Побарав и никаде невидов дека има ваква тема секако ако има клуч и во канта Може ли некој да ми го објасни убаво тројството? Како може Бог да биде троеден? Таткото да биде потполно Бог. Синот да биде потполно Бог. Светиот дух е потполно Бог? Во тројството личностите се еднакво вечни и еднакво големи: ниедна не е создадена и сите ли се свемоќни? И како може Таткото, Синот и Светиот дух да бидат Бог а сепак тоа да не се три Бога туку еден? Ps: Да нагласам дека сум православна, но никако неможам да го сватам тројството
Господ нека ми прости ако во пишувањево напишам нешто што не треба! Тајната на Најсветата Троица е голема и несхватлива, зашто ние сме луѓе... Тешко е да се сфати, уште потешко е да се објасни. Прво Бог не е свето Тројство, туку Најсвета Троица - која вечно пребива во љубов: Отец, Син и Дух Свети. Еден е Бог, зашто Еден е Отецот, Кој Го раѓа Синот и од Кого исходи Духот Свети. Бог е и Троица, зашто Отецот, Синот и Светиот Дух се во се` исти, имаат и иста суштина и иста волја и исто дејство, но се разликуваат само по тоа што: Отецот е беспочетен, Синот е роден од Отецот пред секое време, а Светиот Дух вечно исходи од Отецот, преку Синот. Не постои време, не постои ни момент, кога не постоела Најсветата Троица. Бог е Љубов, а ако Бог е Љубов, тогаш мора да има кого да го љуби. Бидејќи Бог, не е променлив, значи уште пред да постои светот и векот(времето),љубел Некого. А кога немало ништо создадено, тогаш Љубовта била меѓу Светата Троица. Од друга страна Господ и Бог наш Иисус Христос е Помазаник. А за да биде Некој помазаник, треба да биде помазан од Некого и да биде помазан со Нешто/Некого. Христос - Бог Синот е помазан од страна на Бога Отца, а со Светиот Дух. Не сум сигурен дека добро Ви објаснив, простете ми и Бог нека ми прости. Но, сепак тајната на Света Троица е тајна над сите тајни.
јас тоа го објаснувам со неколку примери 1.јајцето е составено од белка жолчка и лупка но сепак тоа целото е јајце 2.јас сум керка внука и сестра...јас сум една личнот но во три работи така и со тројството Бог е таткото Бог е синот Бог е светиот дух еден е бог но во три лицности како со сте вие една личност сепак сте мајка керка и сопруга сите се подеднакво семокни ако имате библија читајте има подобри примери позз се надевам дека свативте
не се согласувам баш исус и бог се едно зошто бог се јави во тело од крв и месо за да ја донесе светликана во светот за спасение на нас грешните....
Контра-примери: 1. Белката и жолчката се јаде, лупката се фрла. Останува Свето Двојство. 2. Јас сум син, внук, брат на моите сестри, но и кум на едно новороденче. Се претворив во Света Четворица.
Почитувана @***nekoja*** , споредбата со јајцето Ви држи место. Но, споредбата со ќерка, внука и сестра не. Зошто? Затоа што јас Ортофил сум истата личност и денес кога сум: внук, син, брат. Истата личност бев и кога бев правнук, истата личност ќе сум и кога ќе станам татко. Пресвета Троица се три совршени личности(поточно ипостаси), но не се три Бога. Бледи споредби на Пресвета Троица можат да се направат и со Сонцето - тоа е едно сонце, но тоа има форма, светлина и топлина. Или пак со детелината (според свети Патрик Ирски), таа има три ливчиња, но е една детелинка. Бог Син, се вочовечи од Светиот Дух и Марија Дева. Тоа не беше промена на место, туку само Божја милост. Господ Иисус Христос е една личност, но има две природи - Човечка и Божја, две енергии - Човечка и Божја и две волји Човечка и Божја. Никој Христијанин за Господ Иисус Христос не вели дека не е Бог. Но, Он е различна ипостас (личност) од личноста на Бога - Отца.
@Orthophill се согласувам со вас само дадев пример за татко син и внук дека една лицнот мозе да биде повеке рабти како на пр.син внук татко вујко брат итн но сепак станува збор за една личност тоа сакав да го кажам @goodwillhunting да јајцето се јаде а лупката се фрла останува двојство ти си кум сим брат бла бла и кога ке умреме ке станеме прав земја тоа е единство се надевам ме разбра
Не, за жал, не те разбрав. Нема објаснување за Света Троица оти таа не постои. Тој збор не постои во самата Библија. Али без гајле, продолжете да се оправдувате со тоа што нема објаснување оти е света, НАЈсвета Тајна. Прифаќајте ги лагите на Црквата, додека го занемарувате вистинското учење на Христа.
Дека не е така, како што си фантазирате, еве Ви доказ од Светото Писмо: Богојавление - Крштение на Господ Иисус Христос - од Матеја свето Евангелие, глава 3. 13. Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него. 14. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?” 15. Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.” Тогаш Јован Го остави. 16. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. 17. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!” - од Марка свето Евангелие, глава 1. 9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан. 10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него. 11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.” - од Лука свето Евангелие, глава 3. 21. А кога се крсти сиот народ, и кога Исус, по крштавањето, се помоли на Бога, се отвори небото, 22. и Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб, и се чу глас од небото, кој велеше: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја.” Свето Преображение на Господ Иисус Христос од Матеја свето Евангелие, глава 17. 1. А по шест дни ги зеде ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами; 2. и се пребрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. 3. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. 4. Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.” 5. Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!” 6. И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. 7. Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: „Станете и не бојте се!” 8. А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа некој друг освен Исуса. 9. А кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!” - од Марка свето Евангелие, глава 9. 2. А по шест дни, Исус ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована и ги одведе сами во висока гора, насамо, и се преобрази пред нив. 3. Алиштата Му станаа светли, многу бели, како снег, какви што белилка на земјата не може да избели. 4. И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса. 5. Тогаш проговори Петар и Му рече на Исуса: „Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.” 6. Зашто не знаеше што да каже, оти беа многу уплашени. 7. И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син. Него слушајте Го!” 8. И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен само Исуса. 9. А кога слегуваа од гората, им заповеда Он – никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите. - од Лука свето Евангелие, глава 9. 28. На осум дена по овие зборови, го зеде со Себе Петра, Јована и Јакова, и се искачи на гората да се помоли. 29. И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени, и облеката Му стана бела и светла. 30. И ете, два човека разговараа со Него; а тие беа Мојсеј и Илија. 31. Па, кога се јавија во слава, тие зборуваа за неговата смрт, со која требаше да заврши во Ерусалим. 32. А Петра и оние, што беа со Него, беше ги совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него. 33. И кога се одделуваа од Него, Петар Му рече на Исуса: „Наставниче, добро ни е овде; да направиме три сеници: за Тебе една, за Мојсеја една, и за Илија една!” – не знаејќи што зборува. 34. Кога го велеше тоа, одеднаш се јави облак и ги засени; и се уплашија, штом влегоа во облакот. 35. И се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!” 36. А кога се чу тој глас, Исус беше останал Сам. И тие премолчаа и никому ништо не кажаа во тие дни за она што беа виделе. Еве во овие два евангелски настани се објавува Најсветата Троица. Отецот преку гласот од Небото, Синот бивајќи крштеван во Јордан или преобразувајќи се (покажувајќи им ја на светите апостоли својата Божја природа) на гората Тавор, а Духот Свети првиот пат во вид на гулаб, а потоа во вид на облак. Исто така Светата Троица ја има и во завршетокот на светото евангелие по Матеј, глава 28. 18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, 20. и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!”
Уствари има објаснување.И тоа многу рационално. Сонцето(она што не грее).Од него произлегува и топлина и светлина.Нив може да ги почуствуваме. Од Бог произлегуваат и Синот и Духот,од нив може да ги почуствуваме благодатта и смирението,а за тоа ти е најголем доказ исповеда и чуството кое се добива после тоа.
ја мислам дека овој пост е на место. Во светото исмо го немаш зборот Света Троица, иако христос велел дека треба да се крштеват во името на отецот, синот и свети дух, но зборот Света Троица како збор не е во библијата. Исто и зборот Библија како збор не се наоѓа во светото писмо.
1. Токму Светото Писмо учи за еден Бог по суштина, кој се јавува во три Лица (Ипостаси), како Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1. Јов. 5, 7). Да се прочита: 1. Мој. 1, 26-27; 3, 22; 18, 1-4; Мат. 3, 16-17; 28, 19-20. Слабо Библијата...