1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самец излегува со пар...

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 октомври 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Што мислите за машко кое излегува нон стоп со пар. Другари му се , ама се си има граници. ИМав таков дечко и дури се осетив поттисната , некако додека е со мене, мислам дека потајно жалеше што пропушта да се види со парот кои му се другари. Абе колку ги опишуваше дека си се верни, дека се сакаат, како да се заљубил во нив. Јас сама да излегувам со пар, глупаво би ми било и би се досадувала. А вие?
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    самец излегува со пар...

    Понекогаш е ок, а нон стоп не баш. Ова понекогаш мислам да се видиш да направиш муабет и слично. Евентуално пример ако ти сама излегуваш со пар можеш да си повикаш уште некој да дојде со тебе, другар, братучед, пријател или парот да викне некој другар/другарка, така ќе биде подобро, ќе има повеќе дискусија. Што се вели да не седиш сама.
    А и ова да не седиш сама глупо ми седи некако, парот сигурно нема да се лигави пред тебе, туку ќе си муабетите. Јас така го сфаќам тоа. И јас со дечко ми кога излегуваме ако сме со некое трето лице да се видиме тогаш нормално 2 часа се прави муабет и сите тројца учествуваат во муабетот. Сигурно нема јас да правам муабет со дечко ми а тој третиот да седи сам.
     
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    1.580
    самец излегува со пар...

    Мене ми е сосема океј ова. Ем си е со другарите ем со тебе или обратно ем ти си со другарка ем со дечкото. Никого не одбиваш, никој нема да се лути после тоа. Се разбира добро е се додека третиот не се осеќа отфрлен и кога веќе ќе искочи. Значи да има муабет, а не дечкото и девојката се лигават, а овој ги гледа. Јас би искочила така ако знам дека ќе ми прават муабет или ќе си викнам некоја другарка ако веќе они не викаат никој друг.
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Мене ми е глупо. Многу. За ова си имав проблем со дечко ми одамна, сега се среди. Му реков 100 пати дека кога ке стане на сабајле ке си размисли и одлучи дали сака да се види со мене или со другар му. А тој како си беше фатил каде ние двајца одиме го викаше и другар му. Ни на кафе сами не бевме седнале, ни излегување ништо.. И јас си сфатив дека му е досадно со мене па затоа го вика. Они двајца ке си зборуваа цела вечер за коли, мотори, смеи шали, ке се потсекаат на некои смешни случки од минатото на кои само тие се смеат, јас не бев вклучена во ниеден разговор, си седев како аутсајдер. Поттикната од тоа и направив една глупост бидејки му кажувам дека имам проблем со тоа а тој упорно игнорираше. Ако каже ке излезам на кафе со другари не се лутам, наместо да каже ајде ке одиме на кафе, и само што ке седниме ке ги викне и нив. Од моја страна скоро ич тоа не се случи. А и другар му кога беше излезен со девојка му не го викаше мојот со нив. Јас кога сум на кафе или излезена со другарки со другарки сум, кога сум со него со него сум.
    Сега фала богу не се случува ова, дури да ви кажам и незгодно ми е да не мисли дека сакам да го делам од другарите бидејки не ми е тоа воопшто намерата, не сакам да ме дели и не сакам да го делам од друштво... Така да, сум против тоа излегување во тројка. Да се повеќе може, ама вака тројца не. Барем не со мене. :)
     
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ох леле и јас имав таков проблем бившиот имаше еден другар и нон стоп си го носеше со него
    ама на кафе не бевме сами појдени..
    и го завикав жена ти а не другар ти
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Јас никогаш не сум излегла сама со пар. Добро, понекогаш се случило да останам накратко но цела вечер или цело излегување НЕ... Мене лично ми е глупаво и се чувствувам како вишок и како да сметам. Не сум против да се собере поголемо друштво од парови и сингл луѓе, да се забавуваат заедно и да си направат муабет но самец со пар никако. Ајде, може да се случи понекогаш но не би можела да замислам секогаш кога сум со дечкото да има и трета личност.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Е за вакви ситуации зборам. Дека со месеци излегувал во тројка, со парот и кога се фативме просто му беше чудно без нив.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.699
    Мене не ми смета кога со мене и дечко ми има и друга или други личности,има време и кога треба да бидеме сами а и за во друштво.Баш на против уживам кога сме во друштво,а и јас сум излегувала сама со пар,се разбира со драги личности на кои знам дека не му сметам.Ние со дечко ми најправин бевме другари и излегувавме заедно во исто друштво можи и затоа сум се навикнала постојано да сме опкружени со други личности.
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    И јас имав истиот проблем како и Црешничка до пред некое време.Како што знаат повеќето од форумов јас имам врска на далечина и секој пат првата година дечко ми спиеше кај еден другар кој што кога излегувавме доаѓаше со нас.Самиот се канеше и овај мојот дека спиеше кај него не му беше згодно да го одбие.Дури и за мојот роденден дојде со нас,а веќе бевме договорени да прославиме сами и си имавте направено планче,но тој ни го расипа што дојде со нас и ете ти нервози.Го решив со тоа што му кажав на дечкото да спие кај мене и секој пат кога ќе се јавеше тој му кажувавме дека сакаме да сме сами.Исто така и мојата најдобра другарка која што тогаш немаше дечко доаѓаше со нас,ме прашуваше дали може да дојде,јас не можев да ја одбијам,но по некое време самата се свести. Излегвање во поголемо друштво или парови секако дека сакам и убаво е некогаш да излезиме и така,но во тројка не ми е баш убаво,односно ок е ако е еднаш,два пати ама пак секој пат е тоа ми смета искрено.И така ретко доаѓа,а да го делам со други е тоа не ми е баш по ќеф. :shake:
     
  10. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Не ми смета воопшто + не ни се наметнува детето, ние си го викаме т.е. дечко ми го вика за на кафе и си испаѓаме заедно. Понекогаш сме сами така да не ние монотоно, па не чини и цело врем сами да бидеме. Сега кога немаме други другари/парови тоа е, кога имаше женска испагавме во парови, сега кога се скара е сам, и шо сеа да не испаѓа ли. И така заедно си испаѓаме, скоро секој ден па ништо не ми смета.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    A па шо ако се пар? Мораат секад сами да излегуваат? Верувајте и на нив знае да им се здосади само гушкање и мување и во голем број случаи од моето опкружување, баш парот бил тој кој иницирал и инсистирал другар/ка да дојде со нив на кафе.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Темава како за мене :D јас често висам во тројка, со другарка ми и другар ми кои се патем пар. Знам дека кога сакаат да се сами, излегуваат сами, ама слободата што ја имам за да им бидам сијалица над глава :wasntme: сами ми ја имаат дадено, дозволено и докажано по илјада пати. Такви си се луѓето, не сакаат ни на викенд да идат сами, разврзуваме муабети до немајкаде. Башка муабетот, и од моја гледна и испробана точка, да излезеш навечер во некој клуб е позабавно во друштво, отколку само со партнерот :) Патем, ова е испробано и од обратна ситуација кога јас сум била пар, а другарка ми сингл. Се' зависи од тоа во каков однос се тројцата вклучени во дружбата :) бидејќи не иде, едниот да прави муабет само со еден, а со другиот не, па секако некој ќе се осеќа вишок :)
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.631
    Пол:
    Женски
    Уопште не ми е глупо да седам со пар.Нормално не сум постојано со другарка ми и со дечко и имам осет дека си сакаат и они да си бидат сами,ама па се случува и често да ме викнат да излезам со нив.И тоа не само другарка ми што ме вика туку и дечко и се има десено неколку пати да и каже викни ја Супергрл да седнеме негде одамна не сме ја виделе.Јас кога би имала дечко никогаш не би делела и не би ми сметало другарка некоја моја да седи со нас или негов другар.Бог да чува се се дешава сеа ако другарка ми е сингл сигурно нема да ја двојам и суптилно да и праам притисок да најде некој само за да се дружиме у парови.А искрено и нејкам па јас коа ке седам со некој да викаат трета особа само за да ми праи мене друштво за да не се осекам ко сијалица,пошто реално до сеа никад се немам осетено така кога сум седела со парови.
    Сум имала дечко и сме искачале сите тројца ,јас тој и другарка ми и толку убаво сме си проагале толку убаво се дружевме и ни беше интересно што да можам пак ке го правам истото.
    Така да за мене нема ништо чудно и страшно некој што е сингл да излегува со парови.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не ми смета воопшто да има некој со мене и дечко ми, ниту пак јас да седам сама со пар, зошто такви ограничувања? Напротив, секогаш е позабавно кога е поголемо друштвo. Ако излегуваме нонстоп сами, гарантирано ќе ми стане монотоно и ќе почне да ме гуши со оглед на тоа дека сум пожива и темпераментна.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Мене не ми смета воопшто, а ни нему, барем досега не покажал дека му смета.
    Излегуваме во ваква комбинација понекогаш, со луѓе или од кај мене или од кај него, и баш е интересно.
    Сум била и јас третото лице и паровите баш супер се однесуваа и ме дружеа, ни на момент не покажаа дека сум одвишок или дека не ме прифаќаат. Одлично ме прифатија и супер си поминавме заедно.
    Сепак, имам осет и знам до каде треба да одам, па и кога да излезам со нив.
    Интересно е некогаш да се смени, зашто досадно е секогаш сами, истото пак истото.
     
  16. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    370
    Не е проблем излегувањето со пар ако е повремено и ако сите имаат заеднички теми на муабет...глуо е да се излезе со пар и самецот се концентрира само на еден од парот и само со него прави муабет, адругиот е запоставен :geek:
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    понекогаш е ок али не нон стоп....али сами е поубаво...
     
  18. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Многу често излегуваме тројца , јас дечко ми и НАШИОТ другар , сепак тој е и мој другар , за мене не е проблем што и тој есо нас , ние скоро по 24 часа сме заедно со дечко ми , и сакаме да си разговараме со други луѓе , на другарот му е незгодно ама постепено се навикнува
     
  19. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    и јас се имам најдено во таква ситуација ама сепак треба да ги дружиш и оние кои сеуште се сами..
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Во ред е, де, ама не нон стоп. :D
    За екскурзија имавме таква ситуација, еден пар и една со нив. Не беше неопходно само таква беше надуена со никој не живееше и одеше по нив како некоја подвижна бандера. |( :geek:

    Зависи како е испланирано излегувањето, по кој повод.
    На никој не би му било пријатно ако од никаде излезе некој, нели? :wasntme: :D