1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сатанизам

Дискусија во 'Религија' започната од chocolate...girl, 19 април 2013.

  1. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Дали сте слушнале за Сатанизмот? За тоа како некои од пеачите имаат внесено сатанизам во своите песни..Значи сакам да знам дали сте се сретнале со некој сатанист или пак знаете нешто повеќе за тоа?? Ајде да разговараме бидејќи премногу ме интересира овој вид на религија ;) :) :P
    Ако има ваква тема, слободно оваа во канта, не можев да најдам ваква тема :D :D
     
    На Lolo5, Meckicja и maca cvet им се допаѓа ова.
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Јас сатанизмот нмислам дека е религија
     
    На adri_an, biGirl и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    со музиката се поврзуваат илуминатите и масоните, затоа и сатанизмот :D се зема како религија :o страв м ие кога ќе помислам
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    па да постои сатанизам,но не како религија.во песните на американските пејачи посебно е застапен.и поврзани се со илуминатите.погледни ги спотовите на бијонсе ,ријана,кристина агилера,бритни,кети пери......тоа е тоа,служење на сатаната :rock:
     
    На Meckicja и HollyWoodGirl им се допаѓа ова.
  5. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    На Википедија пишува дека сатанизмот се смета за религија..и многу ме плаши тоа кога ќе помислам. Погледнете некој спот пр. на Бијонсе и после таа песна најдете ја со илуминати или сатан и ќе ве замисли малку. :^) :^)
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Тие видеа што ги има на ЈуТјуб за вмешаноста на некои познати фаци од шоу бизнисот се една голема глупост, не треба којзнае колкаво знаење за нивно дешифрирање. Илуминатите со векови не постојат. Масоните не примаат жени. Ако веќе сакате да си играте теории на заговори, ви фали поголема информираност.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Од тоа што имам читано и истражувано за Сатанизмот све што можам да кажам е глупост у боја .
    И реално да збориме самата религија си е крива за Сатанизмот и неговата појава.
    Сега нека трпи тоа е што е .

    Све што сватив од таа нивна библија е контрање на христијанската библија. Ритуалите скоро сите се изопачени. Не ни сакам да зборам за тоа, со оглед на тоа што дојдов до една типка која била жртва на сектава и тоа поради нејзините родители, што и они биле вовлечени во ова и ради нив низ се што поминала. Ми се гади едноставно. Има и една книга заборавив име на женава што ја пишувала дури 16год за тоа како е да си дел од ова, наводно се омажила за некој апла хардкор христијанин арно ама кога им се родила ќерка им типов почнал да си го покажува неговото лице. Немало излез од тоа, затоа и изгледа толку време ја пишувала книгата. Доколку би дошла до неа може ке имам повише критика за да пишам или кажам за темава...

    Денеска за жал се што е негативно се поврзува со сатанизмот, шо благе везе нема . Немора да значи.
    Знам за некои луѓе низ градов ама ми се чисти шизици ништо повише .
    Тоа што у многу песни ке најдете поврзаност нека не ве плаши зашто денес музиката е злоупотребена , така да се нешто ке чуете во една мелодија.

    Се на се , нема потреба ниту пак простор за страв од ваквата поојава зашто ништо нема да дојде до вас ако сте доволно свесни и доволно знаете што правите и каде и со кој се движите. Никој никого на сила неможе на ништо да принуди.
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Сатанизам, постои.
    Тоа е верување во ѓаволот(Сатан), негово обожавање и принесување на жртви.
    Со самото придружување на сектата, ILLUMINATI твојата финансиска состојба се подобрува.
    Нз како и од каде, но ете, така е!
    Одкако ќе влезеш во сектата, те викаат на разни тајни состаноци и ритуали, на кои зборувваат за нивните најголеми тајни.
    Ако, некој од нив, нивната тајна ја изнесе во јавност, му се сече јазикот а потоа и гркланот.
    Скоро сите музички и филмски ѕвезди се дел од сектата, иако јавно не зборуваат за тоа.
    Сектата се бори за пари, доминација и моќ за своите членови.
    Тие не веруваат во Господ, бидејќи не го виделе и не го допреле. Веруваат во работи кои ќе ги видат и допрат, а тоа се парите. ;)
    Сликите подолу објаснуваат се. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На maca cvet, RiRii и Anastasija245 им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    луѓе на една слика јохан тарчуловски прави симбол со три шестки,знаете како кога правиш ок со прстите,што треба да значи тоа :?: ја видов некаде на фејсбук сликата,неми текнуваточно каде.

    а за овие пејачите да дополнам,т.ест за сите познати кои се во шоу бизносот,кои се одлучиле да бидат сатанисти е заради земната моќ.сетете се само како сатаната го искушувала Iсус,и му рекол :ако ми се поклониш,целиот свет ќе ти го дадам.значи тоа дека сатана ги поседува земните работи .
    што еден верник во бога не треба да посакува земна моќ и власт,бидејќи тоа е од лукавиот ;)
     
    На Wideperpetual, Таа Сум, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ајде сега најдете еден единствен доказ дека постојат некаде илуминати, надвор од овие шашави видеа и фотки. Со цел памет мислите дека пр. хардкор репбликанец како Буш ќе прави на официјална средба сатанистички знаци со рацете пред конзервативниот дел гласачи? Типови како Ајк зборуваат за постоење на илуминати, ама тој исто така тврди дека англиската кралица и др. големци се претвараат во вид на рептил, бидејќи биле вонземјани :D ... Масоните имаат официјални ложи, официјални сајтови низ нетот, не го кријат своето постоење.

    Околу симболите, симболите со мали варијации постојат од времето на прастарите религии, треба големо познавање на симболите за да ги окарактеризираш по припадност.

    Во однос на сатанизмот и таму е каша попара, има безброј секти, како таа на оној шарлатанот Ла Веј, каде главно е позерството :D ... Ни сатанизмот веќе не е она што беше :devil: ...

    Ако ви е интересно реков терајте си со теории на заговор, ама баш ме интересира како ќе наведе Бијонсе некого на некакви блудствија преку нејзината музика или чудни се патиштата ѓаволови :D ?!
     
    На Spidy и WildCherry им се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе сериозно не се брукајте да мешате илуминати, масони и сатана ...
    КО шо кажа и Теодора не псотојат илуминатите а ако веќе толку знаете за масоните и толку сте начитани би знаеле дека кај нив нема женски . Нема мешање женско машко.
    Тоа со ритуалот со сечење јазик, верувам си уживала у книгата “Заговорот Моцарт“ и да додадам дека “ритуалот“ доаѓа од една мексиканска банда ако не се лажам, им го сечат јазикот на тие што ке издадат некои работи од мафијата и сл ... Зашто идат според нивно старо верување за задгробен живот и сите тие што ги издале да не зборат во тој живот ..

    Сатанизмот се појавува више во 15ти век и се занимаваат со простата раја док масоните ако идеме според фантазиите од книгите се занимаваат више со богаташите ... И патем масони ко масони не веруваат у Сатана.
    Прајте разлика малку .
     
    На Dim40, mimiiiii и Theodora им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ВајлдЧери, сега не сум осамен партибрејкер, иако постои можност да ме сметаат за илуминат :D ...

    Луѓе сериозно, видеа на ЈуТјуб секој може да постави, секој може со мали познавања на Фотошоп да постави најразлични фотографии, потоа одредени автори кои пишуваат фикција или оние кои љубат теории на заговор, се базираат на имагинација најмногу, факти има во нивните дела во примеси. Проверувајте си ги изворите пред да поверувате во нешто, не носете лесно судови базирани врз нечии шпекулации.

    Постојат луѓе со огромни познавања на тема религии, симболизам, тајни друштва, ама долго и исцрпно доаѓале до информации, јас знам по нешто на овие теми, еден период ми беа интересни за проучување, ама вие кои истрчувате со сликичкиве и увереноста дека Бијонсе или Ријана или не знам кој веќе се илуминати (пак врз основа на сликички), делувате на темава - комично искрено. Ме мрзи да побарам некоја на Ла Веј да ја освежам темава :D ...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ама Теодора реално да збориме и самите луѓе шо забегуваат по некои работи и мислат дека тоа е тоа самите си измислуваат вакви патетики.
    Значи у состојба се и начинот на седење да можат ке го препишат на нешто вакво, на вакви верувања.
    Шо станува збор за Ла Веј и шо имам читано за него дури ни него многу многу не го признаваат иако има доста направено за сатанистите. Шо имам листано низ форуми и такви раб и него го хејтаат, па така да доаѓаш до самиот заклучок дека тоа се луѓе што стварно немаат појма од живот и незнаат што сакаат уствари. Се забегани по некоја идеологија ко и останатите.

    А народов неначитан си верува у вакви работи, а и не мислите зарем симболите шо ги прават познативе дунди не се уствари за да привлечат поголемо медиумско внимание ?? Некои од текстовите на Лед Цепелин исто така може имаат таква цел. Дури и Мерлин Менсон според мене иако си се декларира ко дел од нив ми е и он повише да е у центар на случувањата ...
    Незнам дечки пред да дадете свој “став“ убаво размислите и прочитајте вака се истрчувате за глупости, и ја порано бев таква ама се заинтересирав и си дојдов до мислењево .
     
  14. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Постојат две работи во нашиот живот доброто и лошото ,е сега лошото знаете каде спаќа нормално во затаната,ѓаволот ги лаже љуѓето со земни работи материјални ,а нашиот господ бог е дух, ние сме создадени од бог исто и ние сме духовни ако бевме зоздадени од ѓаволот ке бевме некој преднмет немаше да бидеме ова што сме човек ,и според ова во што треба ние да веруваме?Се рабира во нашиот господ бог,кој можеме да го осетиме ,човековото око има дистанца на видливост не може да види некои работи ,и ке речите некогаш:Те молам господе боже да се вработам ,те молам да имам добра плата,па чекај во случајов ти си бог или тој ,тој знае кога да даде и точно знае зошто сега да не ти дате :) .Има многу за ова да ви објаснувам и некои работи толку добро ке ви се разјаснат што ке ке речете wooooow зар е можно .Е па драги да знаете дека сето тоа што го јаде црвот сето е безвредно само духовните работи се вредни нас бог тука не изпрати да му покажеме на ѓаволот на сатаната како сакате кажете исто е дека госпот бог е над се и ние треба да сме смирени во нашите души како што е нашиот бог смирен ,а не како ѓаволот.
     
  15. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Како сакате мислете, мене овие информации ми ги даде професорка по историја, која сега ќе магистрира.
    Таа ми кажа дека Масони и Илуминати се едно исто, само што масон не може да биде жена, а во Илуминатите може да се приклучи секој кој ги обожува парите и Сатан.
    Ја прочитав книгата "Mасони" и последната реченица гласи вака - Mасонскиот занает понатаму цвета и во многу други земји и несомнено е една од најголемите утврдени сили на дваесетиот век.
     
    На Таа Сум и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Денес има многу масонски ложи , повеќето немаат многу допирни точки со вистинското масонство , веќе станува и мода :D последно што слушнав дека има и масонска ложа каде членуваат и жени што е апсурдно .

    Има тема за масони , овде не би требало да ги коментираме бидејки немаат врска со сатанизмот . Нивните учења се сосем различни .
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ако идеме според религија, и Луцифер е создаден од него ;)
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Епа поздрави ја професорката по историја и кажи и да си ги провери изворите.
    Масон може да биде жена, има посебни женски ложи.
    И во последната реченица нема ништо чудно кога насекаде има масонски ложи и си има луѓе кои се приклучуваат.

    И дајте веќе не мешајте баби и жаби и пред да пишете нешто размислете и проверете си ги информациите.
     
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    WildCherry а ти според што идеш? Тој луцивер навистина го зоздаде дог но го папушти и го осави на ѓаволот.
     
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Ти знаеш повеќе од магистер по историја? :o