Сака да живеам со него...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kuklickaaaaaaa, 20 јуни 2013.

  1. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Нова сум....Здраво на сите...едвај се снајдов....сакам да ви кажам дека во преголема збрка се наоѓам... имам дечко одам со него 10 месеци и имаме мн планови.....од дома мене мн ме притискаат ме понижуваа за мн работи пред некој ден спиев кај него и татко ми ме казни една недела да не излегувам сега тој ми вели да си соберам се со имам и да си одам кај него.....му се јавив пред 1 саат му кажав дека ќе дојдам и сега чекам да си легнат моите и да одам....Дали правилно постапувам?
     
  2. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Помогнете итно е

    Колку години имаш?
     
  3. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Помогнете итно е

    20
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    879
    Пол:
    Женски
    Помогнете итно е

    Не верувам дека родителите ти мислат лошо. Размисли 2 пати пред да направиш грешен чекор. Ако си отидеш од својата куќа, повеќе враќање нема ! Ако те вика дечко ти , можеш и утре да отидеш кај него. Размисли вечерва за се . Не студираш така ?
     
  5. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Помогнете итно е

    Не студирам.....ама веќе му кажав и сега ако му речам дека не идам ќе се налути ќе почне блалалала......а и мн тешко детсво сум имала сум била малтретирана од татко ми и до ден денеска сум сакам да избегам од се и да бидам среќна
     
  6. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Помогнете итно е

    Исто така и тој имал такво детство и сега живее со мајка му ....ми вели да одам да бидам среќна со него .....не знам што да правам
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.353
    Помогнете итно е

    Јас не би отишла,мислам дека правиш голема работа :/
    Размисли убаво,дечко ќе најдеш,но родители не :)
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    730
    Помогнете итно е

    а со мајка ти како стоиш девојче ?
    да седнеш со неа сега и да разговараш не ке биде лошо
    имаш 20 години не студираш а дали работиш некаде ?
    ке направиш грешка ако заминеш бегалка ке неманазад повеке никогаш не избрзувај со одлуки
    по се изгледа твоите нети дозволуваат и да бидеш со овој дечко ?
     
  9. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    1.853
    Помогнете итно е

    миличка немој не се избрзувај и јас бев во ваква ситуација моите не ми даваа да бидам со него и не ме пуштаа да излегувам јас се му објаснив што и како стојат работите ама полека се се среди и колку нервози и плачење имав и е ок сега се е како што треба . Еве пред 2 недели веридба ни направија многу убава и сега сме сите срекни пресрекни и многу го сакаат дури повеке и од мене затоа не се нервирај се ке помине во најдобар ред. Ви посакувам се најубаво и без нервози
     
  10. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Помогнете итно е

    ама јас му кажувам ама не се разбира....ми вели ова ти е прекрасна шанса да ми докажеш колку ме сакаш и да си бидеме среќни....и кажав на мајка ми и таа ми вели да почека до вторник додека ми помине казната па после ако му кажам ќе ми се скара не знам што да правам сега ми ѕвонеше 3 пати не му кренав не знам што да правам
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Помогнете итно е

    кукличка,а размислуваш ли што ќе каже мајка му,како ќе те прифати бегалка :^) ?се се решава на фин и смирен начин,не ја прави таа грешка,машките се такви се ќе ти ветат а накрај ништо може да не излезе .не е убаво како крадец да заминеш ,ало :fubar: .плус имаш 20 години,верувам дека си зрела паметна и совесна девојка :) .
    Oва ќе ти го кажам ,сум го прочитала во една книга за младите :ако не можеш да се соочиш и да излезеш накрај со родителите кои те исчувале 20 години вложиле труд и љубов за тебе,како ќе се соочиш со односот со лице кое го познаваш неполна година?размисли за ова,после доцна ќе биде,оти родител си е родител.и јас за еден дечко тргнав против родителите а неговите со еден муабет против мене ,знаеш што ми рече тој:тие ми се родители.Oва за твое добро ти го кажуваме,размисли убаво,родителите ќе ти простат и ќе те вратат назад,но ти си таа која потоа нема да си прости!
     
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.353
    Помогнете итно е

    Он пред се,треба прв да биде што ќе ти каже да преброиш до 10,и повторно да размислиш.
    Он треба да ти каже:Тие ти се мајка и татко,ако треба нешто да биде повеќе меѓу нас,треба да добиеме и нивни благослов :!:
    А наместо тоа,он ти вика дека ова ти е шанса да му докажеш дека го сакаш навистина.
    Како му докажуваше во овие претходни месеци дека го сакаш? Бегаше секој месец,за да знае дека сеуште го сакаш?
    Не е само да ти ја отвори вратата од неговата куќа,има после уште многу други споредбени работи што ќе ве пратат во заедничкиот живот(и добри и лоши).Но,ти никогаш нема да можеш повеќе да се потрпреш на подршката од твоите родители,а он си ја има мајка му колку толку.
    Само кукавиците бегаат од проблемите и нивното решавање,според мене.
    Така да,докажи пред се дека не си таква,со тоа што зрело ќе го решиш ова,компримис секогаш постои.
     
  13. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    228
    Помогнете итно е

    Тој те присилува всушност да одиш кај него ?! Ако не избегаш од дома, ке се карате ?! Верувај, повеке ке те малтретире тој одколку татко ти.. Нека ти докаже колку тој те сака со тоа што ке те разбере и ке те остави да размислиш..
     
  14. sanny08

    sanny08 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Ne pravi ja taa greska,sepak roditelite se povazni od se..razmisli,ima mnogu nacini za dokazuvanje deka go sakas,ne e samo ovoa,a osven toa..do sega kako mu dokazuvase.. o.O
     
  15. mary-cinderela

    mary-cinderela Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    немој да избрзаш од каде знаеш каков ќе ти биде заедничкиот живот со дечкото? ништо не е исто во заеднички живот како во врска. за тој чекор сепак треба да знаат родителите разговарај со нив смирено ако веќе си решила да се мажиш кажи им нема да ти забранат ако е ок дечкото. а и пред тоа треба да го запознаеш со семејстворо сепак
     
  16. kuklickaaaaaaa

    kuklickaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Se se sredi.....drugata den dojdovme kaj mene i pravevme muabet im kaza deka planira so mene brak i veke od doma ne me zadevaat....moite roditeli vo nisto ne mi se mesaat i se presrekni :)) sepak fala na site na mislenjeto :*
    [mod-kirilica:2au9r6ck][/mod-kirilica:2au9r6ck]
     
    На mary-cinderela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    730
    е супер и на нас ни е мило што не избрза и не замина бегалка кај него отсеганатаму со ладна глава размислувај некако некна у паника
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    така е кукличка во право е Eва,биди опуштена ,што и да се случи родители се родители никој не може подобро од нив да ти мисли.баш ми е мило што работите по полека се средуваат :)
     
  19. PinKitty

    PinKitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    8
    Сега сигурно сакаш да бидиш нон-стоп со него и ти е убаво и се ама гледај и од другата страна ако нешто се случи меѓу вас а ти ако се искараш со твоите заради него, отпосле пак ќе се вратиш кај родителите така да слушај ги и почитувајги во тоа што ти го велат, ќе си дојде се на свое место немој да дозволуваш некој да те притиска..