1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свадба без служење алкохол

Дискусија во 'Свадба' започната од Snowflake99, 27 март 2023.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Во странство ова е наречено dry wedding и полека станува тренд. Голем број од младите парови се одлучуваат за ваква свадба каде што нема да се служат алкохолни пијалоци. Се прави поради финансиски и религиозни причини најчесто, а некогаш и за да се спречат инциденти што може да настанат од пијани гости.

    Што мислите за ваква свадба? Дали би правеле ваков тип свадба или не? Дали би присуствувале на ваква свадба?

    Мене искрено многу ми се допаѓа оваа идеја и баш би сакала да стане нешто што почесто би се применувало и кај нас. Нема поодвратно од пијани гости што пијат како да нема утре зошто е гага. Често сум била сведок како пијани роднини меѓу нив на сред свадба се караат за наследство, за некои проблеми од време на Тито, па некои урлаат по жени и деца така пијани, одвратна глетка е.
    Заради ваквите што немаат мерка би укинала алкохол по свадби.
     
    На friendy, Seli20, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  2. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Женски
    Интересно. Не сум размислила за вакво нешто, за неколку години ќе го имам во предвид. Ми се допадна идејава.
    Дефинитивно сум за да нема алкохол на моја свадба зошто некои луѓе стварно не знаат да пијат и расипувачи се на забава заради лошо пијанство. |(
     
    На Seli20, sunshinebabe, Евроазија и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Бонус е и што финансиски безалкохолни пијалоци се многу поевтини. :lol:
    Само кај нас народ одма ќе збори "скржави, не не угостија како што треба". :rofl:
     
    На Seli20, sunshinebabe, najjacha и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Мене лично не би ми сметало, бидејќи и онака не пијам алкохол воопшто.

    Па не ми е пречка и покрај тоа да сум весела, да се забавувам на свадба, да станам да играм :dance:

    Е сега, на некои луѓе им е потребно алкохол да се опуштат и немам ништо против. Но, пак, и за тоа си треба умереност, бидејќи има секакви пијани луѓе и важно е да не се уништува нечиј специјален ден :D
     
    На sunshinebabe, Евроазија, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Не пијам многу алкохол, не би ми пречело да сум гостин на ваква свадба. Тоа е ден на невестата и младоженецот, тие треба да си одберат како нив им одговара, нема што гостите да се лутат за одлуките на парот.

    Сум видела и јас пијаници нападни по свадби, кога ќе се сетам на такви ликови, целосно поддржувам вакво нешто.
     
    На Евроазија, Victorian, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.080
    Пол:
    Женски
    Прослава без чашка алкохол некако не ми е поимливо, да наздравиш во име на младенците, да се опуштиш, да се забавуваш, за тоа се и забавите… Така да свадба без алкохол не ми се допаѓа воопшто идејата, а тоа што некој е без граници е веќе друго, кој сака да направи скандал мислам и дека не му треба алкохол туку тоа е само изговор, се е до паметот.
     
    На christinnn, sunshinebabe, marija305 и 35 други им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.619
    Допаѓања:
    32.604
    Пол:
    Женски
    Како идна невеста, можам да кажам дека идејава е супер, мене ми се свиѓа многу.

    Само кај нас менталитетот е таков дека свадба без да се напиеш не ја бива и верувам дека овој тренд кај нас нема да успее :D. Еве јас ич не пијам, онака сум по природа весељак и да појдам на свадба нема да посигнам по алкохол оти цело време сум на оро фатена :D.

    Не оправдувам пијанчење по свадби, до тој степен да неможеш на нозе да стоеш, ама оправдувам пиење 2-3 чашки за опуштање и да наздравиме за младите :)
     
    На ♡ Cinderella ♡, sunshinebabe, Евроазија и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    15.048
    Пол:
    Машки
    Еба*ти трендот ваков, без добра чашка нема забава кој шо сака нека речи :mm:
     
    На christinnn, Gosh, Евроазија и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Има многу луѓе што не пијат алкохол, веројатно им одговара оваа опција. :)
     
    На Евроазија, cresa-jagoda, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.080
    Пол:
    Женски
    Им одговара на тие шпараџиите каскаатии :D:D:D:D
     
    На Gosh, Евроазија, tanjaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Убав тренд.
    Ми се допаѓа многу.

    Само во Македонија, малку потешко.
    Алкохолизмот ни е машала-машала распространета болештина.
     
    На Евроазија, Осе, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    15.048
    Пол:
    Машки
    Мал и незначителен број се тие таквите (fingers)
     
    На Евроазија, Meddy, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.080
    Пол:
    Женски
    А како да нее, сеа и за алкохолот ко за народ не чиниме, зар само кај нас се пие, а во Русија, Чешка, Германија, Америка…?
    Секаде се пие не е ова нешто само кај Балканот
     
    На Евроазија, Frosty!, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    15.048
    Пол:
    Машки
    Оти кај не е алкохолот распространета "болештина"? :?:
     
    На Евроазија, oblace1, Aнонимус_ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Шо македонец е тој шо не пие алкохол?
    ако не поќе, барем социјално пиење...

    Сме локачка, пушачка, а сега и наркоманска нација.
     
    На Евроазија и sj *O* им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Не реков само кај нас, туку и кај нас.
     
    На Евроазија, sj *O*, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    15.048
    Пол:
    Машки
    Секаде се, тоа е до поединецот дали и кои граници ќе ги помини.
     
    На Евроазија, sj *O*, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Во право е Вајлд, на Балканов многу повеќе се пие, претеризам е. На свадби голем број гости, особено тие од постари генерации се без мерка и дрво пијани се прават.
     
    На Евроазија, sj *O*, elenaa0805 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    40.649
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓа многу оваа идеја искрено, имаше некои постови на редит читав скоро за ова. Јас на моја прослава сакам да ги угостам сите, таму се да ме слават мене и моето стапување во брак и како што би се потрудила да има од се по нешто од храна за сечиј вкус, така не гледам причина зошто да нема алкохол и безалкохолни пијалоци. Не сум јас онаа која треба да суди дали некој треба да пие или не, а и не се осеќам толку ентајтлд оти е мој ден па да биде се како што кажам јас, возрасни луѓе се и треба да си знаат мерка, ако некој сака да се опушти со чаша, две па и повеќе зошто би ми сметало, ако некој почне да се понаша има други начини да се реши проблем.
    Јас не сум човек кој многу пие, ама кога ќе излезам или кога сум на прослава некаде сакам да пијнам по некоја чашка алкохол. Не дека нема да ми биде забавно и без тоа, ама уживање ми е и не би сакала да го скратам истото на гости кои имаат исти преференции како мене.

    А ако мислите дека на Балканот најмногу се пие грешка сте оти не сте ги запознале Британците. Јас како што имам видено пијанчење тука, таков нездрав пристап кон алкохол на друго место не постои.
     
    На christinnn, see.emily.play, Konfetka и 11 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Влијае и културата.
    Не е за сите луѓе во ред да се дава на 2 годишно дете 'да проба' пиво, на 12 годишно да 'проба' ракија.

    Ги десентизираме децата за конзумпцијата на алкохол и учат дека е 'нормално'.

    'Нормално' е да гледаат пијани родители, родини и пријатели по секакви забави и прослави.
     
    На Евроазија, Ardnas789 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.