@Mishela мислам дека сакам книги за 5 книги имаа една бесплатно или книга подарок Да си планираш и тоа Ама случајно ова го најдов од Матица. Што значи малце сум утнала во цените за некои. Ми се сврте во глава прееска кога гледав, а и они имаа наредено од сите страни истите книги. Врти врти пак истото
@x.Daisy.x, цениве за Лусинда крајно нелогични. Ангелско дрво или им е најбарана или ич не се троши па ја намалиле. Книгава има преку 600 страници, вака испаѓа живо џабе. Добар избор си направила, убава е. Сестрите немаат лоша цена, а за некои книги немам коментар - Полноќна роза и Куќата на орхидеите се околу 500 редовна цена, се прекршиле со попустов. Матица имаа подобар попуст пред некој месец, сите книги на Лусинда (всушност речиси сите поактуелни автори) беа намалени 50%. Штета што не се пуштив во акција тогаш. Ај ќе разгледам на лице место па ќе видиме. А ако земам книга гратис од Сакам книги, ќе треба да те барам да ти ја подарам, за споделените информации.
Да зимата мислам дека имаше подобри попусти и таму, а и во Три. Од Три исто малку се разочарав бидејќи очекував повеќе да симнат цени. А беа истите како лани на саем, па и истите книги ги имаше. Јас сакав Трите ќерки на Ева зимава да ја земам ама промашив за еден ден, а беше намалена на 320 од 500. Сега на саем 400 денари. Ептен циции. А во академска книга исто имаше добар попуст, ептен убави класици за евтини пари.
Да не знаете случајно Лолита од Нобаков на кој штанд ја има? Вчера бев на Саемот на штандот на Магор бидејќи видов на нивниот каталог дека ја имаат, ама ми рекоа дека друг штанд ја превземал.
Набрзинка посета на пар "тезги" само, излегов само со: Се мислев од Stephen King од Академска да зеам, ама на крај решив скапички дека ми се во моментов. Планирав и од Бункер од оние 200 страни во боја на македонски Dylan Dog изданијата да земам, ама немаше.
Еве јас што си купив, некои не ми ни беа планирани ама морав да ги земам. : )))) Во Академска книга покомерцијалните автори не беа баш намалени - ништо посебно, само 20% сите романи на Агата Кристи и многу, многу класици да ги наречам, по 135 и 199 денари. Од Академска книга ми дадоа и ваучер од 30%, кој важи до крајот на месецот (сите добиваат, без разлика која книга ќе ја земете), а од Сакам книги ви даваат да си одберете (од одредени книги) подарок за секои 5 купени книги. Лусинда и Линвуд Баркли ќе почекаат подобри денови, попустот беше скоро па никаков - сите книги од Баркли намалени од 390 на 350. Wow.
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/nas-stav/на-саемот-на-книгата-му-треба-нова-физи/ Mногу добра статија за овогодишниот саем на книги
Jas 3te kerki ja zemav 399,ne znaev deka ja namalile zimoska do 320.Sepak za ovaa ovtorka ne zalam pari,prekrasno pisuva site knigi i gi imam vo domasna kolekcija
Сфаќам дека со години одам на истите штандови, по истиот редослед, ама годинава тргнав со спремен план од дома и се покажа како најпаметната опција која сум ја направила досега. Куп книжевни убавини од Магор - студии и критики од Шелева, Капушевска - Дракулевска, Лужина за смешни пари. Заклученото тело на Лу и (С)плетени раскази на Ќорвезировска за стотче. Источно од рајот, од едицијата Ѕвезди на светската книжевност - седумстотини страни за 350 денари. И' дојде редот и на 18% Сиво, Антолог позитивно ме изненадија со ценовникот. Од Бегемот го собрав Замјатин и едно ново, ретко добро книжуле - (Бес)конечни модели на расказот. Топло ја препорачувам на сите вљубеници во постмодерна. Ја листав со мерачко уживање! Ептен се израдував со збирките поезија на Хорват и новата на Петар, Страв од варвари. Мислам дека сите кои ги познавам, а годинава го посетија саемот, си ја понесоа дома. Иии, конечно, ама конечно заврши мојата долгогодишна сага со Стефановски. Иако се разочарав за Табернакул, најпосле го пронајдов на штандот на Икона. Со уште поголем попуст од тој што го нудеа до лани. Празен новчаник, ама полно срце. Или што би рекол другар ми: „Ќе умреме сиромашни, ама начитани!“. p.s. Тоолку ја сакав Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња, а скроз ја изумив. Ќе почека некои подобри времиња, или почеток на јуни во најмала рака.
Зад затворени врати ми е читана, а другата ја читам во моментов. Зад затворени врати мене ми се допадна, иако приказната е малку провидна и може да се претпостави крајот. Истиот впечаток го имам и за На раб на лудило, па да видиме дали претпоставките ми биле точни. Не се лоши книгиве, мистерии испреплетени со драма и некоја љубовна афера/врска.
На раб на лудило по поисот одма ми се допадна дека скоро ништо не е опишано за книгата само како почнува. И многу ми се допаѓа описот на книгата Приказна на една мајка. А си ја читала Ејми ја нема(се мислев таа да ја земам) по ок е или?
Да, Ејми од Џлијан Флин ми е читана одамна, ми се допадна многу повеќе од филмот. Ми беше многу интересна, ако сакаш да читаш таков жанр на книги секако ќе ти се допадне, слична е со претходниве што си ги купила, само малку подраматична и не толку предвидлива.
Култура има мини "саем" од 5.11-15.11.2018. Не знам дали сте виделе, ама да кажам зашто попустите се и повеќе од одлични. На годишниот саем беа далеку поскапи, добро што им текна да организираат нешто вакво. Еве дел од акциите на сетовите: Плус сетови од Ема Чејс, Тарин Фишер... Им го фрлив меракот на трите од Дајен Чејмберлен и трилогијата од Тарин Фишер, ќе одам деновиве да се почастам со нешто. Била ли некоја од вас деновиве до Култура?
Јас сакам да одам на 13-ти за Томас Енгер. Хана Филдинг не ја читам, ако се погодам таму океј, ако не...здравје. Ама Томас не би го пропуштила, па ќе видиме.
На саемот на книга сум била последен пат кога се одржуваше кај Континентал пред неколку години Оваа година сакам да одам, па ако може да ми кажете за викендот од колку до колку часот би можела? И влез нешто ситно се плаќа како порано?