Може и да имаш право. Ама се некако така ми се чини. А може и дека ја одамна ја прочитав, па ми се помешале работите. А сакав да ја купам Катедрала на морето, ама човекот почна да ми ја раскажува и ми рече дека била психолошка, како човекот си ја градел катедралата во умот, па се подзамислив. А може и погрешив...
за Катедралата на морето мене ми кажаа дека не е ништо посебно, јас ја немам читано, па затоа и не знам точно. А оваа Јади, моли се... добра е?
Па интересна е, ама не е нешто спектакуларно. Јас можда и прмногу очекував од книгата... Кога излезе се опседнав да ја прочитам, ама... Сега зависи, можда па тебе ќе те остави без здив. Па и јас кога слушнав за дејството во Катедрала се премислив. А не беше скапа околу 250 мислам.
lolipop ne mozev da se vozdrzam a da ne te prasam po kolku se knigive na seldon??ti blagodaram odnapred.pozz
Бев денеска и имаше многу народ. Посебно се израдував зашто ја имаше Страв од летање на Ерика Јонг, на македонски, конечно! Си земав и една од Маркез и една од наш, македонски автор. Колку да не се запостават домашните автори Не беше толку лош саемот, бил и бетер. Сепак, штандот на ИЛИ-ИЛИ беше мизерен и ужасно мал.
имаш супер попуст во Матица.. Од 100денари па нагоре до негде 300 денари за книга... Има супер насловчиња
Бев во Матица и се разочарав. Ништо немаше асално, некои стари наслови, скоро се имам прочитано. Не знам дали беа распродадени, ама она 300 000 наслови за ништо не вреди. Ќе си го чекам саемот во април, а во меѓувреме ќе си го купам само третиот дел од Милениум и се знае, библиотеката
Виножитке и јас лично не бев водушевена од изборот на книги, наслови кои веќе сум ги видела и прочитала. Не се подновив со многу книги од Матица, повеќе си купив од Три. И јас како тебе си ги чувам паричките за саемот во Април, зошто до тогаш и така ќе читам само книги за на факс
Едвај чекам да одам оваа година на саем,сакам да си земам книги од Дитос "Kрив правец" "Дупка во мозокот" "Скршена душа"...... дали некој ги има читано што мислите за овие книги?
Ми рекоа дека доста од насловите им се продале уште на самиот старт од саемот, а и очекувано беше тоа со тие примамливи цени. Сепак не очекува во скоро време Саемот на книга, па ќе си купиме по некоја добра книга и од таму. Јас сепак во Матица си најдов избор на книги за мене.
Па ваљда за саемот на книга матица пак ќе се опремат, а и цените тогаш им се исти како на нивниот зимски саем. Знам лани сопругата на дипломатот ја немаше кај нив за време на зимскиот саем, ама затоа во април ја имаше и ги имаше скоро сите наслови Ај за два месеци, ќе си почекаме.