Што сè понесувате со себе додека патувате со деца, за да го направите поудобно патувањето за секого и да го потполните времето до пристигнувањето? Мене лично ме интересира, од ваше искуство што сè ми е потребно за патување со тодлер. Нормално секој би ги понел сите оние секојдневни нешта што секако се потребни како што се пелени, влажни марамици, тетри, облека за преслекување. Од тој аспект, дали има нешто плус што вас ви било корисно, нешто што треба да се земе во обзир за секој случај? За храна и занимации/играчки имам одредени идеи, ама сакам да ги чујам вашите предлози и совети. Би било интересно и кога би постирале фотки од испланираните нешта, спремни за патување.
Живци носам само Добра е темава и јас би сакала да слушнам предлози. Толку ми е напорно секое патување, нигде не ми се трга. Дијареа имам обавезно претходниот ден од стрес. Сум пробала да носам боички, омилени играчки ама ништо не го интересира во кола. И почнав да го занимавам со муабет, само тоа пали. Цел пат измислувам приказни, на таа планина живее волкот што ја сретна Црвенкапа ( и почнувам најдетално да ја раскажувам и што е можно посликовито), Хајди живее на другата планина и омилениот негов дел како Петар ја скрши количката на Клара, па како некогаш лисица ни искочила на патот, па птиците како одат на југ, штркови, мечки, се што ќе ми текне. Ветерници имаше на едно место тоа му беше wow, оние топките на жиците од далековод како стигнале таму. Очај знам ама само вака почнува да размислува и среќа има милион прашања и си збориме. Друго ништо не помага, само приказни.
Мојата уште не покажува толку силен карактер, а и веројатно е уште мала, па поминуваме ок по пат, ама гледам да и потрефам дремка или да биде во зори за да спие колку може повеќе. На темава, скоро ми излезе едно видео за painters tape колку за се и сешто се наоѓа за на пат со деца. Тоа е онаа самолеплива хартиена трака што ја ставаме по ѕидови кога кречиме, не ми текнува на македонски како се вика. Мојата не игра со стикери, ама со селотејпи и таква трака знае да се заборави, па сигурно и во кола би и било занимација. Може и некои играчиња да се залепат со тракава и да си ги отвара. За наредно патување ќе си спакувам една. Може да си ја кине и да си ја лепи кај и душа сака. Ќе и дојде како самолеплив тоалет само по предизвикувачки љуби да го кине тоалетот во кола.
Моево кога беше мало не поднесуваше да седи во седиште. И за до негде возење, за саат време, се откорнуваше од плачење. Тогаш избегававме и да патуваме подалеку. па застанувавме да ја надојам, и така на 5 мин. После почнавме телефон да и даваме песнички да слуша. И како потпорасна тргнав малку по малку телефонот, зошто мразам дете и телефон, почнав да и читам. Цело време седев позади со нејзе. После почнавме да играме што гледаш на патот, или коли и бои, нешто за занимавање. Негде накај 4 години конечно седнав напред. Сега веќе ништо не и треба, знае да си седи и гледа низ прозор, музика секогаш имаме, пееме. За долги релации, зборам повеќе од седум саати, гледаме по ноќ да одиме за да спие, носам и лаптоп некој филм си гледаме, или читаме, или црта и си бои. Со големо дете е далеку полесно веќе, ќе се направи пауза, ќе излезе, ќе разгледа, игри, поминува време. Со мало дете, со среќа.
Igracki razno razni ama realno tel so pesni najveke smiruva 2 god e. Gledam da patuvame dur spie ili bar del od patot da go spie. Drugo osven obleki,kozmetika i igracki nosam sirup za temp,sinopen,toplomer,probiotik i nekoj nerastvoren antibiotik.
Секој месец патуваме со бебето на долги релации, некогаш и над 20 часа. За бебе носам: Алишта Храна Вода Памперс Козметика Неколку играчки Постелнина Крпа за бањање Количка Цуцла Ако е подолг пат носам едно големо ќебе за пикник, за кога правиме пауза да го пуштам да лазе. Мало е, скоро годинка, па не му пуштам уште телефон ама пееме песнички.
Не сме патувале повеќе од 3-4 саати со него во кола ама кај нас прва и најбитна работа е грицки или нешто за јадење да има тоа најмногу му држи внимание и така седи најмногу мирен. Друго некоја музичка играчка обавезно и сликовница. Среќен е и кога играме на песни од радиото, му правам некои потези па се труди да ме имитира. Некогаш ми пука филмот и ми доаѓа да му дадам телефон да гледа нешто ама се контролирам. За поголеми дечиња да ви дадам предлози: пиши-бриши, сложувалка(магнетна), пластелин. Исто на инстаграм го следам профилот tihavezbanka имаат многу идеи за игра.
Јас носев за на одмор: -седиште -летна количка -облека -четка и паста за заби -крпи, пешкири -облека (сезонска и нешто потенко на долги ракави исто и пижами) -пелени од аптека: -топломер -сирупи блокмакс и далерон -пробиотик -крема за сончање -синопен -спреј за заштита од инсекти -капки за нос
Нормалните работи (алишта пелени...+ еден пар ако фати зимо луда сум знам) Омилените играчки плус обавезно нешто ново за да и биде поинтересно. Играчки за на плажа Базенче,ако има бранови да ја ставам во него. Гумите за во вода. Фактор ,шампонче ,сандали за во вода ,сандали и патики за шетање. Фен ако не пишува дека има во сместувањето. Омилените грицки и многу сок. Од аптека: Спреј за инсекти Маст за после убоди Електролити и пробиотик Сируп за тт и алергија Ханзапласт.
За патување со тодлер многу живци. Е сега што се носи зависи колку долго се патува, каде се патува и со што се патува. За во кола различни играчлки да може да се менуваат често. Јас обавезно сум седела позади и сум го занимавала со различни играчки или раскажување приказни. Игра што ја игравме од кај година и пол е ако види кола (или дрво или нешто по пат) да крене раче, па потоа прејдовме да ги именуваме, па да ги броиме и слично. Секогаш сме темпирале поаѓање во време кога барем дел од патот ќе заспие и ќе го преспие. За на море играчки за соба и играчки за плажа. За на планина играчки за во соба и санка. Ако е патувањето со авион обавезно или цуцла или лижавче за да шмука/лиже при слетување/полетување и исто играчки. Од лекови секогаш сум носела антипиретик (парацетамол или ибупрофен сируп), сируп за алергија, пробиотик и електролит, топломер, нешто за после убоди од комарци, крема со СПФ. За јадење за по пат сува храна (ѓеврек, перек или слично),некои омилени грицки и овошни кажи на шмукање. Многу вода со нас во кола и толку.
За патување со авион што мислите на децата е паметно да им дадам апчиња или лижавчињата што се против повраќање ? Едното ми има скоро 2 години другото 4.. Прв пат ќе патуваат па незнам...
Мами од кој спреј за заштита од комарци сте задоволни,и која крема да ја земам за убоди од инсекти? Се изначитав и пак не знам што да земам
Нешто за повраќање во кола за 14 месеци? Не е секогаш, ама знае да поврати.. Матичната ми рече само ноќе и да е гладна.. Ама да си прашам..
@Kaley за авион не би требало да е проблем повраќање (освен ако не ве фати јака турбуленција). Лижавчињата се на природна база (со ѓумбир), а апчињата се обично Драмина која е баш лек и не знам дали се дава на деца под 3 години. На природна база има и сируп Локомотив или кашки Наусолвит (кај моето се поефикасни од лижавчињата). Јас не би дала ништо и не сум давала ништо во авион, ама ако веќе сакаш можеш на полетување и слетување да им дадеш лижавчиња не заради повраќањето туку за да не им се затнат ушите ради нагла промена на притисок. @PollyPocket за толку мало дете освен да е гладно и да спие во кола не знам друго ништо.
Ние обично тргнувавме кога им беше време за спиење кога беа помали. Па ретко имавме проблем. Сега се 7 и 13 и немаат гајле. Дури и навика им е кога ќе тргнеме да си се наместат за спиење хах