^А ја има ли оваа на Пиперов книгава, Никогаш не вели никогаш или како се викаше? Колку пари е? За поклон ми е, ме напна другарка ми со книгава.
ај ако некој знае видел или ќе види нека ми кази дали има книги од NORMAN VINENT PIL и колку пари се благодарам однапред
Четврток се отвара саемот на книга или веќе е отворен? Карта 50 денари така? И одприлика ако знае некој колку се движат цените на книгите ?
Од денес е отворен саемот, јас само што се вратив од таму. Картата е 30 ден. Книгите се поефтини за 50-70 ден.
Од 13ти почнува Саем на кариера и Саем на книга а за цените појма немам ама би требало да бидат ефтини
Да не знае некој речниците од зозе мургоски дали се намалени на саемот,ме интересираат оние големите-англиско македонскиот и македонско англискиот...(плава боја се)
Епа да, првиот е главниот дел, ама откако ке го прочиташ те копка, ШТО ПОНАТАМУ. И самата авторка кажа дека ги напишала бидејки читателите го барале тоа од неа. Не се случува ништо посебно, ама сигурна сум дека сите што ќе почнат да читаат, ќе сакаат да знаат се повеќе.
Јас не сум задоволна од насловите. Прво имаше само една хала денес, немаше избор, а и цените не им се баш саемски. Имав неколку наслови што сакав да ги купам и ги немаше, бест селери, белетристика, ништо посебно. Ја купив на Игор книгата, ама го немаше да ми ја потпише Инаку карта е 30ден Го имаше Хари Потер последниот дел на македонски. Колку што сум запознаена ова е премиерно, ако не е тогаш ви давам безвеза информација
За биберот ја има на штандот на Просветно Јас бев денес, го измрцварив дечко ми два саати, ама тоа му е Имав еден проблем. Многу од понудените книги ги имам прочитано и само викав, леле оваа е добра, оваа е прекрасна, оваа не вреди за парите, ваква е, таква е, па мислам дека дечко ми ќе земеше некоја од поголемите со тврд повез и ќе ми ја акнеше од глава Ги купив Рајот може а почека и Зависна од модата, двете чик лит, бидејќи друго не можев да најдам. И на хрватски вваљда штанд, најдов од Сидни Шелдон една ново издание што не сум ја читала, После таме се вика и ќе умрев од среќа. Ко мало дете бев, ако видевте некоја лудача дарипа таму, јас сум била тоа
Дечки, а дали можеби знаете кога Игор Џамбазов ќе биде на штандот да потпишува книги, зашто имам request да ја купам со автограм ?
И јас тоа не слушнав. Затоа и не ја купив Не знам зошто нигде нема објавено, или јас не можам да најдам
450 беше. Штандот се вика Алнари, книгите не беа баш евтини, ама имаше многу наслови што не се ни преведени кај нас... Мака ми падна таму
Јас не сум многу задоволна од саемов, некако многу мал ми беше. Инаку за Ѓурѓа останав изненадена многу од книгите беа поскапи, кога доаѓаат на факултет се доста поефтини или мене само ми се чинеше? Си најдов многу стручни за речиси без пари, па деновиве одам да си дополнам