Саем на книга (18.04.24 - 24.04.24)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 15 април 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Ајде да ве прашам, дали беше некој на саемот? И како се движат цените? И дали има некој информации дали некој автор ќе биде гостин и кога? Патем, јас планирам да одам во петок и да потрошам пола плата
     
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Rainbow,саемот е отворен до недела 18ти април :) позз
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Па знам дека е отворен до недела. Не ми беше тоа прашањето.
     
  4. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    уфф да :) и јас планирам во петок да одам така да незнам немам други информации ај ќе напише некој што бил па ќе видиме :)
     
    На Киккето му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.092
    Допаѓања:
    137.729
    Јас не знам какви се цените на саем, најверојатнмо дури во сабота ќе одам, ама гледам дека во многу од книжариве низ центар има саемски попуст од 50%. Скоро секоја година има добри попусти.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.398
    Допаѓања:
    200.892
    Пол:
    Женски
    Саемот не бил кој знае што годинава, ама како да читав дека некои од писателите ќе бидат на штандовите, само не знам точно кога. Промоции посебни немало да има, ниту пак некои посебни случувања.
    Цените биле добри - книгите во просек биле по 200-250 ден. така ми кажаа, јас самата не сум била. Ама 200 ден. е супер цена за книга, ама се надевам дека се работи за понови изданија. Сакам да одам, треба да си купам некои речници и стручна литература - е сега тоа е малку поскапо, па ќе видам дали ќе можам годинава тоа да си го дозволам, со оглед на тоа дека во последнава недела имав доста непланирани трошоци :tmi: |( :sweat:
     
  7. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    И јас одам утре на саем , едвај чеекккааааммм :rofl:
    Еве јас ваму најдов информации како било на саем www.sakamknigi.com , прочитајте можеби ќе дознаете што ве интересира , колку што можев да видам имало доста избор, а и поволни цени :P
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас во сабота планирам да одам, само ај кажете ми до колку работи во сабота. Сакам да си изнакупувам повеќе книги, на 365.ком.мк прочитав дека имало до 60% попуст. Исто и на веб сајтот на книжара ТРИ има информации, таму прочитајте повеќе.
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Па обично секогаш за саем за книга имало по 30-50% попуст на книгите. Јас обично си купувам речници :D
    Си купив од Матица кога имаше саем на книгата, едната книга ја прочитав, другата уште не сум стигнала од пустиве книги за на факс, така што и да отидам, не верувам дека ќе купам нешто се додека не прочитам дома се што имам :)
     
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    јас само знам дека со автобуси од цела Македонија се истовараа посетители...најчесто ученици и е доста гужва вчера и денес....од тоа што видов така од надвор...а внатре незнам како е :D :D :D
     
  11. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Jas utre sakam da idam pa dali znate od kolku casot e otvoren i do kolu raboti
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Па до осум работи најверојатно.
    Јас бев денес и си ги купив Сопругата на дипломатот, Под мермерно небо и Која е таа девојка :)
    Саемот не беше ништо посебно, без некои посебни попусти и полупразен.
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Бев вчера и денес пак, си ги купив од Шелдон: Gospodarica igre и Ispricaj mi snove немаше на македонски па морав на српски. Инаку да, попуст стварно немаше некој голем но народ имаше многу, преполно беше незнам зошто Rainbow вели дека бил полупразен
     
  14. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Како бре луѓе немало попуст, немало избор..... :geek:
    Јас денес незнаев каде да се свртам попрво :) Си купив 5книги а ми фатија некаде околу 800-850ден, премногу сум задоволна, само сакав уште книги :( имаше барем уште толку што сакав да купам ,ама нема :?: За 1500ден можеа без проблем да се купат 10тина книги, што мислам дека не е воопшто скапо.
    Јас сум задоволна од годинешниот саем, па топло им препорачувам на сите што се мислат дали да отидат да го сторат тоа :hai:
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Јас сум на еден од штандовите на Саем... Денес и изјава за Телма давав :rofl: :rofl: :rofl: .
    Инаку, посетеноста е голема, но претежно се групи од деца, пубертетлии, адолесценти, кои (со чест на исклучоците) како изгубени Германци, се кошкаат, трчаат и се клоцаат по толпата. Многу позерај и фејкерство, ретко да начекам некој што сериозно или барем со вистински интерес дошол да си купи книга. Штандовите се ок, цените се прифатливи, има и некои кои си држат цени - во зависност од книгите, повезот, изданието.
    Сепак, вреди да се дојде и прошета, има гага Нескафе :D . Јас веќе си купив неколку книги. Искрено, мене не ми е нешто спектакуларен Саемов, но добро е и што го имаме!
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Утре ќе одам :D едвај чекам :clap: ....уф колку сакам книгииииииииииии.............мислам ќе изнакупам товар книги...ама најпрви на листа ми се ,,катедрала на морето,,(се надевам ќе ја начекам на попуст, бидејќи одамна ја чекам) и ,,Кујна,,.........Кујна ако ја најдам , зошто долго време ја барам и неможам да ја најдам :( ...едвај чекам :D
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Па зависи какви книги бараш. На штандот на Ѓурѓа можеш да купиш, да. Една другарка си купи 5 книги за 500ден, меѓутоа јас не барав такви. Јас еве Под мермерно небо ја купив 450ден. А можда јас кога бев беше полупразно.
     
  18. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    Јас бев 2 пати и супер е, мислам си најдов тоа што го барав. нјадобри и најбогати беа штандовите на Три и на Матица, се разбира. Промоција имаше на *Помрачување* и *Зазорување* од Стефани Маер, исто и на еден нов бестселер*Девојката со тетоважа на змеј* (книгава е топ, си ја купив). И многу беше актуелана *Јади, моли се , уживај*, како и да е, цените беа пристојни, само криво ми е што немаше штанд на Топер :worried:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Ej стварно немаше штанд на топер. А јади моли се и уживај ако не грешам и минатиот саем беше актуелна.
     
  20. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    Хммм, за минатиот не знам не сум сигурна. Мислам дека лани немаше уште превод (не гарантирам) зошто тогаш ја промовираа на Опра :)