Светли/темни кафеави дамки на гаќите!

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Delilahh, 16 октомври 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Delilahh

    Delilahh Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво =)
    Има веќе една недела како наоѓам кафеави дамки на гаќичките ..некогаш светли, некогаш темни =/
    Имам нередовна менструација, требаше да дојде на почетоков на месецов, ама не дојде ..наместо тоа се појавија овие кафеави дамки.
    Сексуално сум активна, да, ама не верувам дека сум бремена зошто направив тест и беше негативен =) ..а и плус секогаш користам кондом.

    Сакав само да прашам зошто траат овие дамки олку долго овај пат =/ ..ми се појавувале и порано ама траеле ден-два ..па ми стигнувала менструацијата после.

    =/ ??
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    673
    Ако си веќе сексуално активна посети гинеколог :)
     
    На MajaDaMa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Дај ги ваму гаќите на анализа ]:)

    Најверојатно е хормонално пореметување или нешто др. посети си гинеколог!
     
  4. funnyyyyyyyyyyyyy

    funnyyyyyyyyyyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Имам последниве неколку денови кафени дамки на гаќите, мислам дека е вагинален секрет но секогаш ми бил со бледо бела боја, прв пат сега кафеаво. Од што може да е тоа?
     
    На tanjusskat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jasmina.mina

    Jasmina.mina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Го имам истиот проблем. Дали некој знае за што станува збор?
     
  6. Lauri4ka

    Lauri4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    здраво феминки
    Вака веке два дена имам темнокафеав секрет, се работи за некоја инфекција или е знак за нешто по сериозно .
    фала однапред
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Најверојатно се работи за хормонално пореметување. Најдобро ќе биде да посетиш да посетиш гинеколог, за да видиш за што всушност се работи.
     
  8. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Бев на гинеколог и ја прашав докторката што е работата кажа дека не е ништо страшно и дека овулираш ми рече и да се прегледам ама несакав кога слушнав што е работата.. И да ме праша дали имам односи :lol: тогаш се случувало тоа 8)
     
  9. Confused11

    Confused11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво
    имам нередовна менструација и прв пат денес забележав кафеав исцедок дали треба да бидам загрижена?
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Според ова што го кажуваш не можам да знам да ти одговорам. Ти доцни а имаш само кафеав исцедок? Биди појасна. Можеби се мачи да пробие, а некогаш може да значи и бременост. Ако не добиеш и си сексуално активна, најдобро посети гинеколог или во најмала рака земи си тест за бременост.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    Уште ли не го сменија насловот на темава, втор пат го читам и по втор пат на друго ми текнува, на вицот со Мујо кога го учел син му како да ги облекува гаќите-жолтото напред, кафеавото позади. :rofl:
     
    На kavadar4anka, Dennings, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. blagica_a

    blagica_a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    значи да,сосема истиот проблем го имам и исто сум сексуално активна,само што имам инфекција и примав терапија и во вторникот правев пап тест, а треба да добијам утре,ама најверојатно утре или вторник одам кај гинекологот
     
  13. gabs

    gabs Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Zdravo,
    Prvpat pisuvam...vo petokot imav nezastiten odnos so soprugot sto bese eden den pred ovulacijata, a vcera zabelezav mn mala kolicina na kafeav iscedok koj denes go nemase. Mislenje?
     
  14. blagica_a

    blagica_a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    zdravo, ne znam dali si znaela do sega ama i jas prv pat vidov denes statija deka ako imas odnos/i den/ovi pred ovulacija deka ima sansi da zabremenis,sepak mislam deka zavisi i od toa dali i prethodno si imala taka ili e prv pat... inaku za kafeaviot iscedok ne znam so da ti kazam,mislam deka mi se ima slucuvano ama sepak mislam deka ako imas nesto poseriozno najdobro e da si otides na ginekolog oti vaka samo mozeme da pogoduvame so e
     
  15. gabs

    gabs Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Pa prv pat mi se slucuva da imam kafeav iscedok, a da ne mi e vreme za dobivanje...ako ne ti e tesko mozes li da mi dades link od statijata, mislam, ako mozes brzo da ja najdes? Fala :)
     
  16. blagica_a

    blagica_a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    lady.mk/9-soveti-kako-da-zabremenite-polesno/2/
    po se izgledaa malce sum gi zbrkala rabotite ama nadevam se ke ti posluze,nema problem :)
     
    На gabs му/ѝ се допаѓа ова.
  17. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Здраво членови на форумот.
    Имам едно прашање па се надевам на ваша помош.
    Веќе 2 месеци сум сексуално активна, а пред 5 дена го имав последниот сексуален однос, А партнерот сврши надвор од мене (95%..). Јас имам цистит веќе подолго време и не примам никакви лекарства. Завчера на гаќите имав кафеав исцедок, а претходните дена имав само бел и проѕирен исцедок, бело прање, а вчера светло кафен исцедок..денес имсм жолт со непријатен мирис(често го имам). На интернет читам дека кафеавиот исцедок значи бременост, па малку сум испаничена. Прв пат ми се појавува ваков исцедок вон менстурација, обично секогаш го имам само пред и по менструација, инаку менструацијата ми заврши на 3ти јануари и кога го видов кафениот исцедок мислев дека ќе ми дојде ама ете абер нема..
    Од што читам по интернет за бременост ми се чини дека и стомакот ми е подуен и ме болат јајниците...
    Ве молам за помош, дали сум бремена, исцедокот е од циститот или некоја бактерија/инфекција? (немам можност да посетам доктор....)
     
  18. gabs

    gabs Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    прво, мислам дека е многу важно да почнеш да примаш лекарстав за циститот за да не ти предизвика поголеми проблеми, мислам дека може со антибиотици да се среди, ако не можеш да посетиш доктор тогаш прашај во аптека, мислам дека ќе можат да ти помогнат....Второ, купи си тест барем да утврдиш која е причината за исцедокот и каснењето....Тешко дека ќе може некој од тука да ти помогне со точна дијагноза, ама вака барем ке ги намалиш опциите за тоа што би можело да биде.
     
    На larrachi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не трбе да се претерува со муабетите оклу цисти. Навистина не знам што важност им се придава на такви да не речам банални работи. Едноставно не разговараш.
     
  20. Diona

    Diona Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Дали знае некој да ми каже на што се должи кафеав исцедок 2-4 дена пред циклус. Тоа ми се случува скоро на секое добивање последниве 3-4 години. Го имам прашано гинекологот, ми рече дека не е ништо страшно, може е заостанато од претходниот циклус. Ме загрижува што се случува скоро пред секој циклус веќе подолго време, а редовно одам на преглед и се е во ред. На интернет наведуваат многу причини што може да го предизвикаат тоа, ама доколку ти се случи еднаш, а не редовно.
     
    На muth му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.