Некоја од членките, ми ја пред ожи да се помолам на оваа светителка. Ваши искуство. https://preminportal.com.mk/duhovno...-na-akatist-kon-blazhena-ksenija-petrogradska
Св.Ксенија е пример за безусловна љубов, кога својот живот го поништуваш,за да ја спасиш душата на некој друг, кој тоа веќе не може да го стори. Во случајов таа се поништува себе си и по смртта на мажот и кој умрел ненадејно, многу млад, а притоа живеел грешно , ги облекува неговите алишта и станува Андреј. Животот го поминува во непрекината молитва и испосништво, помагајќи јавно и многупати тајно, со цврста верба дека е можно да ги откупи гревовите на починатиот,кој го оживува жртвувајќи го својот живот. Постојат голем број записи за чудата кој се случиле додека била жива и за чудата кој и денес се случуваат на нејзиниот гроб. Секако дека тоа се лични чуда во нечии мали животи, но големината и убавината на животот секогаш и се состои од лични и мали радости. Лично, пред неколку години го читав нејзиниот Акатист 40 дена. Имав голема желба и се надевав на чудо, но тоа не се случи на начин како што се молев и верував. Подоцна сепак сфатив дека се случило токму онака како што е најдобро можно. Интересно што пред година дена ми се оствари една желба од материјална природа и тогаш некако само знаев дека е подарок од неа, иако никогаш не се молам за материјални нешта. Не би знаела да ти кажам поконкретно, бидејќи ти всушност не се молиш на неа,туку ја молиш да те застапува пред Бога. Постојат денови кога тешко иде молитвата, кога други мисли ја попречуваат, но немој да се обесхрабруваш, бори се, читај, па надополни од срце кога ќе почувствуваш како... Со Господ напред
Koga se molis,se molis na boga i svetiteli zasto taka treba,ne za ispolnuvanje zelbi .Toa e pitacenje ,ne e crkva ,ni religija.
А бе вистина, но кога имаш голема мака, само ти доаѓа и желбата да си ја кажеш... Инаку молитва во слава на Бога и за благодарност за се, можат најјаките само....
Многу силна светителка со огромна љубов кон Христа. Во Скопје во Соборниот храм св. Климент Охридски се одржува секоја година служба и се чита акатист на нејзиниот ден. Нека ни е напомош светата Ксенија Петроградска на сите.
На ana.rs има доста обемна тема за св.Ксенија Петроградска. Кој сака и има време може да ја пробуричка, има доста интересни мислења и искуства.
Може ли некој да ми објасни, како одбирате светци или светици на кои ќе им се молите? Или не им се молите? Каква улога имаат светците? Зошто се битни во христијанството? Дали се тоа обични луѓе и како добиваат "титула" светец?
Луѓе си веруваат еве дека има некој кој ги штити, кој им помага.. Во тоа си наоѓаат мир. Не знам, тоа е моја логика.
Лично е тоа. Понекогаш тие не одбираат нас, ако е светител на домот, ако го носиме неговото име или сме родени на негов ден, веруваме дека ни е заштитник. Понекогаш случајно не привлекува, поради настан некој, осознавање за него и сл. Се молиме да се заложат за нас кај Бога.Чувствуваме блискост,поврзаност. Нивната улога е да сведочат за вистината на нашата вера, а тоа и го чинеле во текот на својот живот, а и после земната смрт. Поради малите чуда кои ги чинат во нечии мали животи и на тој начин ни помагаат во секојдневниот живот. Да, биле обични луѓе.Нивните животи се опишани во житијата. Постои посебна процедура за некој да ја понесе таа титула.
Светци порано биле обични луѓе кој животот го поминале ширејќи го и учејќи ги луѓето за христијанството и Господ. По нивното упокојување смрт црквата дава предлог тој/таа да биде прогласен за светец, мислам дека треба да поминат 100 години ( не сум точно сигурна) после смрта за да биде прогласен/а за светец. За тоа како одбираме да се молиме на некој светец пример Св. Петка ја сметаат како заштитник на жените и децата па кога некој сака да се помоли пример за здравје за своето дете ја споменува неа. Архангел Михаил за да не заштити од злото од ѓаволот...секој светец има некоја "улога" и така луѓето и се обраќаат и на нив во молитвата која е и за Господ Бог.
Mala ispravka.ne bile obicni lugje mnogu od niv imale darba da isceluvaat od bolesti I mnogu drugi Cuda sepak bile lugje koi imale vdahmovena mok od boga da pomagaat I.lecat
Јас можам да Ви кажам од моето лично искуство. Јас ги почитувам сите светци, но некои од нив ми се посебно драги. Како некој светец ми постанува драг? Епа читајќи го неговото житие и восхитувајќи се од неговите подвизи или од неговите чудеса. Еве на пример, мене особено драги ми се светиот Кирил Александриски и светиот Јован Дамаскин со брат му Козма (Кузман) Мајумски. Светите Јован Крстител, Мина, Фануриј и Нектариј Егински ми помогнале многу во животот. Светиот Харалампиј го молев во текот на целата пандемија да ме зачува од ковидот и мене и моето семејство и не` зачува (не дека и ние не се чувавме, посебно јас). Денешните свети Седмочисленици и светиот Пантелејмон секогаш ги земам за пример во својот живот. Мачениците, а особено новомачениците се примерот како да не го поставуваме на пиедестал минливото. Светците се обични луѓе, грешници како мене и како тебе, но бидејќи достигнале совршена љубов према Христос и со тоа презреле (не мора да значи дека целосно отфрлиле, но знаеле и исповедале, дека Бог им е на прво место) се` земно и се прилепиле само за Бога - се осветиле. Во секој случај, светците не се полубогови и не би постоеле доколку не се прилепени за Христос. На пример, фенот дува топлина ако е закачен в струја, но ако ја нема струјата тогаш тој е ништо. Така и светците, без Христос и без благодатта на Светиот Дух, која е всушност струјата која ги осветува, тие се свети и ни помагаат.
Благодарам на сите на одговорите. Но, твоите одговори ми се особено драги, секогаш убаво објаснети, јас како некој кој не припаѓа на таа религија, твоите објаснувања најдобро ги сфаќам. Благодарам
Многу добар и исцрпен одговор. Ти благодарам. Дали можеш да ни кажеш како ти помогнале и како се молеше?
Патем да ви напишам кратка молитва но многу влијателна мислете на исус христос како е на крст и на небото во моментот изговорите господе исусе христос сине божје помилуј ме мене грешниот/грешната така три пати и после три пати прекрстете се во секоја неволја бол.
На форумов, од тебе дознав за Св. Ксенија Петроградска. Ти благодарам премногу. Еве после нецел месец Господ моите молитви упатени кон него и кон Св. Ксенија Петроградска (да го моли Бог во мое име) ги услиша. Ова беше позначајна работа за која се молев, но имаше и други работи за кои се молев и во најскоро време чудата се случуваа. Но, денес навистина почувствував потреба да го споделам со сите вас своето позитивно искуство. Само ќе ви кажам молете се искрено од срце, ако ви дојде и да заплачете, пуштете ги солзите додека се молите, важно е молитвите да бидат од срце и со целосна верба, без ни најмал сомнеж. И кога се молите, на крај на молитвата кажете ако е Божја волја! Јас и секој ден го слушав овој Акатист
Еј, стварно?! Супер. Баш ми е мило што ти се случиле убави работи. Да даде Господ само убави работи да се случуваат и да ти се услишат сите молитви.
Лани есента бев на една мака, за нецел месец се реши со голема вера. Се молев повеќе со свои зборови, онака како што ми доаѓаа од душа. Сега исто имам една необична тежина и поспецифичен проблем, но како ќе биде-така. Предавам буквално сè, моето да го направам како што треба. Другото, божја работа.