Епа вака, ова ми е прв пат сама да напишам нешто, sorry ако има слична тема. Значи имам проблем со роднина која уште како мала ми нанела трауми, нервози, болка. Мајка ми уште има контакт со таа особа (роднини се) и иако и самата вели дека не е во ред тоа што ми се случувало, постојано зборува со оваа личност на телефон. Јас немам контакт, блокната ми е, не одам на family events, но тоа што моите родители (татко ми е приморан хахах) сеуште се гледаат со неа ми е многу triggering, како да кажам... Превише сум млада за да заминам тукутака од дома а и плус мислам дека ќе им треба помош за на постари години на моите родители бидејќи имаат хронични болести. Не можам да живеам нормален живот вака, а не ни помага што особата е буквално гладна за драми и цело време сака некако да се пикне во мојот живот и да најде некакви си сочни оговарања. А знам дека нема никогаш скроз да се оттргнам освен ако мајка ми не ја тргне од својот живот, што изгледа невозможно. Се надевам дека е пронајдам помош за ова тука, ако не барем само што го напишав ова ми е доволно.
Не и прави муабет избегнувај ја. Кажи им и на твоите "како можете да зборувате со нејзе кога како мала ми нанесе трауми? како можете после се да бидете блиски со неа!" Не вреди да ги напушташ твоите ради некоја си "тетка" таму. Едноставно игнорирај ја.
Мислам дека најдобро е да ја игнорираш односно да избегнуваш секаков контакт со неа отколку да се расправаш и со твоите и со неа и да ја гледаш па да ти е потешко. Невозможно е да не ја гледаш или пак да исчезне од твојот живот, сепак совет ми е да ја игнорираш колку што е можно повеќе....
Знамм и мене не ми е јасно, но за жал моите се од оние "family is most important" типови на луѓе. Кога бев помала и не можев да им се противам многу ми урлаа зашо „цело време збориш со другарките а на братучеда ти никако да и пишеш“, ко јас одлучувам која личност ми е интересна...
Па баш ако се "фамилијата е најбитна" треба за детето најпрво да гледаат. Татко ми никогаш не би дозволил да рече некој лош збор за мене поготово роднина одма ќе му покаже кај му е местото. Јас би била бесна на родителите доколку не превземаат нешто во таква ситуација па уште се понашаат како ништо да не било.
Точно, фамилијата е најважна, затоа прво мир во вашата куќа, па после ако има толку желба нека им угодува и на роднините.