Рушење на спомениците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Водолија, 19 ноември 2017.

?

Дали сте за или против рушење на спомениците?

  1. За

    54 глас(а)
    32,9%
  2. Против

    110 глас(а)
    67,1%
  1. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Според мое мислење спомениците не треба да ги рушат. Тие што викаат дека ќе ги рушат, со тоа ја рушат историјата на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.Не треба да се рушат, треба да си останат така како што си е.Дислоцирањето или уништување на спомениците, па и промената на името на Аеродромот „Александар Велики“, нема да ги реши долгогодишните спорови кои Македонија ги има со соседите посебно ќе ми биде многу мака ако го тргнат Александар бидејќи тој е она вистинското нешто по кое целиот свет не познава и е посебна атракција за туристите лудост е.
    А и за да се случи треба да се изјаснат граѓаните на град Скопје министерот Алаѓозовски потврди дека биле готови елаборатите за три споменици меѓу кои и споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија. „Зошто тоа што е веќе направено да се руши. Тешко е додека се направи, а многу полесно да се растури“ Spomenik Aleksandar Veliki 0715.jpg
     
    На LadyInTheDark, PaLaVa, DiFlove и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.935
    Пол:
    Женски
    Македонија има поголеми проблеми кои треба да се решат а тие се фаќаат за спомениците.
    Јас сум против рушење на споменици кои се обележје, симбол на македонската историја. Ако сакаат да прават чистка, нека ги отстранат шмизлата, бикот и сличните на нив. Тие немаат некое значење и важност. Ама кој нѐ прашува нас.
     
    На LadyInTheDark, PaLaVa, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Не ме интересира. И со нив, и без нив, градот е грд.
     
    На Safira26, daylight и ADOKI им се допаѓа ова.
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Каков е човек во душата така ги гледа работите. Тоа што го носиш во себе го рефлектираш врз работите околу себе. Тој што има агресија ќе руши,тој што има креативност ќе создава.
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На PaLaVa, DiFlove, Водолија и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.452
    Пол:
    Женски
    Беа прашани за да се изградат? НЕ?! Епа...?
     
    На Novecento, marta993, daylight и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Afrodite¥

    Afrodite¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    2.965
    Пол:
    Женски
    Зошто да ги рушат? Тие пари да не ќе ги вратат, сега за друго да не ќе ги искористат? Не бе, касно е сега. Нека ги, нека стојат, не ни пречат.
    Всушност па, сеедно ми е. Ако сакаат нека рушат, ако сакаат нека ги остават. Имаме поголеми проблеми од споменици.
     
    На Victorian, Rama, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    48.651
    Пол:
    Машки
    Насловов на темава е тотално промашен,нема да се рушат споменици.Постои можност да ги дислоцираат,тоа нема везе со рушење...
     
    На daylight, Someonespecial, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.744
    Пол:
    Машки
    Ја сум против рушење на спомениците, но не ради патриотски туку ради прагматични причини.

    У однос на патриотскиот аспект, не мислам дека рушење на споменик е еднакво на рушење на македонската историја и идентитет, затоа што овие работи не се изградени од метал, гипс и стиропор, за да можат така лесно да бидат „срушени“.

    Против сум од проста причина што рушењето на спомениците ќе кошта пари, и тоа многу, а тоа се пари кои државата и без тоа ги нема. А ако ги има, има многу попаметни работи за кои би требало да ги искористи.

    Океј е да се прекине со безумието на проектот „Скопје 2014“, но да се руши се' што е изградено како дел од него е само нов тип на безумие.

    Сум за тоа дека спомениците, фонтаните, фасадите, галиите и каруселите треба да останат, но не како споменици на нашето светло минато, туку како споменик на една власт која се обиде да измисли барокен период во македонската историја, да ја јакне националната свест со национализам, да глорифицира сомнителни историски ликови и убијци - и како капак на сето тоа, да го искористи проектов за проневера на милионски суми.

    Нека стојат спомениците како спомен на нашата колективна глупост и како потсетник никогаш да не се дозволи вакво нешто да се повтори, од ниедна власт.
     
    На candy.cane, Hipster, galapce и 38 други им се допаѓа ова.
  9. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    А споменикот на Скендербег да си стои а? И за него никој ништо не праша? Па ќе си стои додека македонче со македноче се расправа за споствената историја и руши споменици третиот ќе се сити и исмева со се цел свет.(facepalm)
     
    На LadyInTheDark, PaLaVa, girl-miri и 8 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.634
    Допаѓања:
    108.363
    Мислам дека треба да има и опција „прелоцирање“, зошто мојот глас би одел во неа.
    Не сум за рушење на споменици зошто ако е лошо да се фрлат толку пари на спомениците, уште полошо е да се уништат спомениците, а парите се неповратни во секој случај. Нивна релокација ќе ги зачува, нема парите потрошени за нив да бидат „за џабе“, а и ќе се збогати некој училишен двор на пример.
     
    На Victorian, Rama, daylight и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.452
    Пол:
    Женски
    Скендер не е дел од проектот ,,Скопје 2014,,? Озбилно не знам.

    Не верувам дека ќе се рушат, туку се шпекулации и повторно играње на карта патриоти-непатриоти. Ако се фатат за рушење нема да бидат ништо поразлични од претходниците. Од толку огромни проблеми на државата властите упорно предност на спомениците им даваат.
    Тој простор околу плоштадот и мостовите, мене на гробишта ми личи. Па само на гробишта има толку многу споменици на толку мал простор.
    Коа веќе се изградени нека стојат. Ете нек се сликаат туристите, ниму послето пак да го имаме тој проблем па нови да треба да се градат.
     
    На Victorian, daylight, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.819
    Пол:
    Женски
    На Victorian и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    47.786
    Нека ги дислоцираат, нека ги рушат, што сакаат нека им прават, само да не ги гледам повеќе. Потсетуваат на едно лошо време. Треба да се тргнат остатоците од режимот, што побрзо.
     
    На galapce, cresa-jagoda, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    2.804
    Пол:
    Женски
    giphy210.gif
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    23.278
    Пол:
    Женски
    Лесно е да се руши, тешко е да се гради. Нормално дека сум против такво нешто. Многу побитни работи има на ред. Како на пример 500 евра плата.
     
    На PaLaVa, girl-miri, Водолија и 8 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Ајде те молам, објасни ми убаво, што ќе добиеш ти кога ќе ги тргнат остатоците од режимот!?
    Молам за одговор!
    Секојдневно Тонеме во жив песок, спас не ни се гледа а камоли подобар живот од овие преварантиве што сега дојдоа на власт, од овие дебили кои така ни го начукаа до грклан.... Мака ми е веќе да зборам..
     
    На LadyInTheDark, PaLaVa, DiFlove и 11 други им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    35.649
    Пол:
    Женски
    Не сум за рушење на спомениците бидејќи тие не сметаат туку напротив го красат градот тие се обележје, симбол на македонската историја. Секаде надвор од мк што сум била секаде има споменици тоа ги краси градот, а и имаат историски значења.
    Место да се фатат да ја оправат државата, да ја извадат од калта, да отворат повеќе работни места, да ја покачат млатата и уште многу други работи тие се фатиле за спомениците што им сметаат.
     
    На LadyInTheDark, DiFlove, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    74.521
    Пол:
    Женски
    За.

    Не мора да ги рушат ама нека ги тргнат од очите на јавноста.
    Нека ги сокријат некаде па кога ќе падне во криза земјава, нека продаваат дел по дел од спомениците по светски колекционери.

    Левиот тестис на Букефал, па десниот, па половиот орган, на левото стапало... Сите ќе бидеме во ќар :handshake:
    Колекционерите задоволни, а ние полни ко брод :emo:


    Сериозно сум да се тргнат, не дека се грди, туку за подобрување на односите со соседите и правење чекор кон ЕУ.
    Па откако ќе влеземе, пак ќе ги вратиме :bandit:
     
    На fina erika, DiFlove, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  19. carangigia

    carangigia Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    4.721
    Пол:
    Женски
    Против дислокација и рушење на спомениците !
    Секој споменик има свое значење. За мене спомениците ја претставуваат македонската историја, македонската борба, решителноста, борбеноста, издржливоста и храброста.
    Нема земја која нема слушнато за Александар Македонски, фалангата и за нивните походи. Гордост се :sun:
    Целта е да се рушат спомениците за да се исполни желбата на Грција, а историјата е веќе продадена на Бугарија. Со рушење на спомениците сакаат да заборавиме на својата историја и на македонскиот дух и полека да станеме народ без идентитет кој може лесно да биде превземен од друга држава.
    Патетично е да се мисли дека со рушењето на спомениците ќе се подобри животниот стандард.
    Моќта е во народот, а не во политичарите. Сите вистински Македонци нема да потклекнуваат и нема да дозволат рушење на спомениците и продавање на државата.
     
    На LadyInTheDark, PaLaVa, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    74.653
    Пол:
    Женски
    Ахам, еве и споменикот на Прометеј е премногу важен за нашата историја и општо за македонштината...
     
    На fina erika, Lella, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.