Тргнете по правиот пат: Лични искуства, Демони, Духови, Вампири,Ангели, Бог, Ѓаволот, Грев, Молитви, Вештерки... дебата за се поврзано со религија и искрени одговори, прашајте за да дознаете!!!!! Како да се заштитите!!!!
Adolfe ти изгледа за ова се зачлени на Фемина Ок нема врска, јас многу добро си ја знам мојата регилија и немам никакви сомневања ниту прашања. Посебно не ми е потребна некоја СПЕЦИЈАЛНА ЗАШТИТА... Тоа е мое мослење и воопшто не ме интересираат теми од типот на бајачи за заштита од демони, и вештерки. Пак ќе кажам мое мислење зашто во денешно време не можеш да познаеш кој е со искрени намери затоа што се почесто се злоупотребува маката на луѓето.
За заштита од зли духови и демони: Во името на Исус, земам власт и ги врзувам сите сили и моќи во воздухот, во земјата, во водата, во подземјето, во природата и огнот. Ти си господар на целиот универзум и ја славам твојата креација. Во твое име ги врзувам сите демонски сили кои доаѓаат против нас и нашите семејства и барам закрила за сите нас со твојата света крв која беше пролеана за сите нас на крстот. Маријо мајко наша ја бараме твојата заштита и посредување со пресветото срце Исусово, за нас и нашите семејства, и опкружи не нас со твојата мантија од љубов за да се обесхрабри непријателот. Свети Архангел Михаил и наши Ангели Чувари дојдете и одбранете не нас и нашите семејства од злото кое талка по земјата. Во името на Исус, ве врзувам и наредувам сите зли сили да се оттргнат од нас, сега од нас, нашите домови и нашата земја. Ти благодариме Господи!!!!! Исусе тебе милозливиот Бог!! АМИН!!!
Ти благодарам на прашањето, мило ми е што не ти е потребна помош, но шетајќи по темиве од религија видов доста луѓе со сомнеж па реков ако сакаат тие нешто да прашаат да им помогнам, еве помогни им и ти. Муслиманите не јадат свинско поради две шпекулации се останато е шега на нивна страна, но и тие не се сигурни која е правата вистина. 1. Алах на сон му рекол на Мухамед дека не смејат да јадат ЕДЕН ДЕЛ од свињата но не му кажал кој, ама јасно му кажал дека е казливо, па сега нормално од страв незнаејки што да јадат тие не јадат ништо свинско! Ова го пишува во нина света книга!!! 2. Нели Исус ги протера демоните(ЛЕГИОН) во свињите, тие сакаа таму и го спаси човекот покрај реката, е исто сум слушнал баш дека поради нечистата душа т.е крв што ја имаат затоа што нели демоните влегоа во нив не јадат свинско!!! Овие две работи сум ги слушнал од муслимани и искрено нај веродостојни ми се до сега. Ај убаво да си спиеш
Сигурен си дека збориш за нашата света книга? Свинското месо е забрането (според шеријатите, не е според мене да не ме нападнете одма) затоа што е нечисто (според евреите одвратно) и затоа што свињата јаде баш се...значи не е чисто, не е здраво и премногу е мрсно. Ова за сонот на А.Џ Мухамед прв пат во живот го слушам, така да не би требало да одговараш на прашања за кои не си доволно информиран и компетентен!
Ти бе дечко да не случајно имаш докторски студии на теолошки а??? Имаш многу пропусти во твоите постови гледам,и не знаеш ни основни работи за исламската религија така да не раскажувај невистини...Ако нешто знаеш кажи го а ако не боље чути си,ок?
Адолф, ти го правиш истото што и Ајша создаваш меѓуверска нетрпеливост и непотребни тензии, никој не ти брани да ги проучуваш религиите само немој преку твои субјективни толкувања и дезинформации од терен кои ти се чинат веродостојни да иритираш како ти да ги имаш сите одговори и ќе советуваш генерално како што си напишал буквално се‘ што сакаме да знаеме во врска со религијата, па за почеток не сакаме да сугерира било кој на припадници од друга религија дека ја знае нивната подобро од нашата и верувај ќе се снајдат добро и без тебе и твоите совети за заштита од вештерки и демони и вотевер форумџиките и форумџиите. Ама еве прашање за тебе ти да не си квалификуван егзорцист по некоја случајност :geek: ?
Еве јас како атеист имам едно прашање...Уствари прашањето го поставил Епикур Дали Бог сака да го спречи злото, ама не може? Тогаш не е семоќен. Дали може, ама не сака? Тогаш е зловолен. Дали може и сака? Тогаш од каде сето зло? Дали ем не може, ем не сака? Тогаш зошто се нарекува Бог? И пред да ме нападнат верниците, само да појаснам. Не верувам ама ги почитувам тие што веруваат
Aдолф ова е само едно предание кое е пренесувана од човек на човек. Јас ова оддамна го имам чуено меѓутоа немора да значи дека е истото веродостојно. Во куранот јас никаде го немам прочитано ова, колку што се сеќавам, а оддамна го читав иако не сум со исламска вероисповед. Добро е да се свати дека сето ова е веродостојно само онолку колку што и ние самите сме ,,сигурни'' дека навистина постои бог или некоја виша семоќна сила
Имам само едно размислување, филозофско - логичко.Кога човек оди во црква и се моли во себе, значи кажува своја молитва, но другите околу него не го слушаат за што тој се моли, сосем нормално, во црквата, верскиот објект по правило треба да е тишина, да, затоа што секој се моли во себе, затоа и таму владее хармонијата, па според тоа - каде е тогаш Бог? Постои Бог кога човек се моли во себе си? Знае/ верува дека Бог ги слуша неговите молитви кој тој самиот ги изговара во себе си.А како знае дека се ислушани неговите молитви? Мислам дека е сосем јасен одговорот на поставените прашања.
Според оние кои веруваат во бог сметаат дека добрите мисли му ги испраќаме преку молитвите. Нивното објаснување за овој чин е тоа дека е бог ВО секој од нас, иако за ова ниту јас неможам да најдам логично објаснување. Затоа некогаш велат дека и мислата може да биде грев...Како и да е се надоврзав за да ги појаснам работите, инаку не верувам во религијата и бог, но ја почитувам и ги почитувам луѓето околу себе кои ги почитуваат постовите, празниците и сите интересни верски обичаи кои ако ништо друго имаат позитивно влијание врз нас
Сакам да ми кажете како според религијата е давањето курбан. Околу ова прашање многу се расправа во христијанството во последно време. Некои велат курбан мора да се даде. Други за курбанот велат дека е пагански обичај. Со курбанот не треба ние да го молиме Бога да ни ги прости гревовите или слично бидејки во Библијата пишува дека Исус умрел за сите нас, фактички тој е курбанот за нас. Некој правел сообракајка па курбан јагне дава. Што е криво јагнето, со тоа уште поголем грев правиш. Дали и што давате курбан? Што мислите за него?
и јас сум го слушнала ова и тоа во малку поинаква верзија. ја капеле свињата и ја држеле за една нога и таа нога останала не чиста... но ова не го пишува во Куранот Адолфе, не сакам да те навредам, но прво точно информирајсе па потоа пишувај
Спојлер I really am religious, and u just made a biiig haram (sin), but that's some funny sh*t! :"This oughta be interesting"... well, it's not :/
Не знаев кај да го поставам прашањево па решив овде.Иако сум атеист ова ме чуди. Зошто женскиот пол не смее да влегува во олтарот?Знаете таа собата кај иконите што се и каде што се читаат книгите за време на некој празник. Се надевам убаво објаснив за да ме разберете
Пеликуна, жената не смее да влегува во олтарот бидејќи не е чиста (менструален циклус). Иако ова се 5/7 дена во месецот (зависи кај кого како), жената сепак се смета за нечиста и не смее да влезе во олтар.
и јас сум го слушнала ова и тоа во малку поинаква верзија. ја капеле свињата и ја држеле за една нога и таа нога останала не чиста... но ова не го пишува во Куранот тоа не е вистина дека му се јавил Aллах на посланикот мухаммед нека е бозји мир над него, свинското месо било забрането усте во времето на абрахам,мојсеј, исус,и мухаммед и пред нив, знаци аллах го забранил свинското месо, во куранот аллах дозовлува да се јаде свинско месо ако си приморен да не умрес од глад ако се најдес на некое место каде сто друго месо нема, и никаде во куранот не писува вакво несто добро го познавам куранот сум го изуцувала со години напамет, поздрав