Многу ми се интересни деловите од Сам Дома Кога родителите ке го остават детето само дома (поточно ке го заборават ) Кој е вашиот омилен дел?
Сам дома(Home alone) во 2009 година е прогласена за највисоко рангирана комедија на сите времиња! И апсолутно се согласувам со тоа! Мене најомилени ми се првите два дела со Меколи Калкин во главната улога! Другите делови ги имам гледано само еднаш кога ги даваа на телевизија еднаш пред нова година,не велам дека воопшто не ми се допаѓаат,но јас сепак мислам дека воопшто не можат да се споредуваат со првите два дела бидејќи Меколи Калкин е навистина оригинален во главната улога и другите делови колку и да се смешни и забавни да се гледаат сепак не е тоа тоа,не е оној ист ефект што го предизвикуваат првите два дела во коишто јас секогаш уживам во оригиналноста на ѓаволштините на главниот лик,исто и на другите ликови!
Сите ги имам гледано.. И кога пак ги гледам ич не ми се досадни,баш ми се јаки а и децата се единствени.. П.С.Штета што дргогата го запусти она детето
Една од моите омилени комедии. Всушност, првиот филм кој го сакав и ми беше омилен. Ги имам изгледано четирите делови и на сите сум се измочала од смеење. Омилен ми е вториот дел. Според мене, најсмешен е. Спојлер кога Марф и оној понискиот се обидуваа да влезат во куќата И другите се супер. Прво третиот дел ми беше досаден, но кога го изгледав уште еднаш ми се допадна. Го препорачувам на сите...чекај малку! Па сите го имаат изгледано. Не знаев дека имало петти дел. Ќе го изгледам некој ден.
Баш сега брзо ги гледав првите 2 дела повторно, се смеев не викам не,ама сепак не ми е нешто вау, како што ми беше кога го гледав ко помала
За божиќните празници обавезно ги гледам првите два дела на Дома сам. Првите два дела ми се допаѓаат затоа што се со Меколи Калкин. 3,4 и 5 дел не ми се допаѓаат. А и самото тоа говори по оценките на IMDB.
Пред нова година неколку вечери по ред го гледав Сам дома. Со Меколи секако се најјаки ама мене и другите ми се интересни. И секако Денис напаст, оној со Мистер Вилсон се згазив од смеење по незнам кој пат. Колку и да ги гледаме овие филмови нема да ни здосадат.
Периодот кога е Н.Г ми е баш за овие филмови Сам дома сите 4дела и Денис кој секоја сцена ја знам ама пак ми е интересен за гледање
Сам дома е веројатно еден од најсмешните филмови некогаш! Тоа е навистина предобар филм и тоа сите делови <3
Сам Дома (Home Alone) е најдобриот и најсмешниот филм за нова година. Мене ми се омилени првите 2 дела, и третион ми се допаѓа. Првите два дела ми се омилени бидејќи во нив глуми Меколи Калкин, бидејќи тој ми е некако најдобар за таквите филмови, мислам смешен.
https://www.slobodenpecat.mk/video-...niot-detalj-poradi-koj-kevin-ostana-sam-doma/ Првиот дел на Home Alone е најдобар, божиќно ремек-дело! Вториот е преценет, сработен е по ист патерн како првиот, само што Кевин се наоѓа во Њујорк. Третиот ми беше најздодевен, останатите - онака. Во четвртиот има една огромна нелогичност и грешка, ама како за детски ТВ филмови 4. и 5. се забавни. Го немам гледано уште ланскиот, шести дел.