Ај да олабавиме од секс малку, кажете кој е вашиот фаворит за ова првенство? Ќе има ли изненадувања? Најдобар играч? Еве ги групите: Јас сум лојален фан на Бразил за светско првенство, ама и Германија ми е фаворит, иако може и Шпанија да изненади. Првенството започнува утре (14ти Јуни) во 17ч со натпреварот помеѓу Русија како домаќин и Саудиска Арабија. Русија ќе победи многу нормално.
Како бр.1 фаворит ја сметав Шпанија меѓутоа по денешниот циркус и отказот на Лопатеги....тешко остварливо. Бразил и Германија ми се онака достојни за финале иако да не ја потценуваме и Аргентина(Меси) кој ќе вложи гарант 120% за да го освои ова првенство а многу помали шанси би им дал на Французите - едноставно со тој тим што го имаат треба да "газат" се пред нив(дефинитивно најквалитетен на хартија од голмани па до напад) ама не е тоа што треба да е кога ќе излезат на стадион.Белгија - "bunch of overrated stars with a foolish manager and no real attacker(sorry Lukaku). И за крај мислам дека изненадување ќе бидат Мексико и Хрватска - дефинитивно респектабилни екипи со добар "all-round" теам што се подготвени да излезат и дадат над максимумот.
Влегов во поткатегоријава (или како и да се вика) да започнам тема за Светсково Ај нема везе. Ова на Прва е снимка од минатото финале ли? Како да беше вчера, летна времето Јас ќе навивам за Аргентина.
Бразил , дефинитивно . Уште викендов ќе му ставам некоја паричка дека ќе биде победник на ова светско. Да не знае некој колку му е коеф во обложувалниците?!
Ќе биде едно од најтесните првенства. Не ми отскокнува никој со квалитетот,добро можда бразил и франција. Мој фаворит беше италија,али.. затоа сега навивам за убав фудбал и многу голови. Let the best win
Меси (па и ниту еден од јаките фудбалери) не ,,крши,, нозе за беспари. Играат, ама поради обврската према својата земја. Си се чува за таму каде што го кешираат (Барса) неделно по 500 000 евра.
Јас ќе навивам за Германија иако оваа година селекторот направи катастрофална грешка што од својот список го изостави Лирој Сане. Можеби не му се совпаѓа во тактичките замисли тој најубаво си знае. Репрезентации кои според мене се дојдени само на прошетка бидејќи со квалитетот се далеку од останатите се Панама и Иран. Очекувам изненадување од африканските репрезентации бидејќи тие се атлетски доминантни во поглед на другите. Најинтересни ќе бидат групите А, Д, Е и Х бидејќи квалитативно се до некаде изедначени. Од групата А очекувам да поминат Египет и Уругвај, од групата Б Португалија и Шпанија. Од групата Ц Франција и Данска, од групата Д Аргентина и Хрватска. Од групата Е Бразил и Швајцарија, од групата Ф Германија и Мексико. Од групата Г Белгија и Англија и од групата Х Полска и Сенегал.
Тоа е трагедијата на современиот фудбал,порано играле без пари за селекции,а сеа и со толкави премии пак не даваат 100%..
Рафчо Бундес лига, СС-овци, Ариевци ги обожувам и потајно сум за нив, ама имам впечаток дека овојпат ќе подметнат.
И мене ме плаши тоа ама сепак имаат прилично лесна група. Дека не се како претходните години во поглед на квалитетот тоа стои. И мене не ми е јасно зошто го изостави Лирој Сане, како што не ми е јасно кај србите како на списокот не се најде Мијат Гачиновиќ. Јас мислам дека со нивната дисциплина и борбеност до последната минута германците ќе успеат пак да стигнат барем до полуфинале.
Хрватите не проаѓаат група,многу се пуваат и на крај ништо не праат у последниве 10тина год. Аргентина и Нигерија проаѓа од таа група.Нигеријците имаат страшно талентирана генерација. Очекувам до 8 најдобри да догураат.
Не се кладам никад, глеам од задоволство а за Аргентина навивам од секогаш плус за некоја аутсајдер репрезентација која се потрудила да дојде до светското. А вчера ја зборев @Bubce38 дека е експерт за кладилница па муживе мои чекаат некој хинт од неа