1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СУГС: ,,Браќа Миладиновци" - Ветерина

Дискусија во 'Образование' започната од angee, 27 ноември 2011.

  1. angee

    angee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Епа вака... Мојата сестра стварно е неодлучна за тоа каде да се запише, но она што најмногу го сака е да се запише во ветеринарното училиште во Драчево. Ама има некои проблеми со тоа кога ќе им кажела на децата се смееле и какво е воопшто училиштето дали е добар избор? Би сакала некој што учел, сеуште учи или би знаел нешто за ова да одговори. Сестра ми навистина ги сака животните и сака да го учи тоа но се грижи за реакциите на другите и сака да знае какво е воопшто школото (наставнци, друштво и сл.). Ако можете кажете ми нешто за сето ова. Во благодарам. :D :D
     
  2. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Јас сум од Драчево и иако не учам таму доста сум информирана за тоа што се случува.
    Најпрво доколку има одлични оцени би ја посоветувала да не се запишува таму, туку да се одлучи за некое подобро школо бидејќи сите со слаби оценки ги примаат таму.
    Доколку пак сака да оди на било кој факултет, предност е тоа што лесно можеш таму да ги наредиш 5ки и да те примат на факултет без грешка. Е сега таму има и многу албанци, не знам дали имаат многу проблеми со нив (тоа треба да ти каже некој што учи таму).
    Да напоменам, не ми беше целта некој кој учи тука да го навредам, но доколку некој се почувствува навреден му се извинувам :)
     
  3. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Зарем нема уште некој кој ќе може да каже уште нешто во врска со темава. И да не сте од школото барем кажете што мислите, дали ви изгледа како добар избор. :( :| :?:

    П.С. - и јас сакам да се запишам во ветерина. :)
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Зависи какви оценки имаш. Ако си одлична , би ти препорачала да се запишеш во некоја добра гимназија , да одбереш ПМ-Б подрачје и дури потоа да одиш на ветеринарен факултет.

    Стручно училиште најчесто се одбира ако не продолжуваш на факултет. Поготово во ова училиште, мислам дека нема да имаш соодветна средина да научиш,дури и да сакаш. Сепак се зависи од тоа што сакаш во иднина.
     
  5. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Просекот од 5 до 7 секогаш ми беше 5.00 , а без сомнение тоа ќе се случи и во 8 одд. Инаку моите ме убедуваат дека ќе одам на факултет, ама јас не сум баш сигурна дали ќе можат да го финансираат тоа, бидејќи имам сестра 1 год. поголема од мене а неа сигурно ќе ја пратат на факултет. Затоа сакам да одберам нешто стручно а како најдобра опција го сметав ветеринарното, ама да ти признаам сега ме подзамисли. :( Зарем таму нема добра атмосфера за работа и учење на часовите?
    П.С. - Што би ми препорачала ти, каде да се запишам ако се одлучам за гимназија? :?:
     
  6. Amo.la.moda

    Amo.la.moda Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    Јас сега завршив 8-мо одделение и се запишав во Никола Карев, но нели пред да завршиме со училиште доаѓаат професори со неколку ученици од средните училишта па така дојдоа и од Ветеринарното училиште. Како прво што забележав е што учениците кои дојдоа (а обично доаѓаат најдобрите од училиштето) се однесуваа многу незрело, не знаеа два збора да сврзат ( :!: тоа не значи дека сите ученици се такви), професорките кои дојдоа со учениците беа многу непријатни, презентацијата ја имаа научено на памет па и на моменти се збунуваа.

    Моја препорака ти е чим до 8-мо си со сите петки тогаш нема причина да не се запишеш во некое од подобрите средни училишта во Скопје. Би ти ги препорачала :?: : Никола Карев :l: ,Корчагин,Георги Димитров,Орце Николов,Борис(Васил Антевски Дрен). Се на се најдобар избор ти е гимназија иако како што прочитав има можност да не одиш на факултет но мислам дека ако родителите видат дека се трудиш и дека учиш тогаш се ке направат за да одиш на факултет :mm: .
    Сепак имаш уште мноогуу време. Јас додека да се запишам се двоумев помеѓу 5средни училишта но сепак на крајот мислам дека избрав добро :rofl:



    Поздрав и верувај дека ќе го направиш правилниот избор :*
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Ако учиш ,разбираш,ти оди, би ти препорачала Орце ,ЈБТ (ако ти одат јазици повеќе) или Корчагин ако сакаш природни науки. Тоа што ќе го научиш во гимназија е бесценето, освен тоа сега си уште дете за да одбереш факултет или насока. Прво учи се и види што ти оди. Затоа мислам дека гимназија е подобро. Со среќа. :)
     
  8. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Фала ви многу на тие кои се подрудивте да одговорите. Инаку ќе се запишам во ЈБТ. А за ова се одлучив благодарение на вас, на моите родители и другарки. :*
     
  9. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    СУГС ''БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ'' СКОПЈЕ

    Има ли некој кој учи во оваа училиште? Сакам да се запишам смер ветерина. Да каже некој повеќе? :?:
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    СУГС ''БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ'' СКОПЈЕ

    Јас учев таму и бев токму тој смер, прашај што точно те интересира?