД пред некое време почнав да учам од странава http://www.russianlessons.net/ Не сум стигната многу напред (основни фрази учам), ама гледам дека не е многу тежок јазикот.Со труд, сè полека ќе се постигне. Плус, странава има и видео.Помага многу при изговорот. Само ми е криво оти нигде не наоѓам книга на руски Онлајн има, ама вака.. тешко. Ако некој знае кај има (за купување) нека сподели.
Не е тежок бидејќи и тој спаѓа во словенската група јазици како и македонски,плус и тие Кирилица користат Има во Скопје отворен Руски Центар, побарај на ФБ, имаат библиотека и позајмуваш книги се е бесплатно, сега има и бесплатен курс по руски од септември, погоре линкот што го ставив види.
Мене ме интересира да научам некој источно или западнословенски јазик, само се мислам кој да го изберам .
Премногу заинтересирани имало, немаше место, следната година ни рекоа на тие што закаснивме. Над 800 пријавени имало.
Zakasnivme?! Pa jas prviot den pustiv prijava i mi stigna samo mejlot deka sum zavedena kako zainteresirana.Po koi kriteriumi selektirale?! Jas gi prasav dali ima i za so pari, nebitno... epten neprofesionalni!
Имаше повеќе насоки, професионално, за пензионери, за средношколци и тн. Јас за средношколци се пријавив и рекоа дека веќе местата се зафатени, се извинија и рекоа следната година, јас дирекно таму бев.
Ццц, не сум ја видела темава, а пишав во друга да прашам дали некаде низ Скопје има курсеви за руски јазик и која цена се. А и за овој бесплатниов курс тука што го зборувате сега прв пат од вас дознавам, изгубена. Штом на тој се сите пополнети места, има ли некаде на друго место курсеви, макар и да се плаќаат, не мора бесплатно, или да си чекам догодина за истиов?
Барам и јас, не чекај, времето си поминува. Ако најдам некаде ќе ве известам тука. Инаку вие рускиот полесно ќе го разберете бидејќи Кирилица користите и има доста слични и исти зборови. Јас сум од Полска па потешко ми е, истовремено и македонски и англиски и руски учам. Ако мислиш да чекаш до другата година земи учи дома сама, преведувај зборчиња, гледај филмови, читај книги... јас така доста научив за 1 година.
Разбирам кога некој зборува тук таму.Знам бројки и некои основни зборчиња.Би сакала да можам да зборувам цели реченици ..колку толку бар.Ми се допаѓа како јазик..