1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да се омажам

Дискусија во 'Брак' започната од vasilija.vase, 10 септември 2011.

  1. vasilija.vase

    vasilija.vase Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки :)

    Во последно време слушам многу лоши коментари и мислења упатени на тема брак, во смисла на тоа дека бракот е сериозна и тешка обврска која треба да се пролонгира колку што е можно повеќе, па дури и изјави на девојки од типот дека нема да се омажат.

    па девојки, дали вие сакате да се омажите? :D и вашиот став околку бракот?
     
  2. Gernika

    Gernika Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    хахахаха кога ја прочитав темава мислев дека ти сакаш да се мажиш а не ти дозволуваат :rofl: еве јас за себе ќе кажам дека сум во брак скоро 5 години и убаво ми е,секој брак ќе успее доколку има меѓусебно разбирање,доверба,искреност и взаемна љубов.Доколку не е некој спремен подобро нека не стапува во брак бидејќи и покрај убавините кои што бракот си ги носи со себе,воедно бара и пожртвуваност за одредени работи.Ај да не откривам многу :lol: ќе останат девојчињата сингл :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Angel4eeee, Mrs.Bass, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    До скоро викав дека нема да се мажам ама како поминува времето не сум сигурна баш што сакам.

    Бракот не е само правење ручек и правење деца. Може и мажот и жената да се добри ама некој трет да се вмеша и да не успее. А тешко е сигурно да се живее во кука со 10 члена внатре од друга страна знаеме каква е ситуацијата кај нас. На оваа безпарица уште куќа правење е кусо.
    Ќе се омажам еден ден кога ке имам добра плата. Парите не се најважни во бракот ама сепак се важни. Хејкам децата да ми гладуваат, нејкам да живеам во еден гз место, ке се трудам ке се мачам сега за по неколку години кога ке се мажам да имам колку толку некој денар настрана ставено и да имам редовна плата.

    Сега сум 21 не размислувам за мажење уште ама ако се омажам тоа ке биде на 27-33 години.
     
    На srcekrsacka и Saraa им се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Јас пак кога го видов насловов, ми заличи на личен оглас за могуќо прцање, па дојдов да си тролнам.
    Ама се за*бав. Ај, барем искрено си кажав зошто сум дошла. :D
    Инаку сакам да го мажам. И ке го пукам по њива кога че го мажам! 8)
    Шала на страна, искрено, зошто да не? Толку демек се измодернизиравме па уште и да не се мажиме.
    Немој. Трт Милојке, ружо бела, устај крава ти се тели. |(
    Ние уште кромањонските карактеристики за чепкање нос, уво и златни зуб на јавно место, покажување со прст, мераклиско бришење мрсул со ракав или дланка па трескање од земја, делење лажен морал, солење памет, оговарање и деградирање на оние подобри од нас и слични завидности од тој тип не сме ги искорениле, не пак ова. Кога горенаведеното ке го искорениме, тогаш може да се наречеме компетентни и еманципирани да би можеле да размислуваме за (не)стапување во брак.
    Ако ја најдеме онаа права личност која и покрај се` ни одговара, не` разбира, поддржува и не би можеле да го замислиме животот без неа и тој без нас, не гледам зошто некоја не би се мажела без разлика на возраста. Порано или подоцна демек секој си наоѓа капаче. :)
    Тоа мислење околу пролонгирањето и/или немажењето го имаат оние кои обично дури се помлади си мислат дека никој не е доволно добар за нив, дека можат се` и сакаат да сменат што повеќе „мувачи“/партнети/ватевр и со тоа демек да се докажат колку вредат, како и што подолго да останат со тој ајм д` бест фак д` рест, еманципрана жена стајл. (Од кои повеќето искрено и за жал се само ванаби.)
    Исто застапени се и етикетите дека сите женски/машки се исти и тука доаѓа до меџународна туга и очај и обечање дека нема дотичниот/та да се мажи/жени.
    А постојат и оние кои навистина сакаат ама немаат среќа да најдат некој што им одговара па се разочаруваат од изборот што го направиле и така се` им пропаѓа во вода.
    Пи.ес. Фејсбук мажење за непознат орангутан из Шмрицварске што оставил лајк4е и срценце на ѕид се важи?
     
    На SV1911, Neytiri, zorica1993 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Сега-засега не ни размислувам на таа тема.Некако ја избегавам колку што се можи 8) Сеуште некако не сум се скротила за да впливам во тие води,ма никако не можам да се замислам уште сега на овие години мајка,сопруга....Рано ми е да се врзам :) кога би имала 27-30 тогаш да. :?:
     
  6. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Здраво дечки :hai:
    Како прво има БРАК и БРАК
    убаво е кога на постари години (28-30) ќе си ја најдеш сродната душа и тогаш да стапиш во брак, пошто верувајте само кога сме постари знаеме всушност што сакаме, што ни треба и моземе вистински да препознаеме (чест на исклучоци).. Јас ја имав таа среќа :) Многу битен елемент е да се и двајцата партнери иззивеани, со поминати искушенија и со оформен карактер да разликуваат сериозни работи од игри. Таквиот пар веќе не е подлозен на влијанија на дрштво, фамилија и околина - ке напоменам сепак има исклучоци и на постари години. Исто вазно е и двајцата да го сакаат тоа,не само еднииот , па под влијание на другиот да влезе во таа институција и после на секоја криза да му префрла- па ти сакаше сега ете ти! Доколку немате партнер молете си се на бога да ви прати нормален, на иста бранова долзина како вашата, па да видите и те како постои хармоничен брак исполнет со љубов и разбирање.
    Да не се лаземе дека има паѓање во трансови од страсти како во 18сетите ..во бракот е веќе сериозна љубов и почит кја е вистинска и трае многу подолго од трансот кој е моментален и привремен. И има обврски да, нормално не е тука мама да ти принесе и намести кревет кога мрзливо ќе се извлечеш од него..треба да бидете среќни што сте своја и самостална личност и тоа веќе ќе го правите сами..и ќе ви биде задоволство тоа да го делите со партнерод (доколку го има горенаведеново-почит , љубов) нормално и со негова помош- никој не е ничиј измеќар -едноставно взамно правите се и се надополнувате без да мерите и броите кој што направил...
     
    На Katiija, srcekrsacka, nitokris и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И јас сакам да се омажам и не се плашам од БРАК! :!:
    Јас бракот го доживувам како наредна етапа од мојот живот која сакам и која мора да ми се случи! Не сум со некои нескромни очекувања дека во бракот треба само романтики, љубов од утро до мрак, уживање и неограничен спокој....напротив, свесна сум дека проблемите лесно ќе се наголемат, ќе се јават и недоразбирања, но белким полесно е да опстануваш и надминуваш кризи кога до тебе го имаш човекот што го сакаш! :angel:
    Поголемо внимание им давам на предностите кои ќе ми ги пружи бракот а тоа се, семесјтво :inlove: за кое искрено копнеам и сакам да го основам во наредните неколку години, заеднички дом ;) кој ќе го уредиме по нашите потреби и желби, живот поминат со човекот што сум го одбрала и кому сум посветила голем дел од мојот живот...
    Е сега неизбежно е да спомнам дека во бракот го очекувам и ритуалот куча-посао оти дури ми се чини дека ми фали малце таков живот, стига ми е од секојдневно шетање :lol:

    Брак не сум сакала на 20-23 години но сега веќе мислам дека сум зрела и спремна да го направам тој чекор така да нити се плашам нити пак сакам да го одбегнам бракот и проблемите и убавините што ќе си дојдат со него!
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Еееееее, помина времето на ткаење чергичиња и диплење миленца за чеиз. :D

    Нормално дека сакам да се омажам, да оформам семејство, да бидам родител. На крајот на краиштата, која е смислата на животот да млатиш пари, да бидеш модерна жена демек, а на крајот од денот да заспиваш сама како утка. :^)

    Секако дека мојот иден сопруг ќе биде некој кој ми докажал дека е достоен да биде присутен во мојот живот, во мојата кујна и кревет, кој е достоен да биде татко на моето дете. Не сум очајна да перам гаќи, да пеглам и запржувам кромид затоа што според обичаите у маало, мора да бидам домаќинка на нивоУ се со цел да не бидам етикетирана како стара мома, или мажена покуќарка.

    Па не ни сакам да бидам мажена а да живееме исклучиво од љубов, да ги раниме децата со воздух и чат - пат со вчерашен леб. :shake:

    Мој личен став е дека секој треба да се реализира на професионален план, односно да биде сигурен дека ќе обезбеди пристоен живот за себе и своето семејство, да има покрив над глава, па спремен да рипне во тавче. Да не се лажеме, од љубов не се живее а поготово кога на свет ќе дојде дете кое има потреби можеби и поголеми од нашите.

    Така да, тоа е тоа.
    Маж, деца, хармоничен дома сакам, само се во свое време. Не сакам да се залетувам и да верувам во идилични семејни бајки, Шекспирова љубов за сва времена....затоа што тоа не постои. Факт! :!:

    Затоа пак нормален семеен живот постои, само пред да го доживееш треба и мора да сфатиш со каков предизвик се соочуваш. :)
     
    На eloves, K.Karanfillova, Neytiri и 10 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Најголемата предност да се биде во брак е дека ако се скарате побргу го решавате недоразбирањето оти не можете да се игнорирате со неодговарање телефон или бришење од фејсбук :D

    Шала настрана. Да се стапи во брак значи потполно да се порасне. Ако сакате да сте независни индивидуи, да се тргнете од мама и тато секако дека ќе си перете сами, вака да не врти машината празна ги ставате и неговите. :D Не бива шала настрана, очигледно нешто ич не сум озбилна денеска, извинете ми, ај друг пат ќе пишам по озбилно на темава.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Јас исто порано не сакав воопшто да слушам муабети на темата брак, ми звучеше грозно, страшно, утопија.
    Но, како поминува времето навистина сакам да се скрасам на мој начин (ма нека звучи ова немодерно и старски колку сака) :D , и да си основам дом и семејство. Полека, без брзање, ама сакам. :)
    Слично како Георгина сум ЗА да се обезбедат прво услови за ваква животна авантура.
    Никој да не биде на товар никому и да се има некаков покрив над главата.
    Не дека секогаш се' оди подмачкано и според планот, ама би се потрудила да создадам некакви услови за отпочнување заеднички живот.

    Да не се разбереме погрешно, сакам излегување, дружба, забава, вечери само со моите женички, ама чувството кога ќе си легнеш до љубениот и целиот универзум и живот добиваат смисла покрај таа особа е незаменливо.

    Едноставно, почнувам да ја надраснувам таа сингл фаза и ме влечат сите оние работи кои ги прават парови за озбилно бре! :D
    Под ова не подразбирам квачење пред тв и играње монопол...
     
    На eloves, Neytiri, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    порано и јас сакав да ми дојди принцот на бел коњ и да се омажам....... :$
    чекав и го чекав и ми дојде само коњот :worried: :D
    потоа увидов дека се` само коњи околу мене.... |(
    не дека јас сум сјајна, ама ако имам маж покрај мене кој ќе ме третира како треба, да јас би била дури и принцеза :inlove:
    но, за жал реалноста е мноогу сурова, соочени со секојдневието таа замисла од малечка, веќе ја снема...
    е, сега, дали сакам да се омажам? да, ако вреди. да, ако вреди тој човек од неколку милијарди на земјава да му го посветам остатокот од животот нему. :) :tmi:
    но под никој случај не сакам мажење ради реда, оти ти дошол редот, па да не останеш стара мома и не знам какви сељачки муабети :x
     
    На Tanjamm и maca78 им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Секако дека сакам да се омажам и никако не се плашам од брак.
    Но работата е што во брак мораш да стапиш дури тогаш кога си 100% сигурен, односно да не зависи едниот партнер од другиот, сите да вложуваат во заедничкиот живот и да бидат спремни за тоа.
     
  13. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    еве што мислев коа бев сингл-дека кога ке се мажам јас лично мора да е од љубов и нешто да има мегу нас двајца и дека нема да си дозволам да се мажам само ради реда шо би се рекло...моите ептем се нервираа кога некој од нашите мили комшии ке му речеа ам со чекате шо не ја мажите маца као демек ајде нека ме набркаа од кујка...абе или демек јас сега станвам и одам да се мажам!е не е то така.ама за да зборваш за други е најлесно!!поминав низ скоро сите фази во моминскиот живот,пробав што сакав видов што сакав,прошетав,купив,излегов,журкав,во рамките на моите можности нормално..
    и така фино и културно си врват годините и не ги осекаш дека врват и за се што ке ти се спомне под поимот мажење бегаш ко од некое чудовиште.арно сеа во текот на тие години што врват поцна друштвото да се дели кој се мажи жени кој замина странство,и се помалку и помалку и за на крај да немам од мојте другарки другари никој....и сакаш некеш ти се наметнува прашањето кога и јас?

    во тие моменти си велам леле до кај сум дотуркала и за ова нешто да се прашвам самата себе си?а плус и немав дечко во моментот...за ново друштво најдов не беше некој проблем ама не колку мене туку помали од мене на некој и тетка можев да му бидам...мислам то беше реалност!дали сакам јас да си признаам или не ама реално местото не ми беше тука... :!: да можам да се вратам назад пак би го одбрала истиот начин на живот место да се мажам на 18...без навреда нека е ама мислам дека то е прерано...
    :!: да признаам ама и нешто друго..од аспект на рагање деца и нивното одгледување ееее само тука мислам дека ми е касно...добро не сум престаренада не ја преовеличувам работава ама сакав да признаам дека тогаш велам ех како не се мажив неколку години порано да си ги родам децата со повреме...
    :talk: е сегашноста :!: мажена сум,жива моја срека што живееме во наша кука ама пробав и од заедничкиот живот со старите...еј стоп бла бла бла многу изнакажав
    и заклучок давам

    за се има свое време и кога ти е слатко да си со дечко,па покасно да се будиш со твојот сакан,па кога ке те буди плачот на твоето најмило и се со ред

    јас појма немам дали некој ме разбра или не!!!!!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl:

    секој си има изградено своја идила во животот што сака и како сака да биде е сега по пат на игра на среката нешто ке добиеш само што за зива срека што никој не знаеме инаку ке сторевме пазар за мажачките..
     
    На Zvezdicka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Еми ти не ја читај толку темата брак да не ти извадат памет денешниве снаи :D . Ти на твоите 20 год треба уште да пролонгираш терминот до мажачката. Бракот е сериозна обврска ама не и тешка ако е од љубов и разбирање. А тие што велат дека нема да се мажат не ги слушај, ќе пукне тапан и кај нив ;) .
    Еве јас сум во брак, па сеуште сум здрава, права и среќна мајка и жена.
    Ако ти на свои 20год сакаш да се мажиш кај ти отиде младоста бре девојче, има време и за тоа ќе си дојде само по себе. Прво свати ја суштината на животот и најди го човекот на својот живот.
     
  15. vasilija.vase

    vasilija.vase Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Би сакала да се омажам и јас еден ден, сметам дека сеуште е рано за мене, не се чувствувам спремна за тој чекор. Меѓутоа го ценам бракот, семејството и се надевам ќе ги создадам за неколку години. Темава ја отворив поради тоа што многу мои другарки и пријателки, делумно моја возраст а и повозрасни кои би требало да мислат веке за брак, имаат доста негативен став околу ова. Па си велам аман, што има толку страшно? Зошто вака? Лично сметам дека би требало да му се даде шанса на бракот, дека тој може да успее. Среќно омажените ќе го потврдат тоа! нели? :)
     
  16. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Те лажеле бре! Кој не сака да се мажи! ... сложена тема, ама овде во МК, секој сака да се омажи... освен можеби случаи кога двајата сакаат слобода, па ајде да не му е гајле што се се случува со партнерот...
    Сите сакаат контрола и црврста врска и внимание покрај себе, еххее
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сакам!
    Сеедно ми е дали ќе се омажам сега или по три години ,се што имав испланирано во животов си средив навреме ,уште да си се осигурам материјално и да реќиме дека се би било совршено.
    Не ми е страв дека ќе ја изгубам слободата ,како што се правдаат некои ,ем ќе си спијам до моето младенче ,ем ќе се изнашетаме кај сакаме.. :lol:
    Која утопија :lol:
    Никогаш нема да бидам од оние мажени жени кои ете ,дал Господ ,се омажиле и ај сега ,само дома ќе дремам и в кујна ,а? Ма јооок ,има да акам до акање! :rofl:
    Не ми е страв ни од одржување на домот и сета таа фама околу готвењето...
    Е деца не сакам ,да се разбереме :!: барем наредни 4-5 години ,да имам фора да си ги набилдам сите нервни клетки па после лесно е :lol:
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.704
    Сакам и јас :lol: Шала на страна,до пред година не размислував.Невозможно ми беше и покрај 8години заедно,и 3 години заедно живеење.Но сега силно посакувам.Ај што си ги имам годините башка :lol:
    Но ете и со мајка ми си правиме муабетче,и таа вели колку стресно ви стана на вас младите уште од сега со динамика,ние кога бевме со една државна плата направивме и куќа и на одмори одевме и се.А сега и двајцата невработени нема шанса.Ете ние и двајцата работиме па сеуште сум исплашена кога размислувам за иднината.А кога работеше само дечко ми,мажачката неја имав на ум.Сега колку толку си осигуран,ама пак е стигаат бе!Скоро све оди на кирија и сметки,а не пак да земам да средувам во родниот град.Искрено повеќе не сакам да размислувам што ќе ми донесе утре.Се надевам дека со љубов ќе победиме се.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Васе бре се омажи ли девојче? :lol: :wasntme:
     
    На MiniMouse7391, sesilija и perlaa им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Е само уште тоа ми фали, па да извршам самоубиство :D мала шега
    не се плашам, и дури и во последно време размислувам на таа тема , но сеуште не сум ја нашла вистинската личност со која би сакала да го споделам својот живот-радост, тага, болка и други емоции и не дека се ми е средено само уште тоа ми фали-напротив се ми е хаос и се обидувам да го средам-најпрво да дипломирам, да се вработам во мегу време па после да размислувам за мажачка, оти верувам дека ниту на еден маж не му е пријатно кога треба да ја издржува сопругата, дури и сегашниов при еден разговор ми рече-сакам жена ми да работи, и во право е човекот :!:
    младоста е една, треба да уживаме во неа, а за врзување порано или подоцна доага, како што се вели-секој/а со својата срека
    башна оваа тема имам разговарано и со другарките, едната е 27, другата е 29 години
    таа што е 27 има долга врска, и спомнал партнерот брак, таа го одбила-таа си знае, а другата си го чека својот принц-иако како што вели таа дека од дома и споменуваат :lol: и мене ми споменуваа, т.е. мајка ми па се откажа кога виде дека нема фајде-тоа беше пред неколку месеци
    и имам разговарано со еден недоквакан во паметот бивши што сакаше да ме жени, ама никогаш не се осмели да ме запроси, ама кога виде ШТО ЗНАЧИ БРАК-има помала сестра, таа се омажи, има керкичка, се премисли човекот и веке ни брак ни мрак спомна :rofl:
    за мене бракот претставува нешто свето, и не сакам да избрзам, па после да се каам, или да си ја пеам што ти се чинеше кога се мажеше :lol: :rofl:
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.