Сами/осамени за Новогодишните празници

Дискусија во 'Психологија' започната од girl.23, 19 декември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Некои ќе ги поминат празниците сами по своја желба...
    Но, што кога некој ќе се најде сам, меѓу своите 4 ѕида дома, не по своја желба, а со самото тоа ќе постане и осамен, тажен, депресивен, кога за најлудата ноќ, најголемите празници од сите страни ечат музики, џагор, смеа....?


    Некои истражувања покажале дека најголем % од луѓето се чувствуваат депресивни за време на Новогодишните и Божиќните празници, бидејќи се` околу нив е раздвижено, весело, владее весела атмосфера, разнобојни светла, шопинг, и мислат дека СИТЕ се среќни, а само тие се чувствуваат во себе тажно и несреќно.
    Сите тие луѓе го мислат тоа еден за друг, а всушност сите во себе се чувствуваат празно.
    Сте ја приметиле ли оваа `појава` во себе?

    За да не се мешаат поимите сам и осамен, може да дискутираме и за двата.
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Осаменоста е состојба на умот,така да исто е дали си сам или со огромно друштво.
    Се дешавало да ме пукаат лоши филмови за време вакви настани,ама поминувало пошо сум била со блиските или шо знам јас.
    Инаку,не сакам да бидам сама за Новогодишните празници..ваљда тоа ќе поттикне да се чувствувам осамена.
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.958
    Допаѓања:
    24.341
    Депресивни се затоа што мислат што ќе ги очекува во новата година , зашто да слават нешто кога само ќе дојде на полошо

    да бидеме искрени , сите гледаме како на телевизија станува све полошо и полошо со економските кризи и војни насекаде ... и затоа доаѓа до таа депресија , но би требало кратко да трае кога ќе заборавиш на тоа и ќе се забавуваш .... се разбира овој процент најмногу е застапен кај 40+ год , бидејќи сигурен сум дека младите не ги фаќа депресија , а и да ги фати ќе се испијанат и ќе се вратат на смејата


    а сега осаменост за нова год. , поточно да седи сам дома е сосема погрешно сватено . Дома сам може да биде прослава на негов/нејзин начин со фамилијата или пак со телевизорот или било кој начин .

    Нажалост таквите лица се исмејувани од општеството , бидејќи е вметнато највероватно од телевизиите дека за Нова год треба да си со пријателите и треба да сте камења за Нова год.
    Секој што ќе го прави спротивното ќе биде исмејуван со "Еј види ја оваа сама ќе ми седи .бла бла бла"
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Пред 4 год. баш буквално сама (мм беше на раб. во др. држава) бев со моето бебе кое имаше само 2 недели. Одбив сите покани, седенки па и пренамагања од свекрва дека ќе го почува сат-два а јас да одам кај золвето :) , ама категорично си реков ,,НЕ,,. Не ми беше до славење туку до добар сон.
    Не ми преставуваше проблем, сакав едноставно сама да бидам и никој да не ми се вртка по соба. Не бев по депресија а најмалку во пост породилна депресија туку ми се спиеше од мака а најмалку ми беше до славење и чекање на 00,00 часот.
    Зависи кој како ги сваќа работите. Порано и јас сакав да збеснувам по кафиќи, кафани :lol: ама сега ми е смешно. Подобро за тие пари би отишла некаде на викенд на врв планина и да си одморам мозокот.
    Кај нас за жал е премногу изфорсирана таа Нова Година. Насекаде по бел свет се чека на плоштад од раја народ а кај нас се бркаат кафани, кафиќи, гардероби па дури и шминкери :$
    Ес да не е важно каде си туку со кого си, ама некогаш и те како прија домашна атмосфера. Треба да си ептен негативец па да те отфрли секое друштво и во буквална смисла на зборот да останеш сам али во крајна линија тука се родители и ТВ (после 01.00 по полноќ даваат убави премиери ;) ).
    Што се однесува за глобален поредок :) насекаде владее депресија од светска криза па мало више важно кој, каде и со кого.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Славица ти си била од оправдани причини сама за Нова Година и потполно те разбирам и ми е најнормално па детето ти било само 2 недели.

    Туку не ми е јасно за тие што буквално немаат со кого да слават Нова Година, немаат другарки, немаат друштво, немаат партнер и во тој случај во кој е вината? Јас мислам дека е во нив бидејки не е нормално да немаш ама буквално никој кој би те поканил, ако не си во можност со најблиските другарки тогаш со некои пријателки или колешки.

    Сега ќе речете е не е така неможе да се наметнува, не е она крива што е сама ама јас не се сложувам со тоа зошто ние во друштвото сме 4 девојчиња од кои 3 имаме долги врски и што треба да прави онаа самата дома да си седи? Не никогаш нема дома седено секогаш имаше со кој да излезе со кој да отиде на Нова Година, дали со некоја која што не се збираат само парови туку се мешано друштво или пак со некои колешки од факултет и секогаш топ си е поминувала.

    За Нова Година дома сама подразбирам само ако сум преморена, скиснато ми е од се и сакам да се одспијам, во друг случај НЕ!
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    469
    Јас ке си седам дома за нова година , сама .... Немам другарки немам никој а уште 10 дена е нова година ама тоа е кога сите ке се забавуваат јас ке си гледам филмови ;( ;(
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Мене ми се случи тоа пред неколку години...
    Значи бев и САМА и ОСАМЕНА... Бев во таков период на загуба каде што се оттргнав и од другарки, немав ни дечко ни ништо, ништо, ништо...
    Одбив да одам и со тато и мама. Брат ми ме покана, ја одбив инеговата покана... Не се осеќав добро...
    Вечерта ми помина со седење пред ТВ и гледање филмови до сабајлето ( :!: и едно шише мартини )
    Тоа беше се... Но верувајте не ми беше воопшто лесно :/
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    хммм,точно знам какво е чувството...
    јас лани нова година поминав сама дома иако не очекував дека ќе биде така,но ете раскинав со дечкото еден месец пред нова година,другарките не ме викнаа а и да го направеа тоа не планирав да одам во ресторани и такви места,и ете не по моја вина останав сама а можеби и бев виновна до некаде бидејќи додека мојот дечко си славеше нова година со друга јас бев во тешка депресија,тоа е единствената моја тогашна грешка што не требаше да останам сама дома и да се чувствувам најглупаво,да плачам, јас требаше да одам некаде да најдам некое решение со било кого само да не останам сама или пак ако веќе бев сама требаше да си се порадувам а да не мислам на глупости...

    верувајте не паѓајте во депресија за новогодишната ноќ бидејќи од тој ден секогаш ќе се сеќавате на тоа,особено ако е поради раскинување,поминете си најубаво без да мислите на таа личност или барем не се надевајте дека и таа личност пати затоа што можеби тоа не е така :!:
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Зошто го гледаш тоа толку страшно. Еве немора со родители али со братучеди, братучетки, некој од роднините, школски, комшивки. Знам дека не си буквално сама и со никого не кумуницираш. Не мора да чекаш да добиеш покана од некој, туку прашај некого во твојата околина, ако несакаш да си сама.
    Еве ви давам идеја ;) сите кои седите сами дочекајте ја на Фемина :$
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    АКО СИ ДОМА ЗА НОВА ГОДИНА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СИ САМ ИЛИ ОСАМЕН. :) Па фала Богу со семејството си...домашна атмосфера, празнично расположение. Јас искрено подобро би била дома отколку во некој кафич да се гужвам. :tmi:
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    И мене ми се има случено, но од тогаш поминаа неколку години. И уште се сеќавам дека чувството не беше ни малку пријатно. Но ете такви беа околностите. Бев сосема сама во тој период, само што раскинав а и односите со друштвото не ми беа баш како што треба. И таа вечер ја поминав дома, сама и депресивна. Не дека Нова година за мене претставува некоја посебна вечер или незнам што, ама во секој случај воопшто не е убаво чувството баш тогаш да си сам. Се надевам дека нема никогаш да ми се повтори.
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    Немаш БАШ НИКОГО? Не верувам да немаш ни братучедки или соседки, школски, било што.. Немаш? Не дека е нешто посебно таа вечер, но не треба да ја поминеме дома сами и осамени. Најди некој, било кој и оди да ја прославиш новата година. Немој да седиш дома! :)
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Човек може да биде во најдоброто друштво, во највеселата околина и пак да биде осамен.
    Тоа е момент на чувство и верувам дека на секој му се има случено, ама сите не признаваат
     
    На Springy и marama им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    65.339
    Пол:
    Женски
    Од 4то одделение славам со другарки/друштво. Никогаш сум немала проблем за договарање, па сме се договарале и месец, два пред Н.Г.
    Последниве 2,3 славам со дечко ми, сестра ми и друштво нејзино. Но, оваа изгледа ќе си седам дома сама. Дечко ми и да дојде ќе нема каде да преспие, а за да дојде и после славње да мрзне некаде мислам дека не е фер. Една другарка спомна со неа, но некако прашањето за дечко ми го одбегнува, најверојатно не сака тој да дојде.
    Сестра ми ме вика со неа, но заедно со дечко ми не се добра комбинација. Искрено ако бидам без него каде и да сум ќе бидам осамена, затоа подобро дома да си седам.
    Нема да ми биде криво никој да не ме викне, колку тоа што не можам да славам со него.
    Сите што ќе бидете сами не грижете се, ќе помине и таа една вечер. Па за наредната година ќе се потрудите да си зближите со некого, за да имате друштво.
     
    На crazylady, lovely91 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Да бидам искрена, веќе преку глава ми е од сета таа предновогодишна фама, од тоа новогодишно лудило, од пијанчење до несвест, гужвања по кафичи, ѕенѕање по кафани во свадба стил итн.
    Поминав што поминав, освен пијанчењава другото се сум искусила, и реакцијата ми е категорично не.

    Многу поубаво сум си поминувала со мајка ми по дома, сами ние две, со кифлици, руска, чајче, или греена ракија, нагрнати со ќебе, во удобна позиција пред ТВ, гледам снимка од плоштад и под мустак им се смеам на тие што мрзнат.
    Или си ги замислувам некои Х персони, како се кршат по маси на песни од типот Ќеш, ќеш и слично, и заклучувам дека како дома нема нигде.
    Ама стварно, па макар и сама.

    Осамена не сум била, ниту сама, ама сепак немам против, не ја сфаќам толку трагично таа ноќ. Поболно би ми било доколку други за мене битни ноќи, ги поминам сама отколку новогодишната.
    И не ја гледам како проблем, напротив најмал проблем е, кој може да се реши со неколку потези, телфонот на тивко, удобна позиција пред ТВ, со здела пуканки и Кока-Кола. Гледај, што ќе гледаш, после гушни ќебето и лека ноќ.

    Ваму или онаму, ќе дојде новата година, и сакале или не, ќе не направи постари за уште една.

    Ајт со здравје и без многу потресување, ќе ве молам.
     
    На The Drifter, alexa_dimoska, Justinna и 4 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    имало нови години славење со друштво, имало и нови години поминати со солзи во очите (како лани)
    оваа нова година би требало да бидам со момчето, ако не си имам карта за во Метрополис Арена журката што ке биде, па ако нешто тргне наопаку, се договарав со една другарка да ми прави друштво
    Нова Година е една вечер, како и да е ке помине :)
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Се сложувам во делот околу свадба-стил славењето, шабански песни, гужва ли гужва, на крај да ти се одмили се`. :tmi:
    И дома може да се направи добра атмосфера ако самите си организираме.
    Прочитав погоре дека во другите земји масовно одат на плоштад и таму слават. И тоа е добар начин за славење, се разбира, да има добра понуда. А изгледа само ние сме тие кои ги полниме кафаните и се преокупираме многу и тоа без потреба. Го пречекоруваме нашиот стандард и нашите можности, па потоа сме несреќни што сме во минус или не можеме да си дозволиме нешто плус. :^)

    Јас може да одам на плоштад, но поверојатно ми е дека ќе бидам дома. :)
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Пред неколку години поради голем сплет на околности, моето маже (тогаш ми беше дечко) 2-3 недели пред НГ ме извиси и јас си останав дома. Имав понуди од другарки, другари, колешки. Не сакав никаде да одам. Од мака што не сум со него, си останав дома сама. Си поминав пред компјутер :lol: и околу 1 си легнав. Си дојдоа покасно моите, си честитавме и опет на спавање. Кога ќе ми текне сега си велам глупача, наместо да излезеш да лудуваш, дома си жалела. Ама тоа е, и да сум отишла некаде во фацата ќе сум била ко на погреб да сум.
     
  19. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    Никогаш нема да бидеш осамен ако си со луѓе што ги сакаш.Сум била на дочеци и во кафани(со ѕенѕанје и сл.)но сум се осекала глупо и едвај сум цекала да си одам дома...На плоштад сум била 3-4 пати но не ми се допаднало..Се вракав дома,изгужвана,изгазена, а усите ми ѕвонеа 3 дена од петардите кои не знаев од која страна ке долетаат.Најубаво (за мене)е дома,без паники што да облечам и со нашето традиционално трпезичеЧсарма,руска,печење.....пред тв....Се смееш ,си гледаш по некое филмче и кога ке ти здосади си дремеш(пред тв) Потоа доагаат пријателите на честитанје и ке сватиш дека си постар :puke: Кога бев помлада мислев дека никогаш нема да размислувам вака ;) но се си било до времето....А денес имаме и снег,што ми го разубаве денот :rofl: А осаменоста треба барем деновиве да се тргне настрана,Со насмевка и добро расположение да ја гушнеме НОВАТА ГОДИНА :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Секоја вечер си ја чекам јас нова година, така да и оваа една вечер не ми менува ништо. Сум славела буквално секаде, во кафана, кафич, плоштад, дискотека, куќа со 100 души, кај мене дома..ама баш секаде. Сега веќе тоа не ми е интересно. Оваа година ќе славиме најверојатно во мојата куќа највеќе 8 души. Никогаш на новогодишната ноќ не сум се чувствувала осамено. Но, кога ќе дојдат Бадник и Божиќ ми е најтешко, кршењето на лепчето, само јас и мајка ми ми покажува колку ми фалат тато и бато. Ете не сум сама, но тогаш сум осамена. Таа осаменост е најтешка, кога знаеш дека некој не можеш воопшто да го видис, чуеш, никогаш.