1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на објектот Космос

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 2 август 2011.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    На улицата Индустриска во близина на универзитетот Фон рано изутринава кордон на полицијата спречи било какво движење кон станбено деловниот комплекс Космос кој го гради инвеститорот Фине од Скопје.Не беше пропуштен ниту сопственикот Фиат Цановски.Тој видно вознемирен и револтиран од настанатата ситуација бараше од полицијата објаснување зошто не му дозволуваат да го посети градилиштето.

    Велат дека владата е селективна во спроведувањето на законите.Од една страна се промовираат проекти за легализација на дивоградбите ,а од друга страна се уриваат објекти кои поседуваат комплетна документација.


    Верувам дека повеќето од вас и слушнавте за ова, па би сакала да слушнам ваши мислења во врска со овој случај :?:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Зарем има што да се каже? Многу ме интересира, како тоа Фијат Цановски имал да вложи толку пари во тој проект а притоа да прави грешки ко бајаги. Ова само кај нас го има.
     
    На v.bechkam, Masnoli01 и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  3. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Јас само ќе кажам дека овој нашиов ни премиер и Хитлер го заебал....
    И што мислам?! Еве што мислам...дека на сите еден ден ќе ни ги рушат домовите....само една погрешна мисла да ни проструи низ глава дека власта е за нигде.....ете што мислам. Ова се го ветија бре луѓе на митнзи, затворање на А1 на ФОН и тортура на неистомислениците....па ова е инвестиција бре работни места ќе с отвореа и после бараат странски инвестиции...како кога на нашите им ги рушат бизнисите.....еден со еден се испотепавме...што е ова што ни се случува? Свести се народе режим имаме....за метар и 40 сантиметри до темел му урнаа 30 000 000 евра.....знаете бре вие што прави овој паторов? А Фијат е барем чесен и поштен и бизнисмен е пред се уште пред да се родиме ние....срам да им е ни ги уриваат темелите на државата. Срамота! И го поставувам истото прашање на Оффи како на толку пари вложени да има грешки и да не плаќа? Приказни за мали деца! Ми е срам што живеам во оваа земја каде што власта си го уништува сопствениот народ!
     
    На livert, SunFlower94 и esperanca им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Цитирам:
    Градоначалникот на гази баба Трајковски акцијата ја правда со законски недоследности на инвеститорот Цановски - тврди дека целата градба е повисока за околу еден метар и четириесет сантиметри и дека Цановски не градел според основниот проект, за кој добил дозвола за градба.


    Велат дека 1 метар и 40 цм над дозволеното изградил плус, а ќе се руши до темел. Фијат вели ги платил комуналиите е сеа колку е точно не знам и не ми е гајле.
    Ама ако 1 спрат над дозволеното зашто до темел да се руши?
    Нели истото се случуваше со познатиот Кинески ѕид позади градски стадион и го срушија само она над дозволеното.
    Или дека Фијат е опозиција па затоа цел ќе се руши? :^)
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас чув дека и Фон ќе го затварале. Ова вистина е?
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не ми е јасно како изградил + 1м 40 см , кога зградата е изградена само 1/3. Каде надмашиле кога не се ни до пола стигнати????

    Ако сето ова е заради Велија, нека го конфискуваат неговиот дел од оваа инвестиција и чао џаци.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Вистина е Оффи! Се е вистина. Штом слушаша ека ќе ззатвараат објекти, луѓе, дека ќе рушат градби и дека ќе праат пакост....тоа е вистина....кога ќе слушнеш нешто спротивно дека отвориле фабрика, дека отвориле работни места дека изградиле некој економски профитабилен објект тогаш е лага.
    Се ова ветија во кампањата, се. Боже помогни ни нас граѓаните без разлика на која партија сме затоа што штетите од се ова ние ќе ги трпиме.....семето на зло што го посеа Груевски ние го жнееме..... само треба да престанеме со жнеење и да се свестиме...сите до еден.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Е нели владата спроведе едно евро метар квадратен земјиште. Па зар и Фиат сега дивоградбата неможе да си ја доплати? Да си ги среди документите? Ова големо ќе стане замислете си голем дел од тие станови се испродадени уште пред да се започне со градбата. Замислете си што следи!
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    А зашто да го затвораат Фон што има врска тоа со Космос, и тој да не е изграден нелегално божее , до кај ќе не однесе овој Грујо :devil: :devil: :devil:
     
  10. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    е како да не пфф...
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ова е само уште една политички монтирана намештаљка - ги затворија Љубе, Велија, А1 ја отераа у стечај и сега на Фијат Цановски му се свртеа...
    Фијат е бизнисмен и е полн со пари (сват на Велија плус)...Можеа барем поубедлива лага да смислат за тоа зашто го рушат Космос, а не да кажуваат дека Фијат одбил да плати комуналии... |( Зар комуналии се проблем за еден Фијат, кој има милиони?
    Само не му можат ништо на Фијат...Иако не ги подржувам приватните факултети, сепак да се затвори институција како Фон би било апсурдно и смешно, најмногу заради акредитацијата што ја има како високо образовна установа...Ова со Космос е жалосно - објектот е прекрасен и еден и единствен ваков објект со светски стандарди во Македонија...
    Уште еднаш се покажа дека гВујо и фамилијата не ги гледаат интересите на својот народ туку своте лични интереси, болни амбиции и лечењето на фрустрациите...


    Јас лично мислам дека Фијат ќе ја спаси и А1 ТВ...Има он моќ за тоа...
     
    На CoverGirl10, JuLleE, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  12. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Дефинитивно целта на Грујо не е да ја води државата напред, кон подобро, туку сите неистомисленици еден по еден да ги уништи :swear:
    Ова веќе станува се пострашно :tmi:
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Вистината е како шило почитувани ќе боде ќе врти ама ќе излезе на површина!
    Ова се на Грујо зборови и видете- за прв пат имал право и нешто точно кажал.
    Да премиере вистината е како шило и гледаме сите како полека излегува на површина....... веќе од Марс се гледаат Вашите намери, Вашите лаги и невистини....Вашите манипулации Вашето вистинско лице.
    Тоа е....шило е ќе врти ке боде ама ќе излезе....е па излегува Николче, биди спремен.
     
    На green.eyes и milky-candy им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Значи само кај нас може да се случат будалаштини од ваков вид. Демек метар и пол беше проблемот....абе аааајде приказни за мали деца. Грујо со тоа не може децата по дома да си ги излаже, па да проба кај другите дали ќе упали. Неандерталец!!!

    Искрено, почнувам да се плашам сериозно од понатамошните постапки на Фирерот. Се појасно станува дека целта му е да влезе во учебниците по историја како најголемиот диктатор на неговото време, во наводно најдемократската земја на Балканот.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Еве ви што, зошто и како мада знам дека не ве интересира и дека нема да се води дискусија за оваа тема туку пак ќе бидат голи препукувања со познати реченици и пароли што се среќаваат во апсолутно сите теми на политика и настани...
    Известување од Општина Гази Баба во врска со комплексот „Космос“

    Поради сериозни повреди на Законот за градење и констатирани неправилности и нелегални дејствија во текот на изградбата, а исто така и неотстранување на констатираните отстапувања и забелешките со кои што се дејствува спротивно на законите, а во склад со заложбите за борба против урбаната мафија и заштита на граѓаните од злоупотреби, Општина Гази Баба во согласност со законот и во рамки на предвидената законска процедура на ден 01.08.2011 година започна со отстранување на градбата станбено деловен комплекс “КОСМОС” чиј инвеститор е фирмата Фине Скопје ДОО.

    Овластениот градежен инспектор на Општина Гази Баба, врз основа на член 71, 72, 73, 74, 75 и 197 од Законот за општа управна постапка („Сл. Весник на РМ” бр. 38/05 год. и 110/08) и член 131 и 132 од Законот за градење (“Сл.весник на РМ” бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11 и 54/11) изврши увид на лице место на ден 30.05.2011 година и 31.05.2011 година во врска со изградбата на објект Станбено деловен комплекс КОСМОС” објект од втора (2-ра) категорија, кој се гради на ул. “Перо Наков” бр.94 во Скопје, на КП бр.1399/1, 1400/1, 1345/1, 1343, 1346/1, 1346/2, 1348/2 КО Гази Баба, општина Гази Баба. Извршена е контрола на изградбата и побаран е увид во потребната документација за изградба која изведувачот е должен да ја има на градилиште за објектот “Станбено деловен коплекс “КОСМОС”, при што беа констатирани серија на прекршувања на Законoт за градење кои ги наведуваме подолу:

    Во моментот на инспекцискиот надзор на градбата на објектот, ниту изведувачот, ниту инвеститорот не доставија заверен Основен проект по кој што се изведува градбата, односно спротивно на Законот за градење градбата се изведуваше без потребната документација на градилиштето, што претставува грубо кршење на Законот и на законската процедура.

    Исто така, во присуство на геодетска фирма, беше направено мерење на висините и котите и беше констатирано отстапување на фактичката состојба од проектираната која е во Основниот проект кој што е одобрен од Општина Гази Баба ,што исто така претставува грубо кршење на законите и законската процедура. Забележани се следните отстапувања:


    1. Отстапувања во однос на висината се следните:
    - Отстапување во однос на апсолутната висинска кота и тоа: проектираната улица е предвидена на кота +240,74 м, тротоарот на проектираната улица е на кота +240,89, додека проектираната кота на приземје е +242,09 односно на +1,20 м над котата на тротоарот, додека на лице место котата на приземје утврдена со Геодетско мерење е на кота +243,52. Од изнесеното се констатира дека целиот објект се изведува спротивно на основниот проект, односно повисоко за висинска разлика од 1,43 м.

    2. Отстапувања во однос на габаритот и димензиите и тоа:
    - На кота на приземје изведени се армирано бетонски плочи и армирано бетонски парапет околу целата плоча целосно и на просторот каде со основниот проект се предвидени рампи за приод на возила од улица до котата на приземје и преку пролази-подвозници до задниот двор за паркирање, со што се констатира дека објектот се изведува спротивно на Основниот проект.

    - На кота на приземје изведени се армирано бетонски плочи и армирано бетонски парапет околу целата плоча целосно и на просторот каде со основниот проект се предвидени скали за пристап од проектираниот тротоар на улицата до кота на приземје, со што повторно се прекршуваат законските норми и процедури.

    3. Конструктивни отстапувања се следните:
    - На кота на приземје, изведени се столбови, кои ги нема во основниот проект и тоа на двете крајни површини на габаритот на градбата, со што повторно е констатирано незаконска измена на конструкцијата на објектот во однос на проектираниот Основен проект.

    Поради тоа што беше констатирано сериозно прекршување на Законот за градење и законските процедури, противправно постапување, значителни отстапувања, како и дека целата градба се гради спротивно на Основниот проект и спротивно на Законот за градење, од страна на овластениот градежен инспектор се пристапи кон затварање на градилиштето и давање на рок до инвеститорот да ја корегира градбата согласно одобрените услови во Основниот проект.
    Бидејќи инвеститорот во предвидениот рок тоа не го стори на ден 01.08.2011 година градежната инспекција на Општина Гази Баба, во рамките на своите законски надлежности, пристапи кон административно спроведување на Решението, односно отстранување на градбата.
    Сето претходно споменато остава простор за сомнеж дека во трката за нелегален профит можело да постои корелација помеѓу инволвираните субјекти во изградбата.
    Во наредната фаза ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот за градење и Кривичниот Закон на Република Македонија против сите учесници во изградбата, меѓу кои и надзорот на објектот кој е задолжен навреме да информира за сите евентуали измени во текот на градбата.
    Општина Гази Баба потенцира дека нема да дозволи прекршување на законите во Република Македонија. Остро ќе се спротиставиме и навреме ќе реагираме против сите вакви незаконски и самоволни начини на градба и против сите прекршувања на Законот за градење. Против сите учесници во градењето ќе бидат преземени соодветни законски мерки се со цел да ставиме еднаш засекогаш крај на урбаната мафија. Наша обврска е да обезбедиме владеење на правото и почитување на Законот, како и заштита на граѓаните од злоупотреби. Нема да дозволиме манипулација на потенцијалните купувачи на становите или деловните простории, кои се доведуваат во опасност да бидат оштетени доколку купат станови или деловни простории кои се изградени спротивно на Законот, а со таквата манипулација од страна на субјектите би се предизвикале сериозни проблеми за граѓаните во поглед на владеењето или сопственоста на станот или деловниот простор во иднина.

    Со почит,

    Општина Гази Баба
    Одделение за односи со јавност
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Нe сум во тек баш со настаните Ама ова стварно Срамота е веке .....
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    И да има отстапувања се дава одреден рок изведувачот сам да ги поправи, па потоа следи рушење. Само мене не ми е јасно зошто ова сега се случува, каде беше инспекцијата досега да ја проверува изградбата, а не откако ќе се изгради пола зграда да ја рушат до темел...како и да е , се очекуваше и Фијат да е следен.
    Чудна работа ова како само од опозицијава прават грешки и затајуваат даноци...
     
    На esperanca и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Скорпионке, рефератов изгледа во штабот на вмро ти го пишуваа, пошто се подзадржа малце со репликата...
    Пастирот што не ги прочешла имотите на неговите блиски соработници малку и членовите на фамилијата? Или за нив не важат законските одредби, пошто они палат и гасат во државава...?
    Да ги прочешла фирмите, хотелите, компаниите на Мијалков, двете вили во Бардовци на Антонио Милошоски, на Михајло Маневски имотот и уште мнооооогу други?

    На Македонија и требаат ликови како Фијат (бизнисмени, инвеститори и сл..) за да ја раздвижат малку економијата и да се отворат слободни работни места, а не млади да седат дома, а да работат само полуписмени вмровски војници, партиски чобани и шиптари по рамковен...

    Све дур има вакви како тебе, кои немаат свој принцип во животот и свое јас, ситуацијата ваква ќе биде... :tmi:
     
    На CoverGirl10, JuLleE, SunFlower94 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    увертира на Д-деј , т.е. рушењето
    ситуација 1
    На локацијата КОСМОС кордон од полициско обезбедување
    акција - приведување на сите работници
    причина - проверка на нивниот работен статус
    исход - „ослободување“ на сите пријавени работници и „понатамошни активности“ со останатите работници
    дискутабилно??? ДА!
    полициско присуство при рутинска контрола на трудова инспекција?

    ситуација 2
    На локацијата КОСМОС кордон од полициско обезбедување
    акција - проверка на безбедносната лична опрема на вработените (шлемови, ракавици, чевли, одела)
    причина - законот налага да работниците носат безбедносна заштитна опрема
    исход - неопременост!
    дискутабилно??? ДА!
    инвеститорот е должен да обезбеди опрема, а работниците да ја носат! ако имаат опрема а не ја носат, кој е крив?

    Најдискутабилно?
    Нафуран морон поминува на светло црвено и бааам. Нетребало да викам полиција, требало европски записник да пополниме....вака сега ќе платиме што полицијата ( која е финансирана од мене, тебе, бато, тато) излегла на терен!

    Со кое право си дозволуваат да ангажираат толку полицајци и да ги трошат нашите пари, небаре во близина на мостот Близнаци слетале Марсовци
     
    На sinetta, green.eyes, Chocoholic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218





    МОЖЕШ ДА ЛАЖЕШ ОДРЕДЕНИ ЛУГЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ, МОЕШ ДА ГИ ЛАЖЕШ СИТЕ ЛУЃЕ ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ НО НЕ МОЖЕШ ДА ГИ ЛАЖЕШ СИТЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ!

    Ова е стара поговорка која колку што е вистинита и важи за сите толку е вистинита и за тебе, за твојот ШЕФ и твојата ПАРТИЈА!!!!
     
    На AIT, enca.69, sinetta и 1 друга личност им се допаѓа ова.