Саемот за венчавки „Во Бело“ 2014 ќе се одржи во Хотел Александар Палас Скопје во периодот 14-16 март 2014. Организатор на овој, 4ти саем за венчавки е интернет магазинот за култура на венчавките www.vobelo.com. Единствениот македонски саем за венчавки ќе ви овозможи на исто место да најдете се што ви е потребно за вашата свадба. Преку 40 изложувачи на овој традиционален, 4ти по ред саем ќе ве изненадат со својата креативност. Врвни креатори на венчални фустани, машки костуми, фотографи, декоратери, накит, торти, модни ревии и многу други изненадувања ги очекуваат сите посетители на саемот. Дали некоја досега била да сподели импресии и искуства? Дали има одреден распоред кој кога се претставува? Мене конкретно ме интересира декоративната страна. Влезница се плаќа ли, што и како оди работата? Јас сакам и планирам да одам, бидејќи пасија ми се декорациите за свечености. Уживам во нив. Побарав, ама не најдов ваква тема. Ако веќе има, се знае - клуч
Саемот е сега за викенд во Александар Палас, ме интересира како функционира, дали има само ревии или има плус изложени венцаници?Ако некој бил на претходните нека сподели искуство!
Идни невести дали ќе одите на саемот за венчавки викендов? Ако може некој од претходните саеми да сподели искуство,дали вреди да се отиде,дали навистина има попуст,дали може да се проба венчаница итн.
Не туку само да се разгледа од тие неколку модели таму Всушност само што ќе се приближиш до штандот ти даваат флаер и те покануваат во нивното атеље да отидеш да се договориш таму, да разгледаш и да пробаш. Елена Лука имаше највеќе венчаници околу 20тина, Антонија Ристовска исто така, другите помалку. Видов едно ново ателје Билјана?? Што друго те интересира, повели прашај
Ке одите ли на саемот за венчаници оваа година ? Какви искуства имате од претходните години дали може да се проба некоја венчаница